1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Оценка за вашата сообраќајна култура

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од rossonerka, 13 септември 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Во сообраќајот ние се појавуваме како возачи, совозачи и пешаци.
    Кажете си една оценка за вашата сообраќајна култура од 1 до 10 и притоа образложете ја. Нека биде реално не се преценувајте.

    Има тема за какви возачи сме знам, но тука кажете колку ги почитувате сообраќајните знаци?
    Колку возите до дозволената брзина?
    Дали имате купче казни?
    Дали секогаш врзувате појас?
    Дали зборувате на мобилен додека возите?
    Некогаш сте поминале на жолто или да не речам црвено?
    Пцуете ли многу :lol:
    Сте возеле со некое промилче алкохол и сте стискале палци да не ве сопре полиција?
    Се паркирате секогаш прописно?
    Ги пропуштате пешаците секогаш? :)

    Или ако сте совозач дали сугерирате на возачот во сообраќајот дека не почитува, вози пребрзо итн.

    И како пешаци секако дали внимавате доволно на автомобилите и знаците?
    Секогаш поминувате на пешачки премин?
    Сте претрчале на празна улица на црвено додека е за пешаџи?
    Дали се дерете по автомобили кои не ви застанале?

    Одговорот на овие прашања кои ми текнаа во моментов и на други ваши ќе ви ја дадат оценката која се бара во темава, не давајте посебно оценка за возачи посебно пешаци, тоа нека биде една оценка. А и слободно одговорете на прашањава на некои или на сите нив :)
     
  2. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Во сообраќај сум вклучена и како возач и совозач и како пешак.
    Се трудам да ги почитувам правилата, ама не секогаш ми успева :lol: Кога сум сама во кола или со некој близок, пред кој можам да пцујам, го правам тоа и знам да истресам прилично сочни пцовки :$
    Не возам секогаш во рамки на дозволена брзина, може малку над дозволената, ама не лудачки (еднаш само полиција ме запре, 50 беше ограничено, јас возев 70, ама поминав со опомена :$ ), понекогаш и на жолто минувам, но затоа секогаш врзувам појас, уклучувам светла, не зборам на мобилен и пропуштам пешаци на пешачки ОБАВЕЗНО, само ги пцујам кога се влечат ко да се на прошетка у парк, а не на улица. Редовно си се паркирам прописно, си плаќам паркинг и не се трткам ако видам дека не можам да се паркирам. Страшно ме нервира кога некој упорно се бута кај шо не го собира и прави хаос или пак се пикаат да влезат во твоја лента, зошто на неговата има повеќе гужва (ова особено наутро). Па побогу сите одиме на работа...излези 5 минути порано и нема да има потреба да се упикуваш.
    Совозач сум во принцип ок,ама понекогаш си кочам со нозеве :rofl: или пак внимателно давам примедби, во секој случај не паничам и не вриштам.
    Е сега како пешак и не сум баш примерна, преминувам и на црвено кога ќе видам дека нема кола на видику, ама секогаш минувам на обележан премин, а не преку огради и процепи :)

    Се на се, сметам дека сум ок. Од 1 до 10 си давам средна оценка 8 (колку сум само скромна)
     
    На Hopeful и rossonerka им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Се чувствувам ко совесен возач,но и ко совесен пешак и точаковозач! Арно ама,такви луѓе постојат...страшно нешто! Ми оди кога ќе го видам на црвено да ми поминува на пешачки да нагазам баш!
    Казна,да им се кршат нозете,аман више па! Ќе го лежиш у затвор,ќе го носиш на душа,само затоа што мислел дека е Флеш на црвено,на место каде што нема пешачки,па се прекачуваат преку огради и слично!
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Лилит битното го заборави ОЦЕНКА од 1 до 10, тоа е и темата не е интересно само совесен или несовесен да пишуваме, да видиме самокритичност :)

    Јас џабе положив преретко сум на возачкото седиште, на совозачкото стално давам сугестии ама тивко убаво да не се испокарам дека се мешам кај што не ми е местото. А како пешак се трудам, поминувам исклучиво на зелено, никогаш не претрчувам, на пешчаки во 95% од случаите, ама се случува да поминам каде нема пешачки но коли на 1 километар подалеку и секогаш кога го правам ова гледам по 2 пати лево и десно да не има полицаец :lol:
    И секогаш внимавам кога возам велосипед и обавезно на патека или тротоар.
    Најмногу се фрустрирам кога гледам огромен тротоар а возат мангупски точак на улица и колона позади нив. И кога на пешачки одат манекенки, бокс би им удрила.
    Оценка моја 9 минус засега, без оценка за возачката култура која ми е запоставена а со неа сигурно би идела подоле зашто нема совршен возач :)
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Поради инциденти и проблеми со законот,не по моја вина...овај нали, би си дала 9 плус! :D
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Ауу, да ме видите како преминувам улица. :D На пешачки, стојам 10 минути, се мислам дал да тргнам, дал не. Дали ќе ме собере нешто и ќе ме направи лапачинка, па дали ќе запре колата, ил не. Ако има некој со мене, обавезно го фаќам за рака и го влечам, не го оставам сам назад на милост и немилост. Еднаш, додека си минев по мој тертип, еден се изнервира и ми испадна од кола - Слушај девојче, најлошото нешто што можеш да го правиш додека преминуваш улица, го правиш... И јас цела во прашалници, што зборува човеков, на пешачки сум... ми вика овој ПА не даваш јасни знаци дали сакаш да ја преминеш улицата или само си броиш пилиња. :D Ако ти се мине мини, не се мисли 1 саат, ги буниш возачите. |(

    Возачка уште немам. Кога сум совозач на подолги релации, на автопат и такви ми ти ствари, секогаш, ама баш секогаш сум врзана со појас. Некоја навика ми е тоа. За низ град не го врзувам. Се трудам да ќутам, и ќутам, ако возачот е ,,сигурен,, и вози како што треба. Ама ако ми се прави фраерч и се занесува да ми ја ,,бучи,, колата со 130 кај што не треба, си кажувам да намали, затоа што ми смета. Не сакам адреналин раш во моите вени.

    Верувам дека ако имав положено, ќе бев ептен внимателен возач. Тоа допрва ќе го видиме.

    Скромно - 9/10. :rofl:
     
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Ја видив темата пред да излезам и додека возев баш си размислував каков возач сум,си направив споредба со Скопје и Мелбурн

    Дали ги почитувам сообраќајните знаци?
    Се замислив на ово, ја извозев Илинденска, Партизанска и Иво Лола Рибар од крај до крај и апсолунтно никаде не видов знак за дозволена брзина, така да појма немам кое е ограничувањето и дали го почитувам.Вообичаено возам 70/80 на овие улици така да можда сум во дозволеното можда не.

    Дома во Мелбурн се придржувам на дозволената брзина, патем знаци има на секој 100-200метра, е сега не се придржувам од тоа што сум многу совесен возач туку поради фактот што на секој чекор има камери, а таму нема врски чичо,вујче итн кога ти стигнува казна си ја плаќаш и плус ти одземаат поени или за над 30 од дозволеното и колата ти ја одземаат :swear:.

    Прва работа што правам кога влегувам во кола е да врзам појас, навика ми е, дома и колата неможам да ја запалам додека не се врзам.

    Не зборам на мобилен бидејќи и без мобилен ми е тешко да возам кола со мењач, уште и мобилниот ми фали, дома не ни помислувам да користам мобилен иако возам автоматик зошто казната е $600, ниеден разговор не е толку вреден :lol:

    За пцуење, пцујам како кочијаш и само во кола пцујам вака надвор од кола не пцујам ]:)а најинтересно е што и дома пцујам на македонски во англискиот нема такви сочни пцовки како нашите ]:)што мајки шајки сум им испцуела на тоа кинезите и индијците кои се с*ање возачи :@

    Во Скопје знам навечер да поминам на црвено кога нема други коли, дома no way поминеш на црвено штрак блицот и чекај после 10тина дена честитка, така да никако не ризикувам да поминам на црвено.

    Во кола не се качувам ни како сувозач ако има некој под дејство на алкохол а не пак јас да возам, ако нема некој трезен да вози такси му е мајката.Дома има постојано booze busts, полицијата ги стеснува улиците од 3-4 ленти прави една и секој мора да дува и последниве неколку години и за дрога тестираат, и кога излегуваме секогаш има 1 што е потполно трезен да вози.

    Пешаци секогаш пропуштам ама ужасно ме нервираат кога се влечаат како манекени место да побрзаат :@

    Во Скопјево сообраќајна култура баш и нема никој не те пушта кога сакаш да поминеш во друга лента, скоро никој незнае дека постои трепкач(жмигавец), дома само што ќе вклучиш трепкач веднаш те пуштаат освен ако станува збор за кинез или индијец :swear:

    Како пешак сум недициплинарана :D, ретко поминувам на обележани пешачки премини ама барем трчам преку улица не се влечам како црево.

    Како сувозач сум добра, ретко коментирам за начинот на возење, со вереникот знам да помрчам за брзината бидејќи веќе и од кај мене ми земаат поени зошто тој е на последните неколку па мене ме набедува дека сум возела да не остане без возачка :fubar:

    Казни освен овие од вереникот кој ги прифаќам и ми се намалуваат поени имам само една за погрешно паркирање а возам 13 години.

    Да не излезе дека сум ептен совесен возач надвор од градот возам ептен брзо ама само таму кај што нема камери, зошто во голем град како Малбурн без кола си како без нозе и затоа толку внимавам.

    Самата би се оценила со 9/10 8)
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Како скопски односно балкански возач си давам скромна 8мица, чисто од причина што сум многу културна бре, а многу малку безобразна, ама снаодлива сум! :D
    Најсериозно, како пешак барам пешачки за да преминам улица. Е сега кога гледам дека се укочени семафорите или дека нема живо пиле а богами ни цајкани, најбитното - тогаш преминувам улица и на црвено. Ете тука избива балканското во мене - се удирам по лево раче :lol:

    Како возач? Без појас не тргнувам каде и да сум, и кога преминувам од една во друга лента механички пуштам жмигавец. Во гужва знам да се убутам, не стварно, кој успеал да совладее скопска гужва подготвен е за Индија веќе. Обично знам да употребам и женски финти, ако гледам дека на маж некој треба да му се убацам пред него, се насмевнувам, со знаци се договарам со него, флертувам :wasntme: а ако ме изнервира вадам дрвена кашика и се заканувам! :devil:
    Знам да дадам предност, да пуштам пешаци, абе културна сум ви јас, да не се лажеме. Озбилно.

    Морам да признаам дека од европскиве градови најубаво се снаоѓам и си возам во Виена, ради културата пред се. Како прво забрането е свирење во градот, така да нема непотребно свирење како кај нас - мрдни бе сељак, коњу еден кај ти се очите и слично :D
    Но и општо толерантни се, ако направите грешка нема никој да ве отера во три лепе, туку напротив, културно ќе ве пуштат да се вратите во лентата и слично.
    А штом се снајдов и во Париз околу триумфалната со кола од целовкупна оценка која сакав да си ја доделам као 8 нали, си давам 10 плус. Тапши тапши тананана :D

    Како совозач, ма супер сум, бубаче :) Освен у еден случај ама тој не ви го прецизирам, не е за тоа темата :P
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.566
    Пол:
    Женски
    Како возач со 14 годишен стаж ептен си се сакам. Оценка 10. Најсериозно сите ми викаат дека супер возам. Е сега тоа е во Скопје. Ама кога отидов Истанбул. Па кога реков јас ќе возам, не ја сватив зачудената фаца на тогашниот ми дечко, роден и растен во Истанбул. Ама тврдоглаво женче запнав, дај па дај. И ми даде да возам кутриот. Гарант цел куран го изрецитира во себе додека стигнавме кај што тебаше. :lol: :lol: :lol: И тука си паднав од 10 на 5, првиот ден. После го совладав и тој сообраќај, па сега сум си 10 и на европски и на азиски континент :D. А како пешак, ма супер, сум. Екста. На пешачки поминувам. На црвено си чекам. Милина. А уште помилина е што ретко одам пешки. Јбг си ја сакам колата бе, и за 100 метра си ја возам, ако треба. 8)
     
  10. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Како совозач- кој и да е тој што ме вози, мора да има јаки нерви, за да не ме шлапне, ама морам да коментирам. Тогаш некако како повеќе да ги забележувам работите, луѓето, знаците, па не дај Боже да се направи грешка. Само прописно :!: Затоа многу совесно како совозач си доделувам чиста 10ка за мојата сообраќајна култура.

    Како пешак- Колку што можам се трудам да поминувам на пешачки, ама сега некогаш едноставно мора и да претрчаш де. На црвен семафор, само ако нема живо пиле во некоја глува доба. Ајт тука една скромна 8.

    Како возач- леле мори мајко. Знам да си поминам на жолто, ако сум улетана, знам да покачам брзина, ама па не сум баш свесна за тоа се додека не погледнам во таблата. Друго ....хмм ... а да, на пешаци се трудам да застанувам. Поготово на оние напасните, што не им е гајле дали иде кола или не, важно тие пуштиле нога-пешачки е, мора да поминат :!: Паркирањето сум друга песна и затоа тука ќе си ја дадам најниската оценка. Една мизерна шестица :x
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Поминувам на пешачки поголем дел од времето; кога го нема никаде нАли, ѕиркам како улава од обете страни додека да се решам да кинисам.
    Чекам зелено светло , на црвено си чачкам во мобилен или во косата.
    Како совозач сум прилично бучна, преземам улога на ди џеј :lol: и не ставам појас. :!:
    Лошо, знам, ме нервира, ми оди на живци појасот. :devil:
    И одбегнувам да се возам со оние кои премногу пцујат, возат напнато како темпирани бомби и постојано кукаат како ги фатиле сите е*ани семафори, т.е. не го фатиле зелениот појас. Или бран. Што и да е.
    |(
    Не влегувам во кола со такви.
    Немам положено, ниту планирам во скоро време.
    Мислам да го поштедам светот од уште една жена-возач. :D
    Без навреда молам, со чест на ретки исклучоци, за мене жените не се шофери.
    Феминистки, без патлиџани и јајца под прозор, молим лепо.

    Мојата оценка 7/10.
    :)
     
  12. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    возам 30 тина години
    но отсекогаш имав желба и сакав да ме возат..
    и си ја наредив..сега најчесто ме возат по моја желба...не дека не можам сам..
    ..а јас си зјапам лево десно,читкам,слушам музиче....
    плус во лето клима,во зима парно..мммилина..друг мисли како и колку треба...
    но кога морам да возам возам,,силно и нежно,,...
    по кажувањата на досега возените возам галантно ко Џек Николсон...прецизно ко Робин Худ...
    и при возење скоро се пуштам....скоро се...
    освен нешто што не се пушта лесно..
    пр.хаус,псеудо техно,грчко,турбо српско,со цигари.. непуштам ни под разно...
    бут каменчињата кои се тркалаат ги пуштам обавезно,пиперчињата кои лутат стално,без човекот кој ме повикува да одам по неговиот пат едноставно одбивам да влезам во кола а ни под разно не поаѓам на пат ако до мене не се радио главите, итн...итн....у
    живам да го слушам сето тоа но не пресилно...
    а за возењето кола..
    досега не сум казнет за брзо возење,иако возам побрзо од дозволеното...посебно на отворено..
    во град пешакот е светост..го почитувам секаде па и да греши....не се расправам дури и кога треба...
    црвено светло на семафор значи стоп...па си стојам...си слушам музиче..и пеам понекогаш..
    на Jagger..на,,j go wild,,..итд..
    ..оценката која би си ја доделил себеси за своето возење и однесување би била 7 на 8 плус..
     
  13. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Не сметам дека би требала да добијам добра оценка за мојата сообраќајна култура. Пред се, сум пешак и често знае да ми се случи да преминам преку улица, а да нема пешачки премин, но гледам што е можно почесто да преминувам на пешачки. Плус имам приметено дека ако чекаш на пешачки ретко кој ќе те пушти да поминеш улица, а ако не застанеш на пешачки сите те пуштаат да ја преминеш улицата. Сум преминала на црвено неколку пати, дали од што ми се брзало, ме мрзело да чекам, сум била изнервирана, битно сум поминала. И пцујам доколку некој возач ме изнервира.

    Појас речиси никогаш не носам, а како совозач, што знам, би требало да сум добар совозач бидејќи сум мала и не коментирам многу. Оценка.. хм :?: , 6/7. :lol:
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Лично како пешак апсолутно поштувам зошто знам како ми е мене кога ќе ми излета некој кога возам.За се нешто што е пропишано си има зошто е пропишано.
    Единствено маце кај автобуската на југо дрво знам да забушавам кога има снег/дожд/ладно, па не преминувам на пешачи (се разбира никогаш не ризукувам пред коли да претрчувам),само доколку во моментот нема автомобили.

    А пак за возење како тазе возач, за мене знак е АМИН, татко ми знае да ми рече, абе ајдеее што е ова 60 гледаш дека овој зад тебе ти свири.А јас си реков НИКОГАШ ПОБРЗО ОД ЖИВОТОТ, на тој ако му се брза нека претицува, а може и да летне ако сака.
    Многу пати сум слушнала: еее ако почитуваш знаци далеку ќе стигнеш.
    Си велам ДА,ти ќе стигнеш подалеку....во другиот задгробен живот.
    Затоа нема сила што ќе ме натера да прекршам сообраќаен знак(поготово за возење)
     
  15. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Не сакам брзо возење! Како помала ДА, да не речам детиште во тинејџерските години, па уште некој постар другар со положено, и брза кола беше главниот!
    Јас не возам, иако имам положено, мислам дека сум заборавила, иако сите ми викаат - кога ќе седнеш, ќе ти текне.
    На дечко ми или на било кој (ама најчесто него) секогаш кога вози (со мене/без мене) му кажувам - вози полека и не претицај!
    Тоа претекнување го мразам од дното на душата! Незнаеш од која страна кој ќе излета.. На кој му се брза, нека ме помине! :hai: :hai:
    А како пешак, сум примерна (повеќе или помалку). А како што кажа Snow-Queen, на Југодрво е општ хаос, РЕТКО кој застанува на пешачкиот таму, летаат ко на писта! :@
     
  16. mk.girl

    mk.girl Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    4
    Возам 8 години и за возење сум баш добра ги почитувам знаците ,како пешак исто почитувам се..Е како совозач сум малку проблематична ама не со сите ...значи 9/10
     
  17. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Тешко ми е да дадам заедничка оценка, како возач, совозач и пешак од причина што секаде различно би се бодувала, али еве 7+10+9=26/3 --- средна оцена од 8.66 :lol:

    Како возач си давам најслаба оценка од причина што не секогаш почитувам правила на ограничена брзина и ми се има случено да возам под дејство на алкохол (да се разбереме, НЕ во пијана состојба и да, имам стискано палци да не ме сопрат/го сопреа тој пред мене). Особено брзам многу наутро бидејќи скоро секогаш доцнам за на работа и ги надминувам ограничувањата, додека пак во други ситуации возам според прописи. Во 95% од случаите застанувам на пешачки, предност на други возила кога ми се пикаат во лента не давам, освен ако имаат вклучено трепкач, смирен шофер сум, не пцујам, не свирам и не се дерам (со ретки, ама многу ретки исклучоци). На мобилен не правам муабети, освен ако не е нешто итно и тоа трае премногу кратко, плус имам и држач па ако сум сама правам муабет на хендсфри. Појас ми е маст хев, никогаш не ми се случило да не го носам пред се заради моја безбедност, а не заради казни. Паркирам солидно, секогаш прописно и барем до сега немало никаква казна или опомена за тоа. Мојата кола ми се има случено да ја закачам од некое столбче или дрвце, ама туѓа не. На жолто повеќе пати ми се има случено да поминам, а на црвено еднаш и баксуз ме има фатено полиција ама среќа беше премногу љубезен, а ја "невина" два-три пати трепнав со очињата и ме пушти без казна. First & last time I swear :wasntme:

    Како совозач сум исклучително тивка и никогаш не се мешам, не давам сугестии и не критикувам. Сета одговорност ја препуштам на возачот, и освен неврзан муабет си го гледам патот и летам со мислите. Лично мразам да ми сугерираат и се држам до тоа да не го правам и јас истото.

    Како пешак сум дисциплинирана, скоро секогаш поминувам на пешачки и тоа на зелено светло, макар и немало коли, не се влечам кога поминувам и ако некој нестрплив шофер и покрај тоа ми свири покажувам средно прсте како знак на благодарност. Никогаш не се дерам, ниту пак се нервирам... едноставно прстето ми решава се.
     
  18. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    За возач немам оцена затоа што немам положено. Иако сакам од практични причини, само се си мислам, како што сум живчана не сум за возење низ град. Особено во гужвите наутро и околу 4. Ќе збеснам чекајќи на семафор, па трпи будали што се бутаат преку ред, па претрчал некој пешак....не не, не е тоа за мене. Преферирам пешки да се движам во тие периоди, освен ако не брзам некаде или ако не врне.

    Каков совозач сум зависи од возачот. Ако е некој ги прекршува сите можни правила, уште малку да може по трева ќе вози за да скрати, тогаш ептен се нервирам, а може и да си излезам. Пазам со кој се возам во кола, особено за подолги релации, не ми треба таков адреналин, фала. Во други случаи сум ок, појас обавезно ставам, малку ме нервира во зима кога сум натунтана со џемпери, јакна, шал ама не ми пречи до толку.
    Кога се возам на мотор не почитувам ставање на кацига, освен ако не сум на автопат. Ужасно ме иритира тоа чудо, се осеќам ко главата да ми е во конзерва.

    Е како пешак сум многу совесна, дури и ги нервирам тие околу мене, ама баш ми е гајле. Неброени ситуации имам кога на зелено ќе ме изгазеле будали, па уште на црвено да поминувам нема шанси. На пешачки особено пазам, пошто прикочуваат дури кога ќе те видат на пола пат, а нели никој не вози со 60 во град. На дечко ми му се има случено неколку пати да ме тегне за рака по улица за да преминам и од тогаш доби еден црвен картон, што ако уште еднаш му текне, последно ќе му биде.

    Со точак исто внимавам, само пешаците ретко пазат на велосипедските патеки, или треба да си набавиш некое иритирачко ѕвонче или по улица да возиш.

    За севкупна оцена, што знам...9
     
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    За мене како возач (затоа што сум прилично тазе) уште неможам да кажам нешто повеќе. Сеуште чувствувам доза страв и несигурност кога ќе седнам зад воланот. Знаците и правилата ги почитувам, се трудам најмногу што можам. Гужви мразам ,верувам како и повеќето. А за паркирање, е за тоа да има и полоша од најлошата оцена, ете таа би си ја дала. Не ме бива едноставно.

    Како пешак, обавезно чекам на семафори да светне зелено, избегнувам да поминувам каде што нема пешачки. Не ми се ризикува, попрво ќе си почекам. Избегнувам да претрчувам, само кога се мора, тогаш...

    Како совозач, е тука не сум баш сјајна. Постојано коментирам, појас мразам да врзувам, ама во последно време почнав да се привикнувам.

    Се на се, 8/10. :)
     
  20. Spring17

    Spring17 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    6
    Искрено в година ќе полагам за возачка,а уште од сега почнувам да паничам за мојата сообрајќајна култура.Благе везе немам.Ама ајде има време се тешам :D :D :D