Летото започна, некои луѓе веќе заминаа на одмор, а некои тек ќе заминуваат. Наскоро тргнувам на одмор и ќе треба да се пакувам. Па ме интересираше што е тоа без кое не тргнувате на летен одмор? Набројте ги сите нешта кои ги понесувате со себе на летен одмор, кои сметате дека ќе ви користат и ќе ви го направат престојот поудобрен. Еве да почнам од себе, јас секогаш ги земам следниве работи: 1. Крем за заштита од сонце 2. Спреј за заштита од комарци 3. Крем против алергии и убоди од комарци и слично. Мислам дека е корисно да има ваква тема, а не видов слична па ја направив. Но доколку сметате дека не е потребна слободно избришете ја. Поздрав и очекувам ваши мислења
Па и јас ги понесувам овие работи задолжително,но со себе носам и некој антибиотик,аналгин,парацетамол за секој случај.
Без костим за капење што е очигледно,наочари за сонце,ташна за на плажа,апостолки и крем со заштитен фактор,а да и се разбира без дигитален никако!
Без една цела аптека собрана во торба,без разлика дали одам на зимсkи или летен одмор,или пак само на викенд. Без книга. Без апарат. Spoiler сега туристов си ја заборави батеријата од апаратот И нормално,се што треба,не земам непотребни работи,иако секогаш се враќам со нешто необлечено на одмор,а после сепак се ќе исперам ,и носено и неносено.
-Крем за заштита од сонце -Костим за капење -Апарат -Наочари -Некоја книга -аналгин,парацетамол (за секој случај) -Цел плакар, иако знам дека пола од тоа нема да го носам во телефончето ќе си стаам некоја добра песна, и спремна сум.
Цел гардеробер спакуван и останати додатоци за хигиена, модни додатоци, неопходни додатоци, нешто храна нешто од таму и без ред други работи и секако, без дечко ми.
Парииии Три дена да се спремам пак нешто ќе заборавам Еднаш и парите си ги заборавив, ама на време ми текна па се вратив да ги земам . Пасошот ми го чува дечко ми, јас може да го заборавам или изгубам. Затоа сега прво проверувам дали сум ги земала парите, кога ќе стигнам ми текнува дека нешто сум заборавила па прво што прашувам е каде има продавница. Смотана сум, знам
- пари и пасошот; - средства за лична хигиена (козметика), четка за заби,шампон,баласам, креми за сончање, млеко за тело, антиперспиранти...; - костими за капење, наочари, дигитален фотоапарат, торба за на плажа, крпи и сл; - некакви лекови (апчиња и антибиотици); - долна облека и летни лесни фустанчиња, кратки панталончиња, маици, сукњи, римјанки, апостолки... Тоа би било се што ми е потребно и обавезно нешто заборавам да ставам во куферот ама тоа е!
Баш вчера си правев список што да си понесам и се надевам ќе добијам некоја идеја плус од вас Еве дел од моите забелешки: Купачи: 3 пара + шешир Долна облека, пижамки Пешкири: 2 големи (за плажа & бањање), 1 среден и 1 мал Навлака за перница Ацетон и лакчиња за нокти, турпии Креми за сончање, и афтер-сан лосиони Шампон, маска за коса, силиконски капки, пена за коса Антиперспирант, крема за стапала & турпија Депилатор, брич Лосион за миење лице, за чистење лице Дневна крема & ноќна крема Памукчиња и дневни влошки Гел за туширање + интимно Паста за заби & четка Ташни: за плажа и за шетање Полнач за телефон Накит & accessories (наочари, стегачи за коса, штипки...) Списанија за плажа, термос, фрижидерче Влажни марамчиња, паломи Сигурно имам уште за дополнување ама не ми функционира мозоков веќе ПС Пари, пасош и гардероба веќе се подразбира (тоа не го ставам во листа) а за дечко... па ја не го земам со мене, он сам си доаѓа
Без пари во никој случај , ако имам пари можам да си купам се што ќе ми притреба... И без едно 15 пара гаќички , плус неколку пара боксерици и некоја танга ... Толку...се друго може да се најде и купи... И најбитното го заборавив, нигде без Петко мој
Овие се работи кои можам да ги купам каде и да одам. Најглавно што НЕ СМЕАМ да заборавам е мобилниот, полначот, паричникот, пасошот и сите останати документи.
костим за капење масло за сончање пешкир полнач за мобилен и мобилен пари малку облека без се друго можам да издржам
1. Најразлични масла, креми за сончање. 2. Апарат 3. Пари 4.12-13 пара гакички 5. Спреј против комарци 6. Пасош
Пасошот,парите и гардеробата се подразбира Креми за сончање,наочари,бикини и секако моите против алергиски препарати
Mислам дека скоро сите ги носиме истите работи,нема нешто посебно.....како прво ПАРИ, купачи,гардероба,средства за лична хигиена,крем за сончање,наочари,книги,карти и такви ствари за забава.......апарат,апчиња-за сваки случај.....