Форумџика на годината

Семеен проблем

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MyMar, 5 јануари 2010.

  1. ivanshe

    ivanshe Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Ако некој треба да биде разочаран во моментов тоа си ти а не мајка ти, едно е ти да имаш приватност ти си девојка не си мажена немаш деца па за некој да те проверува или да ти влегува на фб. Не треба да чекаш, само треба да си кажеш се, нема од што да се плашиш, на крај краева таа го направила проблемов. Знам дека не е лесно сега како од ведро небо ти се појавува проблем, и тоа не мал ама треба да се соочиш и без разлика на се треба да разговараш ако ништо друго ке ја знаеш цела приказна, и ке знаеш како да постапуваш. Што порано тоа подобро.
     
    На Nika666 и ljubam им се допаѓа ова.
  2. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Решив да и кажам што сум прочитала не се налути, ми објасни што е и како е всушност, дека стварно постои некој што и се удвара и неа само и годи тоа што на нејзини години сеуште ја сметаат за привлечна, но дека не е луда да остави 20 години брак и деца ради глупости... Така да ги разрешивме проблемите, фала ви на советите дефинитивно ме охрабривте да го почнам разговорот пошто мислам дека ке полудев ако ќутев... :)
     
    На maca99, ivanshe и ljubam им се допаѓа ова.
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    баш ми е мило за твојот чекор но сепак јас да сум на твое место би имала доза претпазливост а и не ја заборавај твојата тетка ни ти самата не знајш со што му ја полни главата на мајкати затоа не се опуштај премногу и покажиму на теткати кај му е местото не дозволувај таа да има влијание над мајкати пак ако таја е разведена незначи дека треба да иницира и другите да се разведат божееееееееееее
     
    На Nika666 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. danijela5

    danijela5 Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Проблематични родители

    Дали и вие се соочувате секој ден со вакви родители или сум единствена на свет? :^)
    Дали чувствувате дека ве третираат како мало дете,ви вршат притисок,ви наоѓаат мана во се што правите,ретко кога се случува да ве пофалат....вината скоро секогаш ви ја префрлуваат вас..постојано ви се лутат...не знаат да разговараат со вас?
    Дали би одбрале некое друго место на живеење,пример со цимери или баба /дедо само заради тоа што не можете да ја поднесете домашната атмосфера?

    Се чувствувам полна со негативна енергија секогаш кога ќе излезам од дома.Нема радост,нема среќа.Само карање. :worried: А се би дала да не е така.Но ете,јас не сум толерантна,а тие се прават само да ми згазнат на некој живец,и така иди до конфликт.Навистина не знам како да го решам овај проблем,посебно проблем е мајка ми која е голем лутач и нема недела да не се налути за нешто. :@ Исто така и двата се премногу сериозни луѓе ,што значи дека ретко сфакаат некоја шега.Нешто да кажиш,онака колку да тресниш глупост и одма ќе се налутат. :worried:
    Имам другарки кои буквално му се дерат на своите и тие никогаш не се налутиле.Не викам дека тоа е правилно ама моиве премногу сериозно си го сфакаат сето тоа.И што е најтрагично ,имаат многу застарени размислувања,она типичното дека женското ако има неколку дечковци е к*рва или ако се пијани не е домаќинка,ако не средва дома нема да можи маж да си најди и сл... :!:

    Навистина не можам да го поднесам сето тоа,имаме различни карактери,посебно со мајка ми :x .А отсекогаш сум сонувала дека ќе бидиме едно среќно семејство,ќе си се доверуваме едни на други,ќе си даваме мегусебно подршка,проблемите ќе гледаме да ги решаваме со разговор...Но ,се испадна спротивно.Тие не можат да се сменат,јас исто така нема да се сменам затоа што не ми одговара да бидам со задни размислувања(па макар и да имам само еден дечко никогаш нема да размислувам така и да велам дека женското е курва заради тоа ) :x .Искрено изгубив секаква надеж и што побргу чекам да застанам на свои нозе и да живеам на др место ,па макар и сама. :(
     
  5. elizabethsuon

    elizabethsuon Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    15
    Проблематични родители

    Не си единствена душо,слична ситуација и кај мене. Ете наполив 20 и кусур години а они се понашат према мене како да иам 2,секој божји ден се нервирам со нив,и кај мене,посебно мајка ми. Па бивало ли само да преговара,само да ме критикува,само да ме споредува со други. Се е арно само кога сум и јас така арна,на факултет(кој го завршив веќе),оценките да се арни за да може на другите да има со шо да се пофали,а кога иам проблеми одма бунт дома! Една осмица да добиев,замисли 20 и кусур години,имаше караници и лекции од мама и тато,и цело време повтарање дека не веруват во мене,дека нема да завршам,другите ова другите она. Не знаат да прашат,еј абе како иде учењето,лесно,тешко,само ко ке заврши испитот и право-шо имаш?! Абе чекај малце,па не сум мало дете. Од такт ме ваѓат. Колко пати ете некои проблеми со некои документи или било шо на факс,ако ми треба повеќе време за да го средам или нешто заглавам со него,,место да предложат решение,они-откажи се,ти лажеш,сама си ги измислуваш тие работи. Нема говорење за чуства,ма како,и да си признаеш,как ти е стварно на душичката,ке ти се исмеат,или само ке проклатат глава и толку.Сега завршив факултет,они дома та дома да седам,до нив,како така да идам у поголем град а камоли во друга држава.А не дека се интересират од мене кога сум дома него ај..не сум им дала никаков повод за таква недоверба. Кога и да е ке ми пукне филмот него ајде. А ова нека ни биде пример. Ова семејство неможе да го промениме,да гледаме тоа семејство шо ние ке си го создадиме да ни биде сложно и среќно.
     
    На danijela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mimi33

    Mimi33 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Јас имам еден проблем и ке ве замолам ако може некој совет. :)
    ....Знам дека во секое семјство има расправии,ни едно семејство не е совршено,но во мојов случај јас ја имам поголемата вина и секако дека татко ми и мајка ми ке се однесуваат поинаку.Направив мн гревови и се каам,но повеке неможам да издржам,сакам негде да избегам,да ме снема да не ме најдат никогаш.
    Значи сакам да ве прашам како да продолжам напред со моиве гревови,како мајка ми и татко ми да ми простат,бидејки стварно ке полудам!? Во некои моменти сакам далеку да избегам и да не мислам на ништо.
    Вие да бевте на мое место како би постапиле?
     
  7. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Мими малку подлабоко да го преставишѓ проблемов за да би знаеле како да ти помогнеме :)

    Сепак за секој проблем има решение . ;)
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.509
    Допаѓања:
    201.494
    Пол:
    Женски
    Ако може да бидеш малку попрецизна околу твоите „гревови“... така мислам дека ќе може повеќемина да те посоветуваат...
     
  9. someone2

    someone2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    58
    Значи на почетокот мајка ми почна да се понаша чудно, се нервираше повеќе, почесто излегуваше и почна да го крие својот мобилен телефон. Значи се до тој ден можев да и го видам нејзиниот мобилен оставен на маса било каде. Но сега го крие.
    И една вечер, имавме гости и јас го најдов нејзниот моб.тел. оставен во спалната соба на полнач. Го зедов и и влегов во пораки. Имаше пораки од некој број и беше запишан како “ Koleska „.
    Влегов и ги прочитав пораките, значи пораките беа од маж и беа љубовни. :( :'(
    Од тој ден дознав дека мајка ми го изневерува на татко ми.
    Се осеќав многу повредено и почнав да плачам. :(
    И остана на тоа, јас почнав погрубо да се однесувам со мајка ми. Почнав да ја нервирам, да нечистам дома итн итн. Кога и да најдов прилика да не е во собата а мобилниот да и е таму ги читав пораките.
    Тоа траеше околу 3 месеци.
    Вчера имав таква прилика зедов и прочитав пораките. Значи толку многу се разлутив, имаше пишувано за татко ми дека тој не ја сакал нејзе затоа не и обрнувал внимание итн итн. :@
    И јас го копирав бројот и му пишав порака еве ваква:
    Престани да ја замараш на мајка ми! Нели гледаш дека е мажена бе ѓубре едно. Да даде господ се најлошото што може да ти се случи! И да се разбереме ако видам уште една порака или повик до неа ќе му кажам на тато! И да не си се осмелил да кажеш на мајка ми за оваа порака. Престани да контактираш со неа затоа што многу добро ќе ме запамтеш! Мило ми е што се разбравме! :)
    А тој ми врати:
    Извини, незнам ни кој си, ни што зборуваш. Немам појма за какви мајки и татковци зборуваш. И не сакам никакви претњи и глупави зборови од некој што не го знам. Не коментирам повеќе и ако уште еднаш ме замараш ќе те пријавам во полиција така да си знаеш.
    Јас ни малку не се заплашив и пак му вратив со ваква порака:
    Ќе видеме баш кој на кој ќе пријавува во полиција. Не можеш да ме заплашиш со ништо и да добро ги прочитав сите пораки од на мајка ми моб. Незнам дали твојот живот ќе се уништи или мојот ако се дознае ова. И уште еднаш ќе повторам да не видам порака на нејзиниот моб. Фала на разбирањето!
    И потоа ништо не врати и сега баш пред малку влегов во пораките на мајка ми и ги беше избришала сите пораки.
    Сигурно тој и кажал и сигурно пак контактираат. Што да правам? :(
    Совет некој?
     
  10. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Mimi33 Какви гревови и да си направила се каеш и добро е тоа.Знам дека кога ке направиш грешка родителите не те гледаат како порано (мислам ке имаат намалена доверба..) но знај дека секогаш ке те сакаат и колку и да ти се лути секогаш ке ти помогнат. ;)
    А кај да бегаш,да заминеш од сите сакаш,наместо да се соочиш со се??
    Само биди храбра и девојче со свое јас кое учи од сопствените грешки и ке видиш дека се ке се поправи :)

    someone2 Ти тука ништо не си виновна и ништо неможеш да направиш.Знам дека е тешко сопствената мајка да го изневерува татко ти но немој со нервоза.Седни,зборувај со мајка ти и ако не го сака нека му каже,да не се лажат тука,а друго стварно незнам што да ти кажам.Дали ке му кажеш на татко ти,дали не тоа само ти одлучи си. :^)
    Видов дека имаш 13 год и знам дека ти е мн тешко и дека неможеш да се помириш мајка ти да сака друг освен татко ти (и нормално е тоа) но немој со нервоза,само себеси си правиш лошо. :)

    Поздрав и до двете се надевам ке си ги решите проблемите. :*
     
  11. someone2

    someone2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    58
    немам храброст да седнам да зборувам со неа :(
    иначе сепак фала :*
     
  12. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Прво смири се и не се нервирај толку,се ке се среди,а тука најмалку си ти виновна (односно воопшто не си виновна). :) :*
     
    На someone2 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. wwwbella

    wwwbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    8
    Семејните проблеми ми го загорчуваат секојдневието :( Татко ми има швалерка сигурна сум и мајками знае но залудно ја познаваме убаво и жената. Разбраа за ова и кажуваат мн пријатели и роднини но татко ми одрекува на очи будали не прави вели луѓето само сакаат да ни прават кавги го имаме и фатено со мобилниот но тој упорно не признава си го тера животот како сака касно се враќа од работа кај него си се парите што си сака си прави се слушнаа и некој муабети дека зимал стан. Со мајками отворено си разговараме неможе ништо да се направи илјадници денови и ноќи сум размислувала од него зависиме тој финансиски никогаш не ми прави проблем за се што ми требаат пари тука е но што ми вреди. Кога ќе почнат да се караат татко ми се заканува дека ќе си замине од дома и ќе одел да работи странство. Тешко ми е премногу што ни малку не се сожалува колку јас страдам поради ова, колку јас се срамам и го спуштам погледот занемувам кога се зборува во друштво на ваква тема кога ги одбегнувам луѓето за кои мислам дека дознале или има шанси да дознаат во какво семејство сум. Имам дечко долга врска иако тој ништо не ми рекол мислам дека знае ова е мал град тука се се знае се обидувам да не ја покажувам мојата тежина во душата пред другите да бидам весела но кога останувам сама длабоко издушувам што згрешив за толку да патам ;(
     
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    бела како прво мн.ми е жал што поминуваш низ ваков период од животот но што има фајде од жалење така.Штета што мајкати останала финансиски зависна од таткоти,сега сите можеме да велиме да си најде работа да се осамостои ти да најдеш работа бла бла бла,сите знаеме да зборуваме но тоа е долг процес и тежок период,јас ти препорачувам да разговараш насамо со таткоти не пред мајјкати насамо, потсетиго таткоти на убав начин како му е потребен на семејството твое како те повредва и тебе и мајкати како те страми,пишуваш ќе заминел странство и ќе ве оставен боже како тоа да е толку лесно тоа се само бледи закани да не му зборувате за тоа што му смета за жал,нека не ве плаши тоа треба да поразговараш и со татко или мајка на таткоти или негов брат или сестра некој со кој е тој близок да проба да го вразуми ако е можно ова ти го кажувам да се средат работите на најлесен начин,без кавги ртасправии разводи се разбира ако е можно.За дечкоти ако сте во долга врска не треба да криеш да се страмиш од него ти не направи ништо за да се страмиш туку твојот татко дечкоти треба да ти биди подршка и утеха проблемите треба да ги поминувате заедно двата фатени рака за рака не да криете работи еден од друг и да се страмите значи треба да сте блиски посебно ако сте во долга врска треба да поразговараш и со него и да бидеш искрена,имај трпение во целата ситуција со таткоти но сепак превземи нешто знам дека лесно е се речи но сепак кога се работи за семејни работи најдобро е да се даде све од себе прво на најмирен можен начин да се средат работите,ти посакувам све најдобро...
     
    На wwwbella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Ова е тешко да се трпи и боли многу,некој да ти прави лице,некој најблизок,а ти тоа да го голташ заради тоа што си финансиски зависен од него.
    Ако мајка ти е храбра жена,борбена,нека си најде каква таква работа.Бутик,чистење,било што,можете и вие да и помогнете.Разбирам дека ќе биде тешко,ама јас би избрала такво нешто,и не би сакала ни денар од таков човек.
    Не видов колку години имаш,можеш и ти да побараш работа,мајка ти ,сигурно ќе бидете посреќни,а и тој ќе ви плаќа алиментација.
     
    На wwwbella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
    Татко ми има 70 години и последнава година тотално изгуби желба за живот.
    Веќе некое време не се дружи со никој (може само до продавница да се симне) и многу ретко јаде (најчесто на само на сокови и кафе е )
    Очигледно е дека има некој посериозен здраствен проблем и упорно одбива да иде на доктор. Не знам што да правам , цело време го терам де да јаде де да иде на доктор....џабе! Му кажувам дека ми е тешко , барем за мене нешто да направи.. јок!
    Стварно безизлезна ситуација , неможам да го натерам да превземе нешто за здравјето а од друга страна срце ми се кине секогаш кога ќе го видам како полека пропаѓа.
    Му се има ли нешто вакво случено на некој друг , некој совет.. ?
     
  17. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    11.614
    Пол:
    Женски
    Да не сте изгубиле некоја драга и блиска личност? Кажуваш дека промената започнала пред една година, можеби му се случило нешто што не сака со никој да го сподели, а го уништува од внатре? Можеби е во депресија?
    Пробај да разговараш со него, да го изнесуваш надвор, макар и со 300 молења.
    На крај, донеси доктор дома, ако нема никаков друг начин.
     
    На Mermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Someone, јас разбирам дека си многу бесна на мајка ти, ама предалеку си отишла :!:

    Немаш право ниту пораки да и читаш, ниту да се закануваш на тој човек. Мајка ти е пред се жена и тоа е нејзина работа, она си ги знае причините поради кои ова го прави и навистина немаш право да праќаш такви пораки. Поубаво да си седнела да направиш возрасен муабет со неа, отколку да се однесуваш како типична тинејџерка и да се закануваш на некого што не го ни познаваш. И зарем навистина помисли дека со една таква порака контактот меѓу нив ќе прекинел?!
     
  19. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
    Тинкербал навистина фала на одвоеното време. Ова постепено почна да се случува, само на почетокот не обрнував многу внимание.
    Не сме изгубиле некоја блиска личност ма да кога ке подразмислам, во минатото имал лоши настани и огромни проблеми со синот од првиот брак ... можда и тоа го јаде пошо не контактираат.
    Сега за сега решив барем со супи и цедени сокови да го напнувам... не е храна ама барем да внесува по некој витамин.И решив мајками да му се јави (разделени се) и да му каже колку ми е тешко па може ќе има поголем ефект .. не знам :(
     
  20. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Проблем бр. 1 - Излегувањето надвор. Сите мои врсници и врснички излегуваат до подоцна. Па вчера фино лепо, си дојдов дома еден час подоцна. И кога почнаа да викаат. Па и баба ми од друга страна. Баба ми и нејзините фантазии - ќе ме фател некој, ќе ме силувал итн. Јас сваќам дека има опасни луѓе деновиве и ја разбирам нивната загриженост. Но живеам во мирно мало место каде што ретко некогаш да се случило силување и слично. Сакам барем малку подоцна да се враќам дома, бидејќи дома и нема што да се прави.

    Проблем бр. 2 - Седењето на компјутер. Секогаш ми велат дека многу седам на компјутер, а кога не седам на компјутер и сум надвор - многу сум шетала. Незнам како да им угодам. Татко ми е малку насилен и лесно знае да се разлути и да дигне рака. Веднаш почна да вика и да се дере. Рече дека кога ќе почнала училишната година, ќе го продадол компјутерот. А баба ми па почна да се смее дека ништо нема да сме имале јас и брат ми (уффф, злобно суштество, ја мразам). Јас пројдов оваа година океј. Имав две слаби оценки (3 и 4) ама другите ми беа 5 и поминав одлична. И пак не им е доволно. Се трудам многу но тие два предмета не ми одат и крај. Татко ми не сваќа дека компјутерот ќе му треба и на брат ми и на мене. На брат ми за на факултет, мене за да правам презентации и сл. за на училиште. И тој пак по негово. Ова малце глупо, ама стварно неможам да со слушам веќе. Претерува.

    Хелп. :worried: