ТЕМА: Кој ќе оди на одмор во Грција??

Мислење 14 Јун 2012, 18:37

дај кажете нешто за метаморфозис, бил некој таму?
Аватар на корисникот
ubavi4ka

Бело цветче
 
81
Мислења: 92
Зачленет: 15 Јул 2011, 16:07

Мислење 14 Јун 2012, 21:43

ubavi4ka напиша:дај кажете нешто за метаморфозис, бил некој таму?

Метаморфозис е мало место со мн борови дрва карпи има и моретое мн чисто, мирно место е не е многу големо ама има каде да се шета. Инаку е воздушна бања и е поевтино од Касандра(првиот крак). Многу е чисто и убаво местото.
Аватар на корисникот
babyblond

Зелено цветче
 
547988
Мислења: 920
Зачленет: 19 Фев 2011, 12:40
If you don’t go after what you want, you’ll never have it.
If you don’t ask, the answer is always no.
If you don’t step forward, you’re always in the same place. :)

Мислење 15 Јун 2012, 02:02

Aj predlog ostrovi vo grcija koi ste gi posetile i vi se dopadnale? OSven Zakynthos i Krf koi veke sum gi posetila, se dvoumama za Lefkada no procitav mnogu negativni komentari.
Ivana2509

Фем почетничка
 
01
Мислења: 2
Зачленет: 15 Јун 2012, 01:38

Мислење 15 Јун 2012, 03:01

Дали некој бил на Агиос Гeоргиос - крф, и какво е местото? некоја информација??
Аватар на корисникот
linija

Сино цветче
 
1950
Мислења: 102
Зачленет: 09 Јул 2011, 00:24

Мислење 15 Јун 2012, 06:08

Јас летово ќе се сончам некаде низ МКД.
Аватар на корисникот
flowergarden

Жолто цветче
 
32520
Мислења: 1236
Зачленет: 27 Фев 2011, 17:41
Слика

Мислење 15 Јун 2012, 09:22

linija напиша:Дали некој бил на Агиос Гeоргиос - крф, и какво е местото? некоја информација??

Убава плажа ама бидејќи е на западната страна на островот , морето ретко е без бранови и водата е многу студена, плажата е песочна за разлика од останатие плажи на источната страна инаку водата е поладна дури и од Палеокастрица кај што сите што биле на Крф велат дека таму е најстудено. Агиос Георгис сум била само на плажа, морам да напоменам, не сум го разгелдала баш местото.
Аватар на корисникот
babyblond

Зелено цветче
 
547988
Мислења: 920
Зачленет: 19 Фев 2011, 12:40
If you don’t go after what you want, you’ll never have it.
If you don’t ask, the answer is always no.
If you don’t step forward, you’re always in the same place. :)

Мислење 15 Јун 2012, 12:43

babyblond напиша:
linija напиша:Дали некој бил на Агиос Гeоргиос - крф, и какво е местото? некоја информација??

Убава плажа ама бидејќи е на западната страна на островот , морето ретко е без бранови и водата е многу студена, плажата е песочна за разлика од останатие плажи на источната страна инаку водата е поладна дури и од Палеокастрица кај што сите што биле на Крф велат дека таму е најстудено. Агиос Георгис сум била само на плажа, морам да напоменам, не сум го разгелдала баш местото.

Агиос Георигис е името на неколку места во Крф, значи не е едно место. Јас мислам дека се три места со истото име. Јас лани бев во Агиос Георгиос и добро беше, не беше нешто најнај. Плажата е долга 5 км. и е прилично празна има место за шатори, крпи колку сакаш и растојанието од едните до другите е неколку метри. Но исто така има и плажи уредени со лежалки и се многу убави. Плажата е преубава но водата е многу ладна. Местото изгледа некако осамено и има многу стари луѓе, поретко малди. Забава нема никаква, во 11 часот се е мирно. Има неколку ресторани, неколку продавници каде можеш да купиш за јадење и сувенири. Цените во маркетите се прилично високи во споредба со овде, поскапи се дупло или тродупло.

Но има можност за изнајмување на моторче. 10 до 15 евра од ден. Е со моторчето е друга приказна. Кавос ти е на 30 мин. таму можеш да одиш навечер. Исто така можеш да ги посетиш сите позначајни места на островот. Така ќе имаш незаборавен одмор. На Крф има многу работи да се видат островот е многу убав. Доколку седиш само во Агиос Георгиос ќе ти биди многу досадно, местото е пусто и нема што да се прави па после првитре 3 дена ќе те фати досада. Но ако сакаш мирен одмор, со плажа сончање и спиење на вистинското место си упатена. Но ако сакаш одмор исплнет со шетање, разгледување тогаш едно моторче и преубаво ќе си поминиш :) Исто така на Крф има и убав аква парк, не е нешто посебно но вреди еден ден да се помини таму. Има и ефтини понуди за крстарење од 20, 30 евра, тие крстарења се нешто посебно и преубаво.

Се на се, со малку повеќе пари + мотор + крстарења + капење на преубава тивка плажа + шетање по отровот ќе имаш убав одмор.
Аватар на корисникот
rrrrrrrrrr

Сино цветче
 
7821
Мислења: 131
Зачленет: 20 Јан 2011, 18:53

Мислење 15 Јун 2012, 14:35

ех супер, фала ви за информацииве, мислам дека се работи за западен агиос горгиос, таму кај сто е ладна водата... ајде можеби може да се склопи некоја комбинација. А плажата е песочна?? или карпи камења?
Аватар на корисникот
linija

Сино цветче
 
1950
Мислења: 102
Зачленет: 09 Јул 2011, 00:24

Мислење 15 Јун 2012, 17:55

Девојки, ми треба информација за Ставрос, Неа Врасна или Аспровалта. Сакаме со дечкото да одиме таму на одмор, на слепо да си тргнеме и каде најдеме смештај таму. Е сега, неаме поим како се движат цените за изнајмување мало студио. Има ли некој искуство со овие местенца?
Овие ги одбравме зашто се прилично блиску или пак дадете ми Вие некој предлог за друго блиско а убаво место во Грчка.

Фалааа :D
Аватар на корисникот
AnaMKD

Сино цветче
 
112124
Мислења: 183
Зачленет: 02 Дек 2009, 16:57
...speechless...

Мислење 15 Јун 2012, 22:31

Плажата во Аспровалта ти е камења со песок мешано, преовладуваат камењата. Кога влегуваш во водата на почетокот се камења, малку подлабоко е песок. Околу 1 метро ти е плитко и веднаш како во дупка почнува длабокото. Водата не е нешто сјајна, за нијанса подобра од онаа во Паралиа. Е сега ми имаат кажано дека имало и плажа со песок, ама незнам немам одено. Местото ти е прилично мало, незнам мене воопшто не ме воодушеви. За еден саат ќе го рашеташ цело. За ноќен живот баш и незнам.

Во Неа Врасна и Ставрос не сум била, ама од она што сум го чула, не е баш убаво во Неа Врасна, прилично мало место, повеќе семејно, а Ставрос било убаво, поубаво од Аспровалта, поголемо, со поубава вода.
Аватар на корисникот
butterfly.93

Жолто цветче
 
6431120
Мислења: 1099
Зачленет: 30 Дек 2010, 13:06
Локација: in the middle of nowhere
"I'm selfish, impatient and a little insecure. I make mistakes, I am out of control and at times hard to handle. But if you can't handle me at my worst, then you sure as hell don't deserve me at my best." — Marilyn Monroe

Врати се на Патувања и одмори

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 3 гости