Ја отворив темава за сите кои што имаат купено некој топ шоп призвод или имаат намера да купат, да кажат колку се/не се задоволни или да ни го препорачаат. Јас имам неколку и нај задоволна сум од соковникот додека тоа peint zооm от е утка не видена денес го пробав и како се изнервирав
Пред неколку години купивме Power Juicer и задоволни сме. Мајка ми исто така ги користи оние...незнам како се викаат, да и го затегнат стомакот и задникот и задоволна е. Друго нешто немаме користено
Имаме дома Орбитрек, веќе неколку години и на почетокот вежбав повеќе, изгледа интересно ми беше , сега поретко. Мајка ми сеуште го користи и е презадоволна. Го имаме и соковникот Power Juicer, ок е но не е ништо посебно, искрено незнам дали вреди за парите.
Ахх топ шоп. Уште пред 10 години мајка ми го зема орбитрекот. Вујко ми идеше еднаш месечно најмалку да го поправи или затегне или било што оти крцкаше како луд. После тоа функцијата на орбитрекот стана многу скапа закачалка. После ова излезе оној Аква Ровус, демек одлична правосмукална на вода. Е сега јас алергично и болежливо дете, ајде да ја земе да не кива кутрото. Јас сум убедена дека повеќе валкаше него што чистеше. Плус ја фалеа многу е едноставна само полниш со вода и чистиш. Ахам да и плус едно 15000 процеруди за еден филтер, друг филтер, трет филтер. едниот требало вака да се чисти другиот онака, на две недели на секое чистење дрндр днрнд Моментално е во подрум мислам каде сум убедена и дека ќе остане. Овие ни се јавува и по дома за некои промоции и чуда ама на мајка ми и пукна филмот па така фино буквално ги опцу по телефон еве ги се немаат јавено со години. А баш вчера се умрев од смеење. Влегуваме во топ шоп на Иво Лола Рибар, за да види мајка ми некои панталони што затегаат. И продавачката фино ни објаснува еве овие се тие (мислам дека беа 2 и пол илјади). Мајка ми прашува каков им е составот а продавачката вика а па 100% еластин. Во тој момент јас читам етикета на самите панталони 77% синтетика и 23% еластин. Заклучок:никогаш, никогаш повеќе нешто од топ шоп да не се купи.
Поседуваме два производа, и се уште размислуваме за трет: вакуум пумпата. Орбитрек Не можам да коментирам дали сум задоволна од тоа како зацврстува, иако по сестра ми гледам дека не толку многу се гледа разлика. Разбрав требало да поминат 6 месеци за да се примети некаква разлика. Како и да е, феноменална закачалка е. И другиот производ е пеглата за коса. May she rest in peace. Керамички плочки, не и ја оштети косата на сестра ми ни малку, но не успеа ни да испегла влакно од мојата коса. Ја бутнав од машината за перење несакајќи, односно ја ставив врз кимоно и дека тоа свила, се лизна па двете на плочки паднаа. Не се скрши, се уште работеше но послабо бидејќи керамичките плочки паднаа од ударот.
Хммм дома памтам земавме едно средство за чистење флеки. Луѓе вие не сте помирисале таков отров. Ќе се онесвестеше мајка ми. Беше запакувано како паста, кога го отвори дома лувтиравме 3 дена мислам дека. Одма го фрливме. Отров жив! Со него купи и друго средство за чистење теписони, кое се покажа речиси како нефункцонирално, ниедна флека не исчисти. А и мајка ми се тапира и на времето купи и едни за тапирање чешли. Се скршија одма Воедно сум многу среќна што намалија со топ шоп реклами. Нема подосадно од тоа. Еден период бевме бомбардирани од топ шоп реклами
Јас дома немам ни еден производ користено од Топ Шоп. Не за друго туку зошто скоро ништо не е функционално и никој не е задоволен. Еве на пример една другарка купи тоа за коса демек и пегла и преса и не знам што уште што не ја горело косата па девојчево косата ке си ја запалеше.
Јас го купив она Сауна Белт и луѓе ЖИВА КАТАСТРОФА Трчи лажи работава... Исто и оние кесите за облека ги имам купено, и тие демек стојат вакумирани тикви зелени стојат Цццц .. И да и баба ми си купи КОСМОДИСК ама слабо и влијае ( сеа не знам може е до човекот затоа што на дедо ми, на баба ми брат, па него му е подобро од него ) Ол тингс консидрд не би купила веќе ништо од ТОП ШОП така наречен Фејк Шоп
Мајка ми е опседната со топ шоп, штом види нешто мора да го има. Ама после 50 за*бувања татко ми и забрани да купува работи од нив...Едни од најдебилните работи што сме ги купиле : True cover пудрата од топ шоп не само што не е водоотпорна и не покрива тетоважи, саат време откако ќе ставам ми ја снемува.... Power juiser за чаша сок треба 15 работи да измијам... Pillow pets ( мислам така се викаше) го купивме за внука ми, исто е ко и секоја друга плишана играчка... Онаа топката за перење ( незнам како се вика) алиштата ко да не си ги испрал.... Супер сецко добро беше се додека не зарѓа тоа доле што врти Правосмукалката на вода додека ја склопиш 5 пати ќе си завршел со работата со друг усисивач... Оние љиљаковите крпи и џогери магично што собираа флеки, не се добри ни за прашина бришење... Сетот ножеви што не зарѓуваат. Едниот падна и се одвои од дршката ( а на рекламата цигли сечеа) Едино што стварно делува е степерот, ама не е ништо посебно, степер ко степер... И после нема пари за нови штикли за плава, епа нема, мама ги збогатува топ шоп
Го имам Рејнбоу Арт Сет порано ми го имаа купено, имам дормео душеци 2 поединечни и 1 дебела навлака-душек за брачен кревет, перници дормео и може имам уште нешто од порано ако ми текне ќе пишам А да, сетот ножеви ме потсети плава !
Освен соковникот кој го добив на подарок др немам. Ме нервира што треба да измијам милион делови ама ми врши работа кога правам сок во големииии количини и го пастеризирам веднаш. Ме изненади кога лани правев сок од малини и капини и секое можно семче го извади. Задоволна сум ама не го често употребувам, а за др работи, душеци, наваки, сетови, орбитрек... не се замарам
Јас го имам Рилекс енд Тоун Го купив пред околу 2 -3 месеца и сум задоволна од него, навистина ми се допаѓа
И јас го имам РЕЛАКС & ТОУН и е добар , посебно за целулит....а и кесите за вакумирање се одлични , ептен ми бркаат работа....
Го имаме тотал џимот, од пред десеттина години, моментално служи како закачалка во спалната на моите. Јас го носев пајачето кое имаше улога да ме исправува, ама ништо од тоа единствено свиреше одвратно. Единствено од кое моите се задоволни се дормео перниците. А колку се само досадни , тоа е чудо, на секоја нова промоција ѕвонат дома..
АаааУУУуууу го заборавив Тотал џимот скрозззз....лелееее зошто сум...пред 2 години го молев дечко ми да го донесе во Скопје само за да вежбам , па и транспорт му баравме па ова па она, па натиго дајмиго дури се убедивме и конечно дојдеееее....и јас засилена почнав да вежбам...арно ама многу простор зафаќа , а ние тогас живеевме во гарсониера, па требасе секое вежбанје спушти крени и така фино лепо си го кренавме и ни стоесе како украс во станот ама и одговараше,тој црн , дневната црно зелена ... меракојнииии
Јас најчесто го користам тоа со топченцата за целулит...ставам гел или антицелулитно масло и се масирам на нозете, задникот, стомакот и рацете од време на време..и делува ако се користи постојано...
Тоа ти е за масни наслаги!! Инаку, јас од топ шоп го имам Relax&Tone, Космодиск(ако го рачунаме во топшоп производи), едни тави од навремето купени и сега го нарачав дормео! Од Ralx&Tone-от не сум задоволна, не дава никакви резулатати кај мене, од Космодискот баба ми (за неа беше) беше задоволна, од тавите...тави ко тави, да си пржиш во нив убави беа. Е сега од дормеото се надевам ќе бидам задоволна. А и сакам да го нарачам тој депилаторот сега што го рекламираат, за трајно отстранување на влакна со некој си гел! Да видиме и тоа што ќе каже!