1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опиши се!

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Tabby, 29 јуни 2010.

  1. Tabby

    Tabby Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    25
    Внатрешен и надворешен изглед :)

    Еве да го скршам мразот..

    Кафена, права, средно долга, не многу густа коса и шишки настрана. Очи кафени ;) . Може да се каже со средна висина.

    Добра воедно забавна, многу љубоморна личност ( уф леле :sweat: ) , не се заљубувам лесно, Да - верувам во љубов на прв поглед и љубов во карактеристиките на човекот а НЕ изгледот ( во моментот ми се случува), велат дека сум добра другарка, тајни - НЕ ДАЈ БОЖЕ НИКОГАШ НИШТО НЕ СУМ КАЖАЛА.
    Не верувам лесно на другарки и моите тајни ги кажувам само на оние што знам дека ми се најдобри другарки ( Ги сакам :inlove: )
    Водолија сум :$
    Оргинални идеи - огромно ДА!
    Лидер - Од мала сум била "лидер"
    во групите на училиште.
    Лесно губам трпение но се справувам. Пацифист сум.

    Од описот за водолија - Комуникативни, оригинални, отворени за нови работи, фер, привлечни, пријателски настроени, алтруисти, интелигентни, лојални, независни, толерантни, забавни, сакаат да им помагаат на другите. ( СЕ Е ТОЧНО ;) АПСОЛУТНО :!: )

    Повеќе сакам да помагам на непознати луѓе додека кон некои блиски сум многу СРКЖАВА ;(

    И тоа е во суштина тоа.

    Поздравчиња и бацки :*
     
    На hermosa, angelche16, in.love.girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    167 см, моментално русокоса, со зелени очи и средна должина на косата. (Ги имам испробано сите бои и нијанси на коса, уште зелена остана :lol: ).

    Имам уникатна логика на нештата и ми кажале дека сум слатко-иронична.
    Не се трудам да се допаднам некому, одамна сфатив дека луѓето никогаш не можеш да ги задоволиш.
    Најбитно ми е да се задоволам самата себе, да се усреќам и да уживам во сопствената кожа. ;)
    Понекогаш сум егоцентрична и разгалена.

    Не припаѓам на ниту една шема, си креирам своја.
    Секогаш знам што сакам и трпението не ми е јака страна.
    Дупла шкорпија. Љубоморна... со годините се послабо. Тој дел се смени и сум пресреќна. :)
    Сакам да пишувам и да пеам.

    Бегам од негативни луѓе кои пробуваат да ме убедат дека Љубов не постои... Тоа ми е најново хоби :D
     
    На Agrona, Srce01 и Raffaella им се допаѓа ова.
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.107
    173 висока, ѓаволски 66 тешка :)

    Кратка кафеава коса, кафеави очи.
    Полна со себе.

    Одам преисправено - ме зезаат дека носот ми има тенденција да ми се вивне во небо. Јас им велам - гледам така поубаво ]:) :rofl: :rofl:

    Комуникативна, пишувач, пеам секогаш и секаде, дури и кога плачам, сакам да пијам вино во кола со другарки, да галам мачки и да го гушкам светот со раце и нозе.
    За љубов живеам.
    Сакам да јадам.
    Готвам од нервоза.
    Ме релаксираат глупави списанија.
    Плачам кога гледам бебиња и сум зависник од интернет и машко внимание.
    Дупли лав, во секоја смисла на зборот!
    Лидер, алтруист, космополит, велат - позитивец.
    Со двете нозе на земја, па поради тоа некогаш премногу фиксна и вечно рамо за плачење.
    Ме нервираат досадни и некреативни луѓе.

    Јас сум, реално, мјузикл.
    Драма, музика, емоции и боја.
    Тоа сум.
     
    На mp46 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    средно висока, 47 кг, нежно темен тен, црна долга коса, темно кафени очи

    двоен близнак, ама не и дволичен :!:
    амбициозна, добра, љубоморна, забавна, фасцинантна, шармантна, весела, љубезна, нежна по природа и еееептен љубопитна :$ ( и во хороскоп ми ги пишува одликите)
    лесно можат да ме повредат и расплачат, и лесно можам да простам... ама никогаш не заборавам!!
    лесно знам да се изнервирам, да избувнам и без причина и подоцна се каам.
    сакам да сум сакана, без љубов не би можела да опстанам, таа ме води некако низ чекорите во животот :$
    знам вистински да сакам! премолчувам многу работи за да не повредам други.
    се потпирам на интелигенција и логика - логиката ме води низ животот и успесите

    не сум голем гурман, а многу сакам да готвам.
    сакам да патувам и да го запознавам непознатото.
    сакам нежности и убави зборови, искреност, добрина, лојалност :)

    во кратки црти тоа сум јас ;)
     
  5. martina.d

    martina.d Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    2
    165 см ,51кг ,кафеава коса , кафеави очи.Добра другарка , секогаш полна со енергија.Љубоморна.
    Не се заљубувам лесно, но добро јас сум и малечка :rofl: .
    Многу често се нервирам .
    Чувам тајни. :x
    Секогаш спремна за авантура ,многу сакам да патувам низ светот да запознавам нови луѓе ,да се забавувам .
    Имаам голема самодоверба и самодисциплина,реагирам брзо,сакам секогаш да пеам :) обожавам да глумам и да се смеам на цел глас со моите другарки (секако кога сме сами).
    Сакам да гушкам кога сум среќна или тажна :D
    Тоа сум јас ... поздрав :*
     
  6. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Хај , мај нејм ис Ирена енд ај ем алкохолик :D ;)

    Плава коса ( тазе фарбана ) , кафени очи, не многу висока, и некое килце вишок, особено околу стомакот .
    Лав во хороскоп, уште два испита на факултет, иден надежен шофер (возачка уште немам , ама работам на случајот ), дечко ( долги 4,5 години ) , сестра- постара, живеам во Ск со моите во стан.
    Хоби- Фемина.
    Животна желба- сакам да пливам со делфинчиња, да имам три деца и да работам по струка.

    Лесно се приврзувам , мана ми е што сум премногу флексибилна, да не речам попуслива и се толерирам. Ама кога ќе покажам заби , покажано е :P
    Никогаш не доцнам, сакам да комуницирам со луѓе...антиталент за пеење, ги сакам животните.

    :* :* :*
     
    На e.M.i.L.y му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    :hai: (сите): Hi Irenna . :D :rofl:
     
    На angelche16, LittlePinky, Agrona и 3 други им се допаѓа ова.
  8. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Еве уште една лавица. браво девојко убаво се опиша 8)
    Да се надоврзам во истово ако почнам да се опишувам себеси па згора и моето име на форумов би изгледало како да барам маж :lol: мала шала се разбира
     
  9. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Плава коса, плави очи, полни усни, со 5 килограми вишок кои баш и не сакам да ги симнам бидејќи мислам дека нема да личам на ништо тогаш т.е. 65 кг. Висока 164 цм и имам 16 години. Живеам во Прилеп со родителите, брат ми и сестра ми и баба ми. Моментално немам дечко.
    Наивна, добра, сакам секогаш да му се најдам на секого, а истото не го добивам секогаш за возврат име нервира тоа :envy: . сакам да читам книги, си седам пред компјутер максумум 3 часа, тренирам бадминтон, џогирам на парк кој ми е само 100 метри оддалечен.
    Комуникативна :talk: , позитивна, секогаш насмеана, само денеска не сум баш расположена. ПОПУСЛИВА, ама само на тие дома, другите ќе ги отепам :D :D.
    Сакам да пеам иако сум антиталент за пеење.
    Девица во хороскоп,а и во буквална смисла :lol:
    Сакам да патувам, а кој не сака?
    Ме интересира антика и античките верувања, па знам скоро се од времето на Александар Велики и неколку векови пред него и после него :^) и го надоградувам тоа.
    сакам да имам 4 деца, близначиња секако да има :D, да си отворам свој сопствен бизнис , бидејќи не можам да замислам да има некој над мене и да ми кажува како да работам.
    Вљубена во животот, исполнета, голема спанка и никогаш не доцнев во минатото, ама сега :$
    Мислам дека е доволно :*
     
  10. Tabby

    Tabby Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    25

    Ти ме опиша и мене! :)

    Бацки баш си како мене!

    И да надополнам

    ОБОЖАВАМ ЖИВОТНИ КОЊИ ПРЕД СЕ И СВЕ ДРУГО!

    Исто така сум авантурист :)
     
  11. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    па вака ниска сум 152 цм. 42 кила. :P црна коса
    атеист сум, 8 години вегетеријанец, феминист, пацифист, филозофирам многу, за се имам мои ставови.
    многу сум емоционална(успешно го прикривам тоа)
    сакам да читам, обожавам да пишувам и да сликам.
    Сакам психологија, парапсихологија, најголема страст историјата :)
    многу сакам религии(иако сум атеист) едноставно ме фасцинираат и тоа е тоа. :)
    омилена музика ми е металот дел од мојот живот :)
     
  12. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    173 висока 51 кг. дебела
    Костенлива боја на коса и негде е под рамења,шишки на страна,сино-зелени очи,светол тен и рацете малку исончани.
    Обожавам гитари.
    Многу често може да ме изнервира и најмала ситница,плачам на филмови,емисии (секако ако има некоја сцена за плачење ) особено плачам на Се за љубов ако е тажна приказната :)
    Сакам да запознавам нови пријатели.
    Се си собирам во мене си собирам но на крај кога ќе ми пукне филмот готово е.
    Имам брат постар кој многу си го сакам иако тоа не му го кажувам но сепак он си знае :*
    Не се откажувам така лесно од некои работи особено не кога сум јас во право :)
    Имам една огромна желба да истражувам убиства (или пак да бидам археолог ) исто така имам желба да се запишам средно полициско но ништо од таа желба
    И да не заборавам Близнаци сум си во хороскоп :)
    Тука да си кажам дека имам талент за несреќно да се заљубам :D

    И тоа е тоа :)
    :* :* :*
     
  13. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.080
    Допаѓања:
    6.747
    Пол:
    Женски
    Висока-172 см. Имам долга темно кафена коси,кафени очи,буцкасти образи и големи полни усни.

    Заљубена,во долга врска,ама малку несреќно-за жал :( Љубоморна сум,ама истовремено добра личност,сакам да помагам,искрена,дружељубива и паметна.По малку сум скржава и не го сакам тоа ама што да правам?! :)
    Многу сум срамежлива и повлечена па затоа многу луѓе го искористуваат тоа и ме заебаваат зашто не знам да се одговарам.Далеку сум од инаетлива личност..Мразам лицемерие и лага. :) Девица во хороскоп ама далеку сум од перфекционист. ете така.... поздравче :*
     
  14. Tabby

    Tabby Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    25

    И јас плачам на филмчиња и на тежни емисии и слично.. :lol:

    Бацки :*
     
  15. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    -172 висока, 61 тешка - црна долга коса и црни очи
    -сакам да се дружам, да запознавам нови луѓе, да стекнувам нови пријатели (иако не им верувам на луѓето), им помагам секогаш на сите колку што можам иако скоро никој не го цени тоа :tmi:
    -обожавам фудбал, спортување, трчање со друштво,
    -од музика слушам се но најмногу сакам рок
    -сакам поезија, книги, пишување текстови и сл
    -во хороскоп сум риби - емотивец :rofl:
    -мразам лицемерие, дволичност, оговарање, лаги и кога некој се преценува себеси а ги потценува другите
    -кога би имала шанса би сакала да го заобиколам светот :P
    -љубовен статус: вљубена во погрешен :angel:
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Висока метро и желба да пораснам, тешка едвај 50 кила...
    Бринета (од потемните) со коса до над рамена, со весели локни и патец секогаш на страна.
    Очи светло-кафеави, на сонце медени, златни, малечки - при насмевка минуски.
    Долги трепки, поголеми од очите.
    Бисерна слатка насмевка. (ама сум скромна :lol: )

    Градниот кош задоволува, мешето ПРЕзадоволува :lol: :lol: , а задниот кош... заоблен и прилично удобен.
    Малечки дланки, ноктите на минимум, стапала уште помалечки, а широки.

    Типична овничка, импулсивна, јасна и гласна, праведна. Мразам лажговци и лажги и многу радо би им ја бапнала една (а да, заборавив да напоменам дека од ќеф би истепала некого, во секое време). Но возраста и разумот не ми го дозволуваат тоа. Велат, не ми личело, женско сум била... |(
    Се трудам да сум насмеана постојано и најчесто така ме памтат луѓето. Како машинче кое не престанува да зборува, има смисла за хумор и ја шири устата од шестка до шестка.

    Прилично одговорна и истовремено способна. Ако нешто намислам, тоа и ќе го остварам, ако треба на глава ќе се превртам. Инаетлива сум и тврдоглава, па тешко се излегува со мене на крај.

    Пријателите ги одбирам внимателно, но се случило да наседнам па да ме излажат. Простувам, но не заборавам, иако не враќам. Си има таму некој кој ќе ги израмни сметките.
    Тешко се заљубувам... лесно се занесувам. Има разлика, но исто ги поднесувам ако не се возвратени. Его имам како маж, па многу ме погодува.

    Сакам да пишувам. Ме ослободува и релаксира.
    Уште повеќе сакам да пеам. Пеам нон-стоп... без оглед на околностите. Тоа сум јас и не се менува. Некои уживаат во моето пеење. Татко ми ми замерува дека сум била гласна... Мене ми се допаѓа. И на комшиите им се допаѓа. Значи - нема проблем.
    Обожавам животни, особено мачки. Пораснав со истите. Ме смирува нивното предење и начинот на кој знаат да ти влезат под кожа. Во моментов имам една што ужасно добро знае да се жули и мазни, па ми ја олеснува работата.

    Со образованието... на пола пат. Средното го оставив зад мене пред месец-дена. Факултет... со големи амбиции сум. Само брак може да ми ја зафркне работата :D
    Се во свое време...

    Обожавам деца и се надевам дека ќе ги имам еден ден и дека ќе бидат повеќе од 2. И сакам да бидат на мене... Мноштво од џубокси по дома. Затоа што тоа сум јас - како џубокс: менувам расположение како тоновите во песните.

    Хипица се раздолжи малце, ама кошница со цвеќиња не се опишува со два збора.
    Фала ви на сите кои издржавте да го дочитате постов до крај. Јас не би можела тоа. Нестрпливост...
    :*
     
    На ana-banana и 1209 им се допаѓа ова.
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.131
    Допаѓања:
    88.387
    Пол:
    Женски
    Црна коса виткана , црни очи, големи трепки :D и полна уста
    157 висока, 45 тешка, ситно со испрчено газе :D
    Рак сум во хороскоп што значи дека сум многу емотивна, семејството ми е пред се и ако некој сака да ме повреди само така би успеал. Кога сакам сакам и се вложувам целосно во врската, но и кога мразам мразам.
    Обожавам обувки и желба ми е да стигнам до 100 (сега сум до 45) :D
    Многу сум љубопитна, се ме интересира. Љубоморна сум, што е мое сакам да бидам сигурна дека е мое. Премногу сум искрена, што понекогаш е мана бидејќи на луѓњто искреноста им пречи, но и јас го очекувам тоа од нив.
    Секогаш погрешно вљубена, се надевам дека ќе дојде и мојот принц :) Верувам во бајки хаха
    Атеист сум,не верувам во господ, за што мајка ми ми е многу лута.
    Во иднина се гледам како лектор, успешна сопруга и мајка на 3,4 деца.
    Можам цел ден да се опишувам но доволно е :D
     
  18. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    645
    хм...од каде да почнам :?:
    Висока сум 165,а тешка 52 кила.
    Косата ми по прилично долгичка темно кфена накај црна,природно ми е виткана ама јас си ја пеглам,немам шишки,имам бел тен,кафени очи на сонце ми се жолти(секогаш сите така ми викат),и мало муце :doh:
    Во хороскоп сум водолија,па самиот знак сам за себе си зборува :lol: иако сите викат дека имам карактеристики на лав(дека сум горда)и бик(дека сум бунтувна и инаетлива) :?:
    Искрено да си признаам размазена сум си по дома и навикната се да ми биде исполнето,и остварено,по иницијатива на мајка ми и дечко ми...другите ме знааат дека сум таква и ми одат на инат :^) ма нема врска се справувам :D
    Сакам некој да нервирам и цело време да го поправувам,и да му зборам не вака не така,не ова не она,(како некој дрвен адвокат)отворена сум,се што ми прече кажувам,и затоа ми кажуваат дека сум многу саркастична,гледам да не го применувам тоа многу...многу сум имплусивна и избувлива,ама после се смирувам и се извинувам често!
    Пред другите сум цело време озбилна не се опуштам лесно и не се истакнувам многу,често го пратам друг како се однесува затоа немам време за смеење дечко ми вика како полицаец сум била! :talk: ретко се отварам пред другите незнам зошто но многу сум озбилна и дрвена....(и другарите на дечко му викале:незнаеме што да и збориме се е лута)ма неееее,таква сум си јас,кога ќе се расположам сум :rock: Во суштина сум мрза,мразам да пешачам затоа дечко ми ме вози нон стоп низ град а јас само разгледувам,или јас палам кола и само си се возам без некоја цел низ град
    Нон стоп нешто измислувам,некои идеи чудни ги изнесувам многу сум креативна,и често сонувам за иднината,секој детал ми е измислен.Во план ми е да бидам деловна жена и да водиме некој бизнис со дечко ми каде што ќе има тешка пара :D
    Вљубена сум веќе 4 год,со дечко кој го обожавам,и ТОП ми е со него,планираме да се земиме другата есен и тоа,а и да не заборавм голем СЕБИЌНАК сум :$ ама таква сум ти јас.
     
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Jaс сум ...ЈАС! :lol:
    Грамада(што вели баба ми) :$ :lol: од 1.83, килограми не знам, ама ако уште малку сметнам од овие како што тргнав, ќе бидам со идеална тежина според мојата замисла. Со бујно деколте и долги прави нозе(не сум скромна ама ич за ова)
    Плава, бела, нежна, темни очи, кафе.
    Типичен рак, со остроумна тиква, и доста променливо расположение. Гласна по потреба. Можам многу да истрпам ама кога ќе ми скисне...ееее тогаш нека се сели од лицето на земјата. Истрајна, тврдоглава, оптимистички СЕКОГАш расположена. Маани...преемотивноста :tmi:
    Имам една роднина која вака за мене вели: ако сака може со муабет да те отепа. Да. Можам. Речникот ми е доста разработен, тешко ќе најде аргументи за да ме собори некој. Ама и тоа кога јас сакам и кога некој заслужил да здобие мое внимание. Сум се изгорела во некои работи па сега сум доста претпазлива.
    Образовна диплома-на пат. Уште некој испит, па пак ќе се заглавам. Во врска, за која што побргу сакам да го смени статусот на поозбилно :$ Е па одприлика тоа сум јас.
    Тие што се на форумов со подолг стаж мислам дека ме знаат донекаде :?:
     
    На Marley и Sara123 им се допаѓа ова.
  20. Tabby

    Tabby Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    25

    Ми беше задоволство да го прочитам ова :lol:

    Поздравчиња и бацки :*