Форумџика на годината

Вашите баба и дедо

Дискусија во 'Дете' започната од angie, 4 октомври 2010.

  1. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Ја отворив темава со доза носталгичност и тага по моите починати дедовци и баби. Од страната на мајка ми не ги паметам зошто сум била малечка кога починале :( Во сеќавање ми се од страната на татко ми. Со нетрпение чекав да дојде викенд да одам и да се изнагушкам со нив. Кога ќе си одев дома секогаш ми даваа некое денарче и навика ми стана ако некогаш заборавеа сама си им барав :$ Ги обожавав јадењата на баба ми и долгите прошетки со дедо ми. И тие починаа пред 10тина години и многу ми недостигаат кога ќе одам во нивната куќа, а тие не се таму. :(
    Какви се вашите баби и дедовци? Ви даваат ли совети? Ви кажуваат ли за времето кога биле млади?
    Повелете :)
     
    На marija1907 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Жално е што луѓето кои искрено ги сакам се бројат на прсти буквално.Мал краток вовед во
    приказната со наслов "Баби и дедовци " :tmi: оди вака :
    Татко ми никогаш не сакал деца , се родив јас неможел да поднесе да плачам низ дома , па си поживеав кај баба ми додека не начуив да запрам кога ќе ми биде наредено. Неа ја сакав неизмерно , во мојот свет така ограничен и мал само неа ја познавав како единствена блиска.Дојде време за разделба имаше рак на матката во доцна фаза , убаво ми објасни зошто ќе ја нема. Секоја секунда до ден денес ми фали. Дедо ми или ако повеќе сакате мажот на мојата почината најмила , е класична пропалица , пијаница , коцкар не сум го видела со години ниту пак горам од желба да знам каде е .Другите баба и дедо се приказна за себе, во неколку наврати сум споменала дека во семејството на татко ми женските не се бројат за деца , некоја чудна политика нивно дете е само тоа што излегло од матката на нивна ќерка , децата се на мајката но не и на таткото :^) Живеат само неколку ката подолу од мене, да во истата зграда а не сум ги видела со месеци :tmi: Кога само ќе се сетам колку пати ме избркале затоа што не им бил денот, колку сум пропатила во животот , откако постојам роденден не ми честитале ( тоа и не ме боли ретко кој се сетил на тој ПосебеН ден |( ) пензионери се и двајцата ама и да сум прегладнета нема да ми фрлат скршен денар. Е па така , на семејните собиранки по различен повод ( воглавно ретки ) за сите има по нешто но не и за мене , секогаш беше така 6 сладоледи 7 деца :clap: Малку хуманост молам :| Ајде и јас ќе се пофалам да паметам неколку прошетки со дедо ми :$ кога ќе дојдеше братучетками од далечните Америки ...ме земаше и мене со неа ( во главно позади неа ) и така натажено гледав кога се возеше на количињата или кога јадеше тост ..пред некоја година ја прашав баба ми зошто го прават тоа ми рече сине вреди за вниманитето зарем незнаеш дека доаѓа еднаш во цела година :fubar: Така нека биде јас нема воопшто да доаѓам :hai:
    Чао пријатно имам уште многу да кажам , ама се чувам за во темата Испукај се ]:)
     
    На andrea91 и Foreveryoungiwannabe им се допаѓа ова.
  3. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    леле девојко ме расплака со твојава приказна право да ти кажам ! :sweat: навистина ...да не била баба ти, со кого ти би растела ?? и можно ли е и вакви случки да постојат ? имаш срдечен поздрав од мене што си го претрпела сето тоа ! :clap: :hai: :*
     
  4. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Мене премногу ми недостига мојата бабичка по мајками, со која пораснав. Таа е единствената личност во животот, која ме поддржала, ме одбранила и застанала на моја страна, моите спротивно од неа секогаш инсистирале да си се справувам сама со последиците. Таа мила женичка ми даваше топла љубов, бескрајна грижа, толеранција и премногу ми недостига. Баш вчера најдов нејзина сликичка, и убаво си се изнаплачив. Прекрасна личност, со која животот бил навистина суров. Уживав да ми кажува за деновите на нејзиното детство, и на сите приказни одлично се секавам.
    На дедо ми не се секавам многу бидеки бев малечка кога почина, но и со него имам преубави спомени, посебно во зима кога ме носеше да си играм во снегот, и кога ме земаше од градинка.
    Со родителите на таткоми, не бев многу блиска, поретко одев кај нив. Личам премногу на таа баба, и крајно ја почитувам и и се восхитувам, затоа што беше премногу силна, цврста, и затоа што сите го почитуваа нејзиното мислење. Се секавам кога ке одев на поседок кај неа, и со братучедите притисокот до небо и го кревавме, ех деца.. Душичка, па ке не носи по паркови, па ке ни купеше јадење, сокчиња. Се секавам на сите нејзини подароци за нова година, родендени и слично. А дедоми е срцка, отсекогаш бил мирен, никогаш го немав слушнато да повиши тон, и ми е мило што сеуште е со нас.
    Ех да си бев пак дете ;(
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.565
    Допаѓања:
    43.005
    Пол:
    Женски
    Моите сите се живи и колку-толку здрави.Со баба ми од кај татко ми никогаш не се сложував нај нај,живееја со нас и уште мала памтам како само се изживуваше врз мајка ми..колку кавги само сум слушала меѓу татко ми и мајка ми ради неа,таа знае се,се таа е најпаметната, знаете однос свекрва снаа за наникаде.Мајка ми е жена која најмногу ја ценам во животот,зошто успеала да не израсне мене и брат ми и покрај сите тортури од страна на баба ми и покрај тешкото живеење во изминатите неколку години...татко ми не дека не збореше ама пошто повеќето време беше на работа,не беше многу запознаен со ситуацијата.И така и требаа цели 17 години за да и текне на баба ми дека е крајно време да не остави на раат и да се исели.т.е таа имаше куќа средена се тип топ ама не и се живеело на госпоѓата во село :^) За односот со мене и брат ми да не зборам,едвај некогаш дали ќе ни прозбореше некој мил збор,дадеше нешто пари,никогаш не не е навредила,ударила или слично не зборам за тоа, ама онака не беше добро.Е сега дедо ми мирен човек,си муабетев со него,ми даваше парички,ме галеше,додуша и човекот се на село си беше пошто и тој неможеше да ја трпи неговата женичка :D Сега кога одам да ги видам а тоа многу ретко се случува,седам саат време и немам желба повеќе,чисто дедо ми да го видам како е...а неа..знам зборела како не сме сакале да одиме,е што ќе сакаме бре жено доста ни беа маки од тебе,а и башка заборавив да кажам кога доаѓаше тетка ми која во странство живее,тоа што маки беа,братучедите мои ѓи гледаше како никогаш што не е нас,галење,мазење и пазење..дешавки беа тоа.Е сега од кај мајка ми...немам лош збор.Скоро секоја недела си ги гледам,одсекогаш не разгалувале и ни давале што ќе поскаме.Бабичката моја желба за угодување,ми ѕвони во сабота да и кажам што сум сакала за ручек за утре :D Дедо ми додека работеше(а и сега де) ни даваше многу пари..секогаш ни помагаше на цела фамилија не само мене или на брат ми да ни дава.Шест внуци сме им и сте не гледаат со исти очи,нема двоење...поради тоа сум среќна.Значи барем со нив го имам оној прав однос внуче баба и дедо..некако топло е на срцето кога одиш и ги гледаш како ти се радуваат,се вртат околу тебе,секогаш те бранат и ти угодуваат :)
     
  6. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Ниеден од дедовците немам запознаено. Едниот починал дури кога татко ми бил тинејџер, а другиот починал две години пред јас да се родам. Но затоа нив ги сакам повеќе од бабите и од било кој друг.

    Со мајката на мајка ми живеев од моето раѓање па се до единаесетата година, но никогаш не се согласувавме. За време на тие единаесет години, ретко кога имав мир во куќата, а често мислев и мислам дека таа никогаш не ме сакала. Сите внуци и беа поважни од мене, а со мене живееше, секој ден се каравме, а често знаевме да се степаме (буквално). :!: За тие единаесет години, дали два пати ми имаше купено некаков подарок за мојот роденден, дури ни едно чоколадо не ми купуваше. Ретко кога добивав пари од неа, освен ако не беше расположена, а ретко се случуваше нешто такво, иако на сите останати внуци и правнуци им купуваше поклони за роденден, облека, чоколади, им даваше пари.. Секогаш им забрануваше на моите другарки да прават нешто кај мене дома што е нормално, ретко дозволуваше да играме и секогаш ми велеше да одам кај нив, а не они кај мене затоа што не планирала нивните стапки да ги чисти. |( Иако не ја сакав, кога почина ми беше жал, но сега дома ми е помирно и не си ги трошам нервите за џабе.

    Со другата баба, односно мајката на татко ми, бев во малку подобри односи. И татко ми имаше проблеми со неа, како што мајка ми имаше со нејзината мајка, но таа се интересираше за мене. Секој викенд одев кај неа за да ме чува, кај неа спиев и јадев, ме чуваше се додека се испокараа со татко ми и добри пет години ја немав видено, т.е. не одев кај неа на спиење, туку само ако ја видам на улица. Секогаш ми купуваше подароци, ми честиташе родендени, ми даваше пари, но одреден период не и ни текнуваше на мене, тотално ме имаше заборавено. Но сега повторно ни се подобрија односите, повторно одам кај неа на спиење. Посебно ги сакам нејзините јадења, гравчето најмногу, никогаш не ме терала со сила да јадам, иако ќе ме замолеше два-три пати да дојадам, а ако не сакам се откажуваше, додека другата баба сама ми ја буташе храната во уста. Сега ми остана само едната баба, која добро се држи, ништо не и фали .. засега. :) Така што никогаш не сум имала некој прекрасен однос со бабите, а поради нивното однесување се повеќе и повеќе ги засакував моите починати дедовци.
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Леле на темава книга би можела да напишам, посебно за баба ми која живее со нас, т.е. мајка на татко ми.
    Ете можеби некој забележа дека уште од старт неа ја издвојувам пред сите, и така е - ПРИЗНАВАМ. Таа ми значи многу, можда и најмногу во животот после моите родители. Ми дала многу, а единствено што побарала за возврат е почит и послушност. Ме чувала кога сум била мала додека мајка ми одела на работа, ми раскажувала приказни (признавам дека и ден денес ја терам да ми раскажува, истите, повторно и повторно :lol: :$ ), ми пеела песни, ме учела... Откако дојдов овде премногу ми недостига и едвај чекам да ја видам. Се слушам со неа секој ден и постојано ја прашувам дали е добра затоа што има скоро 77 години (на 8-ми Декември и‘ е роденден) и не беше баш најдобра со здравјето кога заминав. Ја обожавам просто затоа што и покрај тоа што често се расправаме (за глупости, се разбира :lol: ), таа е мојата душа, јас сум нејзина мала копија, кога ќе се случи нешто за кое мајка ми не смее да дознае :wasntme: ме прикрива, таа е мој соучесник.... ех... се распишав за бабичка. Иначе Елисавета се вика и ја викам БАБАТА СО НАЈМОДЕРНО ИМЕ. Нејзиниот сопруг т.е. дедо ми почина кога имав 4 години. Него исто така многу го сакав затоа што кога бев со него бев најмирна. Беше шнајдер, па бидејќи обожавав по секоја цена да бидам во негова близина се задоволував со едно обично крпче или ментол-бонбончиња и малата Хипи седеше мирна и тивка на каучот :) Некогаш сум тажна затоа што едвај го паметам и најмногу го ПАМЕТАМ по сликите кои ги имам.... но сеќавањето е убаво.
    Моите други баба и дедо, родителите на мајка ми, се многу добри луѓе. Дури и премногу, што лесно потпаѓаат под влијанија за кои одбивам да разговарам затоа што се иритирам. Не велам дека ги сакам помалку, но не ми е исто со нив, како што ми е со баба ми Јелисаветче :) Живеат во едно село многу блиску до Охрид, и ги посетувам колку што можам, но факт е дека некои луѓе едноставно не знаат КАКО да замамат деца во своја близина, дури и да се работи за нивните сопствени внуци.
    Во секој случај - ги почитувам, бидејќи нели сепак се постари.

    Ах... се растажив, ми требаат сите да ги видам, а и темава ме потсети дека викендов морам да го посетам гробот на дедо ми... одамна не су била таму, а знам дека му недостигам. Иако некој ќе помисли дека фантазирам, сепак мислам дека тој ја гледа својата мала Хипи од горе и ја чува.
    :( :*
     
  8. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Од на татко ми страна баба ми и дедо ми не ги сакам многу-многу,а од страна на мајка ми ги сакам ептен,како втори родители ми се.Иако првите се побогати,а овие се посиромашни.Но,не е се во парите!Џабе ако ти даваат материјално богатство,а ич духовно :?:
     
    На Unpredictable му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Жива е само баба ми откај тато, живее со нас. Таа е од оние старици кои ве нервираат, на улица загледува по секој што ќе помине, се живо ја интересира (кој со кој оди, што прави), без работа и нон-стоп наоѓа некој за седење на улица и оговарање до бескрај. Велат со годините доаѓа трпеливоста, ама кај неа тоа е обратно, и малку да и преречеш за нешто и да и се скараш, ветдаш се лути и нема со месеци да ти прозбори. Цело време не тупи со туѓи животи, како некоја многу чистела, друга се “наместила“ во добра куќа, трета завршила тежок факултет... тоа многу страшно ме иритира, неможам да ја поднесам од тие работи. Кога бевме помали обожаваше да ни води ред, колку збориме на телефон, колку пиеме кафе, со кој се дружиме (другарките се плашеа од неа)....
    Од друга страна пак, цел живот пензијата ни ја дава нам. Значи месец не поминува таа да не ни даде по некој денар, а останатите ги дава за дома. Таа и е потпора сега на мајка ми и заедно не издржуваат на факултет. Значи нема што да се пожалам од тој аспект, навистина многу ни помага, останувала без лекарства заради тоа.
    И тоа, од една страна лошо, од друга арно, што и да каже човек ќе згреши. Сепак е постар човек и мора да се поштува.
     
  10. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Моите баби и дедовци, да не ги подречам се сеуште живи. И од страната на мајка ми и од страната на татко ми.
    Иако одсекогаш по малку ме нервирало тоа што ан некој начин сакале да се мешаат во воспитувањето ан внуците, сепак сфаќам дека тоа е нормално, а тие на тоа гледаат како неопходно. Зошто нели, ги имаат годините и искуството, а тоа им дава за право да кажат дека знаат повеќе од тебе и треба да ги послушаш нивните совети :lol:
    Многу поинаку те гледаат тие тебе отколку ти нив. За нив ти си се. Ти си им она за што тие живееле и работеле, нивни потомок, бескарајно сакано внуче.
    А тие за тебе се баба и дедо, некој кај кого одиш на гости, влегуваш во друг свет таму, свет на спомени од детство, летни распусти, радост, приказни и случки од дедо, совети од баба, ружи, праски и јаболка од двор кај баба...
    Бабби и дедовци. Ние сме нивната иднина, продолжение на се што тие биле, она за кое стварале, се труделе...
    Не викаат за џабе дека дете се сака најмногу на свет, но внуче, е тоа е некое сосема друго чувство што не се опишува. Се надевам ќе си дочекам и јас да им раскажувам на моите внучиња случки од моето време, додека тие ќе летаат со своите спејс шатлови :rofl:
     
  11. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    ;( Se bi dala koga bi mozela da gi vratam.... Tatkoto na majka mi pocina koga imav 5,potoa mi pocina i dedoto od tatkova strana t.e posle koa imav 7.Ne se sekjavam na niv mnogu.Sega pred pola mesec pocina i baba mi (majka na majka mi) .Ziveese so nas i zaedno so majka mi gledaa da sostavat kraj so kraj za da ne izvedat na prav pat.Tatko mi ne se interesira za mene taka i jas za nego.Sega e ziva baba mi od strana na tatko mi.Sea u dekemvri i e rodenden ! Ke pravime zurka :)


    [mod-kirilica:2ca2xjy0][/mod-kirilica:2ca2xjy0]
     
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.766
    Пол:
    Женски
    На мајка ми татко и починал многу пред да се родам, па не го знам, а баба ми е срце. Живее во друг град , ама живее за моментите кога сме кај неа. Кога бевме помали седевме цел летен распуст таму, не галеше, мазеше и сеуште сме и галеничиња со сестра ми (иако често пати мислам дека најмногу и е жал за нас бидејќи сме сираци ). Дедо ми, на татко ми татко е добар човек. Не го гледам често, затоа што претежно седи во село, доаѓа по пензија и ако фрли некој ситен денар, но кога беше тука, кога бевме помали многу не чуваше иако тоа беше само месец дена. Не будеше, ни вареше чај, не носеше до училиште, па дури и не чекаше кога беше многу темно. Јас сум му миленица, затоа што личам на татко ми, но и поради зборењето. За баба ми имам многу за пишување. Можам да кажам дека сум пресреќна што умре. Дури ни на гробишта не и палам свеќа. Никогаш не и беше гајле за нас иако живеевме заедно. Во куќа од 100 квадрати, нас не набута во една соба, не бркаше од дома, често пати знаеше да каже подобро да не се родевте. Секој ден исполнет со кавги, навистина сум среќна што е мртва. Сега живеам слободно, во моја куќа без стара вампирка, во куќата на татко ми, син и кој никогаш не го сакала.
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    За жал повеќе никој не живее, последна почина баба ми - мајка и на мајка ми, кога имав 17 години. Дедо ми од страната на татко ми никогаш не сум го запознала бидејќи починал многу млад, но во последно време многу чепкам по стари документи и најдов дека бил роден истиот ден како и јас и сега се повеќе ме копка да истражувам за него. Најдов и многу сличности дури...и ептен сум емотивна на оваа тема и посебно носталгична. Со останатите немав близок однос, и многу им завидував на сите што преку лето одеа кај баба во село, јас за жал не знам што значи тоа :( Градско дете заглавено во градскиот смог, чат пат кај баба ми повторно во истиот смог и тоа е тоа :( Ете така...ама додека сум жива имам мисија, да откријам се за дедо ми со кој очигледно имам многу заедничко и тоа сознание некако посебно ме исполнува.
     
  14. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    се прича за себе :lol:
    па вака, мене ме одгледаа баба ми и дедо ми (на татко ми родителите) и можам да кажам дека нив ги сметам за втори родители (иако дедо ми почина пред 6 години). за нив имам мнооогу да пишувам, со љубов, почит и благодарност.
    додека мајка ми и татко ми работеа по цели денови тие беа секогаш со мене и сестра ми и го дозволуваа секој наш потег. точно пред некое време разговаравме со мајка ми, и јас само и реков ,, не се сеќавам толку на вас со тато како малечка, колку на баба и дедо. не се сеќавам дека вие сте ме одгледале, не се сеќавам на моменти поминати со вас... додека го сеќавам секој момент поминат со баба ми и дедо ми,, . може звучи чудно, но така е. кога ми доаѓаа другарки ние одевме доле кај баба ми да си играме, не горе (горе мораше се да биде пицнато) , и кога доаѓаше време за спиење дедо ми ќе ме качи кај моите, и јас само ќе си го гушнам него и ќе му речам ,, сакам дома да си одиме ,, :lol: чудно нели? баба ми уште ми ја спомнува оваа реченица...
    за баба ми можам да кажам дека беше супер бабичка, тоа темпо со нас ретко кој можеше да го издржи . дури и на одмор одевме заедно (јас , сестра ми и баба ми). дедо ми пак, душа човек беше. тивок, разбирлив, никогаш не го покачи тонот на нас, а не па рака да крене... беше толку горд што го носам неговото име (а и јас исто). додека бев малечка, кога ќе ме разбудеше наутро за на училиште на масата секогаш ме чекаше појадок, чизмињата ми ги ставил до шпоретот за да ми се стоплеле, и кога ќе сум одела по снегот да не сум го чувствувала ладното... и додека појадував тој си ја пие топлата ракијчка . и кога ќе тргнам ќе ми даде некој денар, иако веќе сум имала........................................ ееее за нив можам да пишувам, да пишувам... ах, толку многу ми недостига дедо ми ;( се сеќавам на денот кога почина (летото, завршив 8мо одделение)... очите ми истекоа од плачење, плачев на цел глас, не давав да го однесат... па тој ми беше втор татко. толку беше тажно, толку многу плачев што успеав сите околу мене да ги расплачам... од тогаш баба ми како да се смени, полека полека почна да губи надеж и за себе, не можеше да се помири дека го загуби дедо ми... и до ден денеска не може да поверува. ама ептен е срцка, многу си ја сакам бе, дури и другарките многу ми ја сакаат, а дечко ми кога ќе дојде... лелеле елелее :D кога ќе се загушкат, абе мислиш тој и е внук :D . баба уште чувствува потреба да не' гледа, да обрнува внимание на нас... и уште ја има таа навика, на моите 21 год да се качи горе да ме праша што сакам за појадок, да ме праша нешто за перење дали имам, па кафе да се напиеме, да раскаже некоја случка, да се насмееме, да ме испрати каде и да одам, да ме пречека... понекогаш напорно станува :lol: ама тоа е.
    другите баба и дедо (на мајка ми), тие се многу помлади, посовремени, построги... имам двајца братучеди помали мноооогу од мене. и откако тие се родија ретко да ни дадат по некоја паричка или чоколадо да ни купат што се вика |( .... тие се некако друго семејство . се собираме за празници, ручеци, си ги сакам и нив, ги почитувам не викам не, ама секоја љубов си има различна топлина.
    во кратки црти :D тоа е. јас можам уште многу да пишувам, ама за почеток ајде доста е :$
    ќе си напишам понатаму некој пост со бисерите на баба, е па стар човек што да се прави :lol:
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  15. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    103
    Баба ми по татко ми беше личноста која најмногу ја сакав таа ме порасна, секогаш беше со мене, заедно спиевме додуша јас не ја оставав да спие ја терав приказни да ми кажува или пак како си играла кога била дете каков и бил животот ехе свашта ја прашував :) , ме прикриваше кога правев белји и глупости понекогаш и ме караше "Кучко една ти реков не така! аа ќе те кажам на татко ти!" и никогаш не ме кажуваше :D пријателки кога ќе и дојдеа заедно седев со нив, за роденден, за велигден и нова година ми купуваше алишта, секој месец ми даваше пари т.е ќе ми дадеше и ќе ми земеше ми ги чуваше сите пари на страна и секој месец ми кажуваше колку сум заштедила (од неа научив да штедам :) ) никогаш не се делев од неа, е после кога потораснав т.е кога тргнав на училиште таа ме будеше, ми правеше појадок понекогаш ме нервираше со некои напорни и глупави прашања од типот Како си помина на школо? Шо имаш за домашно? Дали те станаа по некој предмет? ако бев расположена ќе и одговорев ако не ќе се скаравме малку ама не ни траеше лутината после пет минути ја гушкав и ја гњавев. За жал и баба ми и дедо ми по татко ми беа слепи (дедо ми од бомба настрадал и нема рака, очи и 2 прста, а баб ми останала слепа на 15 години од очна болест) баба ми била 12 години постара од дедо ми (баба ми 1915 родена умре 2007 на 92 години, а дедо ми 1927 и уште е жив), се запознале во Сојуз на слепи се засакале и решиле да се земат. На почетокот имале само една соба под кирија во неа еден кревет и мало регалче. Со помош на некои пријатели отвориле дуќан и работеле во него во меѓувреме дедо ми станува претседател на Сојузот и отвара работилници за слепи во кои и баба ми ќе работи. Посветувајќи се на работата дедо ми ја запоставува баба ми на која и умира првото дете од болест. По извесен период баба ми го раѓа татко ми, па тетка ми, работата во дуќанот им тргнала купиле голема куќа во која и ден денес живееме. Сепак за време на поплава дедо ми пропаднал во река т.е дуќанот бил покрај река и кога надошла водата го повлекла дуќанот кој бил мал како барака од штици на работ на смртта дедо ми бил спасен, по неколку години се појавува нова жена во животот на дедо ми (многу помлада од баба ми 25 години помлада) што заначи баба ми и дедо ми се разведуваат и ја делат куќата на половина. Во едната половина живеела баба ми со нивните две деца, а во другата дедо ми неговата нова жена нејзините деца и плус подоцна ќе има уште една ќерка. Иако поделени децата меѓу себе се дружат се почитуваат, прават заеднички семејни ручеци итн. Втората жена на дедо ми оболила од рак на дојката кога полусестра на татко ми имала 17 години тогаш во куќата фатил пожар и цела изгорела по што следувало градење на куќата за кратко умрела втората жена на дедо ми... има уште многу ама да не навлегувам во детали не е битно,само сакав накратко да кажам дел од несреќите во животот на баба ми и дедо ми, колку цврста жена била баба ми што можела сето тоа да го поднесе плус да порасне 2 деца и да ги изведе на вистинскиот пат и 5 внучиња и правнучиња дочека. Секогаш ќе и се восхитувам на издржливоста, храброста, силата, и секогаш кога ми е тешко помислувам на неа кога таа можела сето тоа да го поднесе и да го издржи знам дека можам и јас да се справам со моите "проблеми"! И умре кога имав 13 години таа имаше 92, 1 недела пред тоа беше многу болна и јас не можев ни да влезам во нејзината соба од што ми беше тешко да ја гледам како умира. Умре на Ѓурѓовден тоа утро беше најужасното во мојот живот бев тажна, бесна, неможев да го прифатам фактот дека таа веќе не е меѓу нас ;(
    Дедо ми има 83 години и него многу си го сакам само што има малку терсене карактер и навики од кои не се откажува за ништо на светот - критикува, многу сака да држи говор, никогаш не е задоволен, чувствителен е,лесно се љути, горделив е, донстоинствен, многу е педантен, досаден е понекогаш ама си го сакам и си го почитувам. Пари секогаш ми дава колку и да му побарам дури и отповеќе и за се мене ме бара :)
    Другите баба и дедо живеат на село многу не сакат и мене и сестра ми и брат ми ама не се како овие другите со нив поретко се гледам и не сум приврзана како за овие :)
     
  16. Bluebell

    Bluebell Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    11
    Моите баба и дедо се живи, и од кај мајка ми и од кај татко ми.
    Но баба ми и дедо ми од кај мајка ми се најзлобните личности на светот. Никогаш нема да ги засакам иако правам да не го приметат тоа. Кога сум била бебе животот ми висел на конец, сме биле сиромашно семејство, а мајка ми и татко ми биле млади. Баби како баби ги советувале да одат на гледари мислејќи дека тие ќе ми помогнат но сме немале автомобил. Ги повикале баба ми и дедо ми да ме однесат во некое село со колата, но залудно, цело време сум плачела, таа неможела да ме истрпи и кога стигнале дома, пред портата таа излегла од колата и ме фрлила во калта со се кебето во кое сум била замотана и рекла кога ова дете ќе се смири ќе ми биде внука, дотогаш јас не сум и баба. Замислете сум имала само 6 месеци ;(
    Но благодарение на баба ми и дедо ми од кај татко ми со кои и ден денес живееме заедно, ни помагаат, це делиме заедно, баба ни прави јадење кога мајка ми е не е дома, кога сме болни таа цело време е над нас , но душичката има бронхитис и цело време кашла и многу ми е грев кога ја гледам така кога се мачи. Исто и дедичко, кој секоја ноќ ми раскажуваше приказни и уште се сеќавам кога го каснав докторот да не го боцка бидејки дедо ми беше болен и неможе да стане од креветот а јас имав околу 4ри години.
    Денес благодарение на нив јас сум жива и здрава, а имам и уште еден брат, опстаавме целото семејство и одкако знам за себе никогаш не е имало некаква караница помеѓу нас и се надевам дека нема и да има. А бабата и дедото од кај мајка ми сеуште се живи, ги викам баба и дедо но се надевам дека за гревот кој ми го направиле ќе им врати Господ бидејќи јас сум "СМИРЕНА" и неможам да направам нешто, ни на мравка а не па на нив.
     
  17. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Секоја личност со своја историја-најнормално. милото, најмилото, слабоста на бабите и дедовците-ние внуците. Некој си заминале уште пред да се роди ме , некој сме ги запознале па си отишле, некој сеуште се меѓу нас. Мојата Бабичка колку само се грижела за мене кога сум била мала ( а колку белаџијка сум била уфф), секогаш е била покрај мене. Таа е мајка на мојата мајка, дедо ми умре млад кога јас имав 12 години, само колку не сакаше и ни купуваше се што ќе посакаме.Останатите од на татко ми страната не ни ги запознав. Баба еве уште(иако сум во Брак) ќе земи пензија и ќе ми даде некој динар-скромно јас го ценам тоа. И колку само се радуваше на мојата свадба,бидејќи и сум прва внука( а најмала) што се мажи. И се ми вели и уште правнуче да си дочекам, и јас се ја тешам и и велам треба уште на 4 свадби да играш, ама таа откако замина дедо ми многу се промени-беа како другари секаде заедно, јас ги немав слушнато да си противречат нешто-но судбината решила тој да замине рано. Но најсреќна сум што го носам нејзиното име. Не сум ја посетила одамна, а сега живееме многу блиско-ќе ја изненадам утре
     
  18. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Многу пати имам пишувано на форумов за моите баба и дедо (тие од кај мајка ми) и ги сакам многу (онолку колку што може да се сакаат блиски личности) :D
    Незнам како да ви ги опишам но тие се комична трагедија кога некој ги посматра од страна :rofl:
    Баба е типична домаќинка која цел живот го има посветено на семејството, а дедо е сега веќе пензионер со успешна кариера и многу почитуван човек од оние што го знаат :) Но како што вели поговорката зад секој успешен маж стои способна и успешна жена - токму тоа е случајот со нив двајца. Во животот имаат поминато низ многу работи што се вели низ сито и решето...од млад брачен пар кој започнал нов живот само со алиштатата на нив, сега имаат удобен пензионерски живот, токму затоа им се восхитувам :!: Кога бев помала одевме на семејни ручеци, но не сум била посебно блиска со нив. Сега последниве 6-7 години (кога пораснав) повеќе се зближив и често знам да појдам да си испијам едно кафе со нив, или да им помогнам ако треба нешто, да пазарам (зошто живееме во иста населба).
    Си имаат свои бубачки....што вика баба како стареат - се будалеат, дедо во свој свет не го држи место па само работи нешто по дома (растура) а баба да ја оставиш во кујна цел ден ќе прави јадење, ќе меси пити (како да треба да рани цела војска) :rofl: Често на шала знаат да ми речат дека сум бабина маза :$ .....и тоа би било накратко за моите херои (баба и дедо) 8)

    За тие од кај татко ми несакам да пишувам и да ги спомнувам иако израснав со нив, повеќе ги памтам лошите од добрите работи :x
     
  19. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    баба ми и дедо ми од страната на мајка ми се слични како на го-грл, баба ми е постојано в кујна, само готви нешто, а дедо ми сега пензионер со претходна успешна кариера, само работи нешто, живеат во населба близу до село, си купи ниви па само сади нешто, откако ќе го сработи неговиот дел почнува и на комшиите со тракторот..кон нив не сум приврзана, едноставно не се чувствувам како нивна внука, како и сите останати нивни внуци, едноставно си ја работат нивната работа и не ми обрнуваат многу внимание, па затоа и поретко одам кај нив, баба понекогаш се лути, ама тоа е тоа..

    другите баба и дедо(всушност дедо не ми е дедо,дедо ми умрел кога тато имал 3 години и баба ми се премажила) си ги сакам премногу, кога бев помала живеевме со нив, некаде до 6-7години, моите беа постојано на работа, па баба и дедо постојано е грижеа за мене и брат ми, не израснаа, баба ми ни е докторката во фамилијата :lol: , има една соба целата со билки, и постојано само прави нешто, некои масла, кантарионово, вакво, такво, некои креми од невен од не знам што, и секогаш кога ќе се удрев изгорев, изгорев на сонце или нешто, ете ја неа со кремите :lol: , многу се грижи за нас... на дедо ми уште се сеќавам како го малтретирав, кога бев многу малечка да ме носи кај другарка ми, која живееше многу погоре од нас, а тој кутриот, операција беше правен(имаше запушени вени мислам) и одвај одеше, ме носеше и враќаше постојано(барем си правеше муабет со дедо му), се сеќавам кога беше касно и кога не требаше да излегувам си играв со него карти, ме научи на вистинските вредности на животот, знаеше да ми се налути ако за нешто се карав со моите, за да ги почитувам повеќе, се сеќавам само на убави работи од дедо, само како грда слика ми остана кога го видов како се крие да пуши цигари(а не смееше), му реков дедо немој, не чини, ама по 2 месеци умре т.е. пред година и пол, ми фали сега многу, ама тоа е тоа, сега не можам ништо да направам ;( ;( ...
     
  20. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.563
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    Најмногу од сите ми недостига дедо ми (од кај мајка ми) кој почина од рак кога имав 11 години. Сеуште се сеќавам на него иако често мајка ми ќе каже дека сум била мала и дека сигурно не го памтам, но јас го памтам. Го памтам по неговата добрина, по тоа што сешто ке посакав ќе ми го дадеше, имав преголема љубов од него, грижливост. Се сеќавам дека секое лето како мала одев кај нив на село и таму седев со месеци, додека не појдам на училиште. Баба ми е како ангел, исто како и дедо ми и таа се грижеше за мене, ми беа како родители. Навистина многу многу го сакав дедо ми и сеуште го сакам иако е починат и многу ми недостига. Некогаш ке си помислам камо да можам да го вратам времето, но тоа не е можно, за жал. ;(

    Како што кажав претходно баба ми(од кај мама) е ангел :inlove: во права смисла на зборот. Таа и сега кога ке ме виде( бидејќи не се гледаме често, еднаш месечно) ќе ме изгушка,ќе ме избацува, на неа секогаш можам да се потпрам, секогаш имам подршка од неа, разбирање и само едно ќе кажам премногу ја сакам. Такви личности се ретки..предобра е и сум среќна поради тоа :inlove: :inlove:

    Додека дедо ми(од кај тато) се многу разликува од мојот починат дедо. Како мине времето се повеке е строг, суров не само со мене туку воопшто и со внуците, како да не му е мило што не има, премногу е скржав, само гледа за него и 10 ден да се тешко да ти ги даде. Таков е, и покрај тоа јас на некој начин го сакам но не многу. Татко ми често знае да го одбрани и да каже :тој ве сака, иако не го покажува тоа, но според мене тоа е само изговор. Неможам да го сватам, си ги полни торбите а ние и да немаме за леб не прашува дали имаме. Татко ми се мачи за него секој ден оди на село да му помогне, но тој тоа не го признава. Понекогаш сум лута на татко ми, зошто го прави тоа, зошто му помага кога тој тоа не го цени. Но татко му е, што ке прави неможе да го остави.

    Баба ми (од кај татко ми) за жал е болна, и премнооооогу ми недостига, не сум ја видела скоро 1 година, се разболе и остана во болница. Сите можат да ја видат, и кога ке се оди кај неа сите се спремат, јас ке прашам ќе одам ли и јас, а родителите или пак роднините, кој и да одат секогаш ми одговараат дека нема место. Неправда, навистина не е фер, секогаш за мене нема место. Таа постојано ми се јавува постојано се слушаме преку телефон, но не е исто. Понекогаш имам чуство дека ме сака најмногу од сите внуци. Често ќе му рече на дедо ми да ми помага, да ми дава пари доколку немам а тој само ке рече и давам јас иако тоа не е вистина. Јас премолчувам, зошто да ја нервирам кога е болна..ах пуста болест ;( . Неа од секогаш сум ја почитувала како и другата баба и дедо ми од кај мајка ми, додека дедо ми од кај татко ми и не ми е пожелен многу.

    Тоа е, бабите кој ги сакам и дедо ми кој е починат не се со мене, секогаш ме фака носталгија кон нив, но што можам јас против возрасните. А другиот дедо, понекогаш несакам да го видам, само проблеми ствара... :(