1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Охрид

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од lovely91, 2 јуни 2011.

  1. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    3.178
    Пол:
    Женски
    Како бе за Охрид нема тема ццц :D
    Ајде да подискутираме малку за најпознатото туристичко место во Македонија,Што мислите вие за неговото уредување?
    За плажите, за угостителството, историските објекти, забавниот живот....
    [​IMG]
     
    На Mrs. Diva, DeRose, Leather и 8 други им се допаѓа ова.
  2. simonaspase

    simonaspase Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    10
    Да не знаете случајно колку пари е да изнајмиш камп за 10 дена.. ОД прилика пари ?? :) Не е важно кај е ... :)
     
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Уф го обожавам Охрид само не за лето премногу е народ, премногу гужва. Го обожавам пролет и есен, а зимно време ми е премногу депресивен. Сакам да шетам покрај езеро па се до Горица прва, да пијам кафе во Кадмо, да јадам тост од кај ШЕФОТ и бурек и тоа босански од Арома :) Го обожавам напролет кога во секој двор цветаат трендафили, кога е раздвижено низ шеталиште, да шетам до Кенео и подпеш :)
    Уф Охрид ептен се занесов морам наскоро да го посетам :inlove:
     
    На Branka08, Baby.Doll и lovely91 им се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Со сета должна почит кон прекрасните охриѓанки на форумот :hai: и едно големо извинување однапред, јас сум веројатно најголемата НЕобожавателка на Охрид.

    Не го сакам воопшто.
    Од каде да почнам?

    Сум поминала десетици одмори во Охрид и ниту еден не ми бил погоден.
    Последниов лани беше ужас, турбо-фолк ечеше во 90% од местата за излегување, потполно разочарана се вратив.

    Ми се допаѓа делот кај шеталиштето и тесните улички накај Св.Софија, му даваат многу душа и шмек на градот.
    Генерално не ги сакам охриѓани, немаат абер од угостителство, гостопримство и срдечност.

    Навечер ми е премногу ладно, плажите ми се катастрофални... на едните владее несреденост, на другите царува модна писта... ниту едното, ниту другото ми е за одмор.

    Не знам каков е Охрид во зима, моите биле 2-3 пати за Нова година викаат дека е помирно и дури поубаво.
    Не знам, не го сакам градот.
     
    На senza.parole, SparkyAngel, LaBella и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Да бе стварно, немаше тема за Охрид, ама сега ја има :clap:

    Јас не го сакам Охрид, јас го обожавам! И покрај неколкуте реални причини за необожавање, јас сепак го сакам и не им се давам така лесно на келнерката од Аквариус (поздрав до неа и до нејзината мрчаторска фаца) и на секое нервозно НЕ МОЈТ и НЕМАТ кое ќе го добијам кога и да отидам во Охрид :!:
    Мене нема да ме избркате! А впрочем и нема зошто.

    Имам најпрекрасни спомени од самото детство на градот, ми текнува со моите како си правевме излети прилично често а и често бевме таму на одмор. Со тато одевме по планини за да ми го покаже најубавиот поглед на езерото. Се мислам, дека нема место кое тој човек не го познаваше. И со такви спомени не можам да не го сакам градов.
    Мајка ми, која не е од Македонија му се восхитуваше на градот и до ден денес ми вели - што и да ти се случува, колку и да си лута, или нека ти е тешко на душата, седни покрај езеро во Охрид, и сето тоа во секунда го снемува.
    И навистина е така. Моќта на водата е огромна. Секогаш кога ќе дојдам во Охрид итам да седнам на утринско или веќе какво и да е кафе покрај езерото. И во тој момент светот за мене запира. И ништо и никој не постои повеќе. Подзамижувам под сонцето и чуствувам навистина како да лебдам. Не знам што е, но нешто има во тоа езеро.
    Ја обожавам чаршијата, прошетките до Свети Канео, до Плаошник, до Самоиловите тврдини. Сум ги поминала илјадници пати и пак нема да ми е здодевно да го прошетам истиот дел.
    Ја обожавам онаа прекрасна госпоѓа која продава рачно изработен накит кај куќата на Робевци. Уметност се крие во нејзините мали, ситни раце. Колку убав муабет сум си направила со неа, чудо! А нит ја знам, ниту пак ја познавам.
    Многу сакам да седнам во Аквариус или во Кадмо и да се напијам кафе. Макар што онаа келнеркана од Аквариус која не знае веројатно што значи тоа да се насмееш, секогаш ми ја утнува нарачката |(
    Ресторанот Чун ги побива сите муабети за охридското угостителство. Прекрасно место, одлична храна, симпатичен персонал.

    Ех а одморите се приказна за себе :P Ги обожавам селата во околина на Охрид. Колку подалеку од градот, толку поубави плажи за капење. Љубаништа, Лагадин...
    А искрено па и Куба Либре си ја сакам. Скопско ку*чење бе шо! :D
    Не се сеќавам колку странци сум донела во Македонија со мојот маркетинг, но сите до еден се заљубиле во Охрид! Белким не залудно а?

    А луѓето? Хм, па искрено не ми е јасно зошто им вадиме такви муабети на охриѓанине, е*ате скопјанишчето! :D Или јас сум карактер кој знае да елиминира се што е негативно? Не знам.
    Има еден виц. Зошто Албанија е среќна земја? Затоа што го има Охридско но ги нема охриѓани :D

    Не знам дали е ова вистина, но јас сите охриѓани кои ги познавам и кои ми се пријатели се прекрасни луѓе. На форумов да не правам муабет за нашите охриѓанки! Немам еден лош збор за нив. Додуше слушнав една теорија за оние лошите охриѓани и малку ми станаа појасни работите ама не би да елаборирам а и не е битно :P

    Како и да е, Охриде те сакам! И едвај чекам повторно да дојдам, море со лајче да ви го искрам езероно па да седнам на кафе, и келнерон да ми речи - ДРЖ! :lol:
     
    На LittlePinky, skenco, ane.bella и 17 други им се допаѓа ова.
  6. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам една гатанка,но да не се навредат охриѓанките на форумов,Сите се прекрасни и ова што ќе го напишам не е за нив сигурно.

    Човек е ,а не е човек.
    Носи месо,а не е месо.

    Погодете.
    Охриѓанец со пастрмка под мишка.

    Инаку како град Охрид ми е преубав.Секое лето одам барем на еден ден, сакам де шетам по сокачињата,да се најадам убав ручек,да купам некои дребулии од чаршија.
    За ноќен живот не можам да кажам,последниве години не сум по шетање.
    Но Охрид не е ист за и вон сезона.
    Мене повеќе ми се допаѓа кога нема туристи,гужва,врева.Тогаш е вистински мерак да шеташ во Охрид.
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    И јас го сакам Охрид но не баш и охриѓани :) Се знае зошто, заради негостопримливоста и алчноста.
    Инаку Охрид како град ми е навистина убаво место за одмор кога подалечни дестинации не се во игра. Да бидам искрена, секогаш убаво си поминувам. Дури и летно време... Сакам кога е жив градот, полна чаршијата, не ми пречи ни турбо фолк да ечи на сите страни, летоска бар има таму забава за сечиј вкус... Добро, и цело Скопје е таму, па ако некој никогаш не го сретнуваш во Скопје, ќе го видиш во Охрид. Но и тоа не ми пречи. Јас не одам таму ниту за охриѓани, ниту за скопјани, ниту за срби... одам за самата себе. Да си одморам ден-два, да си уживам на плажа затоа што еднсотавно - уживам во тоа.

    Целиот град ми има посебна магија. Не ми се допаѓа тоа што навечер е постудено отколку во Ск, па задолжително со палтенце излегувам таму, инаку се мрзнам. :)
    И да, ја спомна некој претходно жената со рачно изработен накит. И мене ми има оставено голем впечаток и се радувам кога ќе ја видам таму.

    Се надевам и летово ќе најдам ден-два да го посетам Охрид. Веќе традиција ми е :)
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    Ајде феминки, повелете во Охрид :) Сега баш е најубаво, ни ладно ни топло.

    Заборавивте да напоменете за цените во кафулињата и секако од такси компаниите. Претеризам.
     
    На Nine25 и barbie-hilton им се допаѓа ова.
  9. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Алал да му е бе! Прекрасни тостој. :inlove:

    Инаку, Охрид е прекрасен. Прееска врнеше многу, а ние како ментални трчавме. Осум будали заљубени еден во друг трчаат на дожд. Е тоа беше прекрасно. Сонце грееше, ние шетавме. Охрид за мене е ПРЕКРАСЕН во секоја смисла. Нема што не можеш да правиш. Е сега, би отстранила некој охриѓанки што се прават како да се којзнае кои, ама тоа веќе е друга приказна.

    Ама си го изнафалив градов. Еми, умре џупката шо го фалеше, морам јас. :P :D


    И да, сите, ама баш сите ве чекам летово! :D
     
    На Ejndzell, DeRose, maca78 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Еј сум заборавила да го спомнам ресторантот Белведере е малку е поскапичок али вреди навистина вреди :) И Славиица на плоштад да си фаќаш сеир :) И сладоледот од Летница оф Охрид :inlove: Го немам посетено од септември и стварно ми недостига значи треба да го посетам овој месец додека не е нападнала гужвата :) Е сега не ми се допаѓа тоа што кај што им текне прават згради денес гледаш куќа одиш за една недела и оп никнало зградуле.
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. loni

    loni Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    7
    Охрид е убав ама луѓето во него не се :D тие го грдат :)
     
    На Tanjamm и Nine25 им се допаѓа ова.
  12. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.082
    Се придружувам во групата на најголеми НЕОБОЖАВАТЕЛИ на Охрид, :!: чест на исклучоци нели :!: :!: , али Охриѓаните ми се премногу антипатични луѓе! Со карактерот што го имаат, и цените (кој веќе им се како за на море) никогаш нема да имаат убава тусиртичка сезона (не сакам да го спомнам потонувањето на Илинден со бугарските државјани- се за пусти пари да напикаат во џебот :puke: ) ! За таксистите муабет не сакам да правам! Дерат до гола кожа, и што е можно повеќе ќе те извртат! Имам колешка од Охрид, прекрасен човек, али доволно е да налеташ на 3-4 идиоти од луѓе тамо и да ти се одмили се! Не го сакам Охрид воопшто!
    Не сакам да ги навредам Охриѓанките на форумов, но секој има право да го каже своето мислење!
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Убав град но премногу лош народ ми се огриѓани - без навреда на охриѓанките. Ама стварно многу чешит луѓе. Да не зборам што е прескапо а не си го ценат и одржуваат градот за тие пари. Затоа сите викаат поубаво на море отколу во Охрид...
    Убав грат ама ете со премногу недосатоци
     
    На Tanjamm и Nine25 им се допаѓа ова.
  14. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Kaко не сум ја видела темава порано :punch: .
    Охрид е градот кој го сакам најмногу по родниот град. Прв пат отидов после 6то одделение со наставникот и генерацијата таму на одмор, и секоја година одтогаш си го посетувам. Најубавите спомени што ми се во животов, ми се од Охрид.

    Она од кое поточно ги имам тие најубави спомени ми е Канео. Најголемото и најубавото Македонско богатство, сум била на зајдисонце, прекрасно е, ама сепак најубаво е на изгрејсонце. Сум станувала во 4 часот наутро, за тамам да го начекам изгрејсонцето на Канео. Празно, нема никој, само гледаш водата како стакло е направена, птиците си пеат а небото веќе станува светло сино. Поубава глетка нема!

    Како град ми е убав, не знам како е во зима, но на лето ми е прекрасен. Да цените се малку повисоки, но сепак ноќниот живот тогаш можам да кажам дека е еден од најдобрите. Сум била во соседниве земји, само Бугарија може да се носи со нашиот ноќен живот, во сите други земји е потапа.

    Чичкото што продава печени кочани до штандовите за книги другарче ми е :D Си живееме озбилно, секогаш од кај него си купувам. Тетката што продава балончиња полни со хелиум и таа ми е другарка. Имам една личност која слави роденден баш тој период кога секогаш сум Охрид, па според нарачката што и ја направив лани верувам дека ме помни :lol:

    А Охриѓани да не зборувам колку прекрасен народ се. Најмилите братучедки ми се Охриѓани, а и на форумов тие што се од Охрид ми се премили.

    Си се разврзав јас, доста е, ама што да правам, Охрид е град кој ми е во срцето дефинитивно! :!:
     
    На DeRose, Nine25, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    Вие се жалите за цените што ги гледате само 10 дена... а ние што седиме тука преку цела година? Цените си остануваат такви и преку зима.
     
    На DeRose, maca78, Sunlight и 3 други им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    :clap: Тоа викам јас - тој што знае правилно да го доживее Охрид - не може да не му се восхитува. Тој што доаѓа за дискотеки и за плажа сигурно ќе добие сосем обичен одмор за многу пари :D .
    Има работи поради кои и јас не го сакам, се искажав во една тема и не сакам да се повторувам.
    Но како град, има нешта што не може да ги понуди ни едно друго место. Има мир, спокој, чудесна убавина наутро и на зајдисонце. Само ако знаеш да ги најдеш местата. И да, илјада пати е поубав надвор од екот на сезоната :!:

    :clap: :clap: :clap: :D
    Арни си се Охриѓани, Варошани се ненормалните :lol:
     
    На Leather, Nine25, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  17. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    хахаха....јас имам слушнато пак за тие од велгошти...не им биле варошани рамни нив
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Охриде мој ! Таква носталгија ме има фатено што при прво стигање у Мкд идам да те видам....
     
    На DeRose и Nine25 им се допаѓа ова.
  19. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    ми се допаѓа како град али луѓето ми се за никаде без навреда.. иначе лани 3 месеци бев во охрид по работа и не можам да ги смислам колку знаат да лажат да те искрадат.. знаеш како викаат..
    ке ти речат праќај пари за соба или за смештај а не мораш да доаѓаш :)


    with all due respect..
     
    На Tanjamm и Nine25 им се допаѓа ова.
  20. barbie-hilton

    barbie-hilton Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Го сакам и Охрид и луѓето за мене се фини и дружељубиви имам доста пријатели од Охрид многу си ги сакам ми недостигаат :( Инаку градот е баш убав и плажите меѓутоа само во лето има таков бурен и убав живот во другите месеци ништо посебно ... Меѓутоа и јас не се сложувам со прескапото такси :worried:
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.