Имате ли некој прекар ? Што мислите за таквите додатоци што се ставаат на нечии имиња!? Пример за најглупав, најсмешен прекар? Познавам еден што покрај името го викаат Будалата Најчудно е што не се лути воопшто туку се гордее со тоа
Имам милијарда прекари, бидејќи името ми е големо и разни прекари ми измислуваат. Инаку немам некој чуден прекар, освен тоа што порано на неколку форуми се имав потпишано како *****мк, па сега ме зезаат и ме викаат *****мк од ск . Инаку другар од клас го викавме Буце или Дебел, ама он не се нервираше, не се лутеше си го прифаќаше тоа . А други такви прекари немам. Обично скратено од името ги нарекувам луѓето.
Хехехе.. Сега се потссетив наа основно.. Бев шесто одделение.. и наставничката по географија ме извади на табла да пишувам важни точки од лекцијата.. ии наставничката во тој тефтерот имаше напишано луцерка.. аа мене неубаво ми се виде и на табла напишав ПУЦЕРКА.. хаха.. така ме викаа цела година..
Не мора прекарот да биде изведен од името. Може нешто што воопшто нема врска со името. Име на некое животно на пример.
Со мојата најдобра другарка имаме премногу прекари но за секој прекар има причина ноо не се за во јавност : таа мене Кока Кола јас неа Фанта, циганчици, пед*р, бандит, коп*ле и мноогу многу други, во момент не ми текнува..А инакуу мене од Тамара ме викаат : Тиа, Там, Тиди, Теди, Тамуш, Таче и слично.. Најсмешни прекари кои ги имам слушнато ( така ги викаат луѓето на презиме ) : Фача, Мрсул, Пипеука, Мечокот, Вујза...
Мене ме викаат највеќе скратено од името. А незнам како им дошло како помала моите ме викале Дорчо незнам ни дали сум го прифаќала тоа.
Немам прекар ама татко ми ми вика ИКИ и тоа ми е нормално кога ќе го слушнам од него, ако некој друг ми рече ИКИ се ежам
Мене на времето ме викаа невреме, тоа дека бев многу нервозна и избувлива Ама не сите, братучед ми ми го смисли, ама среќа не продолжија да ме викат така.
па сега скоро сите викаат по прекари .. најчест прекар ми е стефи, а мразам некој кога ќе ми каже стефани или стеф уууф ..
Речиси сите ме викаат Кате, само дечко ми ме вика Калинче. И покрај него сите сега неговите ме завикаа така Инаку оние прекари кои се по малку навредливи ич не ми се допаѓаат, и никого не викам по прекар. Без разлика каков е прекарот. Си имаме сите име, за тоа служи.
Мене ме викаат скратено од името секогаш .. а брат ми шо има еден другар го викаат шлаки зошто многу е шлакнат
Баш сега ги читав и се изнасмеав, па морав да ги споделам тука - Битолски прекари : РАСПУСТО – оти е роден на 10 јуни ЛАГАТА! - оти има куси нозе Резило - пошол да си купва патики по влечки и по чорапи СВИОКО - живеел на некоја кривина! Неспремното - оти ко му се пуштала некоја (грда?) и` рекол „не сум спремен“. САНТИМО - за сантим немал два метра кутар тој 199цм.... Во четврто, на запознавање на општеството, учителката го прашва Иле како се вика текстилната фабрика од Тетово? А овај дума, дума и едно време вели ТЕКСАС! Е, од тогаш сите го знат ко ТЕКСАС, а Иле уште само мајка му го вика. Две први другарки беа многу суви и ги викаа СЛАМКАТА И ТРЕФКАТА АЈКУЛА - оти ко ќе тргал марихуана ајкули му излегвале Ќошо - оти Ивица се вика ЛАНОТО - Одпрво ЛАЈНО му викаја, па се лутел многу, па после нагалено почнаја ЛАНО да го викат! ДРЏ - домашна расна џукела Нитрото........оти црногорец е детето и "екстремно е брзо" Индексо - прв во цела мала се запишал на факултет ЏОГЕРО - висок, слаб со виткана коса Купусо - оти се истрижал неубо и личел на зелка + љубел некоја дебелка - каца. Ленче шц' - сите машки шц праеле ко ќе поминела кркркр Џоле - Салафета ! оти женска му има фабрика за салфетки Спидот - оти секое лето шљака со speedo влечки по Широк Сокак! Кофчегот - интерен прекар за една висока, згодна и мрачна металка Индексо 2 - единствен во друштво со факултет Децималнио - не е баш „точен“, нормален Ќор - Оти на сите му викаше „Кај си Саша“ Пеце Грдиот - оти имаше едно кремче и беше фаца и на сите им викаше:„Кај си бе, грд!“ Иначе на Жабата брат му. ФЛОРЕ - оти љубовницата му се викаше Флорида Казанова – оти ко казан бил во главата Џони Walker - Австраљанецот шо го вртеше корзото по 20-30 пати денот (порано се криеше од сите со раката настрана), во последно време шеташе гушнат со сок од 1 1/2л. во пластично Пожаро – оти мајка му и татко му отишле во пожарна на родителска Струјата-оти го акна струја од појачало за бас пред да почни свирката......исто така познат како Мики-добиено по неговиот мачор...........исто така познат како Коцка-не се знај оти.. РАБРАТА - професор по биологија шо секоја реченица ја завршвал со рабра? (разбра?)
Ептен се добри, се згазив од смеење Да се вратам на темата. Немам прекар, ама зошто бев најмала по возраст во клас неколку машки другари ме викаат МАЛО. Не им се лутам, ама само нив. Ако некој друг слушне па ме викне така е тогаш има расправија. Па не за џабе ми дале име
Мене сите ме викаат Ане.Понекогаш може да ме наречат по име. Брат ми одвреме на време кога ќе му текне ме вика и Сељо,а со една другарка секакви прекари имаме
Предните заби ми се малку нанапред. Во осмо ми извадија прекар Зајак, Зец, Зајко... И некои такви модификации. Од почетокот се лутев потоа сеедно ми беше. Таман престанаа да ме викаат така, во втора средно си фатив дечко на прекар го викаа Зец Пак почнаа да ме викаат така поради него
Јас сум малото Змејче, по татко ми Змеј и не се лутам кога некој ќе ме нарече Змејче, ретко ептен ме викат така ама ете некогаш ке речат и тоа најчесто на тато пријателите