Дали имате таблет и ако имате каков е?? Јас размислувам да си го купам овој http://www.amc.com.mk/ShopDetal.asp?ArticleID=36835&id=115&l=3&q=&SupplierArticleID=&Action= што ке ме посоветувате вие дали вреди??
Тетин ми има,и не го пуштам од раце кога сум таму,бел е на андроид (ова го кажувам зашто има и на Apple) Слика неможам конкретно да најдам зашто незнам што модел е
Јас имам поразличен вид на Таблет. За сите кои се интересираат или планираат иднина во областа на дизајнот, ова е совршениот избор. Таблетот се поврзува со компјутерот и со штампачот. Со таблетот добивате и пенкалото, со кое сте во можност да цртате и креирате директно на таблетот, а сето тоа истовремено се појавува на екранот од компјутерот. Со најразлични видови на програми и фотошопови ќе можете да ги дообработите своите креации.
Братучет ми, летово ни донесе од Америка, супер е. Брат ми го носи нон-стоп со него на училиште, преку Андроид си симна многу апликации, игри.... Се фотографира со него, има wifi........ Искрено јас не би дала пари за да го купам.... мноогу пари за гемче.. Сепак поклон е.
Даничап тоа е цртач по правило, ама тука со преводот си имаме проблеми. И таблетот не е таблет, ама ајде се популаризира називот.
А како е точно?? Да го оправиме насловот тогаш, јас вака ги знам па вака пишав, не се разбирам многу во ова( да не речам воопшто )
Абе точен ти е насловот, сите ги викаме таблети овие, евентуално за да не дојде до забуна таблет-компјутер би требало да стои. Зборот ми беше дека општо во македонскиот јазик малку е оскудација преводот на технолошките напредоци, па затоа имаме таблет за цртачот како од дани, и таблет за компјутер на тач ајде да речам, бидејќи и јас не знам како би го превела точно.
Мене гаџетчево ми е апла непотребно фрлање пари. Мислам, не е мобилен, не е компјутер. Што е? Зошто е? Дали е тоа дел од некоја поголема завера? Масоните можеби? Како и да е, кога ќе видам некој копиљ со таблет на концерт, ми иде истиот да му го плеснам од земја. Ко да не ни беа доста смартфоните, лаптопите и персоналните компјутери, мораше сеа и ова.
Acer500 имам. Бааги е потешка од Ајпад, ама има поголем екран и подолго и трае батеријата, исто има многу повеќе вградена меморија. И на џепот е многу помила. Работи на Андроид апликации. Ја користам за мејл најчесто, за гуглање, јутуб, и еве за Фемина Може да се слика со неа ама како и секоја друга направа на која фотографирање е таму 1235та задача дека извршува, толку кадар слики вади, посебно кога нема доволна светлина, блиц ужас. Игри играв на почеток, симнав две три колку од мерак на таблетката, ама ептен ми ја трошат батеријата па мавнав тоа. Нарачна ми е да си ја понесам со мене, ако чекам некаде да се поврзам на уајфај и прогуглам, многу подобра за интернет од поврзување со телефон, отвара страни кои не се само за мобајл, побрза е од лаптопот за уклучување и гасење, и многу поленка е од лаптоп за на патување. За тоа голем плус. Негативно е што нема микрософт офис, нема што јас викам вистинска тастатура со копчиња, па оваа зафаќа пола од екранот кога и да дојде ред да се пише нешто, и не ми е сигурна(може е, или може да биде ако мојава не е, ама мене не ми е) како што ми е сигурен лаптопот за интернет банкинг или плаќање на нешто порачано на интернет. Ако станува збор за избор измеѓу таблета и лаптоп, грабам лаптоп со двете раце. А за луксуз ја бирам оваа.
И ја сакам да си купам таблет оваа недела ама стварно незнам каков .. Сакам да е до 6000 денари зашто ако би купила поскап поарно лаптоп ќе си купам Инаку знам дека има едни за таблет што има тастатура баш ги гледав 800 ден. се има каква боја сакаш Го ставаш таблетот на него , приврзуваш тастатурата и ете ти мини верзија на лаптоп ама сепак не е тоа тоа .. Инаку ако знаете некој дајте некоја идеа
Јас сакам да си порачам Таблетов и плус тастатурчево (футрола) од Ebay го гледав на страната Купи од интернет и стварно има убави карактеристики. За сурфање на нет е супер бидејќи немам многу пристап до компјутеров а за лаптоп да земам е малце поскапичок па како негова варијанта ќе си земам таблетче. Е сега мајкрософт офис што нема е малку глупо ама па океј јас не работам цело време на програмата едино семинарски и тоа е.
Го имам samsung galaxy s2 10.1 И искрено на почетокот ми беше ептен интересен , сега го користам највеќе за Фемина , пред легнување Лаптопов не си го давам , полесно ми е за пишување преку него. Од камерата не сум баш задоволна сликите се просечни
Мене мајка ми ми купи таблет со тастатура и маус за нова година(2012) и ми се расипа, нешто неќеше да се уклучи.После го однесов на сервис и таму закаснија со поправката и на крај парите ни ги вратија а јас останав без таблет.
Јас имам таблет Prestigio и многу сум задоволна . Моите ми го купија за роденден и е лично мој. Го препорачувам на секого, не е скап го има во Нептун.
И јас сакам да си купам таблет кога ке дојдам во МК Инаку би дала до кај 8000. Ме интересира дали може да се зборува преку него како мобилен?