Значи јас сум бог да чува со парфемиве.Босс интенс ми се допаѓаше и си купив на точење(и го постирав во темата парфеми),а сега (после 2 пати прскање)неможам да го поднесам ОДВРАТЕН ми е
Повеќето од набројаните ми се одвратни ама никој не ми создава таква топка во грло проследена со нагон за повраќање како Џангл од Кензо. Уствари сите од Кензо ми се одвратни и веќе одамна ги одминувам во парфимерии. Општо земено има многу поубави машки парфеми, додека кај женските има големи утки.
Не знам дали е до мене, но Giordani Gold од Oriflame не можам да го поднесам. Знам дека многу го користат и им се допаѓа, но јас го порачав заедно со ролон, спреј и пудра и гадно се зезнав - сеуште стојат, одвај отворени.