Бон Бонс беше првото парфемче кое почнав да го користам.
Мајка ми ми го купи во прво одделение како награда за добиената петка по не се сеќавам што, ама реакцијата ми беше уау - парфем, голема сум веќе имам мој парфем!
Уштe си ги користам, мноогу се трајни, а и убаво ми мирисаат сите до еден.
Ми се допаѓаат и дезодорансите, малечки се, ама траат и незаменливи ми се бре, ме потсетуваат на убави, слатки нешта.


Овој има оригинален мирис на праска, уште си го имам во залихата.

Најомилен ми е и моментално ме потсеќа на боите од аватарот, по не знам која логика.

Црешката ја открив годинава, мајка ми е виновна, шта чу.

На времето имав еден од кокос, ама сега за жал ми стои само шишенцето, шаренко едно, а исто парфемче уште не можам да најдам и баш ми е м`чно.