1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Какви луѓе најмногу ве нервираат?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sunshine555, 1 април 2011.

  1. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Насловот ви кажа се. :) Мене најмногу ме нервираат дволични и некои кои оговараат. И оние што се преарогантни, секогаш велам друго е да имаш самодоверба и да си амбициозен,а друго е тоа да се граничи со арогантност. :fubar: Какви ве нервираат вас? Ако имате раскажете и некоја случка со некој што ве нервира. 8)
     
    На hrcace, Zalubenoto и Klaudi им се допаѓа ова.
  2. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    ме нервираат ама од такт ме ваѓат луѓе што се подоле од го!но а се прават види ме кој сум,и оние кои гледаат да те прават будала у прав мозок е такви ми иде да ги...уфффф :devil:
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Ме нервираат дволични и луѓе што лажат! Себични и луѓе што ги третираат сите како да се под нив!!
     
    На MinaMinaDina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    Нивното мислење не е само нивно лично мислење туку апсолутна и неменлива вистина :puke: ...Точка.
     
    На faye му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Оние кои сметаат дека го имаат луксузот да лупнат се' во фаца некому, иако честопати не се ниту запрашани за мислење.
    Јас да си кажам што мислам...

    Кој те праша, побогу?

    Јас сум таква, јас не ќутам.

    Браво за тебе, твоето мислење не интересира колку и климата во Боливија. |(
    Па уште тоа го сметаат и за некоја специјална доблест и вештина.
    Не, особината на ваквите луѓе е просто = на гомнојадење.
    И секој денеска го може тоа.
    И не е воопшто за фалење, ваквите капачиња на секоја манџа ме вадат од такт. :@
    Ама они не биле лицемерни и дволични, затоа ја имаат таа безобразна потреба да си го пикаат носот секаде и да кажат што на ум - тоа на друм...
    |(

    Во последно време ме нервираат и партиски полтрончиња и следбеници со испрани мозочиња.
     
    На Shortie, Dagi, cupcake27a и 8 други им се допаѓа ова.
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Aрогантни,себични,душкала ние додуша имаме еден таков дома,премногу е груб без некоја причина,се му смета,дури и ако станува збор да купиме намирници за дома,ако и купиме на керка ми некоја играчка,сака се да знае кај одиме,што правиме колку пари сме потрошиле,премногу е скржав,замислете си на внука му(керка ми)од кога е родена,не и има купено нешто,а чичко и е :!: себичен во смисла,ете си му позајмил пари,и му бараш да ти купи чипс од бензиска не оди,сака да зема се,а не дава ништо |( :devil: и последново душкало не можам да се изначудам во последно време,имаме 3 купатила и тоалети,и ви се верува доага горе во нашава соба и се тушира,а и има и во неговата соба долу туш,ај тоа барем се истуширал,барем собери си ги валканите алишта,а ние сме на 2 спрат,тој е на 1,и му се моча а има до неговата соба тоалет,трча горе во нашата соба,не дека ми смета,ама јас лично мразам да ми влегуваат така соба,и навечер со извинение-ти се секса,а нашата врата нема клуч си влетнува така, :@ не ни чука,од приватност ни п Bаков тип на луге мразаааам |( :tmi:
     
    На hrcace и Lady-Sweet им се допаѓа ова.
  7. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Снобови!

    Едноставно некои луѓе не сфаќаат дека како што дошле, парите така и ќе си отидат, па оние што ја немаат нивната среќа ги гледаат одозгора, со кренат нос, како да се пониска класа луѓе. Има убава изрека, гледај ги луѓето одозгора само кога им подаваш рака за да станат!

    Мразам и лажно скромни луѓе, се претставуваат како паталци на векот, а всуштност ништо не им фали освен внимание.
     
  8. Cokolatce95

    Cokolatce95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    131



    Баш вакви ! |(
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Тие што немаат свое ЈАС. Што трчаат по некој друг.
    Леле бе! Женски што се мешаат во врска! :@
    Шмизли.
    Срамежливи момчиња.

    Ахх... :devil:
     
    На Dashing:) и hrcace им се допаѓа ова.
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    луѓе кој се лицемерни покварено гадни кои лажат измислуваат клеветат надвор од сите граници мразам вакви суштества кои неможам ни луѓе да ги наречам ИНСЕКТИ кој уништуваат животи
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Негативни. И во најубавото нешто ќе најдат неубаво.
    Јас пробувам да ги расположам, тие и мене ме полнат со мизерија.

    Луѓе со партиска книшка, кои пред да ја земат зборувале едно, а сега одеднаш се смениле :^)
    Ок, знам дека се вработи поради книшката, никој не те обвинува зашто такво е времето, ама не мора да ми ја полниш главата со политика на секое пиење кафе кое порано со душа го чекав :fubar: Побарај си го мозокот назад, изгледа се збогува со него кога ја потпиша книшката. :puke:
     
    На crazylady, agirl17, faye и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Луѓе кои гледаат што се случува во дворот на комшијата, а не си гледаат во нивниот.
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Истиве, ИСТИВЕ БУКВАЛНО.

    Јас стално го кажувам истиот муабет, мразам негативни луѓе, целата енергија ми ја одземаат. И не ни ги приметувам во последно време, ги игнорирам на големо!

    Освен нив, неамбициозни луѓе, паразити, кои со прст не мрдаат, а сакаат многу работи. Е нема! Готовани кои ништо сами не постигнале, се од мама и тато наследиле.

    Оние кои зборуваат а не се убедени во тоа што го зборуваат, туку имаат став каков што има поголемата група на разговор во која се најдуваат.

    Макар што ваквите ако ги намирисам не ги регистрирам, едноставно како провидни да се, како да не постојат. Има многу луѓе на планетава на кои им е попотребна мојата љубов и енергија, не мислам да ја трошам на горенаведените групи на луѓе.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Мислејуче и ходајуче совршенства на мајке природе, дефинитивно. :^)
    Пошто јас не сум, па најверојатно затоа и ги избегнувам. Не би јас раме до раме со таквите, па некој екстра комплекс да си нагрбам на грбкава моја. :lol:

    „Све знам“ персони. Знаеш, од оној тип на луѓе што уште во школо ги заприметуваш како везден 24/7 седат у клупа со крената рака, па и на реторичките прашања на учителките :rofl:

    „лИлееее, како сега да си го купам парфемот што е 400 евра само 100 мл?!? “ и пак можеби поради некој мој личен копмлекс. Јас сум научена на тоа дека веќе на средина на месец парите ми одат во бестрага, а и јас со нив. :?:

    Другото, па се горенаведено јас целосно се согласувам и ве поддржувам со две раце кренати... ако некого не сум спомнала ќе ми простите, утре можеби ќе прикажеме нова реклама, специјално за вас, така да ќе бидете вклучени ноу ворис мај дирест.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Страмежливи,себични,дволични и што зборуват зад грб...Ако имаш нешто да ми кажеш кажи ми во лице а не зад грб :!:
     
  16. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Лицемерни, оние кои се улижуваат и го копираат туѓото однесување и мислење, немаат свое јас.
     
    На hrcace му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Оние кои се занесуваат дека ја испиле цела памет на светов (и тоа најчесто-неосновано) и само коваат планови како некому да пружат нога да го сопнат, како некого да омаловажат пред што поголема публика, значи се‘ во тој некој злобен макијавелистички филм, а што е најтрагично мислат дека се толку препредени што никој не ја гледа нивната генијална маскираност на мислите и постапките која е проѕирна како најшкарт кинески текстил купен не на килограм, туку на тон :lol: .

    Исто како и Ливинг, значи негативните намќори, јас ги нарекувам емотивни вампири, цицаат енергија од секого кој ќе им дозволи.

    Иритантни конфликтни особи - провокатори :devil: чиниш ТНТ доручкуваат, напалм ручаат, а во меѓувреме уфрлаат по некој Молотов во себе, луѓе што бараат само жртви за бесконечни караници.

    Паразити, неспособни за ништо и тотално зависни од други за се‘.

    Лажливци, самобендисани егоцентрици чиниш тие се оската околу која се врти Галаксијава, зјапачи т.е. оние патетични кои само ве меркаат со рентген-поглед цело време.

    И драма квинс - очајно трагаат по материјал за хранење на нивното хистерично и склоно кон комплицирање манијачно его.
     
    На MarchelineAmaru, Phyramide, De-lovely и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Застанувам во линија со феминките кои се негативнилуѓемразачи. Е значи вампири се! Доволна е минута со нив и веќе не цел ден, цела недела ми е отидена во неповрат.
    Се влечкам ко спориот братучед на Спиди Гонзалес - Слоу Поко. А јас се обидувам пустото да им дадам сила, да им покажам дека не е се така црно, терам на шега, а тие и во шегата и насмевката пак наоѓаат нешто негативно.
    Е преку левото маде што го немам од вакви луѓе. Разбирам некој да не е расположен, луѓе сме и имаме право на секакви моменти. Ама за овие негативците имам желба да пуштам новогодишен огномет секојпат кога се расположени. And God knows it's only for New Year's Eve. А можеби ни толку често.

    Луѓе кои мислат дека знаат се. И солат памет. Си одат со соларката и солат ли солат. Во секоја манџа запршка плус. Затоа што они се најпаметни, најинтелигентни, најдобро знаат (се ова во наводници) а во суштина се само најгласни. Самопрозивачи. Никој не ги бара ниту пак ги вика, сами си се прозиваат и си даваат збор за реплика, контрареплика, коментар, забелешка, се.
    И на крај викаат - абе слушај ме ти мене, јас сум секогаш во право. А јас од култура и немање желба да ги разубедувам им кимам - sure you are. You wish |( Тарантиновски муабетчиња за ништо. Фрустрации на куп и немање самодоверба а глумење висока самодоверба водат до претходно споменатите муабети.
    Е од вакви ми е преку десното маде што исто го немам.

    Променливи, превртливи луѓе. Нестабилни. Абе лото да играв поголема ќе беше веројатноста да знаев кога ќе добијам 7мица отколку да знам кога ќе ги начекам во добро расположение. И тогаш мораш и ти да се смееш со нив. Ако не се расположени - и тебе ќе ти го упропастат. Бидејќи тогаш се крајно негативни и мрчатори. Види група број еден.

    Во глобала толку :) И не се дружам со такви, затоа што јас не сум таква или барем се трудам да НЕ сум таква. Сакам бре убав живот, колку толку. Сакам и реалисти, ама од реалисти до негативци е голема разликата. А овие првиве па и вториве што не ги сакам, ептен милуваат да си се правдаат - не бе, јас знам најдобро, ако јас не ти кажам кој друг ќе ти каже?!

    Е ај гит, преку машкиот полов орган. Што го немам :)
     
    На Dashing:), do-re-mi, MarchelineAmaru и 5 други им се допаѓа ова.
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    +
    Самобендисани кокошки |( !
    Јас јас јас јас јас јас јас јас јас јас јас јас јас јас јас јас ПА ЈАССС!!!!!!! :devil:
    Немој бе,леле што збориш!? |(
    Аууу, ти де ти!
    знаеме ние за тебе! Што да ти кажам, лепотица, паметна, учена, абе се ти е совршено у животот!
    Мама и тато тебе во стаклено звоно ми те чуваа, плус и во стаклена лажичка ми те ранеа!Дечкото погоден препогоден, што да ти кажам, просто луд е по тебе, со рози те буди во кревет, не се врти по друг задник, не бе, како тоа |-)
    Еми ајде сега ќе ти се клањаме, зашто си таква---- срцкаста!
    Е значи мразам вакви луѓе (кокошки)
    што сакаат да ми доловат таква слика демек нив абе се им е совршено во живото!
    :wasntme: дај олади бе, баш ти поверував
     
    На MarchelineAmaru и Angelche им се допаѓа ова.
  20. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Филмаџии
    Јас вака, така, тоа ќе направам. Ауф ќе си купам вакво, такво. Леле што ќе се случува. Јакооо
    Лажговци
    Еднаш ти кажува една верзија, ќе се придружи друг (и во твое присуство) ќе ја измени и зафилува содржината, мислам :fubar:
    Неинформирани препирковци
    А бе не е така. А бе така е (а првпат слуша за тоа). А бе јас ти велам (со докази) така е! Незнам јас така е мислам ама да да да така ееее |(

    Полека полека го губам трпението да слушам вакви. Почнаа живците да ми попуштат. Не знам што следно ќе направам кога ќе ми ги скинат.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.