1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возачка дозвола (и сè е можно). Какви возачи сте вие?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mandarinna88, 15 јуни 2010.

  1. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    Жените биле лоши возачи ??? Хмммммм НЕ БАШ!

    Еве една сообраќајна тема :) .. Како се снаоѓате во улога на шофер, што ви е најголем проблем, најдолга извозена релација, згоди и незгоди.. Аматери и професионалци, ПОВЕЛЕТЕ!
    Желна сум за tips & tricks..

    Поздрав од вечниот кандидат за градска ! хахахаха

    p.s. СЕ ИЗВИНУВАМ ако постои слична тема. Се обидов да проверам, но не пронајдов ништо слично..
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Ја моментално земам часови, уше неколку ми останаа, положив прва помош, сега ги спремам тестовите. Инаку сега е многу строго, една комисија е и им се може.
    Јас добро се снаоѓам низ градов, чекам да се испразни за да полагам градска :D
    Инаку има многу луди што не се психички стабилни за да возат кола.

    Најмногу што ме нервира е што кога некој ќе види дека колата е авто школа, не знаете што прават, свират, блиндираат.... чекај бе човеку, и да сакам не смеам поинаку да возам, со инструктор сум, мора строго школски. Ама не сфаќаат.
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    Јас на секое свирење ( најчесто беспотребно) почнав да гледам како удварање и не ми смета! Така инструкторот ме учи. Ми вика: "Aeeeee во мое време на друг начин им се удваравме на девојки, а не со свирење беспотребно. Што е со младинава?! Не обраќај внимание" - хехехе

    Инаку почнав со допунски за пред градска, па со Господ напред.. ваљда ќе биде 4та:)@ ) среќа :angel:
     
    На Philippa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    јас лично положив на 18 години викам ај редно е да седнам да положам и да возикам низ град. морам да ви кажам да ја земав возачката но возев еднаш или два пати, и си реков не благодарам но во џунглата на гратскиот асфалт за мене не е кола. и така возачката ми стој во фјока. подобро спречи него ли да лечиш бар така си реков ;) но здравје со малку разгибавање кога сакам можам да си продолжам да возам. т.е. во некој подобри времиња ;)
     
  5. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    Ма оперирана сум јас од гужва. Ама имам фобија од ПАРКИРАЊЕ! напред-назад, на страна, лево-десно, уште малку-уште многу ЕПА НЕ МОЖАМ, МАЈКЕ МИ!
    :D :D
     
  6. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.475
    И мене ми беше така на почеток :lol: Ми требаше исклучиво широко место за да се паркирам :$ Ама се е до искуство.. ;)
     
    На TheDove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ana05

    ana05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    34
    Се снаоѓам некако :$ Досега никој се нема пожалено од моето возење,барем не на мене :angel:
     
  8. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    Не, моментот е кога сум во некоја ситуација каде што ми е потребно време да размислам како да ја свртам колата, како најпаметно да изманеврирам, а некој батка од позади чека.. ми свири.. се дере.. и уште толку тензија ми крева, а на кола има таблица АВТО ШКОЛА! - е ај сеа фати им го крајот, па тие кога учеле зарем така им правеле :?:
     
  9. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Јас положив на 18 и на почетокот мислев дека се е пали - вози како на автошкола со инструкторот до мене. Ама кога седнав јас сама зад волан не беше се така едноставно. Со време се ослободив и се развозив, сега немам гајле за возење ама пусто паркирање...приказна за себе :lol: Мн.ми е страв да не ја зафатам колата, зашто еднаш на почетокот дури враќав на рикверц ја подзафатив и сега кошмар ми е!Паркирам кај што нема гужва. А за да возам во Скопје би размислила, не би се нафатила лесно, освен ако не сум изнервирана и за инает да го направам тоа :lol:
     
  10. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Јас сум возач без дозвола :D :D
    Уште од малечка сум седела позади воланот, секако со придружба на татко ми.
    И сега мислам дека ако седнам сама зад воланот, многу добро ќе се снајдам...
    Ми се случило и понекогаш кога нашиот автомобил бил погрешно паркиран од страна на мајка ми, да ги земам клучевите и да го внесам во гаража.. :D
    Многу сакам да возам кола, автомобил де. Ми претставува некој вид на задоволство. Ама ќе си почекам за тоа...Уште неколку години, до полнолетност...
    Или сменети се сега законите? Затоа што со татко ми разговарав исто на оваа тема, и ми кажа дека по наполнување на 16 години може да се полага, а за возачката...не ми текна да го прашам дали веднаш ја даваат со сите овластувања и дозволи за возење или се чека до навршување на 18 години, т.е до полнолетност. И затоа вас ќе ви го поставам тоа прашање..

    Поздрав од малолетниот возач со желба за возачка дозвола, побрзо :D
     
    На K4813 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276

    За возачката треба да чекаш до 18 :?:
     
  12. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Ангелче мора да имаш 18 год. за возачка, може со 17 год. да ја почнеш обуката ама ако немаш 18 нема да ти дозволат да полагаш.
     
  13. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    645
    И јас сум возач уште од 18 години...најпрво дечко ми ме учеше да возам а потоа моите ми уплатија за часеви значи јаас знаев да возам уште од 16 години....од кога положив нон стоп сум со кола нашата дома не ја возам многу(пошто не сум ни дома)ама на дечко ми па затоа постојано.....тој многу ме форсира и нон стоп кога излегуваме ме тера јас да возам и кога е надвор од државта јас ја земем и ја возам зошто таа е лично негова не на неговите родители,често пати може да се најде паркирана во мојот двор... :D инаку одличен шофер сум имам веќе неколку години добра пракса не се плашам многу од метеж си возам јас по моја лента а другите што сакат нека си прават ама некој ако ме изнервира одма ја палам свирката тииииииииииииииииииииииииттттттттттт...... ;)
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Немам искуство со возењето. Ниту пак сакав да полагам, иако мајка ми ми висеше над глава. Ми досадуваше да полагам летото кога завршив средно, јас нејќев. Ама кога дипломирав, ми уплати и ми вика „платено е, па ти сакаш оди на часови, сакаш не оди“. Јас отидов, за да не пропаднат парите (не се малку). Супер инструктор имав, од прва се положив, уживав во возењето. И се навикнав на мала кола. Кога седнав во нашата која е малку поголема, ми беше страв ама брзо се навикнав. Возев едно 5-6 месеци откако положив, па дојде лето и баталив. Мене за во Охрид не ми треба кола за никаде, секаде одам пешки, мал град е и брзо се стигнува секаде. А и плус во лето не ми се вози таму, која гужва е, немаш кај да поминеш, камоли да најдеш паркинг место. А Скопјево е друга приказна... само не знам како ќе се снајдам тука после две години и повеќе невозење :worried:
     
  15. etjena

    etjena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    52
    Јас земав часови по наговор на дечко ми,сеге веке ми е сопруг, и види талент положив се од прва ама инструкторот ми беше тапа. Сега сум со 5 годишно искуство и една сообраќајка и ниедна казна иако еднаш малку фалеше (цајканот падна на мојот шарм :D ). Неодамна маж ми ме изненади со подарок - нов пасат, малку голем за мој вкус ама се навикнав.
    Уживам во возењето, тешко ми е што нема паркинг секаде кај што сакам јас ама се снаоѓам.
    Девојки возете тоа е чекор кон независност.
     
    На Hortenzija му/ѝ се допаѓа ова.
  16. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.475
    Да се пофалам, сестра ми вчера положи, за една недела ќе и ја дадат возачката :party: Иако и без возачка возеше цело време :)
     
  17. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    ajde neka e so sreka! Bas se raduvam, se najubavo.. ;) i jas ovoj mesec ke polagam, samo se molam plavusata da ne mi sedne napred :/ (sorry za latinicata, od mob. sum)
     
  18. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.475
    Фала Мандаринче, ајде и ти побрзо да положиш. :*
     
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    ајде нека и е честито и со памет да возика :lol:
     
  20. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Веќе една година имам возачка дозвола и ептен се нервирам што од 11 навечер до 5 сабајле не можам да возам сама, мора да е со придружба, демек почетник сум. Инаку казната е 400 евра ]:) Ама јас си возам и после 11 и 2 пати ме сопре полиција, ама се спасив. Првиот пат не ни забележаа, а вториот имаше мала дискусија, па малку лигавење :lol: и ме пуштија.
    Инаку немам страв и досега никој не покажал страв додека се вози со мене. Инаку на почеток, како и повеќето, имав проблем со паркирање па дечко ми си го земав за инструктор и тој ме учеше и сега можам да се пофалам дека знам, иако понекогаш ми се случува да зафатам наместо едно две паркинг места, ама тоа само кога брзам :D

    п.с. Вери честитки за сестра ти ;)