1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фантазија за вашиот живот од соништата !!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од s1a1n1d1r1a1, 10 ноември 2010.

  1. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Многу пати размислувам за тоа доколку би можела да одберам каде како и од што ќе живеам што би одбрала... Како би ги наредила работите во животот, се разбира само доколку би можела...И бидејќи ова е слободен форум и јас сум многу креативна личност се надевам дека ќе си раскажеме по некоја фантазија... :P

    Значи би сакала да живеам во Англија т.е во прво време да завршам таму факултет некој јак како на пример Oxford :P ... Во меѓу време да работам нешто или да примам некаква стипендија и да ја прошетам Англија...т.е поглавните делови :lol: И после завршвањето на факултетот да одам во Ирска, Даблин и таму да живеам и да отворам моја фирма за креирање на облека каде што главен креатор се разбира ќе бидам јас [сон ми е од секогаш] и во краток рок мојата брендирана облека да се прослави...После можи да го прошетам светот...Да одам на едно 20тина локации на кои сакам... И на крај да се заљубам среќно во Ирец префинет, културен, секси...Ги обожавам Англичаните и Ирците и нивниот сладок акцент... !!!

    Совршена фантазија а ?

    Ајде девојќи Use your imagination :P :P
     
    На supergirl22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    580
    Не сум тип кој многу фантазира. Само сакам да сум среќна. Да имам работа, кров над глава, кола семејство. Маж кој ќе биде послушен :P ...Само тоа ми треба.
     
    На Wild.Woman и s1a1n1d1r1a1 им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Во моите фантазии задолжително се будам покрај вода.
    Море, океан или базен во најмала рака.
    Откако ќе се плиснам утрински, се посветувам на моите обврски.
    Работам од дома, затоа што пишувам книги. :)
    Во попладневните часови готвам со љубов, додека пеам на целиот глас.
    Уживам да шетам по долна облека и вистински бисери на себе и така да го пречекувам дечко ми од работа.
    Се сексаме секој ден по неколку пати кај што ќе стигнеме. :lol:
    Има денови кога одиме на луда журка, а има и обични денови кога само се галиме по дома, со убаво вино.
    И ме изненадуваат со ситници, не затоа што ми е роденден или зашто е Нова година... туку затоа што е среда, или затоа што има сонце. :)
    Во секој момент имам доволно искрени пријатели и секој еден од нив е целосно среќен со својот живот...
    Како и јас со мојот... само во ваквите фантазии. :D
     
    На mims-89, ivo-na, red и 2 други им се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    37.845
    Пол:
    Женски
    Да завршам факултет најпрво на време и потоа да најдам работа.Да си живеам сама некое време во убаво суредено станче во некој поголем и поубав град од мојот.Да уживам сама во платата што ќе си ја земам да си ја трошам како што знам.Дел од станот да биде резервиран за атеље со прекрасни мои слики.Да го прошетам светот...или барем добар дел од него и потоа како што е ред да се мажам :D Да живееме во куќа на некој планина со огромни прозорци и да бидеме изолирани..така на мирничко.Кога ќе се будам да гледам зеленило и да дишам свеж воздух од прозорецот.Да бидеме хепи фемили со две женски и едно машко дете.Наутро кога ќе отиде на работа да ме бакне и да ме потсетува секој ден дека ме сака.А вечерта секогаш да биде резервирана за нас двајца,да уживаме еден во друг.Да си бидам секогаш блиска со моите друшки и тие да бидат исто среќно мажени...и тоа би било. :)
     
    На supergirl22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    Најголема фантазија да завршам факултет во некоја од западните земји,да се прославам со мојата работа,да живеам покрај море и + куќа со базен,покрај мене да има човек што бескрајно ќе ме љуби,да ги имам најдобрите и најубавите деца и да си живеам среќно... :)
     
  6. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Цел живот мечтаев да си ја најдам својата сродна душа и да си живееме среќно засекогаш.
    Одкога ја најдов таа личност мечтаам како би имала огромна најубава куќа во градот,дури и ентериерот ми е смислен.
    Не сакам да работам,сакам само да уживам.Би сакала да имам 3 дечина и прекрасен сопруг.Тој да зема огромна плата и да ми пружи луксузен живот,а јас ќе се грижам за воспитувањето на децата.Да бидеме премногу заљубени и секој ден да биде исполнет со љубов.
    Си се замислувам како независна исто како и сега.Кога што ќе ми се присака да си излезам на кафе со пријателките.Сакам премногу да патувам низ светот и обавезно ќе си правиме медени месеци со мојот сопруг.И да...ќе бидам жена на фудбалер.

    За жал ова не знам дали некогаш ќе ми се оствари,премногу сум себична знам со тоа што сакам луксуз.
    :D
     
    На supergirl22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Еееее фантазија....

    Живеам во куќарка не голема ама убава како кутиче,со голем двор во кој ќе ми шеткаат кучики и мачики,со најубавата градина на светот во која обавезно ќе има голема лулашка :P ...

    Во куќата имам библиотека со еден куп литература која не те остава да земеш здив.
    Искрено и во моите фантазии си ја работам сегашната работа,некако се обземав со неа максимално :clap:

    Со дечко ми сеуште делиме љубов,среќа,разбирање и секако многу жешки ноќи,денови,утра :))))

    Ништо посебно значи не фантазирам,сакам само да го задржам она што сега го имам и што ме исполнува на едно ниво во кое ја чувствувам Среќата и своето спокојство, нормално дополнето со куќата која што ја сакам баш таква :)
     
  8. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    па од каде да почнам:
    една огромна куќа пентхаус некаде на егзотично место. ЈАс со многу зафатен живот снимајќи филмови (сон ми актерка :lol: ) доаѓајки дома во куќа каде ме чекаат 3 слатки детенца и згоден маж. Ноќите минувајќи ги на плажа со романтични вечери и одличен секс и наутро пак на исти обврски..
    добра фантазија нели?
     
  9. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Уживам на преубава плажа, покрај мене преубав маж, коктел, цигари, техно, пред мене океан.Облечена со прекрасен костим за капење, наочари, шешир, сонцето печи, а тој ме мачка со крема за сончање, абеее живот . . .
     
  10. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Животот си го замислувам во константно патување, авантури. Месец во Италија, два-три во Франција, пет-шест во Ирска...и се така додека не се заљубам и останам таму со "него". :P
     
  11. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Јас ќе бидам "малку пореална" од вас ... како прво сакам да бидам доволно богата да си обезбедам луксузен живот,да имам огромна куќа до окен,неколку уникатни автомобили ,огромен број на чевли ,плакари со облека,....чанти,..........
    -да имам Ем паметен Ем згоден маж,висок,мускулест тип со зелени очи (можи и темно кафеави) и да можам да го програмирам како сакам, да ме слуша,да ми чисти дома ,да ми пере садови,итн итн ...***** и да ме почитува и сака само мене до крајот на животот
    -сакам 2 деца да имам
    -да бидам среќна ,здрава и жива долго време како и сите околу мене
    еххххх...и самата се изненадив за бујната фантазија која сум ја поседувала ,а незнаев до сега ....хихихихи
     
  12. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    „Те сакам“ да бидат едниствените зборови кои ќе се изговараат и слушаат околу мене... да имам до мене човек кој секогаш ќе ми помага и ќе го исполнува кажаното „заедно во добро и во зло, се' додека смртта не не раздели“...да магистирам на Оксоврд како најдобар студент и таму да предавам...да живеам солидно, во стан во центарот Лондон, да работам и заработувам добро...да имам 2 машки дечиња кои секогаш ќе ме чуваат....секогаш да имам слободно време за летен одмор, да одам на скијање за време на божиќните празници, да одмарам додека пијам вино покрај запален камин....
     
    На supergirl22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sugar.nn

    sugar.nn Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    15
    Мојот живот од соништата... Па прво да си завршам факултет-психологија да можам да им помогнам на сите што имаат проблеми како моите или и поголеми. После сакам да имам згодено маженце што ќе ме сака многу, ќе ме почитува и ќе се грижи за мене. Сакам неколку дечиња (сеуште незнам колку точно :angel: ) да си трчкаат весело околу мене и да ми бидат најубави и најсреќни.
    Сакам да имам доволно финансиски средства да живеам комотно да можам да патувам негде и да си ги облечам децата да си ги нахранам а после и јас да отидам да си купам нешто убаво и да си го сместам во големиот плакар-соба. :D Скромо скромно :P
     
  14. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Прво сакам да го завршам факултетот,па нормално да си се вработам,да си имам многууу парии,секако лично заработени, сакам огромна куќа,убав и згоден маж (Рик Маламбри),да си посвојам детенце,да си чувам многу кутриња............ :$ Е ова е мојот живот од соништата кратко прераскажан :D
     
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Се будам во наједноставно дрвено куќарче под палми, на егзотична плажа. Тој ме буди со утрински секс. Уствари, сексот ми е основа на фантазијава :)
    Многу секс, многу лежење, допири, топлина и смирена, исполнета душа.
    Коктели, журки, речиси проѕирна морска вода, жешко сонце, јас и тој, и нашите испотени тела кои чезнеат по тоа да се испреплетени во секој слободен миг од денот.

    Втор дел од фантазијата.
    Веќе имам 40ина години, имам преубава и многу зборлеста ќеркичка која правилно ја носиме во парк на прошетка и и купуваме пирошка и сокче. И секако слатко јаболко. Тој ја дига на раце и ја носи кон вовчето. Јас седнувам на клупата за да можам да им мавтам секогаш кога ќе поминат со возот.
    Потоа си одиме дома. Јас правам вкусна вечера. И на крајот од денот сите избањати и миризливи седнуваме во пиџами и бањарки во дневна и играме Човече не лути се.

    Патетично и филмски. Ама моја фантазија си е и си ја сакам таква каква што е :)
     
    На okcenzi, 1209, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Ја пуштам мојата фантазија, го насочувам мозокот до центрите кои се одговорни за фантазирање и почнувам мојот исфантазиран живот да го пренесувам во постов.
    Ајде нека биде повеќе нереално така повеќе ми личи на фантазија.
    Да можам да замижам и да го замислам ова и за миг да ми се оствари сетоа ова од мене посреќен човек на планетава ќе нема.
    Отварам очи и сакам да се видам себе си како шетам во дворот на некоја прекрасна палата покрај плажа или на некој остров.
    Таму секогаш е лето , се шетам по кратки пантолончиња , седнувам во дворот покрај базенот после едночасовно сончање и пиење коктели се фрлам во базенот и уживам.
    Палатата е подвижна и има 4 ката, горниот кат е целиот за мене и за мојот дечко.
    На катот има 8 соби плус 3 балкони , едната соба е целосна теретана за мене и со справи и место за вежбање на под, со огромни огледала и еден шанк за подготвување на сокови, ама во шанкот да работи робот.
    Другата соба да биде огромна/салон и таа да ми биде за пречекување гости, другарки, да биде повеќенаменска и како еден вид на кино, и библиотека за читање книги и истата соба да биде поврзана со кујна и трпезарија за јадење.
    Другата соба да биде соба за опуштање за релаксација. Добро фино релаксирачко музиче, масер , мирилзиви свеќи ,легната на креветот типот ме масира , а погледот ми е насочен кон прозорецот со поглед кон морето. Во другиот дел од собата за дополнување на атмосфера едно џакузи и внатре јас и замислениот дечко разменуваме бакнежи и со притискање на едно копче да се претвора во козметички салон каде што работат роботи/козметичарки кои ќе ме средуваат секогаш ко ќе ми текне.
    Спалната т.е собата каде што ќе спијам ми е соба од соништата :(
    Огромен кревет , а едниот дел од креветот односно позади главата да биде огромно срце како дел од креветот и тоа во љиљава или црвена боја. НАЈОГРОМЕН плакар кај што ќе ми ја собира цела гардероба без да ја предиплувам по 2 пати на ден ако случајно ми паднале алиштата кои биле здиплени, а немало доволно место, воедно и друг дел во плакарот за сите обувки .
    Во еден дел од собата мое “работно“ катче т.е големо биро за компјутерот и сите останати работи што ми стојат сега на моево.
    Другата соба ќе ми биде канцеларија (за што не ви откривам) ќе има уште едно биро со комп, еден кревет, листови, полици и такви ствари.
    И останатите три соби уште не сум стигнала да ги уредам, веројатно едната од нив ќе биде големо купатило/веце , другата огромна соба за забави/журки , ќе има огромни звучници и кога ќе ги рсниш ќе се тресе цела палата од нив, а третата можеби ќе биде празна, за ако ми притекне нешто да ја уредам накнадно :D Аааа целата куќа да ја суредуваат роботи (ама усовршени и да имаат исти можности ) како луѓе.
    Другиот дел е исто на некој егзотичен остров ама овде веќе имам скоро 30 и цела куќа на море е моја и на мојот тогаш веќе маж , сами , уживаме, пливаме, се гушкаме , шетаме насекаде низ светот , и притоа куќата “подвижна“ ја носиме секаде со нас, потоа кога веќе се заозбилуваме ја местиме на некоја дестинација, во некој град , метропола , јас си работам, тој работи, секогаш имаме време за нас и за опуштање и забава и потоа веќе почнуваме да планираме за проширување на семејството.
    :inlove:
     
  17. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    За мене фантазија претставува само ова .....за жал ;(
     

    Прикачени фајлови:

  18. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    Мммм ...

    Ме буди нечија смеа,тоа е смеата на моите најблиски ..
    Ги прегрнувам,се облекувам и појдувам на работа ..
    Живеам во зграда во која има лифт,и слобдоно без страв влегувам во него ;)
    Долу ме чека портирот и ми посакува добро утро ...
    Доаѓам во мојата приватна '' болница '' - секретарката ми донесува кафе - заедно го пиеме,и сме спремни и овој ден да помогнеме некому.
    Доаѓаат луѓе со разни проблеми,а јас - психијатрот им помагам и им давам совети :)
    Завршува работното време,а долу ме чека љубениот заедно со две ангелчиња - нашите деца :D
    Одиме на ручек во омилениот ресторан,а потота во кино - да гледаме комедија.
    Доаѓаме дома,а јас си земам книга од сопствената мала библиотека во мојот дом, седнувам на моето омилено место за читање и потонувам во тајните на книгата.
    Денот завршува со бакнежи за добра ноќ ...

    Аххх ... Never be afraid to dream ! :)
     
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.654
    Допаѓања:
    121.700
    Мојот живот би сакала да биде што подалеку од овие покварени луѓе што ме опкружуваат...јас со мојата љубов,најблиските и мојата најдобра другарка и другар...за богатсво-не фантазирам-сакам да имам доволно што ми треба за основен живот,да сме среќни и здрави...
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Иднина:
    Живот во Лондон како египтолог и професор на универзитет. Редовно присутна на Stamford Bridge. Си го бодрам тимот! :lol:
    Мажена. Сакам петчлено семејство. Две девојчиња и едно момче, по можност девојчињата постари, ако не и близначки. :angel:
    Мажот од соништата веќе ми е зацртан и прикажан на форумов, тоа ќе го прескокнам.
    Фамилијарен живот каков што посакувам. Мирни дечиња, куќа со голема ливада и редовен секс, ако не неколку пати на ден, еднаш. :D
    Прибежиште во Каиро и Hampshire. Да зборувам течен француски и совладан британски акцент. :D
    Меден месец поминат во Pyramids со поглед кон пирамидите. Самата помисла....
    Тоа ми текнува сега. :)