1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коцкањето - сериозен порок

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од bitter-girl, 6 јануари 2011.

  1. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Ја отварам темава бидејќи сум доста испаничена. Работата малку излезе од контрола и сега речиси невозможно е да се сопре. Со мојот дечко сум речиси 5 години во врска, прв пат во Астра стапнавме заедно со незначителен влог од 200 денари. Со ќар 400-500 денари излегувавме пресреќни. Веднаш ќе ги потрошевме парите наваму, натаму па и кога ќе ги изгубевме не ни беше мака.
    Работата малку се искомплицира, неговите му даваа пари за факултетот а тој ги оставаше во Астра. Кога влезе во го*на до гуша најде излез земајќи кредит (негов другар го зема а дечко ми му го отплаќаше) Со парите од кредитот успеа да направи пари за да го среди факултетот, останатите ги изгуби. Му остана цел кредит за исплаќање, а никаде не работеше.
    Се вработи почна да ја собира платата и со истите пари повторно да се коцка надевајки се дека ќе излезе во + но излезе во огромен -
    Остана и без пари да го отплати кредитот и без плата.
    Го убедив да разговара со мајка му, тој толку добро ја обработил жената што таа му дала пари. Чиста среќа што со истите успеа да направи пари во Астра и да го врати кредитот. Мене многу ми олесна што не е никаде должен НО тука играта не престанува. Сега се во прашање огромни влогови. Некогаш излегува во ќар 70-80.000 денари но некогаш и многу губи. Парите му се вртат во круг постојано.
    Ова не наликува на шала ниту па на забава. Секогаш го слушам истото: Ти не се вознемирувај ова не се мои пари, нивни се. Тоа е точно но што кога ќе ги изгуби сите нивни пари?
    Возрасни сме и размислуваме за заедничка иднина и семејство. Мене ми треба стабилен човек, тој дури и работата сака да ја напушти затоа што заработува цела годишна плата за 1 саат во Астра.
    Не се вади леб од коцка. Многу сум вознемирена, понекогаш му претам дека се ќе им кажам на неговите но залудно.
    Вели дека нема да трае ова вечно и дека не е глупав заради Астра повторно да поминува низ истото.

    Јас само сакам ова да престане и да функционираме како сите нормални луѓе. Кога ќе помислам на парите кои постојано му се вртат во круг се згрозувам сумата не е играчка. 100.000 денари во џебот не се играчка.

    Се извинувам ако постои ваква тема, проверив но не најдов ништо.

    Незнам дали сте се соочиле некогаш со нешто вакво, но верувајте ова е исто како дрогата и алкохолот. Создава се поголема зависност. Сакам ама незнам како да му помогнам да ја остави Астра. Се чувствувам немоќна. Се обидов со муабет, залудно. Целиот муабет го заборава за 5 мин. :|
     
    На SupernovaS и LUCERKA им се допаѓа ова.
  2. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Знам како ти е. И јас имав дечко кој беше зависник од спортско обложување и од оние трките со кучиња и коњи. Додуша, не даваше многу пари, 50-100 ден. понекогаш и 200 ден. влог, ама затоа се обложуваше скоро секој ден. Да, зависност е тоа и тоа многу голема и сериозна. Сега не знам дали се откажал од обложување бидејќи не одам веќе со него. Што е најлошо во целава приказна, ме зарази и мене, па и јас почнав да се обложувам, понекогаш заедно, понекогаш одвоено.

    Кога изгубив позначителна сума пари која многу ми требаше баш тогаш кога ја изгубив (бев на факултет, а моиве доме појмаа немаа дека се обложувам) нешто ме мавна во главата и цврсто решив да прекинам. Беше тешко на почеток нормално, но се држев подалеку од кладилници и овој порок, зависност ми поминаа. Сега пред некоја недела пак ме мавнаа точките да се обложувам, ама решив пак да прекинам додека не сум загубила многу и мислам дека ќе ми биде полесно за разлика од првиот пат.

    Мојот совет е: Треба да го допре „дното“ што се вика и тогаш да си зацрта во главата дека е време да прекине. Џабе е муабетот, нешто пак ќе го влече да се коцка. Значи мора да осети на своја кожа дека многу штета си прави (како што осетив јас) и да се реши цврсто дека е готово. Според мене, тоа ќе се постигне ако изгуби многу пари и ќе нема како да се извлече (сите други извори на пари да му бидат пресушени, за да не може да ги отплати долговите). Ќе се снајде со работа и со свои пари да ги отплати долговите, но после мислам ќе му текне дека не вреди пак да поминува низ истиот пекол и да си ги фрла така лесно НЕГОВИТЕ тешко заработени пари.
     
  3. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    добра девојко,не сакам да те плашам но сте размислувале ли кога ќе западне подлабоко зо зависта,и кога ќе нема со што да плати,што ќе се случи.сум слушнала само за еден пример од коцкар,кој ја прокоцкал жена си,и само да не ја даде на друг маж ја има убиено :( :( жално е стварно и ова е вистинска приказна.
    разговарај со него,зависен е од коцката исто како од дрога и пушење,од ова нема куртул,советувај го колку што можеш а ако пак не бива и не те слуша,разговарај со неговите,нека му ја забранат Астра и таквите слични места-нека не го ризикува својот живот :sweat: :?: :?: ;)
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Кога ги читам вашиве мислења драги феминки, ми текнува дека кога бев помала сакав и јас да влезам и јас во една спортска обложувалница, но типчето со кое бев тогаш ми рече немој, оти заразно е јас сум пробал па не влегов. Каде што живеам јас има неколку спортски обложувалници, и еден Астра клуб, но до сега не сум влегла ниту еднаш внатре, ама така се погоди што девојче што учевме во средно заедно работи во една спортска обложувалница кај мене, уплатив ливче со нејзина помош ама ми изгледа како математички формули, а ја МРАЗАМ математика, па не се ни обидив повторно-изгубив само 20 ден :$

    незнам зошто ама мене од помала ме влечат многу игрите на срека, гребки,лото па дури и коцка, ама од срам не сум влегла во Астра коцкарницата.

    Како пример (вистинит) за коцка нека ни биде на сите Игор Џамбазов, што се не му се случи оти беше ептен заглавен во долгови, па мораше да бега, едвај се спаси.
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Девојко несакам да звучам сурово ама ти имаш многу голем проблем! Коцката е многу лоша работа.Луѓе губат се што стекнале во животот само ради коцката. Несвесно запаѓаат во проблеми и на крај нема излез.Се задолжуваат кај лихвари, коишто и не се баш толерантни, и сето тоа само им дава повод повторно да си ја пробаат среќата мислејќи дека ќе се обидат да ги извадат парите. Најдобро според мене е да поразговараш со него и да му кажеш дека ти планираш со него заедничка иднина и дека не би можела да поднесеш постојано да се коцка. Од почеток сигурно нема одма да престане да се коцка, но повремено ќе прекине.Пробај да му објасниш што све би направиле со тие пари кога не би ги прокоцкал. Среќно, па кажи што ќе направиш.
     
  6. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Колку и да звучи глупаво јас навистина сакам секој денар како го добил така и да го врати таму. Тогаш сите одвишок пари како што тој вели ќе си дојдат на своето место а тој на салдо 0. И веќе негова нога да не стапне на тоа место никогаш повеќе.
    Тој вели дека со туѓи пари си се забавува (оваа забава трае со години) никако да ги изгуби сите. Никаде не е должен (ама за сега) која е гаранцијата дека нема од некаде да побара ако ги изгуби и овие? Нема гаранција и тоа е она што ме загрижува.
    Се смешка и ми вика под среќна ѕвезда сум роден. Загрижувачки е тоа што толку многу добива, обично така бидува ќе ти дава, ќе ти дава и еден ден ќе те соголи до гола кожа. Цело време му го повторувам тоа, дека постои опција да излезе како голтар од таму еден ден. Ми вели, нема тие и така не се мои пари.
    Јас само сакам овој кошмар да помине, немам убаво претчувство за целава работа.
    На моменти ми делува трезвено, дека точно знае што прави и дека кога ќе дојде денот сите да ги изгуби тука ќе заврши... НО дали ќе биде навистина така? :|
    Кога ќе изгуби се дај боже да си стои на зборот но ако не се среди можеби ќе почнам со ултиматуми.
    Друг излез не гледам од целава работа.
     
  7. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Навистина станува збор за сериозен проблем. Сите сме свесни дека од коцкање пари не се заработуваат. И секоја добивка 100дупло се враќа назад.
    Јас би ти рекла да разговарате, но и ти самата кажа дека сте разговарале, а дечко ти не сфаќа. Можеби навистина треба да ги изгуби сите пари и да остане без ништо, па дури тогаш да се освести. Но, може и тогаш да не се освести туку да се задолжи и да продолжи.
    Затоа обиди се да разговараш уште еднаш сериозно со него, а на крајот на краиштата ако си живееш со неговите разговарај и со нив и не мора тој да дознае дека ти си го кажала. Па, неговите да видат што можат да направат, бидејќи вака ништо не бива.
    Колку повеќе се чека, толку повеќе тој може да пропаѓа во коцкањето :(
     
  8. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Пробај со искрен разговор. Можеби веќе си пробала со тоа, но обиди се пак.
    Натерај го да размисли за иднината, сега тој не е одговорен за никој, но дали би успеал да си го одржи семејството во иднина доколку продолжи со коцкање. Би требало барем тоа да допре до неговиот здрав разум. Доколку не успее да се свести, најдобро е да го оставиш и да свртиш нов лист. Доколу сега не ги почитува твоите ставови и размислувања, што останува за понатаму.... :?:
    Сепак ти посакувам среќа ;)
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Нема совет за ова.Иста хемиска реакција во мозокот предизвикува,како и дрогата.Зависност е,а најтрагично е што одат по тенка линија не затоа што им требаат пари,туку заради адреналинот,возбудата и задоволството потоа или разочарувањето кое го тера да се надева и ризикува.Интересно е што кај нас многу е честа оваа појава,а нема соодветна институција кога ќе се грижи за овие луѓе чија зависност распаѓа семејства,па и нив самите.
    Што и да правите,што и да зборите,џабе ќе е.Бара соодветен третман и силна воља и пред се свест кај човекот што се коцка.
     
    На tessie, galapce, НаталиЛили и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Коцката е најлош порок.Има примери во мојава средина заради таа коцка изгубија фирми,куќи,станови...богатства.Дедо ми секогаш ќе кажеше дека коцката е најлоша од неа нема спас.Женкар ќе оди по жени и ќе му здосади или веќе нема да може ќе му клапне, :D ...Алкохоличар ќе пие и ќе се препие па дури и ќе фати цироза и други болести ќе се откаже...А коцката тешко да ја оставиш.
     
    На tessie и galapce им се допаѓа ова.
  11. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    bitter-girl секогаш се вели од човек кој конзумира дрога и се коцка бегај подалеку. Точно така почнува се како што рече и самата почна со мала сума на пари па сега продолжува да вложува и добива се повеќе. Тоа е човечката ненаситност и големиот адреналин што го создава коцкањето-пророк што многу тешко се лечи тоа е невидена завист.
    Само ќе ти наведам еден пример за жал е многу лош но се надевам дека ќе те поттикнам да го решиш случајот со твојот дечко или никако со него со него нема иднина-
    Еден наш сосед има 35 години , започна со коцкање пред 5 години само што се ожени, неговата жена е докторка , тој работеше како професор. Значи прво беше неосетно се коцкаше но беше неосетно бидејки беа двајцата добро платени, неговите родители многу му помагаа. Решија да се поделат младите од старите откако се роди нивниот син. Значи бебе големи трошоци , нема помош од неговите родители, почнаа расправиите. Зедоа кредит за да може тој да се коцка. Кога добиваше имаше кај него веселба, кога губеше имаше жестоки расправии.Бевме многу блиски како брат ми беше, но секако јас му зборував да се откаже бидејќи пропаѓаше. Пред години се случи следово. Од канцеларијата на професорите кои само што беа зеле плата им украде на 3 професори сите пари некаде околу 1000 евра мислам дека беше, нормално бидејќи веќе сите знае каков е го фатија, го избркаа од работа. По ова се разведе од жената, продолжи да се коцка. Сега во неговиот дом кој беше со домашно кино, со библиотека со се од најновата мода, сега е само со еден кревет и со телевизор. Значи дојде до тој степен да ги извади плочките од бањата за да има некој динар за коцка.Неговите не ни го погледнуваат -тој веќе се уништил нема спас со него.
     
  12. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Искрено не верувам во добрата намера на мојов совет , знам дека не е добра препорака, ама познавам неколку такви и од пракса го заклучив следново :
    Лек нема едноставно треба да се закопа во лај*а до гуша , салам да го допре дното , само тоа ќе допре до неговата душичка предходно немоќна да се справи со ова зло.
    Тешко е ама само тоа успева , барем во некои си дваесеттина случаеви на кои лично сум сведок. Е па не не се родиле пропалици , станале со време , биле добри луѓе и искрено по горнонаведениот "третман"- се опаметиле и почнале од почеток , не со коцката туку со работа , паметна работа :|
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Искрено се надевам дека за нас не е касно. Уште утре ќе направам озбилен муабет. Можеби подобро е и да не чекам се да изгуби туку одма да пресечам. Веќе му навестив дека за утре имаме една озбилна дискусија. Ми рече дека и тој размислувал. Јас ќе се изјаснам дека не се гледам себеси со таков човек и дека на него оставам уште одма да одлучи кој чекор ќе го направи. Најмалку што сакам е некому да му поставувам ултиматуми, но морам. Се работи за човекот што го сакам.
     
  14. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Уххх ќе ти кажам само многу среќа да се опамети и да престане да се коцка. Ако тоа не го направи сега кога сеуште не го допрел дното и не западнал во проблеми, никогаш нема. Затоа што ако дојде до стадиум на долгови и сите средства за да ги врати му се потрошени, тек тогаш се повеќе ќе се задолжува со цел што побрзо да ги исплати долговите и така се повеќе и повеќе ќе пропаѓа и тогаш веќе нема спас. Затоа не чекај и побрзо реши го проблемот, или да престане да се коцка или прекинете ја врската, затоа што со човек што се коцка сигурно немаш светла иднина.
     
  15. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Беше направен муабетот и навистина немаше потреба да се тера голема дискусија ниту пак да му поставувам ултиматуми, за среќа.
    Ми кажа дека е исплашен од целава работа и дека му паднало на памет после празниците (за да биде работен ден) да одиме и да си купиме по еден лап топ со парите што ги има :) Одамна и двајцата ги меркаме па дури си имаме и пикирано по еден.
    Ми кажа дека и онака нема потреба од тие пари, заработува а и никаде не е задолжен што е најбитно. Рече дека најдобро е да се почастиме и нешто да ни остане отколку да ги остави парите таму.
    Му кажав дека не му верувам, на тоа ми одговори: Во тој случај повели нека бидат парите кај тебе!
    Ги земав, решивме уште утре да прошетаме и да си се подновиме.
    Среќна сум што го даде овој предлог самиот тој без мој притисок и инсистирање. Без пари нема со што да оди таму. Платата не смее да ја ризикува бидејќи им е од помош на неговите.
    Искрено.. . ми падна камен од срцето.
    Утре ќе ве известам ако парите навистина се потрошат (тоа ми е најважно) а до утре се на сигурно ;)
    Неговите очи доволно ми кажаа, навистина делуваше загрижено и свесно. И ако не е се завршено (секогаш има доза на скептицизам кај мене) ова е одличен почеток за да се заврши. Мене ми преостанува да ја контролирам извесно време целата ситуација и да не дозволам да излезе повторно од контрола. Таму влегување ни на шала a истото и вас ви го предлагам!!!
    Таквите пари брзо се трошат, таквите пари не носат добро ниту пак среќа!!! Неосетно си одат, а кога ќе бидат изгубени ти го одземаат умот!
     
    На LUCERKA, tessie и anastasija85 им се допаѓа ова.
  16. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Драго ми е што си успеала донекаде можеби и да го решиш проблемот. Не сакам да бидам песимист, но кога се работи за коцкање... :worried: :x Имем многу примери од мојата блиска околина што велеле дека ќе престанат дури го допреле и дното на најфатален начин за нивната фамилија ама пак си продолжиле за жал...Се надевам дека тоа нема да биди случај со тебе и ти посакувам се најдобро, но ако и после ова само уште еднаш стави нога во Астра оставај го ... Знам и свесна сум дека е многу полесно да се кажи отколку да се направи тоа затоа што во прашање се години поминати заедно во убава врска исполнета со љубов, ама верувај ако продолжи не дај Бог со коцкањето во тебе нема да остани ни трошка од таа љубов.
    Се најубаво па пиши ни утре од новото лап топ-че :)
     
  17. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    bitter-girl браво за дечко ти :clap: , но сепак внимавај, ако треба и скришум прати го да видиш со свои очи дека не оди во Астра, ако треба некое време пресели се кај него. Добро отвори ги очите и внимавај, се надевам дека вистински се откажал. Ај се среќа и убаво лап топче да си купиш и што е најважно мир, и среќа да имаш со него :*
     
  18. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Јас работам во обложувалница и се обложувам веќе две години, но се што ќе добијам го трошам на позитивни работи и продолжувам пак со иста сума (минимално 50-100 ден) да уплаќам.Последниот пат со 20 денари добив 300 евра и си купивме спална со маж ми. Тој се плашеше да не уплатам половина, ама тоа не се случи. Среќа уште од старт научив да се контролирам.
    Да не бидам офф топик, браво за дечкото на девојкава,се освестил, токму тоа е лекот сам да се освести тој што се коцка, друг не може да му помогне!
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Битер гирл, мило ми е што дечкото што го сакаш донел правилна одлука, но ти сепак внимавај на него (да не ти давам луди идеи, но јас да сум на твое место ке го следам и фотографирам со апарат, или ке го снимам со камера) оти навистина коцката е ужасен порок леле ппп скраја да е , затоа што лугето што се во долгови (пример коцкарите) позајмуваат пари од лихвари, а на лихварите не им е воопшто гајле, па и да убијат човек кога ке се задолжишкај нив, само да им ги вратиш парите.

    Познавам еден човек со мерак по алкохолот се мезел и честел незнам колку пати цело друштво, а се било на вересија, и така дојде ситуацијата што сопственичката на продавницата каде тоа се случувало тоа, им звонеше на врата кај неговите дома, или да и ги врати парите, или децата ке ги претепаат, а и сумата не беше мала неколку излјади денари, па кутричка негова сопруга зема кредит за да ги врати долговите, еден од моите соседи, а камоли коцкарски долг, НЕМА ИГРАЧКА со тоа.

    Со здравје да си го користиш лаптопчето, и дај боже веке никогаш да немаш потреба да размислуваш за коцката, и коцкарските долгови ппп скраја биле
     
  20. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Тоа што вчера го вети, денеска го исполни. Ви пишувам од новиот лап топ :)
    Како и да е ако има повторно намера да стапне таму и со ова сака само да ми за замачка очи се зае*ал ама гадно :lol: Од денеска сум негова сенка :geek: Иако не верувам дека ќе биде така затоа што многу добро го познавам, што си е сигурно, сигурно си е! ;)
     
    На tessie и femina90 им се допаѓа ова.