Најубав месец ! аман веќе со темиве,дај малце теми за дискусија,а не омилени работи.Детски работи,.....
Најубав месец ! Најубав ден, па ајде и најубав месец Ќе отвори ли некој најубаво годишно време? Одговор : Март
Најубав месец ! Ми се свиѓа јануари, заради топлата домaшна атмосфера и празниците. Март заради будењето на природата. Кога протекува новиот живот низ вкочанетите стебленца. Мај заради сонцето што долго сме го чекале, заради бумбарите и тревата. Јуни заради липите, кои ги обоожавам и ме потсеќаат на детство, иако ми смета нивниот мирис. Јули заради врелиот асфалт и преубавите летни ноќи. Септември заради школските спомени, дремењето ан клупи во парк после школо, зимниците кај баба и преубавото време. И декември заради преубавата новогодишна атмосфера. Ги сакам скоро сите месеци. И тие што не се во листата.