1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје. Од сите агли.

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Shelea, 4 септември 2010.

  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    42.990
    Да се изјаснам прво.
    Деновиве сум под влијание на меланхолијата што го опфаќа градов.
    Родена Скопјанка, ме интересира, вашиот став, за Скопје. Живот, случувања, како се чувствувате овде. И оние кои само престојуваат тука, и оние кои се родени во него.
    За мене, Скопје е грд љубовник.
    Скопје, инспиратор.
    Мисловен вибратор.
    Одвратна паланка во која дишам, се мењам и најчесто...
    Одам за да го гледам.
    Настрана популацијата во него.
    Скопје е убаво.
    Само на сликите од 1954, а и во главите на илузионистите.

    Има соништа и магли, снег што се претвора во повраќаници еден ден откако ќе падне.
    Во лето испарува фекално.
    Невиност и грев, се`во него е за да го доживуваш.
    Поврзана и истовремено отуѓена.
    Лебдачки простор е Скопје, затоа го љубам од петици.

    Можеби само, би го напуштала понекогаш, за да му фалам.
    Мене сигурно би ми фалел.

    Пишете, што е за вас градов. Или вие што сте за него.
     
    На senjorita-v, Karamela12, Matotheja и 2 други им се допаѓа ова.
  2. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Не ми се допаѓа архитектурата на Скопје. Пред некој ден се возев во автобус и си се прашувам: Добро, каде ли живеам јас? Никнуваат згради секој ден, без никаква организација, тотален хаос после земјотресот. Мало место за толку многу објекти, мало место и за толку голема популација - Скопје не може да дише! Не ми се допаѓа плоштадот каков што е сега и се надевам дека ќе се среди за брзо време. И кејот исто така треба да се среди. За хигиената да не зборувам, ама сепак тоа е до нашиот менталитет.

    Од друга страна пак, ми се допаѓа тоа што Скопје е, како што би рекол мојот професор по економика - монопол. Во него има буквално се, за разлика од останатите градови од провинција. Почнувајќи од најголеми трговски центри, маркети, бутици, најразноразни продавници, па ете тоа ни е предност. Ми се допаѓа и животот во Скопје, кој некогаш знае да биде напнат, ама ние луѓето некако се привикнуваме.
    Го сакам Кале, го сакам Водно, ги сакам парковите во кои многу често го поминувам времето. Ги сакам манифестациите кои се одржуваат тука, како Бела ноќ, Пиво Ленд, Скопско лето и ми се допаѓа тоа што најмногу музички концерти се одржуваат токму тука. Скопје си е Скопје, дома си е дома, а јас секогаш кога патувам надвор ме фаќа носталгија за дома :)
     
    На LittlePinky и crimson им се допаѓа ова.
  3. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Скопје... Убаво ми е милото Скопје од повеќето агли. Убаво ми е заради емоциите кои ми ги чуваат спомените од сите настани, од сите искачања, од сите дремења на љуљашки, од дискотеките во парк, од брзањето низ трговски накај школо, јадењето пица сендвич од 511, доолгите прошетки по Орце, седењето на фонтана во парк, гледањето зајдисонце на Кале, изгрејсонце во летно мрзливо утро помеѓу двете кули!
    Најубаво ми е во лето, кога е полупразно, кога на Партизанска можам да се движам без да се гушам. Во летно утро да го гледам од Водно, едвај, заради згуснатиот смог, во зима кога прва го газам снегот низ парк...
    Сега малку ми наликува на монотона сива врвулица, сите ми се некако минливи, секој си брка работа, а никој не го живее Скопје.
    Ми фали мирот на Ленинова и клупите што беа кај што се сега кафичите кино Карпош и Филипис. Ми фалат зошто ми ги чуваа спомените, сега нема ништо што ме потсеќа на некои нешта.
    Како нигоаш да не ни постоеле.
    Но, се менува, расте, ние пораснавме веќе. Јас сум за Скопје носталгична душичка што го чува онакво какво го памети пред да никнат сите шарени паралелопипеди со милиметарски терасички поставени како лего коцки...насекаде!
    Но, убаво ми е пак, расте, се менува го засакувам и вакво, си правам нови спомени, па утре ќе го сакам повеќе денешново Скопје од утрешното!
    Како и да е, и да си одам од овде, секогаш ќе доаѓам да преживеам некои места повторно!
     
    На OrdinaryGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    23.641
    Го Сакам Скопје, зошто ми е дом, прибежиште..
    Го сакам заради мирисот на липа пред зграда, заради калливиот снег во зима, заради паркот во пролет. Ги сакам летните вечери во парк со вино и гитари, и пирошки. Ги сакам спомените од средно, и сите изгрејзонца дочекани во * Кај Вујче* со бурек. Ги сакам скриените патчиња во чаршија, чајот во чајџилница и бурекот од 20 денари. Ги сакам скриените места кои ме потсетуваат колку е Скопје мое и колку му припаѓам. Ги сакам клупите кои сведочат за моите љубови.

    Да, знам дека дишам за Скопје затоа што кога бев далеку од тука, ми се солзеа очите на * Само дома си е дома* и * Ова е само нашеее Скопје* и на *Скопските Девојки*.
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Го сакам Скопје онаквко какво што е, онакво какво што било и онаквко какво што ќе биде.
    Не би издржала долго, да неможам да погледнам од мојот прозор и да не го гледам Скопје... го сакам моето маало, тивко, мирно, чисто место за живеење од каде што се гледа целооо Скопје.
    Го сакам Дебар Маало, ја сакам чаршијата, го сакам ГТЦ, сакам да се возам по кејот, да шетам низ паркот во есен кога патеките се полни со жолти лисја... го сакам Водно и пролетните прошетки, а највеќе од се го сакам погледот од крстот кога се разденува аааах Скопје.
    Скопје ни ги чува сите спомени, и е сведок на сите наши љубови и глупости и нашето детство и се, секој највеќе си го сака родното место така и јас неможам без Скопје, во него се сите луѓе што ги сакам и сите места што ми значат :inlove:
     
  6. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    5.840
    Тука, во нашево Скопје, се школувам, ги имам стекнато првите пријатели, тука ми помина детството, ги имам правено најголемите глупости.. Токму тука, во оваа мала Скопска населба научив толку многу работи. Научив како е да си храбар, да не го покажуваш стравот, како да ги избираш пријателите, да внимаваш на себе, да не му веруваш на секој, со страв да се враќаш дома, да бидеш сведок на гадни работи.
    Од мојот стан го имам убавиот поглед кон: клупите, заградените паркови, ширинката со старото навалено дрво, двете клупи, и автомобилите околу неа. Во есен имам поглед кон дрвата и кон лисјата кои паѓаат, кои ме потсетуваат кога се собиравме сите, ги собиравме сите листови и рипавме врз нив, а пак во лето се сеќавам на брканиците кои беа во парковите и детските безгрижни денови. Да не заборавам да спомнам дека тука пукнав една глава. :rofl:
    Многу, многу глупости, на кои се сеќавам откако ќе пуштам поглед низ прозорецот.

    *Сега си ја опишав само мојата населба и мал опис на случувањата во неа. Во наредна прилика ќе кажам и за другите делови од Скопје. :)
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Веќе 11 години како сум во Скопје. Најмногу време засега се имаме задржано тука.
    Скопје е мојот дом. Го сакам со сите фалинки и маани.
    Не би ја коментирала популацијата и приливот на луѓе, лоши и добри, воспитани и невоспитани ги има секаде, во секој град.

    Го сакам Скопје, зашто е жив, динамичен, врие, дише од секоја пора. Старата чаршија, Кале, Водно, Матка се' до новите градби. Не ми пречи вревата, затоа што лете се смирува и е чудесно празно, ниту правот и прашината кои ги крева, во секоја смисла на зборот.
    Го сакам кејот покрај Вардар и улица Македонија, Градскиот парк, Дебар Маало...

    Можеби би сакала да е повеќе чист, но го сакам и нечист. Тоа е Љубов ;)
    Возењето во 57-ца да речеме после Бит Пазар открива сосема поинакво Скопје. Од друг агол.
    На ум сум да се извозам во сите автобуси, од прва до последна станица за да си го запознаам поубаво. :)
     
    На senjorita-v, Twinkles, QueenElena и 3 други им се допаѓа ова.
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Цело детство го поминав кај баба ми во Центар, а сум родено аеродромко девојче. Тогаш Скопје ми беше големо, да не кажам огромно. А што е не е огромно за детските чекори?
    Сега Скопје ми е мало. Мало за шетање, мало за остварување на моите желби, за заживување на моите амбиции, за дружење, за купување. Скопје ми нуди мал избор, а јас сакам тооолку многу.
    И се чини што и да кажеш, нема некој во градот што нема да дознае. Што и да направиш, има некој што тоа го знае, или го направил тоа пред тебе.
    Понекогаш би сакала ова да не е“наше Скопје“ и тука “да не ми е се“. Ама така е , и тука е.

    Дедо ми , стар Скопјанец, живее и дише во спомените за старо Скопје, за корзото или офицерскиот дом. Горд што е стар скопјанец и тажен што не може да разбере што се случува и зошто градот веќе нема лик.
    Имав и професорка што беше толку надувана со фактот дека живеела кај офицерскиот дом, што и беше неприфатливо да гледа како луѓе од секаде доаѓаат и и го сквернават Скопјето и.
    Со сестра ми се шалиме дека на внуците ќе кажуваме како сме живееле пред Скопје 2014... :!:


    Се на се, не можам да кажам дека не го сакам мојот град. Секое ќоше, секој агол си крие некоја мистика. Секоја клупа има приказна, а секоја улица има авантура.
    Толку многу спомени...
    и знам дека каде и да одам,тука ќе се вратам.
     
    На Phyramide и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  9. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.442
    Допаѓања:
    10.319
    Пол:
    Женски
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Скопје има посебна магија, а таа може да ја осети само тој што живеел во него, се поистоветил со градот, го засакал, дишел во него итн. Не е убав градот ако зборуваме за класична убавина на еден град, но убавината не се крие во чистотата, во среденоста ниту во спомениците или архитектурата, се крие во неговиот дух. А Скопје тој дух го има.
    Го сакам Скопје бидејќи има илјадници катчиња кадешто може да се сокриеш, покажеш, да шеташ, да рипаш, да надбљудуваш, да правиш тоа што ти се сака и пак ќе ти биде убаво.
    Го сакам бидејќи ја има старата чаршија, кадешто од лево седи стар дедо и си свети со сијалица за да може да ја дочита книгата, од десно свири џез група, пред тебе играат шах, зад тебе играат табла, џагор, довикување, тишина, пеење, смеење...таму има едноставно се.
    Го сакам Калето, Водно, дебар маало, ја сакам таа посебна летна тишина, фонтаната во парк, пазарите, раздвиженоста, луѓето, шмизлите, локалните фраеришта, интелектуалциte, уметниците, циганите кои те бркаат со тарабука на плоштад, па ако не им дадеш пари ти колнат све по список :) ги сакам муабетите на зелено пазарче, мирисот на липите во јуни, мирисот на печените пиперки особено во септември, дури и тие проклети дупки во кои знае да ми западне штиклата ги сакам ....сакам се, бидејќи се е дел од мојот град, и да нема едно делче веќе тој град не би бил тоа што е....и кога не сум во Скопје, ми недостига премногу и едвај чекам да се вратам во градот каде и хаосот има душа, и кадешто мојата душа си го пронаоѓа своето место.
     
    На senjorita-v и beached им се допаѓа ова.
  11. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    343
    јас сум веќе четврта година во скопје и освен град за моето студирање скопје е и град каде ќе можеш да најдеш се што ти треба на едно место.најмногу избор за облека видови и цени,најмногу кафичи за денска шема,интересни места,многу луѓе и си слободен некако,се ти е на дофат.го сакам скопје ама не центар,не го сакам само поради брзиот начин на живот,секој некаде брза.затоа ја сакам периферијата на скопје за живеење,а за работа некаде на средина скопје..... ;)
     
  12. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Сите капацитети во Скопје се полни, градов врие како кошница!
    тука се основците - ги влечат полните ранци по улици...а родителите нивни зе буткаат во просветно дело со списоците за школскиот прибор :lol:
    тука се и средношколците - нашминкани и дотерани средношколkи се шеткаат низ центар, после часови....особено денес ги видов оние од ЈБТ :makeup:
    тука се и студентите - освен домашните, пристигнати се и оние од другите градови.....па се плонат сега дискотеките и кафичите навечер, а преку ден во продавниците се бараат фенси парчиња облека и се пие шемаџиско кафе :rofl:
    пензионерите се во парковите - ги користат преостанатите сончеви денови и ги топлат старите коски :!:
    оние работниците брзаат да не речеш трчаат низ градов - некои каснат за на работа, на некои пак им завршило работното време и брзаат накај дома да се одморат :)

    Ова ми беше впечатокот од денешниот ден...завршив неколку обврски и успат си се загледував наоколу и си ги анализирав луѓево....сигурно си помислиле шлакната ама гајле ми е, сфатив дека ми недостигаше гужвата летово (тоа ти е навика...не дека многу ја сакам) :lol:

    P.S. постов ми беше наменет за СДК ама оваа тема е посоодветна, во некоја наредна прилика за тоа како јас го доживувам градот цели 20 и кусур години ;)
     
    На INSIDIOUS, Phyramide и mims-89 им се допаѓа ова.
  13. macaaaaa

    macaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    267
    Почнав да живеам во Скопје пред 5год кога се запишав на факс. 4год предавања, обврски на факултет, излегување, дружење, па после уште една година работа по Скопје, дополагање испити, и уште повеќе излегување.
    Кога отидов првиот пат не ми се допаѓаше воопшто, но со тек на време се навикнав на динамичен начин на живот. Пред 2 месеци се вратив дома и сега искрено кажано се мрднувам дома, се едно исто, исти места, исти луѓе, знаеш кој на која маса седи и што пие, малограѓански размислувања, опседнатост со туѓи животи, живот не за себе туку за другите.
    Можам само да кажам - Skopje l miss you :(
    Живеам само за моментот кога ќе заминам далеку одовде.
     
  14. sexybaby22

    sexybaby22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    22
    Скопје Скопје Скопје ...
    Ах овој град кој што ти го магепсува срцето со својата убавина..
    Во него живееам уште од малечка .. И за ништо на светов не би се одвила од него.
    Може нее е кузнае колку голем град но во него се е собрано паркови, фонтани, тесни улучки по кој трчаат весели дечиња, дискотеки кафичи од кој сите имаат по некој луд спомен.. Има посебна архиктетура и многу споменици . Скопје е град со голема историја. Скопје е градот со магија ..
    Го сакам Скопје ..ги сакам малаата низ кој израснав и научив многу за животот !
    Да тој е тој Град Да тоа е СКОПЈЕ !
     
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Скопје во есен си има посебен шмек.
    Додека си се шеташ по уличките, газиш на мокри полускапани лисја, и те пирка мирис на ќумбенце. Да не го заборавиме и мирисот на ајвар, залутан од некој двор. И тука желудникот почнува да ти се стега :D
    Не знаеш што да облечеш, па завршуваш во чудна комбинација од капут со пролетни чевли или нешто слично на тоа. По улица луѓето само кашлаат или киваат или шмркаат, па веројатноста да закачиш настинка е на највисоко ниво. Во автобусите има гужва како на концерт, а старците поретко излегуваат на прошетки. Погледот кога стоиш на рекорд и гледаш кон улицата Македонија и стариот часовник е незаменлив. Вечна инспирација за фоткање, моја , ама и на доста странци. И така додека си шиба воздухот , бараш кафич за да се напиеш топол чај, кој ќе ти го наплатат како да пиеш чај од златен прав во центарот на Париз. Ама ќе си седнеш и ќе го испиеш, додека пукаш сеири од сите страни. Секако, едно е Скопје!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Се зависи, Скопје како да нема некоја целина како повеќе градови во еден, како и многу други градови во кои сум била од населба до населба огроооомна разлика пр.Карпош што гласи за најурбанизирана населба барем последниот пак кога го слушнав тоа на некоја тв емисија така беше до ден-денес во Македонија и спореди некоја друга, пр. Топанско (ништо лично, ама претерано е голема разликата) или Аеродром ама баш Аеродром со Драчево шо за мене не важи за населба не сум била 100години последниот пат коа бев си реков боље у Јурумлери да отидев!
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Скопје... Понекогаш го мразам, ги мразам гужвите во автобус, пренатрупаноста, мирисот на чад...
    Ги мразам луѓето што понекогаш ме вадат од такт со нељубезност, нетактичност, секогаш во брзање...
    Никој нема време за насмевка, за добар збор, само намуртени лица на кои им стежнал животот...

    Скопје... Мојата љубов. Не би можела никогаш, под никој услов да живеам во друг град во Македонијава. Го љубам сонцето кога фрла светлина врз градот. Обожавам прошетки во пракот, посебно во недела, кога луѓето се опуштени, се смеат со своите деца, ги трчаат кучињата, се запознаваат, се дружат...
    Преполните кафичи, раздвиженоста, продавниците... Се ми е врежано во срцето.
     
  18. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Скопје од мојот агол...хм... :?:
    Моменти.
    Слушам ѕвоно, не е будилникот :yawn: ... па ова е школско ѕвоно, ме будат децата што поминуваат под мојот прозор. Марко ја сака Маријаааа тра ла лала ла... одамна беше сум заборавила како изгледа големиот одмор.
    Кафе на балкон, мирис на липи и нафта, мирис на асфалт кој испарува. Катран и нарциси... да тоа е мисирот на роденденот на мајка ми, нарциси за мама, мимози за дада, дотерана цвеќарка со црвени образи и плава коса...
    Со точак по партизанска, мора некако да стигнам до Ѓорче, вртам на брзина: Ало, ставај турско без шеќер, за дваесет минути сум кај тебе, и спреми ги столчињата ќе ти седам во двор.
    И повторно липи, зебра, липи, зебра, липи ...така до Влае. Патем многу згради како кутивчиња, ѕиркам низ прозорите и си замислувам, како ли мириса овој дом, какво чергиче им стои пред вратата...
    Нозете ми се боси , ја допираат свежо искосената трева, додека си шмрчкам од кафето , она зборува ли зборува, сонцето заоѓа, сакам пред залезот да бидам на мостот Близнаци, сакам да го поздравам Вардар, овде е најубав... и повторно кон дома.

    Рекорд, колку бакнежи и љубови на едно место, гунгула, добра кондиција за да го стигнаш автобусот. Излози и празни џебови, мисли како да импровизирам, ако купам , сошијам, сплетем ...исто ќе биде, море поубаво ќе биде, вакво сите ќе имаат, а никој како моето, луѓе плаќаат за уникати.

    Книги на плоштад, ех, да книги а не споменици. Стрипче и амерички крофни, а Вардар како стар љубовник ми се смешка, да не ме следи ?
    Мора да се симнам на кејот да го прашам... каков Рекорд, Вардар крие љубов, никаде нема празна клупа за самотници како мене, па добро, топло е, ќе си седнам на скаличките.

    Скопје те сакам :l: Со тебе јадам , пијам , водам љубов, со тебе плачам , те напуштам и секогаш ти се враќам.
    Така гледаат моите очи, така звучи моето срце.
     
    На Sephora, Annath, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.082
    http://www.youtube.com/watch?v=SMK_3kE6mTE
    Скопје ти и јас
    и сонцето златно сме
    другари стари
    за нас си ти љубовна приказна
    од срце што ја подари ....
    тоа е нашето Скопје, најубаво на свет!!
    Не би го менувала за ништо на светот!
     
  20. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Мое Скопје.

    22 години во него, Скопје ја претставува нишката што се проткајува низ сите мои успеси и падови, љубовни приказни и јадови, солзи радосници и солзи од среќа, прв бакнеж и прва разделба, незаборавните моменти со дедо дур пешачиме по „Чаир“ планина.

    Има магија каква што нема во ниеден друг град, има дел од мене во секоја дупка во асфалтот, расипан семафор и дрвена клупа во паркот. Го обожавам скопското изгрејсонце на свежо мајско утро, дур си го пијам кафето и ја пушам првата цигара. Го обожавам и зајдисонцето на топла августовска квечерина, дочекано во прегратката на мојот сакан Скопски фраер.

    Мојот дом.
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.