Во оваа тема може да дискутирате за вашите градови,настанатите промени во изминатиот период,дали на добро или на лошо,како сте задоволни од неговиот развој и мислите ли дека можат и се потребни да се направат уште многу работи ? Како го гледате вие својот град ? Може да се ставаат и слики * Спојлер не наидов на ваква тема,доколку веќе постои - клуч.
Неможам да дискутирам за поголема граница на променливост на мојов град, најмногу 16 години - од кои од првите 5-6 години очигледно ништо не памтам. Инаку знам дека како мала, плоштадот Скопје беше многу попуст и празен (општо цело Скопје), а и поради тоа мене ми се гледаше како мнооогу поголем. Знам дека и Вардар беше почист со мајка ми секогаш си седевме даму долу кај клупите и си уживавме и воздухот беше многу свеж, Вардарец кога ќе дувнеше - милина. Сега страв да ти е да не се загушиш од смрдеа и тежина на воздухот ако поминеш од таму. Порано немаше градска плажа, иако водата беше почиста. Рамстор порано го немаше, го изградија 2004 или така нешто. Исто и Верото (она кај банките) го немаше до 2010. Булевар Првомајска беше со многу дупки, особено во деловите кај Охис, сега фала богу е поправен. Зоолошката градина сега е многу разубавена, слушам има донесено и доста нови животни а и уште ќе носеле.
Кога само ќе ми текне какво било моето Скопје, а какво е сега, баш ми е мило. Има многу повеќе паркови,фонтани, кеј кој е среден, се гради се уредува.Се се позитивно. А ме радува што не прераснува во гунгула како Белград пример.Е во таков град не би можела да живеам.
Спојлер ако Скопје не е гунгула тогаш незнам кој град е, д 2 милиони жители 700 илјади живеат во Скопје, а којзнеа колку доаѓаат секој ден на работа Некогаш и сега, разлика неколку барокни светлосн години. Тврдам дека подобро празен плоштад него преполн со споменици, несоодветно поставени, единствено фонтната си е на место. Жена парк нема ни да сакам да го гледам, срамови живи. Скопје беше убаво место и без сиве овие кичови. Фалеше нешто да факт, но подобро едно ама вредно, него 300 кои одма позеленеа. Се нервирам кога по секоја цена сакаме да силиме нешто кое не иде, не неше и не ни прилага. Скопје ми беше убаво и порано, и најбитно од се беше топол град, не климатски речено.
Ах мојот град, Спојлер еве го за време на втората светска војна. Ова беше порано во паркот, се со дрвја и клупи, а сега ќе правеле фонтана, ма нема ништо да направате само ни го ископавте паркчето. Ова е исто оддамна, берберница, сега прават стоковна куќа на ова место. Еве го нашиот центар некогаш, а сега нема ништо се е бутнато, само оваа фонтана стои која уште да тече. Центарот денеска: Улиците во мојот град се плашам да ви ги претставам, ама ќе ви ги претставам во наредна прилика.
Покрај гратскиот стадион - 1973 год. Рецко маало (роми има најмногу), осветување на чешма 1934 год. Една од најстарите фотографии од градот. Некаде 1914-1916 год. снимена од германската војска за време на 1-вата светска војна.
Скопје некогаш ,потоа ,долги години тапкање во место и конечен пресврт.Скопје ,модерна чаршија ,.Модерен и среден плоштад ,,
СТРУГА Некогаш: Сега: Само две слики од исто место, тогаш и денес од Кејот на реката Црн Дрим. Спојлер Перспективата е иста, забележете ја првата куќа лево на првата слика, и споредете ја со таа на втората слика. Дрвеното кајче кое било еден од симболите на Струга, веќе го нема. Куќите кои требало да бидат заштитени од општината, без можност за нивно продавање, дел се продадени, дел се срамнати со земја и на нивно место никнале угостителски објекти, а дел се благо речено, осквернавени. Искрено, жал ми е што голем дел од обележјата на градот се изгубиле низ времето и влијанијата од различни култури, додека за многу дамнешни проблеми до ден денешен не се нашло решение. Ќе се вратам со други слики.
Новата фонстана во паркот. Утре е свеченото отворање. Се гледа има и биста на Александар Сарафимов ( мислам), утре може ќе ја сликнам.
Скопје. Што да кажам, не сум задоволна од спомениците, особено од Жена Парк, мислам дека нема нешто поглупо и невкусно од тоа. На секој пет метри имаме споменици и цркви, не ми се допаѓа. Но, и покрај овие глупости Скопје пак го има шармот како некогаш. Се вратив во СКопје по 2 ипол години и пак ми е убаво во центарот, има шарм и секогаш некој мора да оди некаде, некој брза, некои си се шетка по плоштадот... Колку ми е убава улицата Македонија. Полна со луѓенца и тесна. Абе си го сакам Скопјето, нека биде нечисто, полно со споменици, пак ќе си го сакам=)
Спојлер Може никој не гледа ја шо трупам слики, али ај нека ми се угоде - Бистата на Александар Сарафимов. - новите клупи во паркот Александар Сарафимов.