На вести кажаа пред малку дека на Евровизија 2012 год ќе не претставува Калиопи. Така одлучиле да нема конкурс ко секоја година. Не ми е од омилените но во секој случај е мнооогу подобра од претходните наши претставници (со 2-3 исклучоци- претпоставувате кои). Па нек се угоде ...и повеќе среќа оваа година!
Па некако е исто кој ќе не претставува. И онака не се пласираме високо. Калиопи има солиден вокал, позната е и во соседните земји, уште да има добра песна ќе биде добро. Само да не биде некакво сра*е ко румдумдум.
Стварно?ЈАс незнаев. Супер Мислам дека таа одлично ќе не престави на евровизијата Жената е убава,паметна,а има и искуство! Само незнам како ќе испадне.
И јас прв пат слушам е па убаво е ако е така, сигурно поубаво ќе не претстави Калиопи од сите наши пеачи на естрадава кога би одбирала јас и Влатко Лозаноски би го пуштила на Евровизија
Незнам како така одбрале, туку - така, сега кога веќе бираат, нека одберат некој што навистина е достоен за тоа.Сепак според мене, кој и да отиде, дали Калиопи или било кој, не верувам дека нешто добро ќе се пласираме, иако не велам дека не е можно или пак дека немаме некој кој го бива за пеење итн., но прибидејки се е политика тоа, едноставно сметам дека не би требале воопшто да се појавуваме на Евровизија.Можеби и е начин за да се промовира нашата музика, ама мислам дека и без тоа, сме се истакнале во музиката и надвор од нашава земја.Од одамна не следам Евровизија, од таа причина. Доколку веќе решиле Калиопи да не претставува наредната година, се надевам ќе биде добро
Каде бе кажаа? Па нели калиопе се откажа од евровизија се разочара.. ц ц ц што нема да чуеш Ај баш да видиме..
Калиопи претставник на Македонија на Евросонг 2012 во Азербеџан Поп дивата Калиопи Букле е овогодинешната претставничка на Република Македонија на Евросонг 2012 што ќе се одржи во Азербеџан. Македонската радио телевизија оваа година одлучи да го примени српско/хрватскиот модел на избор за претставник, односно како членка на ЕБУ, таа не мора да направи конкурс и избор на повеќе изведувачи за претставник на песна за Евровизија. Што се однесува до песната со која Калиопи ќе не претставува, таа ќе биде избрана на сличен начин како што беше избрана песна за Тоше Проески, кој беше наш претставник во 2004 година. Калиопи е една од нашите најпознати изведувачки, зад себе има 9 албуми и безброј хитови. Последен е албумот “Порака“, кој покрај во Македонија е објавен и во регионот. Таа е почесен амбасадор на УНИЦЕФ од Македонија, а покрај многубројните награди и признанија добитник е и на статуетката за хуманост "Мајка Тереза". Спојлер http://www.time.mk/read/3a8334e761/437b05ee61/index.html Ете така одбрале. Секоја година го тупат со изборов, а не е ни важно кој ќе оди и онака пак ќе се плука. Тоа е.
ако настапува нека одбере некоја добра песна како и обично мило ми е што не одбрале некои што се без врска
Нема да има само една песна.. ке биде нешто слично како со Тоше ке им дадат задача на повеќе композитори и ке ја одберат најдобрата..
Иако важи за жена со признание за својот талент, сепак не знам, го губиме капацитетот за претставување на таа голема бина со политички астаљ, веќе ги испраќаме пејачите по повеќе пати, и што знам нема перспектива.
Не разбирам што бараме да пуштаме една докажана и реномирана домашна пејачка како Калиопи на тој европски циркуз кој уште одамна престана да биде музички фестивал. И пак и годинава како и изминатите 3-4, додека другите се глупираат, ние ќе имаме actually a real song но уште еднаш ќе си останеме со прстот во уста зашто очигледно политиката е вмешана дури и во тие панаѓури. А бтв, зошто велите дека Калиопи веќе била македонски претставник на Евровизија, кога не беше? Морав да се редактирам, тоа што го напишав дека изминативе години сме имале а real song, не важеше за ланска година, да се разбереме Иако, пак каква и да беше, попевлива испадна од многу што завршија во финале
Калиопи е една од најдобрите, ако не и најдобра, македонска пејачка. Едно е што јас лично не ја сакам, а сосем друго е дека таа е еден квалитетен вокал. Подобро таа него некој што не знае уста да отвори. Но, Евровизија одамна престана да биде музички натпревар... Штета е за Калиопи да оди сега, ама добро, кога таа се согласила сигурно знае што прави. Со среќа нека и е. И се додека песната не е како „румдумдум“ од пред некоја година, ја има мојата поддршка.
На Евровизија одамна не се цени гласот, туку изгледот, а да не зборам колку е вмешана и политиката. И не знам зошто секогаш ја одбираме најго*нестата песна кога ќе дојде време за Евровизија кога имаме солидни песни преку цела година што би можеле да пројдат. Како и да е, ако влеземе во финале погоре од 13-14 место нема да дотуркаме.
Еве јас ке одговорам зошто немаме една добра песна? Заради луѓе како Копров никогаш нема да има добри музичари во државата, затоа! Све е за пари, не се цени добра песна, Копров никогаш нема да дозволи да оди некоја песна а да не е негова и нема да пушти да иде некоја млада ѕвезда па колку и да сака нека е добра песната.. Тоа е тоа.. кој повеќе пари ке даде и колку ке украдат е работава!
Само Калиопи и Лозано останаа од подобрите вокали во Македонија што не не претставувале во Македонија. Зошто да не би не претставувала? Убав глас има, само што сега повеќе бараат стас. Не е важно. Секако во последниве години не влегуваме во финале..Се надевам дека ке одбере убава песна што го истакнува нејзиниот глас, и се надевам дека нема да "писка" како што има обичај. Тоа ме нервира. А инаку супер е изборот :up: