И јас во блиска иднина сакам да си купам еден огромен од тие професионалните.Незнам каков ама во глава се ми се врти тој Nikon-oт. Иначе сега имам Canon-PowerShotA570IS . Убаво слика не можам да казам не ама сепак професионални слики со слики на ваков каде каде се подобри. Многу го молам на татко ми и тој ми вети па ајде да го чекаме ветеното ама за брзо ке биде штом јас ви кажувам го познавам него , па после многу убавви фотчиња ке си правам хахаха Инаку фотографирањето ми е хоби. Многу сакам да фотографирам.
Јас во моменов имам Никон Д3100 и Кодак нема да зажалиш ако си го купиш Д3100 а исто така добар е и Д90 и П510 . иначе пре заразена сум со сликање али не некои глупости сакам да сликам пејсажи ама убави не например како во двор да застанам да сликам цвеќиња и глупости а исто така и правам мали фотосесии на другарките блиските и некои други деца .
Се би дала за едно Никонче, од професионалните. Ајде па можеби еден ден желбата ке ми се исполни. Иначе многу, многу сакам да сликам, недај боже да фатам некој апарат, дури ме убедуваа и размислувам да одам на факултет за фотографија во Софија. Сестра ми и маж и викаа дека многу пари може од тоа да се добие ако се работи тоа, професионално, ама па јас не сум баш сигурна, незнам.
Не знам дали е најсоодветно место да прашам, но деновиве треба да идам да купам апарат и немам никаква идеја каков да купам, а навистина ми е потребен. Зборам за обичен, дигитален апарат не од оние професионалните Ги прочитав мислењата, но ете сакав да ве замолам да ми кажете, според вас од кој апарат сте најзадоволни или кој би сакале да го имате? И која марка ја препорачувате највише: Никон, Сони, Канон.. ?
Јас имам два сони апарати и сум супер задоволна. Sony DSC W210 секогаш во ташна и при рака. Sony Alpha A200 за посебни пригоди. Mал совет за сите кои сакаат да си купат нов апарат. Не е важно колку мегапиксели има сензорот, колку што е важно колку е добар сензорот и колку е квалитетен објективот. 16 мегапиксели, 14, 12, 10 ...се што е веќе над 8 па и 6 е сосема доволно за "домашно користење". Неколку мислења погоре членка прашуваше за Сони апарат за совет, со Сони леќа не препорачувам, гледајте да има Carl Zeiss или T леќа. Сони леќите нема да ви направат ќеиф. За таков обичен идиот апарат, нема да згрешиш со ниедна од овие фирми. Супер модели имаат и Сони и Канон и Никон. Ако одбереш Сони, никако со Сони леќа, исклучиво Carl Zeiss или T-леќа. Избегнувај Панасоник, Кодак, HP, Самсунг и слични. Ова се два модели на апарати од сосема различни класи и не може да се споредуваат воопшто. Од една страна на старо купуваш квалитетен апарат со можности за надоградба во иднина, од друга страна купуваш квалитетен нов апарат со супер квалитет. Прашање на личен избор ќе биде.
Јас да прашам нешто.. Пред некое време забележав додека сликував дека на сликите излагаат хоризонтални или вертикални линии ,а пак кога сликував надвор, на денско светло сликите излегуваат бели,еве вакви: Ако имал некој сличен проблем,како може да се поправи... :? Инаку имам апарат Canon A430
Искрено и мене ме интересира ова, ако има некој постручен да каже. Дали не ни биле подесени сетинзите убаво, не знам. Ретко ми се појавуваат и мене хорисзонтални линии, а потоа не следните слики веќе ги нема.
Во однос на леќите, морам да се согласам со girl1985 и да кажам дека Carl Zeiss леќите се неприкосновени. Татко ми на сите негови професионални апарати и zoom додатоци, им ги има сменето фабричките леќи и заменето со Carl Zeiss. Разликата може да се увиди кога ќе ги погледнете фотографиите. Дома имам три дигитални фотоапарати, сите три од различни производители: Sony DSC-S650 Фино просечно апаратче, ништо посебно во однос на спецификите. Квалитетни слики вадеше, ама некако како да беше премногу осетливо, па при мало мрднување со раката, сликите беа многу матни. Му давам замерка и за боите. Некако беа бледи, не беа толку живописни. Samsung Wp10 Првенствено го земавме затоа што е водоотпорен, а татко ми долго време бараше таков. Па кога го начекавме, воопшто не размислувавме за да го земеме. За под вода е одличен, вади квалитетни слики, може да функционира до 3 метри длабочина и има 12.2 мегапиксели, што е солидно. Летово го измалтретирав, му ги пробав сите опции. Најчесто го користев со блиц, и на мое изненадување - сликите воопшто не делуваа вештачки. Освен тоа, одлично си ја врши работата и „на суво“ иако има мал објектив. Nikon Coolpix L120 Од овој сум најзадоволна! Иако не е професионален апарат, има доста солидни опции. Цената дури е и прениска во однос на квалитетот. Има 21х zoom, 14.1 мегапиксели, HD видео, и нешто што мене најмногу ми се допаѓа - работи на четири АА батерии. Па си купив 12 батерии што се полнат, за секогаш со мене да имам резервни во случај да ми се потрошат. Делува малку комплицирано, ама е многу лесен за ракување. Во спојлер ќе ставам некои мои фотографии направени со овој апарат и малку повеќе детали Спојлер Апаратот има навистина добар избор на опции. Не само во однос на експозиција, големина, острина, квалитет на фотографија и слично, туку и опции што ги селектирате во зависност од тоа што сакате да сликате. Се уште ги немам испробано сите, ама еве ќе напишам за тие што досега ги имам пробано. За сликање пејсажи, панорамата е идеална. Со апаратот ми дадоа и цеде на кое има програма што самата ги прави панорамите. Јас само ги селектирам сликите и во рок од пола минута ги спојува автоматски. Можете и рачно самите да ги спојувате сликите. Бројот на слики што може да се направи во една панорама е бесконечен. Ама и онака не можете да направите премногу, затоа што сликите зафаќаат голем дел од пејсажот, па ако сакате да се свртите 360 степени, доволни ќе ви бидат десетина слики. Имате опција да селектирате дали панорамата ќе ја почнете од лево кон десно, од десно кон лево, од горе кон долу или од долу кон горе. Еве пример од моја фотографија. Панорамата е направена со 3 фотографии. Макро опцијата е исто така одлична. Особено со оглед на тоа што јас обожавам да сликам минијатурни работи, на пример пеперутки, апаратот со оваа опција одлично ги доловува и оние ситни детали. Многу лесно можете да направите фотографија во која фокусот ќе биде на одреден предмет, а позадината ќе биде заматена. Еве една моја фотографија која не е толку добра, ама убаво доаѓа до израз тоа што сакам да ви го прикажам. Опцијата одлично работи и со zoom. Еве слика Спорт опцијата е навистина интересна и со неа можат да се „фатат“ многу добри моменти, затоа што со неа се прават повеќе слики во една секунда и буквално се замрзнува секое движење. Кога ќе ги гледате сликите набрзина, делуваат како видео Штета што сите слики со оваа опција ми се лични, па не можам да ги постирам. Ама ете во иднина повеќе ќе ја проучувам. Опцијата за сликање домашни миленичиња е одлична, особено ако имате вакво милениче како моето кое не сака да се слика. Има опција single и continuous, па кога ќе ја штиклирате втората, можете до бескрај да правите слики една по друга се додека го држите копчето на апаратот. Така ќе „фатите“ интересни моменти. Оваа опција е нешто слично на спорт опцијата, со тоа што прави помалку фотографии во секунда. Особено сум задоволна од тоа колку добро работи автоматскиот фокус. На пример, месечинава ја сликав со максималниот zoom и тоа без сталак. А нормално е дека при толку голем zoom, и со најмалото движење на раката може да го изгубите предметот надвор од кадар. Месечината ја сликав неколку пати и ниту еднаш сликата не испадна матна. И толку добро ја доловив, дури и кратерите се познаваат. Ако ја зумирате на компјутер, целиот релјеф ќе го видите. Исто така постои и smart portrait опција, при чие вклучување, апаратот слика сам кога лицето во кадар ќе се насмее Тоа е многу интересно и забавно за сликање во друштво Има уште многу други опции кои се уште не ми се испробани, чекам малку слободно време за да сликам. Имам пофалби и за боите, доста се живописни. За оние кои сакаат да снимаат видеа, овој фотоапарат ќе им биде одличен, бидејќи има HD видео и доста опции околу снимањето (на пример автофокус, големина и квалитет на видеото, контрола на звукот при ветар и слично).
Ќе замолам некој, што се разбира, во апарати. Да ми помогне при изборот. Споредени се 6 апарати, на сликава. Овие се поефтинките. Ама јас освен мегапиксели, друго ништо не се разбирам. (Кликнете на сликата, за поубаво да се види) http://www.retrevo.com/search?q=Samsung ... d=23907589 А овој, го немаше таму, и не можев да го споредам.
Ова е класичен проблем кој порано или подоцна се јавува кај оваа серија на Cаnon. Некоја фабричка грешка, т.е. одреден проблем кој се јавува кај секој модел скоро па без исклучок. Поправањето нема да ти се исплати воопшто, затоа ќе мора да си одбереш нов апарат, за жал.. Ако се прашувам јас, ќе ги дисквалификувам сите Самсунзи и Кодакот. Од останатото би го одбрала Канонот. :geek: