Споделете ги вашите искуства со парфемите од Oriflame. Дали се трајни? Вредат ли за цената? Кој парфем од Oriflame ви се допаѓа најмногу?
често ги користам и искрено супер ми се. Моментално го имам Дивајн плавиот и ептен ми е супер Привлечен мирис
Девојки,а дали freya парфемот го има сеуште,тој со форма на мразулец,чинам имаше и машки таков?! Многу го сакам женскиот,ама веќе години не сум дошла до каталог орифлејм,па не сум видела.
Моментално го користам Amber Elixir , баш е супер а и долготраен...a freya парфемот не сум го сретнала во каталозите на oriflame веќе подолго време а инаку парфемот беше извонреден
Баш штета,ако најдете некој што слично мириса,препорачајте. Од орифлејм добро ми се и мисс о и дивајн,фини онака,профатливи,едно време го користев и воларе чинам беше,не знам дали го има уште,исто така убав парфем. Орифлејм ко Орифлејм повеќе ми се допаѓа по квалитетот на козметиката која ја нуди од Авон,што парфеми,што кремови,затоа што навистина се правени по различна формула,а Авон добивам чувство дека се,ама буквално се им е на ист начин произведено,само им ги менуваат мирисите и пакувањата на кремите и млеката,а некои па дури и исто мирисаат,а не можам да кажам па дека и фино мирисаат,дури вештачки и прашкасто некако.Парфемите па речиси и да не ме бендисува ниеден,сите имаат слична нота.Но орифлејм пак имаат многу мал избор и мислам дека се за нијанса поскапи.
Јеееееее...ме испорадувавте,само уште да си најдам орифлејм застапник и да си го земам. А која му е цената сега?
Умирам за овој парфем. Толку привлечен, номадски а истовремено свеж мирис нема да има. Го нема веќе во Орифлејм, за жал. Го користев во средно и дури и капутот ми мирисаше на Freya. Ги имам користено Elvie, Ice - колекцијата, Saga и Miss O розевиот, а потоа и жолтиот. Не бев воодушевена од последниве два, додека Saga ми беше таман погоден за есен.
Баш ме разочара сега...сериозно.И јас го користев во средно и бев препознатлива по него.Ептен ме бендиса,а и некако карактерно ме отцртуваше,мешавина од модерно и авангарда,со доминација на авангарда,весел,а истовремено и ладен и приземен,немам зборови,ептен погоден парфем.Мислам дека се разбираме!
Го користам Giordani White Gold...Алергична сум на многу мириси и ептен си имам проблем кога треба да одберам парфем, така што од Орифлејм само Giordani и Freya ми одговараат