Kicky напиша:Луѓе дали знае некој колку е повратна карта за Париз? и ако знаете кажете некој линк...Значи зборувам само за билет, не за сместување и целокупен ангажман...
Имаш ефтини летови од Софија за 40 евра во 1 правец...
Инаку за нискобуџетниве компании... Супер се, кога точно знаеш каде сакаш да одиш после неколку месеци, и можеш да се спакуваш во 1 мало куферче (значи за кратки дестинации)... Многу се заштедува и навистина ми е мило што почнаа и од кај нас да летаат, иако не е толку развиено како од соседните градови. Разликата во цената во споредба со обичните авиокомпании е заради тоа што не ти даваат храна во авион (а и што ќе ти е за 1 ипол саат лет), слетуваат на помали аеродроми кои најчесто се подалеку од градот (ама сите аеродроми во Европа се поврзани со градот преку автобуси, метроа, возови кои не се воошто скапи) и тоа што за да имаш 1 куфер плус се доплаќа најчесто 10евра повеќе. Ама ако заштедам 100 евра, па и ќе одам со 1 мало куферче
