Дали имате некоја тајна која ја криете од другите и никогаш не сакате тие да дознаат за неа? Дали имате тајна од кој се срамите? Дали имате тајна за која се каете?
Како и секој човек и јас имам тајни. Дали имате некоја тајна која ја криете од другите и никогаш не сакате тие да дознаат за неа? -Еве искрено имам и не мора да дознаат, за неа си знаат само моите најблиски и така и ќе остане се надевам. Ако е тајна мислам дека треба да се задржи и не треба да се кажува, мислам дека ако некој ти довери тајна треба цврсто да ја чуваш само за себе, бидејќи и ти ако кажеш некому ќе го бараш и сакаш истото од другиот. Како помали на мојата веќе бивша најдбора другарка и кажав за еден дечко кој го симпатизирав и после неколку години дознав дека таа и го кажала тоа на моја сегашна другарка и се разочарав искрено и тоа ме натера да размислам покрај другото дали вредело да и кажувам што било нејзе. Од тогаш многу внимателно пазам што и како кажувам на другите, без разлика дали се работи за мене или за некој друг. Работите кои што се случуваат во потесниот круг со се тајни остануваат помеѓу нас. Не сакам никој да ми кажува тајна ако не верува дека ќе ја зачувам, можам да кажам тајна ако ептен сметам дека вреди да ја кажам и дали ќе кажам или не зависи и од личноста и дали можам да и верувам ,а и поради искуство почнувам да се потпирам на тоа колку долго ја знам(иако понекогаш тоа не мора да значи) Не да се срамам од некои тајни, ама од нив ме фаќа една смеа кога помислувам на нив ми текнува на детството и на тие симпатии детски глупости
А кој тоа денес нема своја скриена тајна. Да имам една -слатка, една грешна ,и една бизнис тајна Ама тие се мои и никој не ги знае -па нели се тајна а тајната не се кажува
Како помала бев многу таинствена,ништо не кажував.Е сега сум си ама не до толку. Не можам да кажам дека имам некоја тајна,но сепак има некои работи кои не ги кажувам и затоа знаат мои поблиски особи. Инаку еднаш прочитав дека тајна е она што го чуваме само за себе.Доколку знаат еден или неколку души дека тоа веќе не е тајна!Тајната останува само за нас и во нас!
Имам! Една, и на вас не ви ја кажувам . Не дека е толку страшна, ама А моја слатка тајна е Секој мислам дека има по некоја тајна. И таа треба да си сотане тајна, ако ја кажеш на друг колку тој да е таинствен и верен, сепак не е повеќе тајна. е сега тајните кои си ги знаеме јас и моите, јас и дечко ми...се тајни наши
Kako i sekoj ziv covek, pa taka i jas si imam svoi tajni. Ne edna ili dve tuku poveke. I tie si se samo za mene. Na nikoj ne gi kazuvam, pa duru i na najbliskite drugarki. Ednostavno sakam da si gi zacuvam za sebe. Pa ako se kaze na nekoj, veke ne e tajna.
Имам 2 скриени тајно .. кој не ги знае никој дури ни мајка ми која ги знае сите мој тајни .. И искрено не се гордеам со тие тајни .. се обидувам да заборавам на тоа .. но никако не успева ..
Имам тајни-кој нема? Но, имам една која постојано ми тежи и на моменти ме мачи. Ја споделив со личност откако видов дека и неа ја мачи нешто слично.... и заглавив до тука со постот. Нема повеќе што да се каже.
Сите си имаме мали валкани тајнички .Никој не треба потполно да ја изложува интимата и да биде без скриени нешта.Но знаете што:Никој подобро не чува тајни од оној кој што не ги знае!
мојата тајна е само мојаа тајна и не планирам на никој да ги кажам едноставно идат со мене горе хахахаха
уф, тешко дека тајната оди в гроб! Кога нештото го знаат двајца - јасно е дека не е веќе тајна. Океј, да не се претерува да прерасне тоа во јавна тајна (колку убав оксиморон!). Како и да е - имам тајни, тајни кои многу луѓе не сакам да ги дознаат - нема потреба, нема зошто - си имам свој живот и верувам во тоа дека секој заслужува приватност во она што го прави. Фала Му на Господ што не живеам во Варош. Сега друг муабет ќе ви вртев
Имам 2-3-4-5-6-7 тајнички. Се шалам, имам 2-3 кои не планирам да ки кажам на никој, ама баш на никој.
јас се обидував долго време да ги кријам,но знаете дека тајната никогаш не останува тајна.Само вие и ѕидовите да ја знаете сепак тие ќе ве предадат.Ако нешто е навистина тајно никогаш нема да успеете да ја сочувате така кажано до(гроб).
Уффф имам една тајна од моите...не им кажав дека бев на полагање еден предмет и се се мислам сега да им кажам ама ај нека помине уште малце време па ќе им кажам
Секако дека имам свои тајни, кои никој не ги знае. Всушност ако некој знае нешто, тоа повеќе не е тајна, зар не?! Тајна е кога ја знае само една личност, само ти ја знаеш и никој друг. И тие неколку тајни никогаш на никого нема да ги кажам, тие се само мои и ничии други.