Насловот кажува се... Знам дека има тема поклон за матура, ама се надевам дека ја разбирате разликата меѓу темите
Немилосрдно е да барам некој нешто да ми донеси... и да се лутам околу поклоните... Поблиските ме прашаа и ми купија нешто по мој избор... Иначе, наместо огромни бомбоњери полни со камчиња, сакав да добијам мало чоколадо барем. И наместо многу кичести подароци, нешто помало, поефтино, ама попрактично и поубаво. (Пр. добив многу бугарски сетови со парфеми, кои мирисаа ужас, а наместо сет подобро да ми дале еден обичен антиперспирант). Со секоја почит кон рачните изработки, ама добив многу работи како за мажачка, кои очигледно им биле од нивните шкафови. (еве и јас имам дома натрупано полно, имам за раздавање, ама не поклонувам такви работи)..
Главно,добив пари за кои ми е криво бидејќи ги потрошив на глупости,а не да си земам некој спомен од нив,(ама одтогаш си го имам тоа на ум) исто така добив прекрасни буќети,часовник фестина,накит,кутија за накит,чанти,златен прстен од кумовите,многу чоколада...не се сеќавам многу убаво ама општо земено беа убави подароци.
Ај матурантки што би ве израдувало давајте свои мислења ми треба помош да одберам убав но воедно и поскромен подарок за драга матурантка
Добив повеќе пари секако ке си купам што сакам. Инаку добив, часовници еден од swarovski еден сребрен на esprit, букети, чоколада, парфеми, пижами, прекривки (си ги користам кога отидов на фах).. Друго не ми текнува..
Добив пари, накит,некои ситни подароци......а сакав да добијам само пари, т.е многу повеќе пари хахаха
Напредни вие бе Јас ништо не сум добила за матура па ова дур чудно ми е сигурно сум изрод Ама затоа сум добила многу повеќе низ животов а не сваќам која е логика да добиеш нешто за матура искрено, прв пат слушам
Добив ќебиња, постелнини, пари, парфеми еден куп, букети, чоколади, и накит на сваровски од маж ми. А за поклон обично носам пари.
Желба ми беше да добијам Пандора белегзија безразлика за кој повод, ама ете ја добив за матура и пресреќна бев.
Немав некоја голема прослава за матура, само најблиските. Добив пари, ги искористив за летување. Од родителите добив златен прстен, нешто што ќе остани засекогаш.