Дали водите личен дневник? Во посебен тефтер или на компјутер? Сториите ги пишувате надолго или накратко? На што обрнувате внимание? Има ли приватност вашиот дневник? Дали би ги исфрлиле/запалите/подариле вашите дневници? _________________________________________________________________________________ Jaс многу сакам да водам дневник. Почнав од 7 одд. Го имав заклучено со катинарче за нииикој да не ми читат дека на тој и тој ден крадешкум сум отишла на плажа, дека дури до 10 и пол сум била излезена в чаршија хахах и ред други ситници кои денес ме прават да се пресмеам Дете бе детееее ! Интересно е да прелисташ од време на време што си правел пред 2 години овој период, кој ум си го имал, што те израдувало а што натажило. Берем мене тоа ми е задоволство да го прочитам Не пишам на комјутер.. не е ич сигурно.. а почнав еднаш, ама сакам да пишувам во посебни тетратки/тефтери, да пишувам со мојот докторски ракопис кој сепак се разбират Сториите.. зависит. Имат некој и со деталченца сум ги пушувала, а некој и со еден збор според кој би требало да ми ја опишит целата ситуација. На крајот секогаш се потпишувам. Датите ми се нааааајбитни! Приватност?! Морат да имат. Во моето семејство тоа се почитува (луѓе, ако моите прочитаа што се сум направила ќе имам... п р о б л е м и) И НЕ! Никогаш не би ги фрлила или пак запалила (ко сестра ми) дневниците. И на никој не ги давам. Ни на ќерка ми (хихихухиху)
Си имам и јас дневник Ретко пишувам,но ги запишувам само деновите кои ми оставиле голем впечаток и ми носат спомени.Знам дека кога бев забавиште имав дневник.Го најдов пред некој ден и се скинааааав од смеење...Кој памет сум го имала хахахахах
Интересно е да водиш дневник,еднаш ми текна да водам дневник,но не пишувам,имам дневник во глвава,еден фајл,кој што собира информации,иако понекогаш мислам дека сум заборавила,но не било така.Обично се сеќавам многу добро,каква и да е ситуацијата,ја памтам,а кога мислам дека не се сеќавам,секогаш ми излегува информација на површина.Мислам дека подобро е да имаш „мемориски“ деневник во глава,кој што е многу интимен,сокриен од оние што не треба да знаат некои работи,отколку да пишуваш,незнаеш дали некој друг ке го прочита.Многу добро се сеќавам на сите работи во мојот живот и не сакам да водам дневник.Само целата работа во водењето дневник,е во тоа што не сме свесни и не се сеќаваме на одредени работи во животот,не дека не ги памтиме,ги запишуваме со цел или мислејки дека ке ги заборавиме.А дневникот е како една лабораториска анализа на нашиот живот.
Па да, како помала сум водела дневник, интересна работа во секој случај А сега чат-пат знам да ги пренесам чувствата на хартија, или кога сум филозофски расположена ке ми истекне некоја ''мудра мисла'' што ке ја пренесам во my documents-private stuff. Може на стари години ке склопам и некое книжуле ехее
dnevnik kolku slatko se iznasmejam koga procitam nekoi slucuvanja sto mi izbledele ili sum gi zaboravila skoro.dnevnik pocnav da vodam od peto sesto odelenie pisuvav do krajot na srednoto skolko,medjutoa majkami mi go naslala i redovno citala i znaela za sekoj moj korak,posle dolgo vreme koga mi prizna mnogu se glupavo cuvstvuvav ,mrazam koga ludjeto mi ulevaat u intimnosta zatoa podocna i prestanav da pisuvam
Па почнав пред извесно време да пишувам дневник..Но едноставно сфатив дека пишување на дневник не е нешто што ме исполнува.. Затоа што постои страв некој да не прочита.. Страв дека нешто ќе се дознае и такви глупости.. А верувајте ако продолжев да го пишувам мојот дневник во него се ќе беше.. Денес направив тоа беше лудница.. Или пак .. Денес мн ми се спие сакам да си отидам веќе еднаш дома и да легнам во кревет да спијам спијам и спијам до догодина...
Jas vodev dnevnik za vreme na zimskiot raspust vo 5to oddelenie zasto toa go barase nastavnickata po makedonski jazik od nas. Si go najdov posle 10 godini i bev frapirana od toa kolku mnogu vreme sum pominuvala pred TV (se potsetiv, imav zaboraveno ) Eve izvadoci od nego za da se iznasmeete Jas se iznasmeav, posebno na delot so 'zimskite odmoralista' 12. I. 1987god. Za site ovie tri dena izminati od polugodisniot raspust, a denes i cetvrtiot den nisto ne se sluci sto mene bi me vozbudilo i voodusevilo, sto bi mi ostavilo golem vpecatok. Od denes pionerite od skopskite opstini Gazi Baba i Karpos pocnuvaat da go koristat svojot zimski raspust, da odat vo koi sakaat zimski odmoralista. Mene iako roditelite me pustaa da odam i iako znaev deka tamu ke steknam novi drugari i drugarki i koga ke se vratam ke imam sto da im raskazuvam na svoite drugarcinja (za svoite dozivuvanja i nezaboravni vpecatoci sto gi ostavilo odmoralisteto vrz mene), jas ne sakav da odam. Taka ispustiv edna golema sansa da pominam del od mojot zimski odmor vo nekoj od nasite poznati zimski rekreativni centri. Denes se topese snegot. Od pokrivite na kukjite kapea ogromni vodeni kapki dobieni so topenjeto na snegot. Nadvor duvase eden blag nezen vetrec koj nosese so sebe nekoja neopisliva prijatna mirizba. Ovoj den najmnogu me voodusevi koga go gledav filmot “Romeo i Julija”, a potoa i “Volsebnoto Samarce”. Denot i go otstapuvase mestoto na nokta. Nokta bese tivka, nimalku studena i prepolna so cudna svezina. 13. I. 1987god. Petti den otkako se raspustivme. Ova utro stanav mnogu rano zaedno so vekje razbudenite petli. Me voodusevi prekrasnoto utro iako se uste ne se bese ubavo razdenilo. Bev ispolneta so nekakva bodrina, razdvizenost, ne mi se spiese. Ovoj den go pominav doma so svojata najdobra drugarka gledajki filmovi, a potoa ja gledav i vtorata epizoda od serijata za deca “Volsebnoto Samarce” Ne se sekjavam koga tolku brzo preleta vremeto, koga bese utro, a koga se spusti mrakot. 14. I. 1987god. Kako sto rekov, jas pogolem del od denot go pominuvam pred televizorot. Gledam sekakvi obrazovni i ucilisni emisii, crtani filmovi itn. Ovoj den ja gledav obrazovnata emisija “Opstanok” vo dva dela koja ovoj den raskazuvase za belite mecki od polarnite kraevi. Denes kako celata priroda da ozivuvase, da se razbuduvase od nekakov son. I iako se uste e zima, denes kako da ne bese zima. Nasekade se cuvstvuvase onoj proleten zdiv iako ne i bese vreme na proletta. Nekoja vnatresna sila ti go razneznuvase srceto, a sonceto onaka slatko i sramezlivo se nasmevnuvase zad oblacite. Pod nas bolno krckase skoro istopeniot sneg. Ovoj den mene mi se cinese deka sum lesna kako pticka i v mig bi se vivnala vo sinoto beskrajno nebo. Taka zavrsi i ovoj den. _______________________________________________________________________________________________________ Aj dovolno, ne bi gnjavela povekje ... Ubavo e da se evociraat spomeni. Kako sto mi e kratkotrajna memorijata, vodenjeto dnevnik e prekrasna rabota, posebno sega koga imam malo dete, ne e loso da gi zapisuvam negovite bisercinja (dur ne porasnal) Sega vodam dnevnik od vreme na vreme za svoite cuvstva i emocii - koga nemas so kogo da gi spodelis (odnosno ne sakas da gi spodelis so nikogo), togas toa e najdobriot nacin, posebno ako treba da se simne nekoj tovar od gradite ...
дневник.....сакав да водам еднаш се обидов ама ме мрзеше некако да пишувам...незнам некако глупо ми беше....а и кај мене баш и нема приватност дома од домашниве.....па затоа се откажав од идејата ама некои битни работи си ги памтам а во раце ми имаат паднато 2 туѓи дневника случајно и морав да ги прочитам....знам дека нетребаше ама... :mrgreen:
Ја само еден иам прочитано на една другарка ... ops: Морав ! А потоа дознав многу лаги ... Битно јас си прочитав а некој ако ми го прочита мојот тешко негово ! :evil: А да и многу пати го кријам,а потоа заборавам кај сум го скрила и ми треба време да го најдам
Дневник почнав да пишувам во петто одделение и кога некогаш си ги читам работите што сум ги пишувала не можам, а да не се изнасмеам. Што се немам пишувано. На почетокот пишував редовно. Но како што поминуваа годините се повеќе и повеќе го запоставував, па сега пишувам можда еднаш годишно што се вели. Дневникот ми е заклучен со катинарче и среќа шти има катинарче, иначе на мајка ми ќе и беше прва мета. НИКОГАШ не би го запалила, затоа што некогаш кога можеби и моите ќерки ќе пишуваат дневник ќе го отворам и ќе се присетам на сето она што сум го правела. Убави спомени се. Па и на моите деца би им дала да го прочитаат......можеби.
http://www.on.net.mk/default-MK.asp?Ite ... 08B6F65C65 еве еден пример зашто е убаво,ме разнежни и натажи истовремено....аххххххх......иначе јас имав дневник како помала ама веке може некои 6 години сум ван таква ствар а 2 та стари си ги чувам нормално и не би ги спалила никад зш со катанче се и миризливи од времето ехееееееееееее ops:
И јас кога бев мала имав дневник , интересно е кога после многу години ќе го прочиташ. Кога имав 5 години имав операција на ногата и не се сеќавам многу на тоа, ама кога го најдов дневникот и ќога прочитав како тогаш сум размислувала, со кои очи сум гледала.... леле си се чудам. Инаку со 5 години почнав да пишувам, нормално некои букви сама сум си ги измислила, и пишував некаде до 6-7 одделение. Bellla чувај си го дневникот, враќа спомени, враќа чувства кои одамна сме ги заборавиле.
Леле сама си се смеам кога ќе помислам на дневникот кој го пишував во 6то одделение Беше исполнет со секакви цртежи, детска љубов со разочарувања, стихови посветени на таа љубов, но и стихови полни со лутина и бес поради него И секако, дневникот ми беше замислена другарка на која и давав секакви имиња
И јас водев дневник од некаде 7одд до 3 година гимназија така нешто.Порано си го читав наназад почесто затоа што пишуваше во детали како се сретнав со мојата љубов и како се одвивале работите меѓу нас во почетокот.Јас во дневникот си ги пишував сите работи што ме мачеле и на тој начин полесно ги доживував,незнам како да кажам...ама водењето дневник е добро за психата,го апсорбира гневот и подобро ги согледуваш работите одкога ке ги искажеш на таков начин.
Јас водев дневник од втора година средно до трета. Повеќе од една година. И го запалив пред помалку од еден месец. И не ми е жал.
:arrow: започнав да водам дневник уште во 8одделение... запишував се што ми беше најинтересно;Најчесто тоа беа убави случки од школските денови,ретко ми се случуваат лоши работи-а кога ги има,и тие ги запишувам :up: Сеуште водам дневник,тоа се најчесто посебни тетратки со убави корици...Сите дневници досега ги чувам...а ги имам некаде 5-6...Дневниците ги чувам во едно посебно куферче кое има шифра,никој од домашните не ја знае... На никого немам кажано дека водам дневник,бидејќи денес ретко има некои кои би те разбрале за таква потреба... За мене дневникот претставува исповед за најсреќните и за најтажните случки во мојот живот...Дневникот знае се за мене и од него не кријам ништо! Кога ги прелистувам старите дневници-се смеам на цел глас бидејќи се што е напишано ме потсеќа на еден прекрасен период во мојот живот :up: ...во старите дневници чувам и слики од мојот прв симпатија,од првиот дечко,од некој кој сум го шмекала на времето...ЛУДИЛО По природа сум мнооогу креативна личност и затоа уживам кога запишувам во my diary
Дневник не класичен,ама скоро секој ден од средно си запишував по еден стих од песна,некоја што ми допрела среце,или по некој извадок од книга.И уште ги чувам.