Нема везе,затоа ќе си отидеш кај некој ненационалист грк,а ништо чудно и србин некој да начекаш шо работи и без проблем ќе ти изнајми.Дали со стара возачка,дали со нова,сеедно,за пари ќе ти даде,плус ќе ми оставиш 50 евра кои на крај ќе ти ги врати,чисто ко гаранција.
Јас во моментов сум на одмор во Неа Скионис и баш ми се допаѓа гратчето,мирно е ( не е тесно како Пефкохори ) а убаво е
Ништо од мојот сон (другата година)! Оваа година, повторно во Грција. Ме интересира за Неа Пори? (така вајда се пишува) Не за цените, туку општо. Дали има шеталиште, каква е плажата.. Бил некој ?
Неи Пори е многу мирно место, фамилијарно, има убава долга плажа...бев таму пред 3-4 години, може сега нешто да е изменето,ама во целина убаво,мирно местенце
Бев пред 4 години,плажата е сон,не е ептен малечко градче,мене многу ми се допадна Блиску ти е и Платамона-имаше преубави бутици таму,Лептокарија,така да ќе си шетнеш
Ефтино е многу у олимпик бич,мислам за сместувањата.А и градот е убав и блиску е до паралиа.Само во олимпик бич морето ич не е убаво многу е прљаво :/
Иначе бил ли некој во Кефалонија ?? Сакам да идам гледав убаво е .Ако има некој што бил нека каже дали е убаво,каков е ноќниот живот и т.н.
Јас бев лани на прошетка со брод кога бев во Лефкада, убаво е , ама многу е мало местото и што знам нешто не ми остави некој впечаток подобро во Лефкада да одиш 100 пати поубаво е , ама сепак ти си знаеш.......поздравче
Многу нормално дека ќе одам, за 5 саати сум на море, а не за 3 до Охрид со смрдлив автобус и на ладно езеро. Ич не ме занима што и како е на политички план, и воопшто не гледам на моето одење таму како полнење на нивниот џеб, јас за возврат добивам задоволство кое не се споредува со нашиот „мил“ Охрид така да мислам дека сосема сме 50-50. А за односот, па искрено Охриѓаните многу полошо се испонашале до сега со мене отколку Грците, одам веќе цел живот фактички на одмор и не сум имала никаков проблем, што апсолутно не можам да го кажам за Охрид. Мислам правам споредба само меѓу овие две, на одмор на друго место не сум била така да не би зборела. Инаку ќе одам за помалку од месец дена и едвај чекам!
Jojoba На кое место одиш? Јас на 20-ти август го земав одморот дури и не знам кој ќе чека до тогаш ...
И пеперутка ќе иде во грчка на одмор и тоа повеќе од еднаш! Си купивме гооооооолема приколка си ја стациониравме во грчки камп (не е ЕВРИДИКИ ) и сеа можам да идам коа сакам! Него дечко ми не можам никако да го натерам да стапне у грчка, ни под точка разно, ма ни секс не ми помогна како МЕТОД за разубедување! Глумиме патриотизам или што? Некоја идеа од вас феминки мои драги, како да си го разубедам либето да идеме заедно тамо, да не дремам сама ко мисир ?
Олимпик Бич бев лани,цените се околу 35-40 евра за апартман (во поубавите вили,хотели многу повеке). Инаку убаво е многу,плус тоа можеш добро да се изнашеташ. Се оди пешки до Паралија. Мене ми се допадна. До Паралија има околу 2 км.Морето не е баш најнај.. Се на се-јас убаво си поминав.
И јас ке одам Кефалонија, ми рекле даке преубаво во смисла на природни убавини, а за ноќен живот ништо не ми спомнааа, ама и онака не ми е важно, одам со родителите, за подобро да се одморам. Одавј чекам да ја посетам и Итака