Единствениот што го осетив беше петокот на скали, и тоа на скали затоа што бев ми се сврте нозе ми се стресоа, другиве не ги осетив
Оној земјотрес кој јас го почувствував саботата пред 11 часот имал епицентар во Зајас - Кичевско така чув на радио подоцна истиот ден. Инаку ние на Балканот и цела линија кон Медитеранот насочена сме во трусно подрачје еве и Италија конкретно има голема активност дури имало некој научник кој вршел предвидувања на земјотреси и успешно предвидел неколку па имаше скоро најава за нов според неговите проценки и општа паника во Италија. Макар што предвидување земјотрес со планетарна поставеност мене ми е ту мач за верување, ама ај да не си ја предизвикувам среќата и барам белјата со скептичност. Мене лично ме плаши да не останам заглавена под некои урнатини длабоко под земја ова ми е најголем страв поврзан со земјотресот, .Инаку пред неколку години дури траеше земјотрес снема и струја па погрда комбинација нема, станав така и во расчекор инстантно си помислив каде ќе бегам во темница бидејќи ноќе беше и си седнав на кревет со помисла нека биде што биде. Инаку се сеќавам за серија земјотреси кои се случуваа кога бев петто-шесто одделение во основно неколку денови со ред, па имаше теории како се дестабилизирало тлото на Галичица па ќе следи голем земјотрес, фала Богу не се случи ништо од тоа.
Зградичко мила, го преживеа тој во `63та, ќе го преживееш и овој, а? Ако воопшто го има, зошто некако има доста мали краткотрајни се надевам не го најавуваат главниот
Да не беше темава немаше воопшто и да знам дека имало земјотрес. Како тоа не сум осетила, баш ми се интересни тие малите.
Да. Малку се исплашив ама нема везе. Ама убаво не стресе. k.i.m, би требало да е тој од сабајле, јас друг не осетив.
Па незнам точно колку беше саат... 10 и нешто? Ако грешам нека ме поправи некој, ама јас бев будна и осетив.
Кај 10 ипол сабајле било. Мене ме разбуди, ми го стресе креветот, епицентарот бил во Башино село (Велешко). Ептен силно стресе, ама јас одма си прилегнав, дури помислив и дека сонувам Па кога ми се јави дечко ми ми вика, земјотресот го сети ли? Хахаха и му викам, јас па мислев дека сонувам, ете кога стварно да ти било
ако беше мал, но сепак силен ептен зградата се лулаше и траеше , не премногу долго, но сепак подолго од обично.
Во 10 и 45 беше, од памет се извадив, спиев , ме разбуди ама кратко траеше, јас како што имам страв од земјотрес, веднаш се смирив, иако срцево пребрзо ми чукаше туку подобро да не мислам дека бил земјотресот, оти ако се сетам, пусти страв кога ќе ме фати и ќе ми се чини дека нешто тресе и на тв кажаа дека имало Скопје, Велес и мислам Куманово, а не кажаа колку степени.
Во Велес и тоа како се осети, само што испаднав, застанавме пред една трафика и наеднаш целата ме стресе нешто , после ми се јави и мајка ми бидејќи знаеше дека ќе паничам
Уф и Велес мислам дека најјак беше...јас бев веќе станата и си се сминав доле и сама бев,а баба горе беше и дада спиеше исто горе...и наендаш почна се да се тресе срцево ми запра и одма се фанав за вратата знаете нели под врата кај што треба да се стои кога има земјотрес...и баба почна да вика по мене и по сетстра ми и јас трчам надвор со штиклите у рака )) И јас нагоре по сестра ми одам оти горе собиве не се стабилни а она па надоле по мене...и почнаа луѓе да испаѓаат на улица и поседовме малце надвор...сестра ми ми вика најак беше моменот кога те видов со штиклите у рака како трчаш И после осетив уште три помали и а осетам одма трчав надвор...многу ми е страв
Искочи земјотрес право на тераса И ПОЗДРАВИ ЈА ГОЦЕВАТА РАСА Земојтрес 10:45 часот : дрм дрм дрм поздравувам