Девојки, на темава ќе ве замолам за искреност. Дали мислите дека сте убави? Плус можеме да продискутираме на прашањето, дали е подобро да се биде убава а глупа или неубава а паметна? (не правете комбинација од двата избора)
по тоа што ми го кажуваат другите и јас што го гледам во огледало да сметам дека сум убава а за др ја мислам дека ако си убава, а од мозок нема ни М повеќе ке просперираш во животот, одколку да си грда, а паметна. Сите најпрво го забележуваат физичкиот изглед. па колку убави девојки се вработени на какви работни места само заради тоа што се убави, а ако си грд без разлика на твоето образование и интелегентност нема да бидеш вработена за жал ама што да правиме господ не поделил на грди и убави, на привлечни и помалку привлечни и тука ние ништи не можеме...
Па искрено задоволна си сум од својот изглед и можам да се декларирам како убава,но имам секако и мани и недостатоци за кои одвреме навреме си се комплексирам Не ми се допаѓа носот А подобро е мислам да си грда а паметна...Ако не смееме да комбинираме,јас мислам дека убава и паметна е вистинската комбинација...Ваљда глупаво е некоја лепотица да ти шлапа глупости на секој 2 мин..
Огледалце, огледалце кажи ми на светот најубав кој е ? Па секако Снежана, дечки што мислевте вие сте најубави?! (џк) Мислам дека секој за себе си е убав. Ме сметаат за убава, мислам дека сум убава, ама сепак оставам простор на другите да кажат. +Секој на свој начин е убав И поубаво неубава а паметна, зошто ми е убавината ако бидам глупава?!
секој човек на свој начин нормално сите имаме мани и недостатоци јас искрено сум си задоволна од мојот изглед ,мислам дека само комплексите можат да направат човек да не се чустува убаво..може грешам али јас барем така мислам...ама и за тоа има лек...
Од она што го гледам во огледалото, УБАВА СУМ А мислам дека сите првин ги забележуваат физичкиот изглед, а таквите убави, а без мозок најчето успеваат пред другите. За жал
Па зависи многу од расположението дали мислам дека сум убава или не . Постојат моменти кога ќе се видам во огледало и си викам дека сум најубава и сум си горда. Постојат денови кога не сакам од дома да искочам , сакам да сум затворена .. Инаку избирам да сум паметна , убавината е пролазна ама доаѓа од внатре .
Јас се сметам за убава, + баба секогаш ми вика дека сум најубава!!! Шегата настрана, мило ми е што си се сакам себеси, се сметам за привлечна, и си ги знам маните и секој можен недостаток, не живеам во облаци како некои девојки кои со носот го параат небото. Ако би бирала помеѓу убава и глупава и неубава, а паметна, многу е неблагодарен изборот, ама во никој случај не можам да се решам за глупаво суштество. Глупавоста е особина која најмногу ме нервира кај луѓето, не можам да поднесам проста маса, ќе си кажам нека сум и помалку привлечна, ќе си најдам решение за надворешниот изглед, ама за тоа во главата... не го менувам за ништо на светот
Колку и да е убава и згодна,ако нема во главата тогаш .. Јас искрено сум задоволна од мојот изглед.Темен тен,висока,долги нозе просечно убаво лице,паметна,одлична ученичка.Што повеќе можам да посакам,нели? Мислам дека повеќе е битен карактерот и однесувањето,интелигентноста отколку убавината.
А кој ќе напише за себе дека се смета за грд? Јас можеби си се сметам за убава и паметна ама на некој друг не му сум! Во прашање е вкус и нема да кажам за мене ниту дека сум убава ниту дека не сум. Мразам лигавења.
Па не се сметам за посебно убава. Имам делови на моето тело што не ги сакам, но што е тоа е. Со годините се научив да се прифатам таква каква сум. Некогаш да имам шанса би променила нешто без да му ја мислам. Најбитно ми е значи што имаат луѓето во главата. Џабе му е на некој и вонсериска лепота кога штом ќе отвори уста луѓето или ќе се смеат или ќе побегнат . Инаку за паметна се сметам, иако и тоа е релативно. Можеш да знаеш се и да си да речам доктор на науки, ако немаш некоја примарна социолошка култура и восптување, тогаш не си паметен. Паметноста доаѓа не од тоа колку книги имаш прочитано, туку и тоа малку што го знаеш правилно да го употребиш. Да умееш со луѓето, да знаеш да се вклопиш во секаков разговор и сл.
Ех,мислам дека за мене беше ова напишаново Не дека се лигавам во претходниот пост,само се опишував себеси и дека сум си задоволна од изгледот.На некој можеби не му се допаѓам,на некого не.Тоа е тоа,секој има свој вкус.А јас без да те познавам мислам дека си прекрасна и во душата и надворешно.
Не душо не мислев за тебе, не мислев на никого туку општо велам дека мислам дека нема човек што себеси се смета дека е грд, може да има некои комплекси ама не дека е грд. Со тоа потврдувам дека сите сме убави на некој начин, мене особина ми е да сум позатворена, да не зборувам многу за себе и тоа го мислев кога реков дека несакам да се лигавам. Не сфаќај го тоа лично зашто и јас сметам за тебе дека си прекрасна и убава личност и те сметам за една од подобрите на форумов
Епа вака. Некогаш мислам дека сум најубава на свет. Некогаш мислам дека не сум убава и дека никој не би погледнал во мене. Сметам дека се е до мозокот. Ако јас и нацртам дека сум убава, никој не може да ме разубеди во тоа. Но ако самодовербата не ми е баш на ниво тој ден, е тогаш... лесно некој може да ми ја разниша. За баба сум најубава (како што рече Тренди). Мајка ми ми вели - НЕ ДЕКА СИ МОЈА, АМА МНОГУ СИ ЛИЧНА - . Брачеда ми ужива да ме гледа кога се спремам за излегување и секогаш вели дека некој дечко ќе си фатам (слаба е на прогнози ). Добивам комплименти, и од машки и од женски... Абре сите се убави на свој начин.
Убавината е релативна и доага одвнатре.Физичкиот изглед не е пресуден , зависи од карактерот и интелигенцијата и од тоа зависи дали некој ке шири позитивна енергија, дали ке создава привлечности или одбивност. има луге кои физички не се многу убави но имаат некоја харизматичност во нив ,некоја внатрешна привлечност Глупавоста е особина што најмногу ја мразам и не поднасам глупави луге што на крај не можеш да излезеш со нив Инаку за себе не можам да судам дали сум убава или не ,другите треба да пресудат. Сите ми велат дека сум убава но јас лично никогаш се немам пофалено и го немам злоупотребено тоа. Јас лично сум задоволана од мојот изглед , понекогаш ми се јавуваат некои комплекси но брзо ми поминуваа, веке се навикнав на нив а за паметна секако се сметам и сум горда на тоа
Се сакам себеси со предности и со сите мани и недостатоци. Убаво се чувствувам во својата кожа и затоа сум и убава. Како се гледаш самата, така те гледаат и другите