Како бе за Охрид нема тема ццц Ајде да подискутираме малку за најпознатото туристичко место во Македонија,Што мислите вие за неговото уредување? За плажите, за угостителството, историските објекти, забавниот живот....
Да не знаете случајно колку пари е да изнајмиш камп за 10 дена.. ОД прилика пари ?? Не е важно кај е ...
Уф го обожавам Охрид само не за лето премногу е народ, премногу гужва. Го обожавам пролет и есен, а зимно време ми е премногу депресивен. Сакам да шетам покрај езеро па се до Горица прва, да пијам кафе во Кадмо, да јадам тост од кај ШЕФОТ и бурек и тоа босански од Арома Го обожавам напролет кога во секој двор цветаат трендафили, кога е раздвижено низ шеталиште, да шетам до Кенео и подпеш Уф Охрид ептен се занесов морам наскоро да го посетам
Со сета должна почит кон прекрасните охриѓанки на форумот и едно големо извинување однапред, јас сум веројатно најголемата НЕобожавателка на Охрид. Не го сакам воопшто. Од каде да почнам? Сум поминала десетици одмори во Охрид и ниту еден не ми бил погоден. Последниов лани беше ужас, турбо-фолк ечеше во 90% од местата за излегување, потполно разочарана се вратив. Ми се допаѓа делот кај шеталиштето и тесните улички накај Св.Софија, му даваат многу душа и шмек на градот. Генерално не ги сакам охриѓани, немаат абер од угостителство, гостопримство и срдечност. Навечер ми е премногу ладно, плажите ми се катастрофални... на едните владее несреденост, на другите царува модна писта... ниту едното, ниту другото ми е за одмор. Не знам каков е Охрид во зима, моите биле 2-3 пати за Нова година викаат дека е помирно и дури поубаво. Не знам, не го сакам градот.
Да бе стварно, немаше тема за Охрид, ама сега ја има Јас не го сакам Охрид, јас го обожавам! И покрај неколкуте реални причини за необожавање, јас сепак го сакам и не им се давам така лесно на келнерката од Аквариус (поздрав до неа и до нејзината мрчаторска фаца) и на секое нервозно НЕ МОЈТ и НЕМАТ кое ќе го добијам кога и да отидам во Охрид Мене нема да ме избркате! А впрочем и нема зошто. Имам најпрекрасни спомени од самото детство на градот, ми текнува со моите како си правевме излети прилично често а и често бевме таму на одмор. Со тато одевме по планини за да ми го покаже најубавиот поглед на езерото. Се мислам, дека нема место кое тој човек не го познаваше. И со такви спомени не можам да не го сакам градов. Мајка ми, која не е од Македонија му се восхитуваше на градот и до ден денес ми вели - што и да ти се случува, колку и да си лута, или нека ти е тешко на душата, седни покрај езеро во Охрид, и сето тоа во секунда го снемува. И навистина е така. Моќта на водата е огромна. Секогаш кога ќе дојдам во Охрид итам да седнам на утринско или веќе какво и да е кафе покрај езерото. И во тој момент светот за мене запира. И ништо и никој не постои повеќе. Подзамижувам под сонцето и чуствувам навистина како да лебдам. Не знам што е, но нешто има во тоа езеро. Ја обожавам чаршијата, прошетките до Свети Канео, до Плаошник, до Самоиловите тврдини. Сум ги поминала илјадници пати и пак нема да ми е здодевно да го прошетам истиот дел. Ја обожавам онаа прекрасна госпоѓа која продава рачно изработен накит кај куќата на Робевци. Уметност се крие во нејзините мали, ситни раце. Колку убав муабет сум си направила со неа, чудо! А нит ја знам, ниту пак ја познавам. Многу сакам да седнам во Аквариус или во Кадмо и да се напијам кафе. Макар што онаа келнеркана од Аквариус која не знае веројатно што значи тоа да се насмееш, секогаш ми ја утнува нарачката Ресторанот Чун ги побива сите муабети за охридското угостителство. Прекрасно место, одлична храна, симпатичен персонал. Ех а одморите се приказна за себе Ги обожавам селата во околина на Охрид. Колку подалеку од градот, толку поубави плажи за капење. Љубаништа, Лагадин... А искрено па и Куба Либре си ја сакам. Скопско ку*чење бе шо! Не се сеќавам колку странци сум донела во Македонија со мојот маркетинг, но сите до еден се заљубиле во Охрид! Белким не залудно а? А луѓето? Хм, па искрено не ми е јасно зошто им вадиме такви муабети на охриѓанине, е*ате скопјанишчето! Или јас сум карактер кој знае да елиминира се што е негативно? Не знам. Има еден виц. Зошто Албанија е среќна земја? Затоа што го има Охридско но ги нема охриѓани Не знам дали е ова вистина, но јас сите охриѓани кои ги познавам и кои ми се пријатели се прекрасни луѓе. На форумов да не правам муабет за нашите охриѓанки! Немам еден лош збор за нив. Додуше слушнав една теорија за оние лошите охриѓани и малку ми станаа појасни работите ама не би да елаборирам а и не е битно Како и да е, Охриде те сакам! И едвај чекам повторно да дојдам, море со лајче да ви го искрам езероно па да седнам на кафе, и келнерон да ми речи - ДРЖ!
Сакам да кажам една гатанка,но да не се навредат охриѓанките на форумов,Сите се прекрасни и ова што ќе го напишам не е за нив сигурно. Човек е ,а не е човек. Носи месо,а не е месо. Погодете. Спојлер Охриѓанец со пастрмка под мишка. Инаку како град Охрид ми е преубав.Секое лето одам барем на еден ден, сакам де шетам по сокачињата,да се најадам убав ручек,да купам некои дребулии од чаршија. За ноќен живот не можам да кажам,последниве години не сум по шетање. Но Охрид не е ист за и вон сезона. Мене повеќе ми се допаѓа кога нема туристи,гужва,врева.Тогаш е вистински мерак да шеташ во Охрид.
И јас го сакам Охрид но не баш и охриѓани Се знае зошто, заради негостопримливоста и алчноста. Инаку Охрид како град ми е навистина убаво место за одмор кога подалечни дестинации не се во игра. Да бидам искрена, секогаш убаво си поминувам. Дури и летно време... Сакам кога е жив градот, полна чаршијата, не ми пречи ни турбо фолк да ечи на сите страни, летоска бар има таму забава за сечиј вкус... Добро, и цело Скопје е таму, па ако некој никогаш не го сретнуваш во Скопје, ќе го видиш во Охрид. Но и тоа не ми пречи. Јас не одам таму ниту за охриѓани, ниту за скопјани, ниту за срби... одам за самата себе. Да си одморам ден-два, да си уживам на плажа затоа што еднсотавно - уживам во тоа. Целиот град ми има посебна магија. Не ми се допаѓа тоа што навечер е постудено отколку во Ск, па задолжително со палтенце излегувам таму, инаку се мрзнам. И да, ја спомна некој претходно жената со рачно изработен накит. И мене ми има оставено голем впечаток и се радувам кога ќе ја видам таму. Се надевам и летово ќе најдам ден-два да го посетам Охрид. Веќе традиција ми е
Ајде феминки, повелете во Охрид Сега баш е најубаво, ни ладно ни топло. Заборавивте да напоменете за цените во кафулињата и секако од такси компаниите. Претеризам.
Алал да му е бе! Прекрасни тостој. Инаку, Охрид е прекрасен. Прееска врнеше многу, а ние како ментални трчавме. Осум будали заљубени еден во друг трчаат на дожд. Е тоа беше прекрасно. Сонце грееше, ние шетавме. Охрид за мене е ПРЕКРАСЕН во секоја смисла. Нема што не можеш да правиш. Е сега, би отстранила некој охриѓанки што се прават како да се којзнае кои, ама тоа веќе е друга приказна. Ама си го изнафалив градов. Еми, умре џупката шо го фалеше, морам јас. И да, сите, ама баш сите ве чекам летово!
Еј сум заборавила да го спомнам ресторантот Белведере е малку е поскапичок али вреди навистина вреди И Славиица на плоштад да си фаќаш сеир И сладоледот од Летница оф Охрид Го немам посетено од септември и стварно ми недостига значи треба да го посетам овој месец додека не е нападнала гужвата Е сега не ми се допаѓа тоа што кај што им текне прават згради денес гледаш куќа одиш за една недела и оп никнало зградуле.
Се придружувам во групата на најголеми НЕОБОЖАВАТЕЛИ на Охрид, чест на исклучоци нели , али Охриѓаните ми се премногу антипатични луѓе! Со карактерот што го имаат, и цените (кој веќе им се како за на море) никогаш нема да имаат убава тусиртичка сезона (не сакам да го спомнам потонувањето на Илинден со бугарските државјани- се за пусти пари да напикаат во џебот ) ! За таксистите муабет не сакам да правам! Дерат до гола кожа, и што е можно повеќе ќе те извртат! Имам колешка од Охрид, прекрасен човек, али доволно е да налеташ на 3-4 идиоти од луѓе тамо и да ти се одмили се! Не го сакам Охрид воопшто! Не сакам да ги навредам Охриѓанките на форумов, но секој има право да го каже своето мислење!
Убав град но премногу лош народ ми се огриѓани - без навреда на охриѓанките. Ама стварно многу чешит луѓе. Да не зборам што е прескапо а не си го ценат и одржуваат градот за тие пари. Затоа сите викаат поубаво на море отколу во Охрид... Убав грат ама ете со премногу недосатоци
Kaко не сум ја видела темава порано . Охрид е градот кој го сакам најмногу по родниот град. Прв пат отидов после 6то одделение со наставникот и генерацијата таму на одмор, и секоја година одтогаш си го посетувам. Најубавите спомени што ми се во животов, ми се од Охрид. Она од кое поточно ги имам тие најубави спомени ми е Канео. Најголемото и најубавото Македонско богатство, сум била на зајдисонце, прекрасно е, ама сепак најубаво е на изгрејсонце. Сум станувала во 4 часот наутро, за тамам да го начекам изгрејсонцето на Канео. Празно, нема никој, само гледаш водата како стакло е направена, птиците си пеат а небото веќе станува светло сино. Поубава глетка нема! Како град ми е убав, не знам како е во зима, но на лето ми е прекрасен. Да цените се малку повисоки, но сепак ноќниот живот тогаш можам да кажам дека е еден од најдобрите. Сум била во соседниве земји, само Бугарија може да се носи со нашиот ноќен живот, во сите други земји е потапа. Чичкото што продава печени кочани до штандовите за книги другарче ми е Си живееме озбилно, секогаш од кај него си купувам. Тетката што продава балончиња полни со хелиум и таа ми е другарка. Имам една личност која слави роденден баш тој период кога секогаш сум Охрид, па според нарачката што и ја направив лани верувам дека ме помни А Охриѓани да не зборувам колку прекрасен народ се. Најмилите братучедки ми се Охриѓани, а и на форумов тие што се од Охрид ми се премили. Си се разврзав јас, доста е, ама што да правам, Охрид е град кој ми е во срцето дефинитивно!
Вие се жалите за цените што ги гледате само 10 дена... а ние што седиме тука преку цела година? Цените си остануваат такви и преку зима.
Тоа викам јас - тој што знае правилно да го доживее Охрид - не може да не му се восхитува. Тој што доаѓа за дискотеки и за плажа сигурно ќе добие сосем обичен одмор за многу пари . Има работи поради кои и јас не го сакам, се искажав во една тема и не сакам да се повторувам. Но како град, има нешта што не може да ги понуди ни едно друго место. Има мир, спокој, чудесна убавина наутро и на зајдисонце. Само ако знаеш да ги најдеш местата. И да, илјада пати е поубав надвор од екот на сезоната Арни си се Охриѓани, Варошани се ненормалните
ми се допаѓа како град али луѓето ми се за никаде без навреда.. иначе лани 3 месеци бев во охрид по работа и не можам да ги смислам колку знаат да лажат да те искрадат.. знаеш како викаат.. ке ти речат праќај пари за соба или за смештај а не мораш да доаѓаш with all due respect..
Го сакам и Охрид и луѓето за мене се фини и дружељубиви имам доста пријатели од Охрид многу си ги сакам ми недостигаат Инаку градот е баш убав и плажите меѓутоа само во лето има таков бурен и убав живот во другите месеци ништо посебно ... Меѓутоа и јас не се сложувам со прескапото такси