Спојлер Не најдов ваква тема ако има - клуч „Враќање пари при секое купување“ е мотото на Lyoness, меѓународната куповна заедница, која обединува трговски сектори во лојалната програма на ниво на националана и меѓународна трговија. Lyoness е глобална мрежа, со која профитираат членовите и трговските партнери: членовите добиваат пари назад, а трговските партнери добиваат лојални клиенти, нудејќи им посебни предности. Lyoness е присутна во 30 европски држави, како и во САД, Канада, Бразил, Обединетите Арапски Емирати, Јужна Африка, Азија и Океанија (Хонг Конг, Макао, Австралија, Филипините, Тајланд) и има повеќе од 2,6 милиони членови низ целиот свет. Со Lyoness, на располагање низ целиот свет, Вие секогаш го имате вистинскиот начин на купување: без разлика дали со Cashback картичка, мобилни ваучери (мобилен Cashback), оригинални ваучери/ картички за подрок на нашите трговски партнери или онлајн купување – членовите секогаш добиваат пари назад при секое купување. Ова го преземав од нивната официјална страна. Ме интересира дали некоја од вас има ваква картичка и како е задоволна? Дали има некои скриени трошоци? како функционира тоа враќање на средства? Сакам да ја земам и јас, ама би сакала прво да слушнам ваше мислење
Еве ти детално кај се наоѓаат во Ск. па заврти тел. и прашај си. Мене нешто не ми штима во ова.... http://www.lyoness.com/en-US/Companies/Countries
Дечко ми ја зема кратичката од негов пријател кој се занимава со ова .Иначе имас некои продавници бензински пумпи и тн ( кои се мн малку)кои работат со оваа картичка купуваш и ја поминуваш картичката зависи од висината на купувањето имаш процент на пари кои ти се таканаречено штедат( некои 5 10 ден ) и полсе некоја извесна сума( 5000 ден заштедено ) можеш да ги извадиш од нивната дирекција а ако сакаш да заработиш повеке пари треба да им дадеш картички на луге ( кои ке бидат по тебе ) и купуваат и купуваат во прадавниците со картичката (и на тебе ти влеваат пари некој процент) нешто слично на авон и орифлем кога ке бидес координтор... Не ја користи картичката мн мн дечкоми заради ограничувањата на продавниците едниствено во тренд кога ке седнеме бидјеки и таму можеш.Незнам колку ме свати ама комплицирано е а за заработка ти требаат години ( од човекот кој е 5 год со тоа и е прв во Македонија..)
Јас имам таква картичка ама незнам баш детали есега проблемот ми е што неможам да си ги извадам малкуте пари значи треба да одам во банка до 16 часот а јас сум на работа тоа време. Е сега баш да ве прашам дали некој се разбира со префрлање пари од странство морам ли да одам лично да го потпишам овластувањето? Зошто вака неможам да си ги извадам парите од лајонес
Оффф, кое замарање е ова не сте свесни. Јас одамна имам картичка, од пред 2 години, а ја користи мајка ми и тоа само кога пазари во Рептил, на друго место не сме стигнале да ја користиме. Верувале или не за тие две години и секој втор ден пазарување (зашто во маало ми е), јас имам неверојатни 23 денари, од кои 14 ми се некакви си членски поени. Ми стигаат известувања на мобилен за мојата состојба Пред неколку месеци еден другар ме форсираше со ова, ме викаше на некои состаноци и такви работи и од едно предавање ми стана јасно што е целата фора. Од ова може да заработите само ако имате мрежа на луѓе кои ќе се зачленат преку вас и ако успеете да ги антерате сите тие луѓе парите да си ги трошат само во партнерите на Лајонес. Кои се тие? Рептил, бензиска некоја Супер Трејд, Тренд, Бруклин, некои месарници, аптека Виола... Тие ми текнуваат моментално. На состаноците е перење мозок. Не знаете колку наивни луѓе седат таму и си го губат времето слушајчи ја таа неверојатна приказна како оваа картичка може да ве направи богати луѓе и да заработувате без да мрднете со прст. Буквално со отворена уста зјапаат и го слушаат човекот, а тој полн со ентузијазам ги мотивира им кажува приказни како заработил илјадници евра само затоа што ја препорачал картичката на други луѓе. Тој можеби заработува толку да, ако има зачленето 1000 луѓе преку него, а тие 1000 зачлениле уште 1000 луѓе па од секои нивни 5 денари заработка 2,5 одат кај овој првиов. Озбилно звучи ветувачки кога ќе ја слушнеш неговата приказна, ама кога ќе размислиш сфаќаш дека е голема глупост. Мене не ми е проблем да ја дадам картичката на 100 пријатели, проблемот е како ќе ги натерам да купуваат од партнерите на Лајонес. Како ќе ги натерам наместо во Тинекс да купуваат во Рептил кога е поскапо, како да ги натерам да одат до Супер Трејд да стават бензин наместо на Макпетрол, како ќе ги убедам да ручаат во Тренд кај што е најскапо? Луѓето ги интересира моментално, во моментот колку можат да заштедат и да си поминат поефтино, не ги интересира дали по 10 години на картичката на Лајонес ќе имаат 50 евра. Нема иначе никакви скриени трошоци, само еднаш ја зимаш акртичката за некои 100 денари, иначе е бесплатна ама косултантите ја продаваат за да си имаат некаков ќар. Состаноците се оджуваат во четврток во 19 или 20 часот (ако некого го интересира ќе прашам) во Стоун Бриџ, мислам дека може кој сака да влезе сао ќе треба да одберете човек преку кој ќе си земете картичка. Можеби има некој ќар ама е минимален и не вреди за замарањето и трудот кој треба да го вложите за да убедите некого да дојде на состанокот и да земе картичка, а после тоа поголемиот проблем е да го антерате да купува од партнерите на Лајонес. Мене тоа ми е невозможна мисија, еве имам картичка ама не сум луда да возам до Супер Трејд кога ставам бензин, не сум луда да купувам во најскапата аптека Виола... Тоа ми е понетата, а друга работа е што за 2 години сум заработила дури 23 денари, од кои пола отишле кај човекот преку кој сум зачленета. Според мене ова е една голема заблуда како прво, а како второ од ова може да профитира само тој што има направено мрежа од над 1000 луѓе кои пазарат во наведените објекти.
Јас имам ваква картичка, ја користев додека соработуваа со локален супермаркет. Престанаа да соработуваат и не видов на друго место никаде да ја примаат и ја зафрлив некаде. Пред две недели некаде ми стигнува порака на мобилен префрлени се на вашата сметка 500 ден. од лајонес. Ми беше чудно, мислев дека не ја имам ни врзано со трансакциската ама еве легнаа парите. Баш ме изненадија
Значи картичката ја добиваш без пари само ја куцаат партнерите на лајонес ја даваш на касиерката на каса не се ставаат пари на неа и од секое пазарење добиваш 2% пари назад барем така е во рептил. Е сега има и други предности шопинг поени итн но за тоа ќе ти кажат. Најмногу ми се допаѓа и хуманата нота на целава работа на пример во Скопје колку што знам имаше две донации за едно училиште во некое село и носеа дечиња во зоо така нешто.
Ова за мене е губење на време и замарање. Купував одредено време во аптека, слаткарница ама враќаат само 1% и многу тешко се заштедува.
добив понуда за картичките лајонес дали некој/а од вас знае нешто повеке за тоа? хитно ми треба ве молам помогнете ми
Мене пред две години ми стигна по пошта картичката. Ниту сум ја нарачала, ниту сум оставила некаде податоци. Не сум ја искористила до сега. Знам дека кога ми стигна прво почнав да се распрашувам зошто ми ја пратиле и од каде моите податоци. На тоа, не добив одговор, односно добив дека сигурно тоа е по препорака од некој пријател. А од пријателот ни трага ни глас. Откако разбрав како се користи, ги прашував дали на парите се плаќа данок, затоа што реално парите ти стигнуваат од фирма. И на тоа не добив конкретен одговор. Па така остана неискористена.
фала ви на советите си добив картичка лајонес и време е да ја пробам нели девојки, е за екстра попусти-се користи во ресторани, хотели, мотели, бутици и тн всушност ти штедиш со таа картичка и нормално ја препорачиваш до вас
Глупoст невиденa. Ми пишувaше еднa нa фб некoе време мнoгу јaк бизнис зaпoчнaвме сo некoлку другaри, јa си пoмислив декa ме викa зa дa ми текне пoсле нa кaфе дa јa викнaм И не кaжувa декa се рaбoти зa oвa, туку дoјди ќе слушнеш. Кoгa видoв кoи луѓе (кoлешки) пoмaли шo верувaaт у мaгии ги дoвлечкaле тaму не ни требaше дa пoчнувa сo презентaцијaтa. И пaзи сеa имaш 2% кешбек у рептил, нa пример нутелa чесѕo купувaм. У кaм е 155 мислaм, a у Рептил 170. И сеa нaпрaјте јa мaтемaтикaтa дa речеме нa 20 нутели. Пa не се исплaќa дa имaш 15% кешбек не 2%. Акo нaпрaaм 10 000 прoмет месечнo, кешбек oд 200 денaри дoбивaм. А дa пaзaрaм oд КАМ сигурнo нaд 1000 ќе зaштедaм, мoре и пoвеќе Сo oвa нaпрaвијa сaмo дa си гo ценaм пaрите и дa прoдoлжaм уште 500метри дo кaм, a не дa препoрaчувaм нaoкoлу кaртички дa земaл некoј. Втoриoт ден кoгa бев нa сoстaнoк, дoјде и другaркa и дa ми презентирa, уште пoубaвa oд неa. Лaжи лaжи лaжи ме ти тo рaдиш нaјбoље Кaкo у Френдс шo гo убеди еднa Рoс дa oди у теретaнa И ми oбјaснувa шo кaкo, викaм сфaтив се уште првиoт пaт. Ми нудеше некoјa другa кaртичкa, пa нa пaтувaње у Виенa дa сум oдел 3 денa, пa дa сум влoжел кoлку сум сaкaл aмa не мoжелo пoвеќе oд 2400 еврa дa влoжaм И ме прaшa кoлку пaри мислaм декa би мoжел дa зaрaбoтaм нa oвoј нaчин. Јa викaм пoјмa немaм и сaми зaoкружијa некoјa сумa oд 500 еврa зa две-три гoдини хaхaхaхa Си викaм дa збирaм шишињa oд ѓубре ќе нaближaм дo oвaa сумa. Ај викaм дa не бидaм груб им рекoв ќе рaзмислaм ќе ви кaжaм. Уствaри ги прaшaв пред дa си тргнaм дaли имa мнoгу жени пријaвенo зa нaстaнoт у Виенa Али кoa ќе рaзмислaм убaвo, дa си слoбoден сo oбврски и цел ден сaмo oвa дa ти е рaбoтa, мoждa и се исплaти. Вaкoв глупaв нaрoд не се нaoѓa никaде и дa не сфaти кaкo штo требa чим слушнaл кешбек или пoпуст ќе се зaтрчa.
За жал многу лошо е објаснето ова и скоро сите не сте го сватиле. Се разбира вината е на тие што се труделе да објаснат. Пари може да се заработат со инвестирање и работа. Со штедење можат да се заштедат пари а не да се заработат. Ако Макпетрол ви враќа 2% на секое купување а Рептил ви враќа 3%, Fashion Group ви враќа 7%, Дион ви враќа 11%... Тоа е заштеда, а не можност за бизнис. Целта е да ги насочите вашите купувања кај оние што ви враќаат пари, или ако веќе и онака купувате таму да станете уште полојални купувачи. Да смените навика. Да ги планирате купувањата однапред. Вас ќе ви се врати некоја сума на трансакциска а тие ќе добијат нови или лојални муштерии. На пример... Ако трошите 2000 мкд за гориво секој месец и ако немате против да ги трошите во Макпетрол, си купувате посебни Верна ваучери а добивате пари назад (јас ги викам камата на трошења, а не на штедења). Ако ги рачунаме само овие пари во Макпетрол и само за едно лице се малку, ама ако ги додадеме секојдневните трошења и ако ги додадеме трошењата на цело семејство се собира солидна заштедена сума. Бизнис делот е сосема поинаква приказна, и нема потреба да се инвестираат некои посебни пари... Ако некој сака дополнителна заработувачка, и дополнителен бизнис може слободно да ми пише. Ако некој сака картичка само за да му се враќаат пари при сопствени купувања, може и за тоа да пише. Во двата случаја е потребно убаво да се објасни за да се согледаат сите предности. Јас со задоволство во секое време сум спремен да објаснам подетално, се разбира без никакви понатамошни обврски (Во животот се случуваат обично 2 големи шанси за добар бизнис, верувам дека ова е една од нив за сите нас во Македонија, прашање е само дали на некој му е првата шанса или една веќе пропуштил)
Нештo нaјдискриминирaчки шo сум слушнaл у живoт се деси денес. Не знaм ни зaшo oтидoв aли убaвa женa кoa те викa .... Типoт стигнaл дo нивo 5 и зaрaбoтувaл 2000-3000 еврa и нaместo дa кaже еднoстaвнл препoрaчувaјте јa кaртичкaвa е бесплaтнa, сaкaше дa се нaпрaи интересен и пaзи шo прaи. Пуштa еднo видеo и викa дaли имa некoј тукa без нoзе, немa, дoбрoo. И видеoтo е кaкл еден без нoзе игрa брејк денс. И лудaкoв викa зaмислете кoлку е тешкo без нoзе дa игрaш брејк денс, a кoлку е леснo дa пoдaрите лaјoнес кaртичкa Дa ти се згaди живoтoв oд "реклaмaвa"
Дечки искуство некој со работа со ова? Братучед ми ме зачлени и да правам мрежа ми збори бла бла. Незнам колку се исплаќа...