Сакам да прашам како е за смештај во Полихроно? Оваа година сакаме таму да си бараме смештај и колку се цените отприлика за смештај? зашо гледам по агенцииве се околу 480=500 евра за 4ца. па дали можеме таму да си најдеме ние и за поевтино? Фала однапред.
За 10 е сигурно, чим е апартман таа цена од 52 евра на ден е доста да кажам нормална за тој дел од Грција
Јас лично не би препорачала Неи Пори поради едно лошо искуство од поодамна. Значи, плажате е убава и се тоа, местенцето е океј, ама имаше едно место во морето со црна дупка, која буквално влече надолу се што ќе се доближи до таму. Финтата е дека се гледа од кај брегот, а коа пливаш нема да ја забележиш и имам слушнато дека доста луѓе се имале удавено таму. Јас бев пред речиси 9 години и не ми текнало таму пак да одам. Сигурно е сменето од тогаш. Не ми е баш многу останато во сеќавање, но знам дека морето беше цело време плитко, плитко, воопшто непогодно за пливање. Онака за мали деца супер тоа. Тоа беше мое искуство, имам слушнато многу луѓе како кажуваат дека им било убаво..
Онака некој, бил во Неа Мармарас.. вториот крак.. што впечаток имате?1 Планираме таму да одиме.. па сега да се распрашам за некои работи.. плажата каква е...??! Едит.. Во Грција де
Добро вечер девојки!!! Ве начекав тука, па да ве прашам. Резервиравме за во Ханиоти, Грчка сеа на 24ти. И бидејки нема слики освен 2 минијатурни, сакав да прашам дали некој бил во Villa Gregory и да ми објасни како е со апартманите? Исто така кој има искуство од Ханиоти нека повели, како е? Ноќниот живот?? Плажи? Скапо е?
Јас бев еднаш на викенд порано, ама не можевме да најдеме место и заминавме во Лептокарија вечерта. Цените беа околу 80 евра за вечер и се беше полно, ама некој празник мислам им беше на грците тогаш. Водата мене ми беше ептен солена и цело време ме печеа очите, ама барем беше чиста. Плажите колку што ми е во сеќавање беа убави, песочни, инаку мало е местенцето, не знам каков ноќен живот има.
ај за олимпик бич кажете ми нешто цени плажа вода еве добив понуда преку агенција апартман со 2 соби кујна и вц за 4 особи зборувам за 9нокеванја 440 евра скапо или не а има кај да се сетаме навечер таму инаку со деца ке одам фалааааааааа
http://www.falcon.com.mk/index.php/olim ... -2012.html Еве, тука има две понуди, и сместувањето не е многу далеку. Но цените и тука се движат како на твојата понуда. Јас со семејството планираме исто во Грција за почетокот или средина на јули, но никако да најдеме некоја понуда. Ако може помош,предлог? Се работи за четириклреветна соба(апартман) со цена некаде до 500 евра за 10 дена. Можеби остров,или на почетокот на Грција пред краците... Не знам што ќе правиме, годинава и соседите малку претерале.
Не е ич скапо за двособен апартман, супер понуда имате. Плажата е одлична, цела со ситен песок и доста широка. Водата плитка, понекогаш дури и многу топла, ама често матна од песокот и со тревки ако има бранчиња. Понекогаш може да се појави и некоја медуза, ама годинава читав се појавиле и на краците некои ситни мртви медузи, а таму скоро никогаш нема значи нема тука правило. За шетање навечер на пола саат пешки ви е Паралиа има убаво шеталиште покрај морето. Ако сте со кола таму сте за 3-4 минути, со автобус за 10 исто и со едно вовче кое вози на саат или пола саат не знам.
Мало градче е Ханиоти, плажите се убави и водата е многу чиста. Има доста кафичи за излегување, овој период има доста млади и цените за храна се пристојни.
Да ,еве и јас да потврдам-Ханиоти е мало градче,но многу е средено,плажата е ок,хотелите исто така.Монденско место е ,со самото тоа и малку поскапо во однос на другите градови .Повеќето се Англичани,Германци,Срби и тук таму ќе чуеш некој Македонец.Речиси сите тамошни Грци супер го говорат српскиот јазик-така да нема потреба мама и тато(доколку незнаат англиски ј.)да бараат помош од вас за да се разберат со Грците.