Ноќ на вештерките (или Halloween) е празник што се слави на 31 октомври. Потеклото на овој празник е келтскиот фестивал на „Самаин“ и христијанскиот ден на „Сите свети“. Ова е народен празник, но некои христијани и пагани се посебно врзани со него. Ирските имигранти во Северна Америка донесле со себе верзија на нивната традиција. Овој ден често е поврзан со црната и портокаловата боја, и посебно со симболот на тиквичката која свети. Активностите поврзани со овој ден вклучуваат шеги, посетување на „проколнатите“ места, палење на логорски оган, маскенбал, резбање на тиквички, читање на страшни приказни и гледање на хорор филмови. Го сакате ли овој празник? Се маскирате ли? Дали и како го прославувате?
Не. Не сакам увозни празници. Уште ни Валентајн не можам да го сварам, сега уште и Халовин. Што е многу многу е.
Нема никакво значење за нашето поднебје, нема потреба да го празнувам. Плус, доволен ми е први април да се маскирам во slutty верзија на нешто.
Јас лично не му придавам никакво значење на овој празник. За први април си се маскирам секогаш, доста ми е толку.
абе вие кажете ми мене дали некој добар хорор ќе излезе тој ден а празников нит го славам нит ништо Tоа им го препуштам на Aмериканциве
Никогаш не сум го славела, ни годинава, па ни наредните години, нема никакво значење за мене. Така да славење го препуштам на оние на кои им значи овој празник.
Кога бев помала од англиски не маскираа и приредби правевме за Halloween. Сега не го празнувам никако ама интересно би било таа вечер да испаднеш надвор и околу тебе сите во вампирчиња духчиња да бидат преправени
Не го сакам празников, не се маскирам, не го прославувам :geek: хорор филм, не е толку страшен, кога се знае дека нема врска со реалноста
Порано на курс по англиски обично се маскиравме и правевме забава. Ништо посебно, не е наш празник. Зошто би го славела или почитувала или било што.
Не го сакам празников затоа што не е наш Православно-Христијански празник,не се маскирам,а и не го прославувам.Но до пред 2 години кога одев на курс по англиски па бев приморана да да го славам и да се маскирам.
Не го славам од проста причина што не е наш празник.Си го имаме 1-ви април а ова ти е скоро исто,така да нема потреба од два 1-ви априли.
Палам свеќа за душите на умрените во мојата фамилија и одам на гробишта, затоа што фактички по католички календар утредента е задушница. Инаку не се маскирам, ниту глупирам. Празников е чист американизам кој не ми е својствен. А крстена или не, палење свеќа за душата на некој кој ми бил секојдневие и дел од мојот живот ми е покажување почит и љубов, спомен и тивко сеќавање. Иако јас тоа го правам често а не само кога е денот наменет за тоа.
И јас никогаш не сум го славела празников ниту пак сум се маскирала. Едноставно не е наш празник. Наместо него, Први Април го имаме кај нас, па тогаш се маскирам.
Halloween (Ноќта на вештерките) И што дека е Ноќ на вештерките? Ви значи вам овој ден? За мене е чиста глупост. Го слават само глупите Американци, ама нели ние многу ги обожаваме нив, па сакаме се ’ нивно да присвоеме. Толку фама не се дига за Божиќ, колку за овој ден. Едит: Јас до лани не ни знаев дека постои ваков ’празник‘.
Овој ден не ни можам да го наречам празник. Го сакам како најобичен ден. Во нашиот град уште одамна на овој ден му се придава значење од страна на гимназијалците. Уште од второ одделение одев на курс по англиски и ја имавме привилегијата да присуствуваме на забавите што беа организирани. Се глумеше, се добиваа награди за најдобрите драми. Се играа игри, се пееше и едноставно беше интересно. Година за година почна да се намалува еуфоријата околу овој ден, што мене искрено ми е мака. Сега ние сме организатори, смисливме драма, игри и планираме да го направиме интересно, необично, несекојдневно. Вчера основците си правеа забава, кога ги видовме како се изнашарале, алал да им е.
Не знам зошто сте толку против тој ден...... ако се направи добра забава зошто да не се глупираш малку..... мене лично ми е интересно...
Не е празник ова, ова е повеќе како маскенбал но во одреден шаблон (издупчени тикви во форма на глава со светилка внатре, вештерки, црно-зелени бои, метли итн.). Јас го гледам нешто како 1ви април, само што нели за 1ви април може кој во што сака да се маскира, а на ноќта на вештерките си има одредено. Пагански да, христијански не! Повеќе е како карневал, маскарада и кај нас уште не е прифатен глобално, зависи кој како повеќе е кај децата заради игри и претстави и кај тинејџерите заради лудило
Јас мислам дека ни за Божиќ Американциве не ги китат толку куќите http://www.youtube.com/watch?v=WAXMtUCcp7o