Предрасуди

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Superiska, 18 март 2010.

  1. Superiska

    Superiska Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    33
    Dali imate predrasudi vo zivotot?
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Темава е многу широко поставена. Сепак ќе се потрудам да одговорам.
    Значи предрасуди немам... од никаков тип, се додека тоа директно не влијае на мене. Што подразбирам под тоа? Па еве на пример: хомосексуалците не ми пречат, не би ми пречело да имам пријател или пријателка кои се ориентирани кон истиот пол, но не би сакала кога ќе имам деца тие да се хомосексуалци. Ете така :)
     
  3. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.386
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Лично јас немам предрасуди, а најмногу ми сметаат предрасудите за оние од село, демек ако се од село се селјаци, со вакви, онакви манири и сл...
     
    На butterfly.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.402
    Допаѓања:
    200.953
    Пол:
    Женски
    Сите луѓе имаат предрасуди, глупаво би било да речам дека немам... меѓутоа, се трудам да не ми го дефинираат животот, и да не ги покажувам. Од мала ме учеле дека треба луѓето да ги прифатам онакви какви што се, и така и правев. Ама искуството ме научи дека многу често луѓето донесуваат заклучоци базирани на предрасудите. Се трудам да не сум таква... сите ние сме различни единки, и зошто некого би го отфрлила само затоа што е поразличен од мене, на пример, по боја на кожа, раса, вера, полова определеност или не знам што? И јас сум различна од другите, доста поразлична, и доста често сум среќавала луѓе со предрасуди поради кои имав и комплекси во пубертетот... ама на крајот заклучив дека ако на некои луѓе им пречи тоа што сум таква каква што сум, не морам да бидам со нив, ниту тие со мене - и среќна сум што тоа сум го открила на време... фала, пријатно!
     
  5. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    за жал морам да си признаам ама ИМАМ предрасуди...колку и да се трудам да се ослободам од сите предрасуди некои едноставно ми се дел од карактерот....се обидувам колку можам да прифатам се што има околу мене, сите сме луѓе со позитивни и негативни особини и навики...ама едноставно преку некои работи неможам да поминам колку и да се трудам да бидам либерална :) :) :)
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.711
    Пол:
    Женски
    Па секој човек има предрасуди. Предрасуда е кога се има слика за некоја група на луѓе, стекната од само една поединка. Како на пример дека британците се ладни луѓе. Не сме ги сретнале сите британци па да знаеме.(ова беше најопшто земено) Јас не се замарам баш со вакви работи, бидејќи секоја индивидуа си е различна и најчесто била каква категоризација е погрешна.
     
  7. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Животот ме научил да немам предрасуди! Сум имала порано и тоа многу, имав предрасуди за се. Но, денес веќе не е така... И за тоа сум многу среќна, што живеам со ум без предрасуди ;)
     
  8. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Имам но се обидувам никогаш да не ги истакнувам и да не давам заклучок за одредена група на луѓе... И да би било добро да се надминат предрасудите...
     
  9. Angel.in.dark

    Angel.in.dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2010
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    25
    Исто и јас немам предрасуди а ми сметаат горенаведените, исто и ми сметаат предрасудите кога скопска шмизла (пример) која што живее во 24 квадратен стан, со цело семејство, дигната цура, секогаш на штикли, кога ќе види некој од село кој што има прекрасно уредена троспратна куќа, убаво облечен педантен го нарекува СЕЉАК??!!?
    А што таа дека живее во центар и мисли е некој и нешто?? Еххх тие најмногу ме нервираат :@

    И пак да наведам ова е само мое мислење и пример :)
     
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.954
    Допаѓања:
    35.851
    Пол:
    Женски
    Немам предрасуди и многу ми пречи кога некој има предрасуди за некого без да го запознае каков е.
     
  11. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    е ова е една од работите што ме иритира во овој наш свет.
    Зашто бе луѓе предрасуди да имаме, секој си има право како ќе си го живее животот и тоа не е наша работа.Или па што е криво некое дете што е ромче или незнам што, и што сеа треба да го одбегнуваме и мразиме само поради тоа.
    ах колку се злобни луѓево за жал :(
     
  12. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Немам кој што сака нека прави секој човек има свој живот што го прави среќен и го живее како што сака и што имам јас сега тука да се мешам? :D сите сме различни со различно мислење и различен начин на живот воспитување и.т.н и ако почнеме со предрасуди не знам што ќе биде :)
     
  13. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Предрасуди е широк поим и зависи за какви предрасуди треба да се зборува.
    Ако мислиш од типот дека ако некој е од различна националност , се дружам со сите , но никогаш не би имала дечко со некој од друга вера, нити па ќе дозволам мое дете да има.
    И други примери имам ама во друга прилика
     
  14. fairytale

    fairytale Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    24
    Немам предрасуди, мразам предрасуди, зборувам за предрасуди. Сакам луѓето да ги немаат. Бидејќи секој си има право на свој живот и само тој си знае како ќе го проживее.!!
     
  15. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    :y:
     
  16. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    повеќето од нас верувам искрено се изјаснија дека немаат предрасуди - баш никакви
    истото би го кажале и 9 од 10 лица што ќе ги сретнете на улица "не јас никого и ништо не осудувам !"
    тогаш зошто реалноста е поинкава посебно на балканов , зошто врските хомосексуалните и браковите склучени помеѓу лица од различна верска и етничка припадост се осудувани од општеството :?: ?!
    зошто живееме во заостанат свет , зошто цел Охрид зјапа во мене кога го сончам газето во танга ..?! :^)
    искрено и јас се прашувам
    тоа сум јас тука на форумов , пред моите и пред светот , таа истата .Оние кои ме познаваат ( а не и поддржуваат во моите ставови ) би ме опишале како личност без никакви предрасуди ете баш ниту една ..
    светот е слободен , оставете ги луѓето да го прават она што ги прави среќни , со ништо не ви штетат лично вас
    зарем не е време да направиме промена , почнете од себеси , јас одамна почнав , иако тоа е како да одиш во поход против светот
    free your mind 8)
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  17. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Искрено не верувам во тоа дека сите искрено се изјаснија по однос на оваа тема, а можеби некои и не се свесни дека имаат предрасуди кон нешто, некој или сл.

    Јас имам предрасуди за одредени нешта, меѓутоа се носам тоа и успевам да ги поттиснам односно да не ги манифестирам толку јавно што би ми правело пречка во животот.На крајот од краиштата ништо чудно
     
  18. parisheroinstars

    parisheroinstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    25
    Нема човек на планетава кој нема баш никакви предрасуди. Но секако, предрасудата е нешто негативно и треба да се бориме против неа.

    "It is never too late to give up our prejudices." -- Henry David Thoreau
     
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.895
    Допаѓања:
    25.988
    :y: http://www.youtube.com/watch?v=x9CSnlb- ... re=related
     
  20. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Имам предрасуди за хомосексуалците, секташите.......и др.!
    Кој што ќе рече дека нема предрасуди, ќе излаже! Кој е така екстремно либерален, ќе го частам!.....