Поимите другарка/пријателка, како ги дефинирате,според вас која е разликата, и што сваќате под поимот другарка, а што под поимот пријателка?
Ја под поимот другарка сваќам некој најблизок кого можам да му се доверам. А под пријателна онака, само дружење без доверување..
Другарки ми се оние со кои скоро секојдневно се гледам или слушам, со кои се договарам за излегување и слични работи, а пријателки ми се оние со кои се поздравуваме и чат-пат пиеме заедно кафе пропратен со бош муабет
drugarka e licnost so koja mozes da spodeluvas pointimni momenti od tvojot zivot so koja ednostavno se imas povrzano na takov nacin a prijatelka moze da bide i nekoja devojka sto ke ja vidam na ulica od odamna ja znam i ke si napraam muabet na ulica so nea kako si sto pravis sto ima novo...
Другарка онаа што секогаш е со тебе што секогаш и кажуваш добри и лоши работи а пријателка онаа што имаш едно здраво како си итн ништо повеќе.
Кога бев помалечка моите другарки си ги викав другарки а на мајка ми другарките-пријателки ко демек поголеми и таков ми беше зборот тогаш,никој меѓу себе не се викаше пријтелката таа и таа седи до мене во клупа.Смешно е. И така ми останало,инаку мене сега како поголема ми се слични тие поими,како сакаш кажи ама човек од доверба да е,другар.Пријател.Д сеим.
Пријателка е некој подалечен, можеби од факултет, можеби од работа, познаник итн со кој сте во добар однос но не му кажувате којзнае какви работи за вас или да имате интимен разговор. Другар е некој со кој и без зборови се разбирате, секогаш ви го чува грбот, совети и разни тајни споделува со вас. Знаете многу работи еден за друг. Штета што овој вториот вид е се пореток.
Како другарка сфаќам да биде во добро и во зло со тебе, да те смее и заедно да правите се, лудости, да разговарате постојадо и мноогу да се дружите.. А за пријателка мислам дека треба да те советува и да и ги кажуваш сите свои тајни..
... ...........за мене голема разлика... ,, ,другарка според мене е жена со која се дружам повремено.по потреба или повод... ...пријателка е личност со која делам тајни,ми е морална и финансиска подршка,секогаш е со мене и во арно и во лошо.....
Хмм мене па некако обратно ми е другарка ми е нешто поблиско,додека пријателка ми е само онака нешто како другарка со која не споделувам тајни
Пријателка-девојка за дружење и забава,тие ни се најчести во животот. Другарка-девојка на која можеш да ѝ се довериш со се!Која е рамо за плачење,те поддржува во се и ти ги дава тие мили и другарски совети,со кои не сака да те повреди за да не го направиш погрешното.Другарките(најдобрите) се најректите луѓе во нашиот живот.
За мене другарка е некоја со која ги споделувам тајните, секогаш е тука за мене и во добро и лошо, а додека пријателка е некоја со која сме само на здраво
Другарка е некој кој ти е близок, можеш да му кажеш се и секогаш ќе ти помогне кога ти е потребно. Пријателка некој кој го познаваш, но не сте блиски и само си „правите лице“ кога ќе се видите.
Другарка е онаа која е тука да ти помогне, да те ислуша и поддржи. Онаа во која ќе имаш намногу доверба и онаа на која можеш се, буквално се да и кажеш. А пријателка е онаа со која имаш едно здраво, не толку длабок муабет, некоја школска на пример..
Под поимот другарка подразбирам таа која што ми помага која ги чува моите тајни а пријателка онаа која што само се дружам
Под другарка подразбирам со некоја која можам да бидам блиска и да се дружам а,под пријателка онака поздрав и по некој муабет
Другарка- поблиска личност со која се поминува повеќе време, со која може да се зборува за се и на која најчесто се доверуваме. За жал, многу ретки личности, поради што побројни се пријателките, познанички со кои може но и немора редовно да се дружиме и муабетиме.
За мене другарка претставува поблиска личност од пријателка, личност со која се минува повеќе време и се споделуваат повеќе нешта.
Другарка е блиска личност, со која се поминува повеќе време заедно, се споделуваат заеднички моменти, излегувања, дружби, најчесто другарката е на иста или приближна возраст со нашата, обично другарството е поинтензивно, а често и подолго трае, а додека под поимот пријателка подразбирам личност со која се знаете, повремено се гледате, поретко во секој случај, може и да не е на иста или приближна возраст, се запознавате под сплет на околности и немате некоја преголема близина.