јас за последниот роденден од најдобрата другарка добив слика во рамка, од нас две, сликани на мојот роденден претходната година.. имаше отпозади на сликата една преубава порака, се расплачав
dobar poklon,jas godinava dobiv album so sliki spomeni od naseto 7 godishno drugarstvo i stvarno bese preubavo
Тоа што сметаш дека највеќе ќе и се допадне или пак нешто што го обележува вашето пријателство. Оваа година од другарка ми добив слики кај што сме заедно и под нив имаше пораки за пријателство многу беа убави имаше и некои баш смешни во секој случај оригинално баш се израдував
Аман бе девојки има три-четири слични теми Епа ајде сега да отвориме и за што да и подарам на мајка ми, на баба ми, на татко ми, на комшиката Внимавајте малку со отварањето на темите. Ова беше најдобронамерно кажано.
Мене овие теми за подарок ми се ептен глупави- зарем јас што не ја познавам другарка ти, дечко ти, мајка ти- небитно ќе ти дадам совет, бидејќи ти незнаеш што да им купиш? Па како е можно некој што ти значи, што го познаваш- да незнаеш што да му подариш? Јас секогаш кога подарувам подарувам со љубов и сакам тоа што ќе го дадам да не биде колку од ред да сепомине туку да ја израдувам личноста и да и значи. А нашите совети ви се значи од ред да се помине- еве сега јас ќе ти кажам купи и на другарка ти часовник, пример- а таа не обожава такви работи. Значи ти си и земала нешто колку да се каже дека си и дала поклон. Тоа не е во ред според мене.
Море јас таквите мрзи што ги мрзи да прочепкаат по форумот, па го трупаат овде со дупли теми, во школо би ги повторувала, вечно прво одделение да бидат!
sve e banalno vekje za podaroci pa dobro e da poslusas necij sovet moze ke dojde nekoja podobra ideja ..
Банално е отварањето на дупли теми кои го нарушуваат редот на форумот. Ако погледнеше малку подобро ќе видеше дека има најмалку три-четири вакви теми кои изобилуваат со предлози за подароци. Ма да се согласувам со Сесилија, дека ти најдобро ја познаваш другарка ти и знаеш би сакала.
Рамка, мече, слика од нас две, маичка...Се тоа ми е некако премногу ладно и дефинитивно не прав подарок за најдобра другарка. Или она, земи и тоа што знаеш дека сака. За моја најдобра другарка или другар би земала нешто симболично, нешто на шала. На пример мојот најдобар другар сака да купи бубњеви ама од дома не му даваат бидејќи премногу галама ќе правел и скапи биле, па за роденден планирам да му земам од Вучко играчка бубњеви.
Јас и мојата најдобра другарка имаме заеднички роденден, за мене е тоа сосема доволно, ја обожавам . Оваа година направив календар на кутија во форма на квадар. Месеците ги наредив по 4 на една страна еден под друг а на онаа страна која ми остана залепив 3 слики. Најгоре од мене, под неа пишува ''loves'' и најдолната е од другарка ми. Внатре во кутијата има ланче
На другарка ми и е роденден на 25ти сега сакаме уште неколку другарки да и направиме изненадување ве молам за совет
Најчесто подарувам колекции, накит, чанти, марами во секој случај нешто што ќе и остане како спомен и ќе го користи.