Како женски форум, мислите ли дека ќе го одговориме ова прашање или ќе оставиме да биде мистерија? Поттикната сум од една приказна напишана во 14ти век (The Wife of Bath) во која жените кажуваат дека најмногу сакаат да владеат над мажите. Ќе речете дека ова е многу општо и индивидуално прашање, но сепак, ајде да видиме до каде ќе не одведе ова прашање и дали по одредено време ќе дадеме еден колективен одговор. *ако темата не развива дискусија или пак е дупла - канта!*
http://www.crnobelo.com/zabava/evergrin ... ekoja-zena Еве што сакаме јас на ова потпис и печат удирам толку ... НЕ СМЕ НИЕ КОМПЛИЦИРАНИ НЕГО МАЖИВЕ СЕ ГЛУПИ !!! генетика јеби га ..
Што сакаат жените општо , не знам . Јас само можам да кажам самата за себе што сакам , но темата не е за себе некој да седне и да си пишува . Поентата ми е дека секоја жена е различна , не се сите жени заинтересирани за исти нешта ... Треба малку да обрнеме внимание и на индивидуалноста , не можеме сите во ист кош да ги ставаме , ех , па да бевме сите жени исти , на мажите ќе им беше далеку полесно и вакви прашања немаше ни да бидат поставувани , зашто ова што сакаат жените е вечна дилема токму на мажите , што е тотално погрешно од нивна страна , сите жени со исти очи да ги гледаат и на сите жени исти желби и интереси да им припишуваат ...
Тешко е да се каже навистина. Многу од нас воопшто и незнаат. Се согласувам со NEA дека сакаме внимание, да не речам дека секоја жена го сака тоа. Сакаме и шопинг.
хмм секоја жена приказна за себе,од моја стрна би било доволно внимание,почит ... кој би не сватил и нас
Ние жените сакаме многу работи ( чевли, чанти, облека, некој да не сака и милува), но самите не знеаме што навистина сакаме
да знаевме и на нас и на мажите ќе им беше полесно, барем јас имам приметено дека секогаш кога ке стигнеме до нештото што сме го посакувале, автоматски во истиот момент ја менуваме желбата..... тогаш заклучуваме дека не сме го сакале тоа што тукушто го добивме, туку дека приоритетот е друга работа еххееее и после никој не ни одговарал.... е пааааа... нормално или она познатото „на сите им фали нешто„....
Да, знам што сакам. Или сепак, не? хмм...веројатно да, додека не го сменам мислењето повторно На мажиштава блазеси им, ни не сфатиле нити ќе не сфатат (а како би не сфатиле, кога ни ние не знаеме што сакаме)