1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Односот брат - сестра

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од baby87, 13 март 2010.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Имам постар брат, ама исто како да имам непријател. Не сакам да е така, но ете, кога ме гледа како пречка до некои негови алчни амбиции, a не како сестра тоа е...
     
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Имам брат постар од мене 4 години. Го обожавам. Смотле е, тврдоглав, му лета паметот како на мало дете, секоја година наоѓа нова животна цел, незнае да штеди, женкар е, ама го обожавам.
    Ми се чини сите фази ги имаме поминато, од кавги, лутење, не зборење, излегување заедно, оговарање, журкање, одмори (сме биле сами ја и тој)... само се неаме тепано ми се чини :^) Одамна некако ја изгуби таа братско заштитничка улога, сега сме си баш како пријатели. Се разбираме, одлично функционираме. Уште не е созреан, ама ќе биде и тоа :lol:
    Кога ќе го нема неколку дена дома страшно ми недостасува. Сакам да си пивуцкам кафенце со него, да си играме со кучето, да глеаме филм и притоа во првите 10мин да заспиеме и двајцата, да ги зезаме мама и тато, да ми кажува какви се планови крои по ново. Одамна немаме излезено заедно, да ме части некој нов вид на пијалок, да се напијам малце отповеќе па да ми се смее и да ме зеза. Да се прибереме сабајлечки дома, он да купи некоја мрсна пита, а ја да му мрчам колку многу јаде :D
    знаете, брат ми измисли нов вид на вежбање, има една гумичка што ја стега со рацете и притоа му се јакне подлактицата... :rofl:
    Си имаме мноооогу многу моменти, смешки, плачки, имаме еден куп спомени зад нас. И незнам каде ќе го одведе патот до година, ама знам дека без него искрено неможам. Си го сакам моето бате :)
     
    На ALe546 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CurlyD

    CurlyD Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Имам помала сестра, 2 и пол години разлика. Физички немаме заеднички карактеристики освен делот околу очите, а карактерно сменети ни се улогите од коа бевме помали (јас бев пооткачена, таа помирна и сега обратно), многу се караме. Ама незнам што би бил животов мој без неа. Најмногу ја сакам од сите други! За жал не сме си толку отворени меѓусебно, но се надевам дека во иднина ќе биде поинакво. Знам во афект на нервоза во караници да кажам лоши зборови (таков ми е карактерот, избувлив), и по караниците жалам поради тоа. Но добро е што, по 5 минути карање се однесуваме како ништо да не било :D Не дека ми е сестра, но многу е паметна (и убава се разбира :lol:) за нејзини години и многу се гордеам на неа! Иако се бунам на нејзините остри критики за мода, за карактер за се, сепак таа најмногу ме знае од сите, затоа лав ју систер :l: :sun:
     
  4. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Инаку и ја иам брат помал 6 год. прав лигло, женскар и тепач.. 8) По некад знае да ме излуди ии ми иде да го фрлам од тераса ама он ми е најмилото суштество на светот и не го мењам за ништо на светот.. :) Многу го сакам секогаш ми помага и ја нему..Сите велат дека си личиме и тоа многу само шо тој има светло-кафеава коса и темно-кафеави очи а ја темно-кафена и светло-кафеави очи..хихи.. :D Инаку многу е срцка..Прав женскар е уше саа.. 8) Сите од школо (генерацијата) и од мало сите женски ги врте.. :lol: едно 126416245167 санаи имам до сега аа за понатаму незнам..хаха.. :rofl: :rofl:
     
  5. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    а го иам, а го неам. На несакајќи ако се сретнеме дома си праиме здраво, или ако треба јадење да му спремам ме бара :D не сме имале рчки, само онака не сме блиски. Додуша ја сум таков тип, по дома многу не се дружам :)
     
  6. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Јас и брат ми сме 10 г. разлика и искрејно да ви кажам, баш ми е супер. Ем си имам братче кога ми треба, ем си немам да ми досадува. :)
     
  7. baby.blue

    baby.blue Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    33
    Јас имам помал брат :) разлика сме 4 и пол години. Знае како да ме изнервира, да ме извади од такт и досадува. Ама е срцка и е мил и мнооооооооооооооооооооооогу си го сакам. :D Ме слуша, ми прави некој „услуги“ како да оди до продавница и да ми донеси нешто. Сонце на дада :l: :l: :l:
     
  8. Vik4e

    Vik4e Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Имам и јас едно братче 2 год постаро од мене многу си се сакаме ама ретко кога си ја искажуваме таа љубов може преку ќотек :lol: или дофрлување тоа повеке ни годи , но има и моменти кога ке седниме и убаво си зборуваме за некој работи што како треба да се постапи во одредени ситуации па да му побарам некој денар и никогаш не ми направил проблем,да му се јавам во 1 2 навечер да ми купи кифла, да ме зема од школо кога врне, да ме однесе за испагање затоа што јас каснам.. ее моето братче колку си го сакам.. од првите плати ми даваше по 500 ден, дека и тој е вработен и да ми подарел некој денар..хм баш би сакала со него да бидам на одмор онака да се изналафиме и изнажуркаме.. една ден знам лето на плажа бевме со братучеда ми и др нејзини абе не пукна од смеење си реков ејј види колку опасно братче имам.. и така :D
     
  9. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Ние сме тројца, две сестри и брат
    со брат ми не сум многу многу у контакт, ако му треба нешто ќе праша, ако мене ми треба ќе прашам и тоа е тоа, со сестра ми исто немам некој сјаен контакт дете ко дете знае само да нервира, тврдоглава е и мора се да е по нејзино..

    А они двајца си имаат одличен однос, каде брат ми таму и сестра ми, ја носи на базент, ја носи на чашија и се е по батко и..

    Ама кога некој од нас е болен или му се случило на некој нешто е тогаш знаеме да згазиме се пред себе за да се заштитиме...
     
  10. ALe546

    ALe546 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Имам брат 3 години постар од мене и со го сакам најмногу на свет.Се тепаме,се караме,ги зезаме мама и тато,знаеме да седнеме сериозно да разговараме,си помагаме.Некои другарки велат дека поубаво е со сестра,дека таа ти е подобар другар но незнаат бидејки немаат брат.Секаде сме заедно неразделни сме.Неможам да го замислам животот без него.Срцка е :* го сакам најмногу. :l: :l: Незнам како им е на децата кој е сами и немаат ни брат ни сестра. :| :)
     
  11. BlondeGirl8

    BlondeGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    115
    имам 6 години помал брат лелелелелелеле колку само јас и тој се караме |( ама постојано тука има големи големи тепачки уф беее :envy: :envy: :envy:
     
  12. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    имам сестра близначка која многу си ја сакам и очајно ми недостига. Бевме неразделни до пред три години, после се случија многу работи, се омаживме, она има дете, многу проблеми, и не можам да си поверувам на себеси дека се оддалечив од сестра ми за која и животот би го дала. :( Сакам пак да биде се како порано, да знам све во детали за нејзе, за нејзиноиот живот, за нејзините чувства, да знам дали е срекна и ништо друго не сакам. Она ми вика дека се е во ред, нема што да ми каже, но можда од тоа што сме близначки имаме силна интуиција една за друга и многу добро знам дека не е се во ред. Кога ке се гледаме нема за што да разговараме и не можам тоа да го прифатам. :( Што ли се случи не можам да разберам. Ми недостига, многу ја сакам, многу сме далеку една од друга и патам заради ова :(
    Имам и помал брат, четири години,
    не сме биле нешто посебно блиски но последно време многу си ги подобривме односите,
    тој секогаш не гледал мене и сестра ми како силна коалиција која тој не може да је раздели а најмалку да се пробие меѓу нас. Многу ми е жал што секогаш знаевме да го шутнеме на страна а тој никогаш да не се лути.
    Како и да е, да имаш брат, сестра е вистинско богатство... Сакајте се дур сте заедно, дур се гледате секој ден, зошто после ке жалите за секоја изгубена минута.
     
  13. An.N

    An.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    14
    Знае да ме насмее, да ме изнервира, некогаш и по живциве ми шета но тоа е моето сестриче и животот би си го дала за него! Мн си го сакам! :angel:
     
  14. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Јас и сестрами сме разлика 4 години и 1 месец, ама ние сме сосема две различни суштсества ... по изгледот можеби ке познаеш дека сме сестри... ама по карактерот ........ во никој случај, таа е премногу себична, а јас пак даровите, се што имам делам, таа не сака да се дружи со секого, а јас да има како и со циган ке бидам пријателка.... незнам... како да не сме родени од иста мајка, и воопшто не сме онака приврзани за да делиме тајни, како помали ако јас направев некоја грешка таа секогаш ме уценуваше дека ке ме каже на мајками и затоа, неккао немам доверба во неа .
     
  15. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Немам ни брат ни сестра..Така да неможам да знам каков е тој однос и многу ми е криво ради тоа.. :( :(
     
  16. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Имам 4 години помал брат иии онака многу се карамее аа па како се тепаме уф уф...ама некогаш многу сум среќна што го имам за некои работи што ми притребува некогаш како слуга ми еее ии кога нема да ме послуша тепачка..:)
     
  17. T-cent

    T-cent Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    12
    Имам брат 4 и пол години постар . Има моменти кога сме премногу блиски се ке ми кажи за него (јас не толку), а има и моменти ко ке се караме и тепаме понекогаш. Ама затоа сега сме скарани 3 недели и не му зборвам :devil: :devil:
     
  18. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    Имам брат постар 2год. Се подкаруваме често..ама брзо ни врви лутината.
    -има работи во животот кои никогаш нема да му ги заборавам(се мисли на добри раб')
    Брат како брат, што и да ти вика никогаш зло не ти мисли (барем за мене си кажувам нзм завас како е.. )
     
  19. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    дека нема тема однос со сестра тука ќе а си коментирам
    сетра порано многу ја мразев кога бев мала и се каравме а сега многу си ја сакам и неможам без нејзе :inlove:
     
  20. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Имам брат близнак, ко бевме помали се тепавме со се шо ќе најдевме пред нас, сукала влечки далинска и слично, како шо растиме се поќе и поќе се зближуваме, не можам толку да се опуштам и да му ги кажам тајните, ама сепак то шо треба му кажвам иако тој мене ништо не ми кажва и се срами да ми кажи, а то мене ужасно ме иритира |(
    Еве во последните денови немаме кавги и одамна се немаме степано :D , се е мајтапи и сл.
    Го сакам незнам што би правела без него. :)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.