Денес размислувајки на тњема форумот на Фемина, ми дојде на ум да отворам една тема која што би била интерактивна, и би била составена од милион под теми. Ова би било местото на кое би можеле да разменуваме мислења на било која тема, т.е да поставите прашање како останатите членови на форумов би реагирале о одредена ситуација, која би можела да биде од ваше лично искуство а и немора. Во истовреме вие би можеле да одговорите на поставени прашања од други членки како вие би постапиле кога би се нашле во одредена сиртуација. Еве да почнам јас прва со поставување на прашање за да го скршам ледот, а и да видите како всушност тоа би изгледало на пр. Што вие би направиле кога би дознале дека таму некаде постои некоја особа која е ваша полу сестра или полу брат? Е сега можете да одговорите на ова мое прашање а во истовреме да поставите и свое, или само да одговорите на моево прашање без да поставите свое. Или да поставите свое прашање без да одговорите на моето.
Во контекст со прашањето што го имаш поставено ми дојде смешно некако, затоа што се пронајдов. Пред скоро време дознав дека имам полубрат/сестра, за кои (ќе зборувам во множина, да не го комплицирам и тупам многу) јас земајќи ги во предвид некои премногу очигледни работи, претпоставував дека постојат но нормално дете од 17 години што може да стори за да си ја потврди тезата, нели? Дури во момент на очај побарав и помош токму тука на форумов. Едноставно не знаев каде да се обратам, бев премногу очајна, минував низ премногу тежок период за мене а сепак бев желна за ново откритие кое не ни претпоставував дека ќе биде отскочна даска за понатака... Што би направила? Веќе направив. Детето не е криво за ништо, криви се други кои не би сакала да ги именувам уопште, при што првично бев возбудена и премногу потресена со милион прашања и тенденција кон нивно ,,осветлување'', ама сега сум тотално индолентна во врска со ова прашање. Што знам, можеби некогаш ќе пробам да ги побарам ако ме фркне нешто.. Ама во секој случај, веќе ми е се' премногу луцидно така да.. Траги-комики, не? А еве јас да поставам едно прашање. Што би направиле доколку сфатите дека ви преостануваат уште неколку дена живот? Како би реагирале? Кои животни конци ќе ги влечете во тие последни животни мигови? Кого би сакале да го видите за последен пат и да поминете со него мал дел од времето што ви преостанува?
Прашањево....па би сакала со мојот најдбар пријател да го поминам времето,али не би било можно. Што би направиле,како би реагирале кога ке дознаете дека таа форумуџика што ви е најмила,што најмногу комуницирате,што би сакале да ја запознаете е вашата најголема непријателка?
Најголема непријателка од реалниот живот ако добро сватив така? Па затоа ова се вика виртуелен свет и дека не би требало да донесуваме заклучоци само врз основа на неколу прочитани мислења на форумот. Затоа јас претпочитам да не ги мешам тие 2 работи, бидејки неможеш да очекуваш дека лугето кои се занимливи, интелигентни, духовити на форумов дека такви ќе бидат и доколу имате личен конткт. А, што јас би направила па ништо би ја игнорирала во иднина тотално бидејки секако повеке би се потпрела на претходното искуство(лично) со неа отколку а илузијата што сум си ја створила за одредена особа само врз основа на читањето на нејзини мислења на форумов.
Би абортирала... Детето не е криво, крив се другите т.е. постарите што криеле од мего од мене и од сите други..ке го прифатам него најнормално а на другите ке има кажам тешки зборови.. ништо не би и направила тука ке ми е исто мила а во животот надвор исто се одека ен сватам дека е добра.. ПрањањеШто би направиле доколку животот ви е заснован на лаги? Сите нешто ве лажат и вистина нема 19%
Твоево последно прашање би можело да биде што вие правите кога сите ве лажат? Бидејки верувајми сите ние се соочуваме со тој проблемкога кога лугето се неискрени со нас. Но најмногу боли кога домашните се неискрени, кога во домот има лаги, кога во домот има мистерии и секој од секого нешт крие е тоа најмногу боли. Јас израснав во таква средина, мајками секогаш нешто се обидуваше да сокрие дури и некои банални работи што многу ми одеше на живци, мислам криеш од кого од сопствените деца? А дали ние лажеме а? Па секако дека да секако дека сите ние имаме своја маска и сите ние лажеме но као што реков најтешко е кога постојат лаги и табу теми во домот.
тој што има време да го прочита мојот пост и да ми даде совет би му била благодарна... Значи незнам што да правам а подолго време размислувам за ова,сакам да аплицирам за работа во странство на 2 3 месеци како студент тоа му го должам на таткоми по подолго време несогласувања што имавме сеуште студирам мн.сум амбициозна но сакам мои финансиски средства несакам за све постојано да зависам од моите а и осеќам голема грижа на совест спрема таткоми бидејќи мн.го имав разочарано а имаше преголеми очекувања од мене вчера ми кажа мн.тешки зборови кои ме повредија ,ова е на една страна на друга страна е мојот дечко кого го сакам најмногу тој ми е најдобар пријател мојата подршка,мојата душа и несакам да го оставам макар и на 3 месеци а и чуствувам дека ако заминам кога ќе се вратам нема да биде ништо како порано незнам зошто уште малку време имам за аплицирање и незнам што да правам што би направиле вие на мое место ве молам за искрени совети...
Можеби не сум доволно компетента за да јас ти дадам совет но гледам дека никој не пишал ништо па еве ќе ти дадам мое мислење од моја гледна точка се надевам дека ќе ти помогне.Најдобар начин мислам дека е да разговараш со дечкоти и да му ја разјасниш ситуацијата ако веќе не е запознаен со ова.Биди оптимист и верувај дека се ќе биде океј.Инаку 3месеци не е многу долг период да бидете разделени ако земеме во предвид дека има двојки што не се гледаат по 1година,и има двојки кои живеат во различни градови и држави па успеале да останат заедно,ако навистина се сакате ќе успеете.Мисли малку и на себе и ти заслужуваш нешто што го сакаш,имам братучедка веќе неколку години оди така и е многу задоволно зема добра плати и кола си купи.Па и денес располагаме со технологија има интерент телефони све и свашта така да пробај па пиши што си се одлучила.Поздрав од мене и со среќа