Форумџика на годината

Калиопи ќе нè претставува на Евровизија 2012

Дискусија во 'Канта' започната од Mini-Mouse, 19 ноември 2011.

  1. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Црно и бело“ е насловот на eвровизиската песна на Калиопи.



    Одбрана е песната со која Калиопи ќе не претставува на Евровизија, која ќе се одржи во мај 2012-та година во Баку, Азербејџан. Песната е со наслов „Црно и бело“ чие дело е на авторот кој е долгогодишен соработник и пријател на Калиопи, Ромео Грил, додека текстот за истата го напишала Калиопи. Тој е автор на најголемите хитови на Калиопи како „Бато“, „Кофер Љубави“, соработник на албумот „Обои ме“ и уште многу други песни.

    Иако Калиопи била поканета од страна на МТВ да ја представува Македонија на Евросонг и како автор и како пејач, таа покажала доблест, и со големо срце и отворено најавила дека ќе биде отворена за соработка и со други автори од Македонија, но и однадвор. Ромео Грилл кој живее и работи во Швајцарија каде што и ја постави основата на песната, допатува во Скопје и од денес во студиото М1 на МРТ започна снимањето со Калиопи. Мастерингот на песната ќе се работи
    во Германија. Промоција на композицијата “Црно и бело” ќе биде официјално претставена во голема шоу програма наскоро на програмите на МТВ.




    Нели ова и беше првиот маж, со кој воедно имаат дете ? :^)
     
  2. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    да секогаш е така :( :( :( :( :(
     
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Позната била, па ќе сме извлечеле подобар пласман. :^)
    А кај е позната? Низ југословенскиве држави само. Мање-више за еден поен, наместо 20то, да извлечеме 19то место, голема разлика. Уствари, и јас кај отидов, дали ќе влеземе во финале, а не па 20то место.
    Тоа е мое мислење, можеби сум грешка. Но, јас така мислам.
     
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    А бе се убаво ама ко што ја знаеме Калиопи плачка, да не почне на сцена таму да плаче.

    Не ја сакам Калиопи, за долгогодишната кариера успеа само еден или два хита да извади. Аман луѓе зошто бе уште учествуваме на евровизија не не бива и точка. Како што е се корумпирано кај нас, така се корумпирани и овие фестивалчиња, песнички итн. Нели забележувате дека со години се истите композитори на сите фестивали, истите пејачи, истите песни една две ноти плус минус.

    Како македнка нормално дека ке ја поддржам Калиопи ама би сакала песната и настапот да се едноставни, не некои екстравагантни срања што ги гледаме на Евровизија последниве години. И да не заборавиме дека евровизијата е една гооолема политичка игра.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Kога ќе биде изборот на песна?
     
  6. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    А пуштена ли е во јавност песната на Калиопи за евровизија?
    Ако е,дајте линк да ја слушнам. :D
     
  7. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Избрана е песната изгледа. Не знам ни кој ја избрал ни како ни кога.
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    ццц,на што личи тоа |( па ние треба сами да си избереме од понудените песни бре!
    Tака беше со Tоше, така било секогаш
    Aбре јас убаво си кажав уште оддамна, оваа Oпи ама ич ич не ја сакам |(
     
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Изгледа Калиопи сама ја избрала. |(
    Промоција на композицијата „Црно и бело" ќе биде официјално претставена во голема шоу програма наскоро на програмите на МТВ.

    Апф, мрт какви само големи шоуа прави, абе да ти се при-се.е

    И стварно е глупост, не треба веќе мрт да го организира ова! Глупост, жива глупост. Они сами си избираат и пеач, и песна, абе што да ти кажам..
    И демек тој што ја напишал песната, ги напишал Бато, Кофер Љубави, Лео.. незнам таму кои уште..
    Големо чудо, има да се дере, да писка, леле мори мајко. :worried:
    До вчера плачеше, зашто не отиде на Евровизија, што не викаше, нема веќе да се пријавувам бла бла бла.. А сега ќе оди на евровизија. :fubar:
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Ајдеее пак некоја тиња песна сеаа..Значи незнам како не сваќаат нашиве дека треба нешто понеобично пооригинално,невидено а сепак со стил..Како и да е не не сакаат така да одамна се откажав од гледањето на Евровизија...тапаа... :tmi:
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    На изборот за песна на Евровизија, што по 57 пат ќе се одржи во главниот град на Азербејџан, Баку, ќе се натпреваруваат вкупно 43 земји, соопшти Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Своето учество го потврдија Албанија, Ерменија, Австрија, Азербејџан, Белорусија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Данска, Естонија, Финска, Франција, Македонија, Грузија, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Израел, Италија, Латвија, Литванија, Малта, Молдавија, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Португалија, Романија, Русија, Сан Марино, Србија, Словачка, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Турција, Украина и Велика Британија.

    Иако било неизвесно, сепак Италија, Унгарија и Австрија, повторно ќе се натпреваруваат, а Црна Гора се враќа на Евровизија, по три години отсуство. Учеството на Ерменија било неизвесно поради повеќе децениската војна со Азербејџан, но тие побарале додатно обезбедување и гаранција за безбедноста од организаторите за да учествуваат. Полската национална телевизија се откажа од Евровизија, бидејќи имале многу работа околу Европското првенство во фудбал. Поради финансиски проблеми од учество се откажаа Чешка, Монако, Андора, Луксембург и Мароко. Андора неодамна јави тотално повлекување од ЕБУ, поради големи финансиски проблеми. Лихтенштајн не може да учествува поради тоа што не е активен член во ЕБУ.

    Во среда по пат на ждрепка, 37 земји ќе бидат распределени во двете полуфиналиња. Од нив 20 ќе се пласираат во финалето каде обезбедено учество има победникот (Азербејџан), како и петте земји со привилегии: Франција, Шпанија, Германија, Велика Британија и Италија.

    Првото полуфинале ќе се одржи на 22 мај, а второто два дена подоцна. Финалето ќе се одржи на 26 мај.

    Македонија со полна пареа се подготвува за оваа Евровизија. Нашата претставничка Калиопи веќе ја одбра песната „Црно и бело“, Македонија нема влезено во големото финале од 2008-та година. Овој пат ќе не претставува искуство и голем талент, но конкуренцијата е огромна. Се надеваме на повеќе среќа и конечно да ни се разбие малерот.
     
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Абе денеска требаше на мрт, да ја пуштат песната. Јас не гледав. Вие ја слушнавте? :wasntme:
     
  13. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363

    Мислам дека ќе на 29 февруари! :^) :^)
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.477
    Пол:
    Женски
    Уште ли се такмичиме на чудово...? Вишок пари, мањак памет...
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
  17. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Песната “Црно и Бело“ која што македонската поп дива Калиопи ќе ја изведе на овогодинешното издание на Евросонг во Баку, Азербејџан, премиерно ќе биде изведена вечерва во 21 часот на Македонската Телевизија.

    Извор: Точка

    Ајде да видиме вечер што песна е. :^)
     
  18. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Rum dum dum's revenge во Darth Vader стил.

    Ќе не избрука со нешто (не дека другиве не не брукаа де) за да се освети.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.665
    Допаѓања:
    106.775
    Пол:
    Женски
    Се зачудив и Мароко? па кога тие учествувале на Евровизија? :D

    Инаку еве ги грчките песни а тие ке избираат на 12 март

    http://www.youtube.com/watch?v=MoR-I-IiNzw

    http://www.youtube.com/watch?v=oU0RaNjw ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=dqb31n2e ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=kWZSGu5O ... re=related
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    ‘Tочка и се е можно :D
    затоа на FAIL.MK секој ден им пукаат сеир
    :D
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.