Кој го сакате толку многу за да би го дале вашиот живот за него? Вашиот дечко, брат, мајка? Јас за мојот брат би дала се‘, премногу го сакам. Вие сте на ред.
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? За сестра ми. Неможам да живеам со таква болка ако нејзе и се деси нешто лошо. За неа буквално се
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? За никого. Мојот живот си е само мој. Ниту го давам за некого, ниту некој сакам да го дава неговиот за мене.
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? Па мислам дека сум малку повеќе себична за да го давам животот за некој
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? Што има јас да давам животи, не сум толку хумана (мала шала) И јас не би го дала за никој. Секој за него си живее. Тоа е.
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? Па најверојатно на никого, евентуално на сестра ми А дека некој би дал живот за мене (дури и сестра ми) не верувам
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? Единствено за една личност: Spoiler мене Па, ако го дадам животот за некого, како тој после тоа ќе се чувствува.. Ќе го даде животот за моите деца ли, хмм
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? Само за една личност иако и таа личност не заслужува, ама ако знам дека зависи од мојот живот и тоа мн ќе и помогне, одма без размислување
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? Кога го прочитав насловот во главата ми прелета ќерка ми. Но, кога ќе размилсам малку повеќе па што ќе прави она после без мене???
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? Не дај Боже да се најдам во таква ситуација. Само за свое дете би се дала себеси на било кој начин, тело, органи, живот... Сечија смрт веројатно би преболела но на свое дете не. Уф ама морбидна тема. п.с. мислам дека никогаш не би го знаеле вистинскиот одговор на ова прашање, тоа зависи од моментот и од личноста, тогаш љубовта и лудоста може да не заслепат па да постапуваме непромислено. Едно е да мислиш дека не можеш да живееш без одредена сакана личност но друго е да се одлучиш да умреш.
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? Дефинитивно за татко ми сега да треба сега без размислување би го дала
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? За мајка ми, татко ми, ама сепак највеќе за брат ми, за никој друг! Да идиоту, и за тебе ќе го дадев мојот живот, ама мислам дека веќе не си вреден за тоа!
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? доколку би се нашла во ситуација да треба некому да му го дадам животот на прво место е СЕСТРА МИИ.. без никакво размислување се би дала за неаа.... потоа се моите родителиии... и мислам дека само тие заслужуваат да ми го дадам мојот животт...друг никојјј..!!
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? Да се надополнам,освен за брат ми својот живот би го дала и за сестра ми,мама и тато. Никој друг не заслужува да му го дадам својот живот, затоа што сите кога најмалку им требаш ти забодуваат нож во грб.
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? Да бидам искрена, не сум толку дарежлива. Единствено, кога ќе имам деца, само за нив би го дала својот живот.
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? Даден е тој одамна, ехе, само никој од тие, не дошол да си го земе. Пак со тоа ми даваат шанса да го придадам на уш некое човечуле . Прв пат си го дадов на првата ми љубов, таа платонската. Потоа на првата ми права љубов и тоа неколку пати беше, секој пат доброволно се разбира. И сега последно на неколку циганчиња што ровареа по локалниов контејнер. Ќе видиме наредно кому, кој ли ќе е среќлијата, пак се прашувам кој вистински ќе ми го земе, е тоа е прашање што те тера да разбереш ќе биде ал не ќе биде. Хуманитарец бе, иди земи му го животот еднаш ај да те видам. Има он за сите по малку од животецот.
Кога би можеле,за кого би го дале својот живот? Моментално мојот искрен одговор на ова прашање е - никому. Оставам простор да го променам одговорот во некоја поблиска или подалечна иднина, во корист на своите идни деца можеби ќе речам, ама засега не би го направила тоа за никое друго човечко суштество на планетава, посебно од причина што никој не би вреднувал доволно толкава жртва веројатно, а и не би никого да оставам во таков долг, па како економист јас сум за чиста сметка и врамнотежен баланс и без побарувања и нереализирани отплати. А,за партнер во облик на дечко или маж знам дека не би го направила тоа никогаш.