Споделете ги вашите искуства со парфемите од Avon. Дали се трајни? Вредат ли за цената? Кој парфем од Avon ви се допаѓа најмногу?
Бидејќи бев дистрибутер едно време во Авон, многу нивни парфеми користев. Дефинитивно еден што ми остана како мирис и убаво сеќавање е Extraordinary парфемот, кој веќе не го произведуваат. Го имам користено и Far Away (има многу старомоден, но убав мирис), City - Roma и London, и Pur Blanca летно време. Цените се во ред, иако мирисните ноти некогаш знаат да ги поклопат со актуелни парфеми од светски брендови (True Glow, на пример, многу ме потсетуваше на Light Blue од Долче и Габана, дури и ме прашуваа да не е тој парфем ) па да изгледаат како обид за копирање
PUR BLANCA го обожавам ,ми мириса на чисто а е многу пријатен за секојдневна употреба, не е нападен .
Јас го користам моментално Bond Girl и преубав ми е ,а планирам после него Jet famme да го порачам,ги имам користено и Little black i little white dress ама првиот ми е омилен
АВОН имат прекрасни прафеми јас имам мн користено и од тие што сум ги користела ги обожавам ROMA, JET FEMME, SPOTLIGHT,BOND GIRL, Today, Tomorow, Always, CRYSTAL, PUR BLANCA, pasion dance, LITTLE BLACK DRESS, FAR AWAY itn itn itn
И јас го имам, и многу ми се допаѓа бидејќи сакам такви јаки парфеми и не ветрее брзо,трае подолго време.
Леле на секое го шмекам парфемот, препрепреубаво ми мириса, ама никако пари да соберам. А 700 ден. за 50 мл. е океј цена.. ама ...
Не знам ама некако сите слично мирисаат. litlle white dress имав ,ама не трaеше,и го потрошив за една недела.Убави ми е pur blancа i percieve.Aма сепак од каталог не е исто како од парфимерија,ќе си го мириснеш оригинал и ќе знаеш каков е.
Пур бланка го користев многу време, преубав е. Моментално го користам Little white dresss , свеж пролетен парфем.
Pur Blanca дефинитивно, особено за овој период, многу е нежен. Исто го имам пробано Perceive, тој е малку појак, ама прекрасно мириса. Некогаш се многу скапи парфемите, ама јас ги купувам кога има попусти. Можам да кажам дека се долготрајни и сум задоволна