Форумџика на годината

Живот на рати

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од eli25, 20 октомври 2011.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.022
    Допаѓања:
    123.888
    Свесни сме за економската ситуација на земјава.
    Владее голема сиромаштија.А за чудење како изгледа пак дека сите имаат.Како кога платите се тие? За чудење е како сите се жалат-нема пари,а имаат нова кола,скап часовник,марка гардероба,одат на одмор и зимување,реновираат по дома,ручаат и вечераат по кафани.Појдете од тоа дека кафаните се полни.Излезете низ град сите шетаат со тон ќесиња...
    Е ајде де!
    Се повеќе актуелен е тој да го наречам живот на рати-т.е. кредит.
    Еве моиве единствено во живот зедоа кредит пред едно 6,7 години за првпат во живот.А имало доволно секогаш.Да,други биле времињата и стандардот.
    Денешнава младина ,само што ќе се вработи одма вади картички и оди во минус.Желбата за покажување пред други е енормна.
    Дали навистина луѓето имаат потреба од кредити и картички или пак само сакаат да живеат на висока нога?
    Ајде изјаснете се,мислам дека темава е јасна.А потоа и јас ќе наведам примери од моето опкружување :)
     
    На SummerGirl, 1209 и thinkerbell им се допаѓа ова.
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.060
    Допаѓања:
    11.986
    Пол:
    Женски
    Во мојот случај има голема потреба од кредит и кредитни картички.
    Просто, платите се ниски, а се друго е поскапено. Еве тргнувајќи од лебот кој е дури 27 денари. Просечна плата не стигнува за сегашен просечен живот.
    Моите студии се доста скапи, не само партиципацијата, за стручните книги ми требаат повеќе пари. Мал милион пати сакав да се откажам, моите не ми дозволија. Помагам колку можам, подработувам на страна. Непотребни трошоци- сведени на минимум. Излегување со мерак- чекај, постои ли уште такво нешто? Неизбежно беше земање на кредит.
    Тоа е.
    Се надевам дека утре ќе станам човек и ќе им вратам дупло. Сите се надеваме на подобро утре
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Конкретно за Скопје еднаш се имам изјаснето дека со над 600 000 жители, барем 10% имаат доволно средства да живеат повеќе од убав и комфорен живот. Значи да речеме некои 60 000 луѓе се тие кои имаат навистина силна куповна моќ и мене искрено ми се чини дека тие ги полнат кафичите, рестораните, шетаат со полни ќеси, секојдневно ги гледам на кафиња дотерани и оптегнати.

    Бројката се зголемува, т.е. им се приклучуваат и оние тезе вработени кои извадиле по една-две кредитни картички и лудуваат додека не ги истискаат сите паричиња од нив.
    Вториве се од чалам, за жалење, сакаат само да се покажат, да се направат дел од големото добро утро.

    Најголема е групата која за жал води живот на рати затоа што навистина не може да скрпи крај со крај. :( Зема од една банка, враќа на друга, живее од трета и така во круг се вртат неколку картички и банки.
    Едноставно - не стигнува платата за сите трошоци, а си велиш животот е еден, и јас сакам да прошетам, да купам, да направам нешто со себеси.
    Тоа е единствениот начин.

    Таков стана животот, таква е Македонија.
    Единствено пензионерите од стариот ков не почитуваат ваков живот на рати, еве гледам по баба ми и дедо ми - сите сметки им се секогаш уредно платени, а успеваат и да заштедат прилично и скоро секој месец си го подновуваат домот со нешто.
    Ама од друга страна - кои трошоци ги имаат пак они? Секако немаат деца студенти, не излегуваат во град, не шетаат премногу, или немаат потреба од облека толку често.

    Животот на рати е навистина тежок. Ќе те убие мислата како да се покриеш со сметки и кредити кога си легнуваш бре. :(
    Ама нема друг начин. Не е дека го оправдувам, ама наоѓам некоја утеха во помислата - дека повеќето преживуваме така.
    А не е правилно. Далеку од тоа дека е.
     
    На eli25, Annath, anabel-a и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Не знам колку сте имале прилика да прошетате на други места, на некое подолго време, но по една прилично ,,долга,, прошетка, сфатив дека ова нашево не е живот. Ова е мизерија, можеби не е дно дна, има и далеку полошо, но дефинитивно може и многу подобро.

    Конкретен пример, дека поминав месец дена во една земја која е меѓу првите 5 во светот по животен стандард, се разочарав, буквално. Не сакав да си дојдам дома. Дојдов до едно сознание дека колку и да не сакаме да признаеме и прифатиме, парите го вртат светот. Таму луѓето имаа некој спокој, внатрешен мир, затоа што знаеја дека ако утре ги избркаат од работа, нема да останат без покрив над глава, без храна, без пари за лекови и дека децата ќе им бидат исшколувани додека сакаат да се школуваат. Да не спомнувам дека можат да си дозволат испаѓања, вечери, облека, чевли, годишен одмор и автомобил....Тоа, драги мои, не е луксуз. Тоа е нормален живот, живеење. Ова нашево е ПРЕЖИВУВАЊЕ.

    А овде ?! Па секој месец најголемите проблеми ми се баш заради пари.

    И тоа, моите земаат прилично солидни пари, повеќе од просечната плата, но СЕПАК не стигнуваат. Мојот престој во Скопје чини речиси една третина од платата на моите, а каде се тек кредитите, картичките... Не сакаат да ми кажат колку се заглавени за да не се нервирам, ама знам дека се бааги навлезени во тој вртлог.

    За жал, нема или јас не гледам излез. Земаш кредити, враќаш, плаќаш со картичка и пак враќаш и така до недоглед... Да додадам, ние не се луксузираме, живееме најнормално, но цените секојдневно растат. Само за храна, што се вика, да си купиш лепче, млекце и сиренце, одат мноогу пари неделно. Порано можев да си купам појадок и сок за 30 денари. Во Скопјево, можам газот да си го избришам со тие пари. Денарот се помалку има вредност.

    Тоа е тоа, жално но вистинито. :x

    п.с. Баш сега цимеркава ми вели, ај да одиме на Џез фестивал. За жал, ако одам таму, купам карта, дадам пари за автобус и назад, ќе треба цел викенд да седам дома. Со тие пари планирам да си го поминам викендот. Жалам, мислам, не сум ни некој голем љубител на џез, но, нели, убаво ќе беше да се види. Млада сум и сакам да испаднам, како и секој човек. Ах, тоа е. Не можам да се нервирам за нешто што немам. Колку ми е чергата, толку ми се нозете.
     
    На Mrs.Bass, Annath, friendy и 13 други им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.703
    Допаѓања:
    43.701
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Дузи ова нашево е преживување дефинитивно.Јас некако се навикнав на ваквата ситуација, неколку години по ред е исто кај нас.Моите пробаа со приватни бизниси и што направија, ништо повеќе заглавија со ликвидирање и стечаи.И така се вртеше земаат кредит од една, враќаат на друга, живеат од трета...сега чинам се подобри ситуацијата со банките, ама средства пак не стигнуваат.

    Моите се карале, па секако дека ќе се караат и јасно ми е кога се трудат да врзуваат крај со крај, а за нежности, љубов и нормален разговор немаат време, се се сведува на тоа како да се преживее.Мајка ми работи за една плата од 8000-9000 ден што е релативно малку, татко ми приватно, кога како...јас студент секој месец скоро 200 евра од тие одат на мене, брат ми средношколец...за него и за нив дома, кога како останува.
    Јас не се срамам да кажам дека со моите никогаш немаме отидено на одмор фамилијарен, што да бидам искрена некогаш и ми недостасувало, и сум и завидувала по малку на оние кои оделе...на мене и брат ми не се жалам не ни е ускратено ништо, ама далеку од тоа дека живееме удобно или онака како што треба да е.Сме биле на одмор и тоа најефтино што може...надвор од земјата немаме отидено,освен на екскурзии и некоја прошетка до тета кај северните соседи.
    Сега сум студент еве веќе втор месец, немам излезено, или нешто осетено од студетски живот, не за друго ги стискам парите затоа што не сакам да ѕвонам за да ми пуштат уште, пошто знам дека ќе најдат и ќе ми пратат макар тие на вода да живеат, ама кога знам дека е така јас нема да им барам вишка за излегување и шетање, освен ако не заштедам нешто.

    И така оваа ситуација не е само кај нас...кај повеќето е исто и поради тоа не сакам да се жалам кога колку е трагично кај нас толку е и кај некои други, кај некои трети дури е и многу полошо, многу...што се вели некои просјаци во странство имаат повеќе финансии од некои вработени кај нас, али шта чеш кога нема кој да ни ја оправи државата така ќе е.
    Мада не е само и до државата...таа нуди работа, има работа...само има и такви кои им е помило да седат дома и да лапаат социјално, да се фукаат секој ден на кафе и пиво, дома да немаат за леб, а битно да ги шетаат своите адидас или најк патики, купени со средства што не се знае од каде се.
    И стварно не ми е јасна оваа ситуација кога се жалат луѓето како се немаат пари за едно за друго а кафаните, дискотеките, кафичите се скоро секогаш полни...морало да се оди прво во кафана, па во кафич па на крај во дискотека...и така постојано.Не велам дека тоа е лошо и јас сакам да се опуштам и јас сакам така и некогаш практикувам, ама сега не можат моите дома да се обесат за да ми дадат мене да си шетам газ секој викенд.

    Ама да има и такви кои живееат на рати од што мораат, но има и такви молим лепо што живеат така за да можат да се прават дека се некој и нешто, од големото добро утро...така да.До нас си е никој не ни е крив.

    Арно рече Џамбазов:Каква е оваа ситуација, ма каква е оваа ситуација? :D
     
    На Annath, Strumfeta93 и Doozy им се допаѓа ова.
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Само да се надополнам со постот погоре... :)

    Бедно е да не можам да се јавам и да ги слушнам другарките, роднините, пријателите, затоа што морам да штедам на телефон. Минатиот месец заради кирии, газди, мајстори, по колеги и колешки ми стаса огромна сметка и искрено ми беше срам да ги погледнам моите. Месечно се двојат толку многу пари за мене, а јас да се правам госпожа на телефон. :x Од тогаш, вртам САМО и САМО по потреба. Не е фер спрема нив, не се мои пари. Да се мои, не ги жалам.

    Сега се почувствував ептен мизерно, кога ми пиша дечко и на една другарка... Ми вели, ај јави и се, нешто ја нема, исклучен и е телефонот. Те молам ѕвони и на фиксен, знаеш, навечер е, едно друго.... Во земја ќе пропаднев кога и преку фејсбук морав да му речам, ,, Извини, ама знаеш, во Скопје сум, имам трошоци, не можам да ѕвонам на фиксен, не ни сум ги слушнала ни другарките, ни па некој, цела недела. Само на фејсбук ако им пишам збор два. ,, :(

    Мнооогу, многу незгодно, ама јас не можам да ги лишам моите од асален оброк за да ја платат мојата сметка само затоа што него му било срам да и ѕвони. Ех, живот на рати. :tmi:

    Леле колку глупаво се почувствував, уф, ептен. :x
     
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Добра работа се кредитите доколку ти е потребна поголема сума на пари која ја немаш, но можеш да си дозволиш да отплаќаш на рати...Јас друга работа не можам да сфатам...подигање на кредити за луксуз. Иако кај нас многу работи се сметаат за луксуз, но ме разбирате на што мислам, нели...

    Јас лично немам земено никогаш кредит, ниту пак мм, од причина што немаме баш сигурни работни места, па ни нешто многу високи плати, а и сме немале итна потреба...Е сега потреби како потреби ги има многу, и не велам дека не би ми дошло добро да земам еден кредит, би му нашла намена за брзо време ^_^ но правејќи проста математика, и гледајќи примери околу мене, просто ме фаќа страв...
    Млади брачни парови од пуста желба да бидат во тек, да се чуствуваат подобро, да се докажуваат пред светот...земаат големи кредити, реновираат по најнова мода, купуваат автомобили, па дури и златни ланци на кредити :^) Ако можат да си дозволат-ок, но проблемот е што најчесто не можат...

    Секој со своето, но јас не би мачкала маргарин секојдневно, не би си скратила некои мали ситни задоволства, или би молела секој месец за пари од моите или родителите на мм, да не го изоставам и стравот ако останеш без работа а си заглавен до гуша...сето тоа само за да глумам елита...А баш тоа и се случува испод маските...
     
    На Annath, friendy и Theodora им се допаѓа ова.
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Кај нас многу се става акцентот на зборот потрошувачки кредит, па затоа поголемиот дел луѓе гледаат што побргу да го потрошат да си останат доследни на истиот :D . Сега сериозно кај нас кредитите за население имаат превисока камата, за што ни банките не се ептен виновни бидејќи сме меѓу земјите со ризичен пласман, па така при повеќекратното кредитирање од типот земаш еден кредит да враќаш друг итн. ретко кој води грижа за тоа колкава камата притоа плаќа, бидејќи луѓето во принцип гледаат колкава е ратата месечна (со вкалкулирана камата) инаку овој износ ич не е занемарлив верувајте. Не сум зела кредит на поголем износ еднаш само отплатував на рати преку плата квалитетна јакна купена од Орка во рок од 6 месеци, ратата видливо ми ја намалуваше платата и едвај дочекав да се отарасам и дури и јакна ми се одмили и си реков задолжување не дај Боже да се случи да ми притреба. Инаку во право е и коментарот на Шкорпионка за кредит треба да си и колку толку сигурен во постојаноста на работното место и плус си бара навистина добра плата да ти одобрат поголем износ, а со моето вработување во приватен сектор не сум била во состојба ни па искрено и ми бил досега неопходен кредит. Кога кредитот е неопходен и наменски нејсе, ама за луксузирање јас не би, друг кревам раменици сепак не се мои пари кој како си милува...

    Инаку картички сум употребувала секогаш не за да ги злоупотребувам со не знам точно дали беше минус 2 плати лимитот бидејќи никогаш не сум го остварила ова „право„ ги користам за да ја избегнам здодевната гужва на шалтери.

    Инаку факт е дека стандардот не да ни е опаднат туку ни е мизерен и дека постојаните калкулации не уништуваат ама пак ќе повторам не треба и тоа да биде само како изговор искористено, задолжувањето секогаш треба да е последна опција по која треба да се посегне, најдобро е да се прави прво ребаланс на буџетот :lol: , ама сериозна сум...
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Буџетот сите си го знаеме ама животот се повеќе станува скап а потреби големи. Јас сум голем противник за кредити ама кога се мора се мора. Се мора, за недај боже или ако во нешто инвестираш (пр. автомобил кој станува секојдневна потреба на едно семејство ама треба да размислуваш и како да го одржуваш понатаму, иако на денешница преставува и луксуз во крајна линија). Оние кредити што ги земаат да не речам глупост - одмор, секојдневна потрошувачка се чиста глупост ама ретко кој го разбира тоа.
    И јас сум една од тие што има кредитни картички. Да, ама не ги користам секојдневно, ми служат како некој бек ап или за недај боже ако сум некаде надвор од државата (во стил секогаш имам пари). Признавам дека понекогаш и крај на месец не можам да издржам со плата па ја активирам картичката. Со неа никогаш не плаќам затоа што тоа немање осет колку пари си потрошил многу лаже и на крај кога го видиш извештајот од банка ти станува јасно.
    Не е проблем да живееш на рати, проблем се ниските плати од кои мораш да делиш да ја платиш ратата. Еве во високоразвиените земји скоро сите функционираат на кредити ама тој таму знае дека на 1-ви ќе земе плата и без проблем ќе ја покрие ратата - долгот.
    Кога на крајот изгубиш осет за реалноста, не знаеш како да штедиш обично таквите банкротираат
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    На измислени провизии и камати сме им дале на банките цела една плата

    Според податоците на Народната банка за работата на комерцијалните банки граѓаните и компаниите минатата година платиле рекордни 406 милиони евра за камати и за провизии или 15 милиони евра повеќе од 2011.

    Од нив речиси 327 милиони евра се собрани од камати, од кои 118 милиони евра платиле домаќинствата. Остатокот од речиси 80 милиони евра се наплатени банкарски провизии за разни уплати. Податоците покажуваат дека последните години расте и наплатената сума за камати од банките како и за провизиите.

    Најбезобразно богатење на банките се измислените трошоци – провизиите. постојано се измислуваат нови и нови давачки за банкарските услуги.

    - Само од камати и провизии не можам да стигнам да го отплатам главниот долг. Членарини, доцнење со уплата, провизија што ми испратиле писмо, известување. Се позајмив и решив да се откачам од банката и го исплатив долгот. За работата да биде уште потрагична сега ми бараат 1.200 денари за да ја затворам картичката и да ми дадат потврда дека немам никаков долг кон банката. Kога ќе отидам и тие да ги платам кој знае уште што ќе ми побараат – вели за Дневник Петар Христовски од Скопје.

    Податоците на Народната банка покажуваат дека граѓаните и стопанството с` потешко ги враќаат долговите. Така нефункционалните кредити на банките растат со брзо темпо во последните години и во февруари се искачија на 415 милиони евра или 11,7 отсто од вкупно издадените кредити. Вкупните долгови на граѓаните и на фирмите кон банките изнесуваат околу 3,5 милијарди евра, од кои една 1,38 милијарда евра должи населението.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. newme

    newme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да прашам како се враќаат кредити. Знам дека не е баш соодветна темата ,но бидејќи "Сакам да прашам" е заклучена,најсоодветно ми е тука да си прашам. :)

    Моите се заглавени со кредити ,па размислував долго време и сакам да им помогнам.Малку по малку да ги плаќам кредитите и да ги доведам до 0. Само би сакала тоа да е изненадување,заради тоа тешко би било да добијам информации од нив.
    Ај некој што е во тек со тие работи ако можи да ми објасни како оди тој процес...
    и дали е возможно да се плаќа од друга земја
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.724
    Допаѓања:
    80.017
    Пол:
    Женски
    Вчера баш слушнав, официјално, Македонија има најниска плата во регионот. (Просечната плата во октомври годинава во Словенија изнесува 1.056 евра, додека во Македонија 380 евра, објави Анадолија). Кај нас, има две опции: или да се живее скромно и оскудно, скратувајќи едни потреби за да се задоволат други, или пак, да се живее малку полуксузно - ама на кредити.
    Сакал некој автомобил - зема кредит за да може да си го оствари тоа. Сакал мебел - пак кредит. Стан maybe? Исто. И после, народот страдал од стрес и депресија, заболувања психолошки и здравствени имало. Епа тоа е цената на животот со долгови, или на рати. За жал.
     
    На zokystanoevsky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.280
    Допаѓања:
    36.923
    Пол:
    Женски
    И ние сме со кредити. Маж ми станбен, јас потрошувачки. Имавме потреба пред да го купиме станот. Мојот отпосле го зедов. Маж ми претходно имаше потрошувачки во друга банка, ама тој го затворивме. Јас сум против кредити, ама некогаш немаме друг избор. Не сме родени во златна средина. Никогаш не би земала кредит за луксузи. Редовно ги исплаќаме. Откако сме во странство уплаќаме повеќе на сметките. Со ситуацијава во МК, тешко на тие што се со мали плати, а треба да враќаат долг. Приморани се да земаат брзи кредити. И така ситуацијата се врти во круг. Лошо време дојде.
     
    На Smiley92 и Mateica им се допаѓа ова.