1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Струмички карневал

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од QueenN, 18 јануари 2012.

  1. QueenN

    QueenN Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Епа драги феминки, разгледав по категоријава и видов тема за маски за Први април, за Вевчанскиот карневал, но никаде не сретнав за Струмичкиот. Струмичкиот Карневал е вековна традиција на градот под Царевите кули и е директно поврзан со верскиот празник Тримери . Единствена манифестација од таков вид во Република Македонија , посветена на армасаните (верени) девојки .
    Датумот на одржување се менува во зависност од Велигден и секогаш е во вторник после чист понеделник . Во текот на празнувањето после одржувањето на карневалската поворка , маскираните групи одат во куќите на армасаните девојки каде меѓу маскираните девојките треба да го препознаат својот вереник .
    Струмичкиот Карневал е многу стара традиција и први пишувани извори се од турскиот патеписец Евлија Челебија . Oваа година е променета датата на главната вечер односно наместо во вторник ќе се одржи во сабота. Па ме интересира дали ви се допаѓа промената на традицијата или не? Дали имате присуствувано на овој карневал? Дали се маскирате?

    (ако темава е дупла или не поттикнува дискусија, слободно канта :) )
     
  2. bubili61

    bubili61 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Ке видиме како ке фумкционира промената на денот...Јас сум оптимист,се надевам на поголемо присуство на гости кои ќе се забавуваат,а при тоа немора да брзаат да се вратат дома.....Мислам дека во вторник вечер на плоштадот ќе се доделуваат наградите на наградените маски,пак ќе има забава,а армасаните ќе си ја остварат средбата со армасниците....значи традицијата си продолжува....Повелете на Струмичкиот карневал....ќе биде лудо и незаборавно ви ветуваме (25.02.2012)-сабота....Почеток 18 ч
     

    Прикачени фајлови:

    • Strum.karn..jpg
      Strum.karn..jpg
      Големина на фајлот:
      78,8 KB
      Прегледи:
      476
    На QueenN му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Youlen

    Youlen Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    194
    Дали ќе одите на Карневалите во Струмица?

    Ај на нога струмичане, госте ни се соберале :D

    http://www.youtube.com/watch?v=8J1ER9gYhhE

    Не дозволувајте да ви раскажуваат! ;)
     
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Дали ќе одите на Карневалите во Струмица?

    Нема да одам, и да сакам снегов не ми дава :o
     
  5. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Дали ќе одите на Карневалите во Струмица?

    Би сакала,ама незнам уште се мислам :?:
     
  6. Saxobeat

    Saxobeat Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    99
    Оваа година се паѓа за викенд сабота 25 Февруари ќе биде супер ве очекуваме....
     
  7. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Секако не го испуштам нашиот Струмички карневал! :D

    Тоа е нешто што не смеете да си дозволите да ви биде раскажувано повелет,ние Струмичане убаво ќе ве пречекаме и угостиме ;) ;)

    И секако од химната песна на Струмичкиот карневал :

    Ај на нога Струмичане,госте ни се соберале,егиди бре мале мале идат ного карневале
    Ехееее :lol: :lol: :lol: :rofl: :rofl:
     
  8. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Планиравме да одиме, ама ништо од планот...баш ми се одеше:(
     
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    И мене ми е многу криво што ќе го испуштам карневалот оваа година, ама ете не е до мене :(
    Ставајте слики и кажувајте како сте си поминале :)
     
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Девојки ај кажете ми утре од колку е дефилето на маските јас ќе одам па несакам тоа да го пропуштам
     
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.504
    Допаѓања:
    144.206
    Дефилето мислам дека ќе започне во 17 часот
     
    На SOVRSENSTVO му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Еве слики од Струмичкиот карневал
     

    Прикачени фајлови:

    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Ииии Султан Сулејман и неговата Хурем
     

    Прикачени фајлови:

    На duffi и mamma им се допаѓа ова.
  14. QueenN

    QueenN Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    http://www.facebook.com/RadioStrumicaNet -еве ви линк каде можете да ги видите маските на маскенбалот во Сириус :) Инаку еве ме мене во улогата на лудиот шапкар од Алиса во земјата на чудата, на средношколскиот маскенбал кој се одржа во четвртокот :)
     
    На duffi, The.Crab и miljkovic им се допаѓа ова.
  15. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Ехх колку сакам да одам, имаме куќа во Струмица, ама од глупото школо ни еднаш не сум била :devil: ....
     
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.504
    Допаѓања:
    144.206
    [​IMG]
    Ова ќе бидат принцот и принцезата на карневалот. :)

    Инаку струмичани времето ни се погоди... Конечно топол карневал. :rofl:
     
    На The.Crab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Од мала си го сакам карневалчето. Ми предизвикува интересна, позитивна еуфорија. Одвај чекам да одам и оваа година, верувам дека ќе има маски за паметење :angel: . Се надевам дека ќе успеам да погледнам барем дел од дефилето (ако не повеќе). Лично, јас, овој пат не се маскирам, но ќе уживам во глетката и забавата која ни претстои :party: :dance: :rock: :makeup: :* .
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Ќе биде јакоо!! :rock: :party:
    Сите ве чекаме :D
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. K0ST0VA

    K0ST0VA Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    58
    Немам присуствувано на ваков карневал а баш би сакала да одам. Добро ќе беше во секој град да имаше така. Ама ајде на кој ќе му текне де. :(
     
  20. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Aууф најубав помин....ма сичко трештеше...Струмичанки мои и вие драги феминки што бевте присутни сношти знаете за што ви зборувам ;) :lol: :dance: :party:

    И едно :clap: за сите маски што беа :D
     
    На delvi, QueenN, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.