Против молењето за ЛАЈК на фб. офф нај-очајно нешто! ставила слики каде пола ци*ка и е надвор и пишува “ај лајк на сликава“ уште дрска а оние демек подобри “ај плс ако може лајк на сликава“ веке не им се замарам. ако сум во добро расположение не им враќам а ако сум нешто погодена од “точките“ враќам со “лајк кога навистина ке ми се свиѓа“ или кратко “не може“ некои се дрзнуваат, а повеќето не пишуваат и не ми праќаат веќе такви молби додуша сега си отворив нов фб и сега само оние што контактирам и што ми требат ги имам. а тие порно фб ѕвезди не само игнор и блок да не ме мрзи би им ставила
Против молењето за ЛАЈК на фб. Зависи од расположението... Ако сум добро расположена им оставам лајк, а ако не сум не им сотавам.
Против молењето за ЛАЈК на фб. Аууу немам нерви веќе за таквите,ако некој ми прати да му ставам лајк одма унфренд,ми спотребале таквите. А на дечко ми па кога и да се пушти на фб му стига нешто такво. Никако да сватам што ако имаш повеќе од 100 лајкови? Греотка ми се таквите неизживеани дечишта
Против молењето за ЛАЈК на фб. Знае да ми стигне некој линк и тоа од некоја си или некој си што не сум ни комуницирала со него. И знаете што правам тогаш? Ја делиткам личноста, и папа. Ебате глупостите.
Против молењето за ЛАЈК на фб. Јас сериозно немам поим за што станува збор. Какво молење за каков лајк?! Ја изгледа нисам из одавде, ама сериозно. Или конечно разбирам што значи generation gap.
Против молењето за ЛАЈК на фб. Пример јас ставам песна на вол и ти пуштам у инбокс- Еј Пирамид те молам лајкни ми ја песната А инаку мене не ми е јасна темата, што е всушност финтата?
Против молењето за ЛАЈК на фб. И јас прв пат слушам за ова Ретко отварам ФБ во последно време, ова некој нов тренд е?
Против молењето за ЛАЈК на фб. хаха многу глупава работа мајке ми. И јас имам такви во пријатели, ама иритирачки е жими се. Ако ми се допаѓа нешто ќе го лајкнам сама, нема потреба да ме молиш, зашо е за инает не ти ставам. A пазете го ова пишано од едно девојче на чат - пушта линк од слика, ај лајк и ком плс враќам.
Против молењето за ЛАЈК на фб. Јас на вакво нешто не сум налетала, може дека никогаш го немам вклучено четот, па не ме начекале да ми пишат...ама сум слушала другарки како зборат дека дибивале вакви молења. Очајно. Демек ако имам јас многу лајкови и најубава сум на свет, а па и голема работа да ако се лепотици коа се глупи, и се понижуваат Инаку сеси фината е сеа сите да покажеме како сме ние "паметни" и да плукаме по оние кои го прават ова. Зашто никоја во темава нема да дојде и да рече "да, јас молев за лајк поради тоа, тоа и тоа". Всушност сите ќе пишуваме сега против и ќе се чудиме
Против молењето за ЛАЈК на фб. Тие што ме молат за лајк (и останатите што замараат) ставени ми се во посебниот предел на чатот каде што никогаш кај нив ме нема уклучено...
Против молењето за ЛАЈК на фб. Зошто против???????? Па си имав ставено слика со муцки напучени и нормално дека молам за лајк. Не за џабе се мачев на гз од мајмун муцето да ми личи. Не е дека молев директно, ама самата фаца кажува - Зарем не сакаш да ми бапнеш еден лајк Спојлер (читај: бокс) ?
Против молењето за ЛАЈК на фб. Не е финтата да се покажеме демек ние сме најпаметни, него јасно пишува "против молење за Лајк" значи свои мислења за темата, а не докажување едни со други
Против молењето за ЛАЈК на фб. Мене ми е страшно иритирачки кога некоја познаничка со која никогаш си немам разменето збор на Фејсбук, ама ете сум ја додала да не испаднам „таа дигнатата што не ме прифаќа иако ме знае“ ќе ми набацува линкови од нејзиниот бебуш/дечко/маска за први април/нокт на допалецот/рандом избор на „лепотица Балкана“. Нападно е, а и повеќе иритира дури и од ланец - писмата од кои собрав неколку децении несреќа.
Против молењето за ЛАЈК на фб. На молење за лајк, возвраќам со исклучување од чатот и сместување на таа личност во листата на Blocked (која е креирана за таквите лајко-обожаватели).
Против молењето за ЛАЈК на фб. Нападно е, а и повеќе иритира дури и од ланец - писмата од кои собрав неколку децении несреќа. хаххахахаххахахахаххахахахахаме изнасмеа ххахах
Против молењето за ЛАЈК на фб. Јас го немам овој проблем бидејќи не спаѓам во категоријата девојчиња од 14-17 години Искрено незнам ни зошто е направена темава ако не сакате да ставате лајк не ставајте,ако ви смета кажете им дека ви смета или delete
Против молењето за ЛАЈК на фб. Молење за ЛАЈК премногу детинесто Зар има такво нешто??? Премногу смешно!!! Ставм ЛАЈК на нешто што стварно ми се допаѓа дали слика или песна без разлика