Доколку има веќе ваква тема,или не е потребна слободно избришете ја Тука ќе дискутираме за фотоапаратите и се поврзано со нив. Јас во моментов имам Nikon coolpix S4000 и сум задоволна,но во блиска иднина планирам да си купам Nikon D3100 Вие како стоите со апаратите?Дали фотографирањето е ваше хоби..?
Да,обожавам да фотографирам,тоа ме исполнува..Инаку имам Nikon S200 и еден поубав Canon со поголем објектив Спојлер се извинувам но не ми текнува на моделот како се викаше Како и да е,имам правено фотосесии и со подобри фотоапарати..Едноставно ги обожавам..
Моментално имам SONY DCS T900i но го убедувам тато да ми купи Canon EOS 550d па се до Canon EOS 5D Mark II (неможам да се одлучам кој модел но и треба да идам да видам како се движат цените)
Немој да го купуваш Canon 550 d прво затоа што е многу скап т.е. е 48.000 денари а тој е професионален за оние што професионално работат со фотографирање..а за овој вториов првпат слушам,мислам дека го нема во Македонија. Јас ти препорачувам Nikon d3100 бидејќи е супер камера,има 14,2 мегапиксели,објектив 18-55mm , 3.0 инчен LCD екран, Full HD Вдиео запис, 3 слики во секунда итн.
Леле како 48.000? Кај да видам цени на Canon апарати знаеш? Иначе тој вториот е изгор... Неќам Nikon незнам зашто.. али ако се прескапи Canon ќе зимам некој Nikon нема друго чаре
Како сакаш..и јас прво го посакував Canon 550d,но кога ја видов цената ми се крена косата Јас од тука ги гледам цените http://pixplus.com.mk/index.aspx?tabindex=0&tabid=1 , исти се и со цените во било кои др продавници,можда некаде има мала разлика али тоа не е ништо
Луѓе dslr апарати се, нормално да се скапи oд 500 евра, па нагоре. Од најефтините само Canon EOS 1000D е така подобар и многу популарен меѓу младите денес. Инаку pixplus се една од подобрите фирми да ги наречам со добар сервис. Сепак ако купувате фотоапарат, пазите од која продавница го купувате.
И јас сакам да фотографирам, во почетна фаза на фотографирањето сум Имавме еден Канон (незнам каков точно беше), околу 6 години беше, и потоа ни падна. Пред околу еден месец отидовме да купуваме нов и зедовме на Канон. Добар е засега. Ама натаму мора некој со објектив да се купи. Инаку гледавме и други, ама пак се одлучивме за Канон, и претходниот ни се погоди, па затоа.
Минатата недела си купив Никон апаратче со 5 оптички зум и задоволна сум...Прави убави сликички... Е сега во кутијата со апаратот имаше три ЦД -а ; едното од нив беше за да инсталираш на компјутерот Никон софтвер за да можеш да ги вадиш сликите...И јас вака како најголем баксуз на светот сеуште не сум ја инсталирала програмата зашто не е нешто у ред со ДВД ромот (уствари компјутерот ниедно ЦД не чита), а јас ова до сега не сум го приметила зашто само УСБ користев... Го чекам братучед ми да се врати утре од одмор и да дојде да види што е проблемот, зашто преку него го земав компјутерот и како знае да го направи...Платив и ДВД во кнфигурацијата, а не функционира... Одвај чекам сликичките да си вадам на компјутер..
Јас имам дигитален Сонѕ сајбер шот не знам кој модел тошно и професионален Canon EOS 30D а сакам да си куопам Nikon 1000D
Јас сакам да фотографирам ама немам камера па пробувам со телефон Сакав да купам фотоапарат ама незнаев кој
ЈАс сакам да си купам,здравје понатаму, Canon 550 пошто обожавам да сликам, а засега имам апаратче HP CB350, малце ми е чуден,ама врши работа,и исто така ја користам многу камерата на мојот мобилен Sony Ericsson K800, предобра е и има многу опции Е ќе ми треба и надворешна меморија за компјутерот BTW еве ги бугарските цени,маааалце се поефтини... Спојлер http://www.technomarket.bg/browse/109
имав од FUJIFILM камера 10megapixel и ич не бев задоволна.. сега имам SONY DSC-W380 камера со 14 megapixel, ја добив на поклон од братучед ми за роденден.. ептен убави слики прави.. инаку немам некој талент за професионални фотографии но сепак сакам да правам убави фотки
Има едно моделче на Canon D10 интересно е на изглед и мислам дека цената се движи околу 14.000 ден. ама не сум сигурна дали некаде кај нас го има во продажба, но доколку сакаш може да се нарача во овластените продавници за Canon . Се чека околу 10-15 дена. Инаку со моето долгогодишно искуство во продажбата на фотоапарати можам слободно да кажам дека Canon се број 1 во фотоапарати. Кое моделче да го одберете нема да згрешите (но и Nikon исто така се добри). Се зависи од вашите намени и потреби. Имате широк спектар на компактни, дигитални фотоапарати Canon : IXUS и PowerShot кои се наменети за секојдневни 'непрофесионални' фотографии но сепак со одличен квалитет кој верувам дека би ги задоволиле вашите потреби.А и цените се доста реални.Имате од 5.000 ден. па нагоре. А најсестран систем за дигитални SLR во светот е системот EOS- докажано од професионалци во своето поле на работа. Нивните цени обично се движат од 40.000 ден па нагоре.
Девојки денес суредувајќи најдов дигитален апарат што потполно го имав заборавено зошто не го имам користено. Сестра ми пред 2-3 години го најде на аеродром и ми го даде. Апаратот е Revue DC 4400 Спојлер и немам ни картичка, ни батерии, ни полнач за батерии ни USB за него . Ме интересира дали некоја имала или знае некои податоци за апаратот.. дали се исплаќа да купам тоа што фали?