Во кои држави сте биле до сега? Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Кои места сте ги посетиле? Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо?
moram ednas da go vidam rio de janeiro, i da se suncam na kopakabana,OBAVEZNO a viena mi e mnogu ubav kako grad,iako mn mn jazikot ne im go sakam
Во кои држави сте биле до сега? До сега имам бидено во Турција, Австрија, Холандија, Грција, Бугарија. Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Најубав впечаток - Холандија со својата посебна харизма и привлечност. Особено Амстердам, град кој освојува срца и воздишки. Имаат слободна луда мода, сите возат велосипеди, од 7 до 77 годишни луѓе одлично го говорат англискиот јазик, има автентичка градба, не премногу огромни згради, премногу канали и мостови ... убајна! Лош впечаток... Виена бев 10 часа и 10 часа врнеше без престан. Луѓето не ти се обраќаат ако им зборуваш на англиски за да се разбереш... Кои места сте ги посетиле? Како посебни места би ги одвоила: Куќата на Богородица во Ефес, Турција; Rijksmuseum со вредни уметнички дела во Амстердам; Плоштадот во Виена, убавите плажи во Грција, Бугарија ништо посебно. Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Сакам Шпанија. Ме асоцира на топлина, лето, танцивање, живот, љубов! Сакам Русија, поточно Москва. Да застанам на Црвениот плоштад и да и се чудам на убавината... Сакам Англија, поточно Англија. Да ги видам сите можни дворци. Едноставно да шетам насекаде по улиците! Само да биде суво времето, не мора сонценце, бидејќи реткост е тоа таму ххехе.. Сакам Египет. Навистина има што да се види. Култура, мистична историја, преубави места.. Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? По дух не сум премногу авантуристка, не сакам многу ризици. А турнеја околу светот со обезбеден превоз и спиење - ДА!
Во кои држави сте биле до сега? Бугарија, Холандија, Австрија, Романија, Хрватска и Црна Гора. Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Холандија - заради истото Брајт што го напиша и Романија - ладен воздух, или сонце или снег (од крајност во крајност), гратчето каде што бевме беше малечко како кутивче и луѓето се екстра фини, Балканци. Дубровник - толку ми се бендиса градот што би се преселила да живеам таму Лош впечаток - исто како и Брајт за Виена, но тоа е затоа што бевме оставени сами на себе 10 часа. Без водиш, без ништо. Иначе сум сигурна дека Виена има многу што да понуди. Кои места сте ги посетиле? Rijksmuseum и возење по каналите во Амстердам; замокот Пелеш, Синајскиот Манастир, Синајското Казино во Синаја и замокот Бран во близина на Брашов, Романија; еден куп места по Хрватското приморје од кои во глобала беа три града: Сплит (ништо посебно, џунгла во големиот град, ама обалата им е на газ да паднеш), Трогир (мало гратче со тесни улички) и Дубровник, душата таму ми остана; Котор, Црна Гора (иако на кратко) Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Прва на мета ми е Париз, Франција затоа што тое е град на светлината и сум вљубена во него и животна желба ми е таму да одам. Потоа Италија секако, кој не Рим, Фонтана ди Треви и Шпанските скали. После ќе следуваат Турција, Египет... Кина Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Тоа би било интересно, но кој ми гарантира за временските услови. Сепак не. Светот не е мал, а времето не верувам дека би ме служело толку долго време. Барем покрив над главата. А за спиење би можела и во вреќа. Нема да ми е прв пат
Сум била само во Турција,не сум била на друго место.Обожавам да патувам,авантуриста сум,ах би сакала ако е можно цел свет да го посетам,мислам пасија ми е патувањето во странство.Сакам да отидам во Италија,Египет,секаде,посебно сакам да посетам туристички места,Франција,Јужна Америка,Перу итн.Инаку омилени дестинации Италија,Египет,Франција,Холандија,повеќе од историски аспект.И да би спиела под отворено небо
Во Романија, Австрија, Србија, Чешка.. Убав впечаток имам од сите но најмногу од Романија а лош немам Сакам да ги посетам Шпанија и Италија бидејќи ги обожавам овие земји (животна желба ми е тоа) А турнеја низ светот, но да спијам под отворено небо не би направила а зошто не знам
Во кои држави сте биле до сега? Сум била во Турција и Бугарија. Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Најубав впечаток ми оставила Турција,а такво искуство за да ми остави лош впечаток некоја држава досега не сум имала Кои места сте ги посетиле? Во Турција го посетив гробот на Богородица (навистина преубаво место) и посетивме неколку музеи.Жал ми е што не прошетавме повеќе бидејќи бевме на турнеа од играорна.Ама сепак најубаво беше на плажа во Кушадаси. :mrgreen: Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Би сакала да ја посетам Италија,а посебно Венеција и би сакала да пловам со гондола. Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Секако.
Во кои држави сте биле до сега? Во Грција,Бугарија,Албанија,Германија и Италија. Уште како многу мала сонувам и мечтаам да ја посетам Калифорнија. Нема некоја посебна причина, чисто онака. Се надевам дека еден ден ке биде ...
Во кои држави сте биле до сега? Србија, Унгарија, Чешка, Австрија, Словенија Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Па секако дека кога отидеме некаде настрана, а посебно во друга земја се здобиваме со убави впечатоци, секаде има по нешто што ме импресионирало. Кои места сте ги посетиле? Бидејќи во првите четири држави што ги напишав ги посетив кога бев на екскурзија, посетивме многу места... Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Сакам да ја посетам Словенија, поточно Љубљана, бидејќи е моето родно место, таму сум живеела како мала и кога сум имала 5 години сме си дошле во Македонија, така да речиси на ништо не се сеќавам. Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Ако бидам безбедна зошто да не
Досега ги имам посетено Србија, Чешка поточно Прага, Унгарија-Будимпешта и никогаш нема да го зборавам моментот кога автобусот ни откажа на трамвај-пруга.За среќа трамвајот далеку беше па имаше време да закочи. Потоа Австрија, Виена тоа беше апсолутно бајка.Значи поубав, а воедно поскап град во живот немам видено.Особено вечерно време, кога се палат светлечките рекалми, луѓево брзаат сите по дома од работа, тврд германски говор наоколу, излози со брендирана облека, од далеку заслепувачки блескаа скапоцените метали на рачите часовници, но џебот не ми беше длабок до земјата за да си дозволам таков луксуз и екстремна цена, потоа подвижни театарски претстави, баш како во некој филм... уф таа Виена, сон незаборавен! Инаку дестинација што сакам да ги посетам се Велика Британија затоа што интересни се Британците како нација и Украина или Русија.Летово веројатно одам Грција на одмор, па ќе додадам уште една на списоков.
Во кои држави сте биле до сега? Србија, Унгарија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Грција, Турција, Словенија, Италија... понатаму не сум отишла Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Секое патување ми било прекрасно, освен во Албанија ама едно бев помала а друго уште беше таму не изградено и Тирана беше ужасна...жално беше, а сега е скроз друга приказна Кои места сте ги посетиле? Па во сите држави по некој град, освен Италија кога бев само во Рим. Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Сакам да одам, сакам да одам...секаде каде што не сум била...многу ги има, еве на пр. Русија, Египет,Кина и Њујорк секако...а за две недели одам во Истанбул на едно 10 дена...јееееее Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Сама не, а со друштво или со дечко ми, why not
Во кои држави сте биле до сега? Сите од бившо Ју, освен Словенија. Плус Албанија, Грција, Бугарија. Кога ќе имам свои приходи - ќе одам кај сакам! Сега можностите тоа ми дозволиле, само Балканска шетња Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Вака, во Хрватска душата си ја оставив... Дубровник, Котор, Риека... Сите градови се уникатни и полни со медитеранска љубов и мирис. Босна ми е рана на срце - Сараево ми е втор дом, бев двапати и уште ги памтам љубезните пречекувања, храна, спојот од култури и мирољубие. Град што доживеал толкави болки, а сега е прекрасен. Тузла, Бања Лука и уште неколку помали градови исто така. Радост. За Србија и Црна Гора нема што да кажам, секогаш сум фасцинирана од нивната храна и спојот на австроунгарска архитектура и ориенталните остатоци. Храната - феномен. Само во Крагујевац и Врњачка Бања го јадев најдобриот бурек на свет. А да не зборувам за Белград и воздухот што го има таму - полн е со самодоверба! Албанија е земја во развој. На тргнување, мислев ќе начекам грдотии и страшни места. НО! Се излажав, ептен. Бев во Тирана, неколку пати, во Драч, Валона и на Химаре и Саранда. А бе рај. Јес да имаат тешко проодни патишта, се гради и се реновира пола Албанија, ама напредуваат и ќе ги биде! Луѓето - сонца. Не знаат добро англиски, ама грчки и италијански - во секое време, особено во јужниот дел на Албанија. Донер ќебапи, добра плажа, евтино пиво и ПРОГРЕСИВНА музика! Хитовите што лани летото ги слушав таму, кај нас ко да дојдоа покасно?! Бугарија онака... Сеќавање од малечка, на 11 години бев првпат и последен Грција - Атина и Солун. Градови што дијаметрално се разликуваат. Солун е како да си во Скопје - гласни и троа некултурни луѓе/мојот впечаток е таков. А, Атина е сосема друга. Иако бев на кратко, едноставно, поинакво чувство има во градот. Дали дека е главен и е метрополис, едноставно повеќе ми се допадна :roll: Плажите не ги коментирам, факт е дека се прекрасни. Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Настрана Европа, која според мене е крајно досаден континент, сакам да одам во Индија и во Исланд. Зошто? Зошто Индија ми е уште од мала, земја на фасцинации, страв, сиромаштија, култура и езотерија. Што ако ја видам Ајфеловата Кула, кога Таџ Махал е според мене, врв кој има и те каква позадина, сакрална и вечна. Исланд - ради музиката, пејсажите, лудистичноста, гејзерите и тоа што е тооолку далеку, а блиску... И дека е остров, кој не е Јамајка или Хаваи, туку ладно место кое бара почит Од оние стандардни места за посета на кои би сакала да си ја одмарам душата и телото, би ги избрала Мајами, Акапулко, амбициозно познатите плажи и места за журкање и сончање.
*Во кои држави сте биле до сега? паа Шпанија,Италија,Швајцарија,Унгарија,Турција,Албанија,Грција,Франција,Блгарија,Србија и Црна Гора би сакала и во други *Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Сите ми имаат оставено добар впечаток,сите имаат по нешто интересно белег на секоја држава или град,убав впечаток ми остави Италија поточно во Милано ми се допаѓа духот на италијаните и животот и имаат преубави градови на пример Рим,а лош Грција само поради понашањето на Грците во однос на тоа кога ќе кажеш дека си од Македонија,а за Атина на изглед немам зборови *Кои места сте ги посетиле? Па многу места имам посетено од музеи па натака *Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Сакам да посетам многу места многу сакам да патувам,еве ќе го издвојам New York сакам да видам што толку зборат дека е волшебно *Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Да да зашто да не,само да не поминувам низ места како што се Ирак и Иран
1. Турција, Грција, Шпанија, Франција, Црна Гора, Бугарија...толку хаха 2 Најубав впечаток ТУРЦИЈА 3 Па што знам....Памук Кале, Сафари ......... 4 Сакам Египет и Тунис ама ќе почекам уште многу за тоа 5 Зошто да не??
Во кои држави сте биле до сега? Бугарија , Грција на одмор ... Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Па. Бугарија беше поубава , особено Сончев брег .. Преубави хотели има на самата плажа и мнооогу убава плажа има Кои места сте ги посетиле? Немам многу шетано. Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Сите сите СИТЕ! Обожавам да патувам.. но сум немала прилика до сеа.. за понатака секако ако имам би одела на турнеја окулу светот Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Па ако сум со добро друштво , секако дека да!
Во кои држави сте биле до сега? Бугарија,Грција, Србија, Црна Гора, Босна, Хрватска, Италија, Шпанија, Франција, Монако Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Па лош впечаток не ми текнува, сите се убави на свој начин. Црна Гора и Хрватска имаат прекрасно море и плажи, во Хрватска Плитвачки езера и водопадите на Крка се совршенство создадено од природата, Дубровник,Шибеник и Сплит исто така се прекрасни места. Италија само во Венеција и Верона сум била и преубаво е, а Монако е врв на се, прекрасно, преубаво, фамозно, гламурозно, фантастично... Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Египет, Еуросалим, Тунис, Турција, Германија, Индонезија посебно островот Бали откако ја прочитав книгата Јади,Моли се,Уживај, едноставно се заљубив во Бали Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Турнеја околу светот да, ама повеќе би сакала да има кај да спијам на сигурно
Во кои држави сте биле до сега? Сум била во сите држави на бившата Југославија, плус Грција и Албанија Која држава ви оставила убав/лош впечаток? Од секаде имам убави спомени... одморите во Грција кога бев малечка со моите, патувањето со воз низ цела тогашна Југославија, исто со моите, при што ги посетивме сите главни градови на ју-републиките и секој град ми оставил понешто... а Албанија пријатно ме изненади, можеби дека не ни очекував многу, затоа не бев ни разочарана - ама екстра добар одмор истерав Кои места сте ги посетиле? Па не можам да издвојам некои посебни места, секаде каде што сум била, имало што да се види... Кои држави сакате да ги посетите? Зошто? Сакам да го посетам Ориентот... порано многу повеќе ме влечеше Европа, сакав (и сега додуша сакам, но некако помалку) да ги посетам Италија, Франција, скандинавските земји, Русија... ама сега многу повеќе ме влечат азиските земји, и би сакала да отидам во Израел, Авганистан, Иран, Сирија, би сакала да отидам во Индија, Кина, Непал, а можеби и Монголија... би сакала да посетам и некои африкански земји, би отишла во Египет, Мароко, Тунис, Алжир, би отишла во Кенија, во Танзанија, Јужна Африка. А сон ми е да ја посетам Јужна Америка - просто сум фасцинирана од тој континент... секоја земја, нација, континент си има свои убавини, и верувам дека ќе ми се укаже можност да посетам некои од земјите кои сакам да ги видам... Би направиле ли турнеја околу светот, но да спиете под отворено небо? Би сакала да направам ваква турнеја, звучи супер, ама не знам колку е тоа изводливо на мои години... не сум толку физички спремна да издржам таков напор , ама во секој случај, летово планираме да ја истражуваме Турција, со кола и спиење кај што ќе не затекне ноќта...
Многу сакам да шетам... секаде. Не можам да издвојам каде најмногу би сакала да одам, сакам сегде, па решив приоритетите ги определам според потребите на семејството. Планирам во следните 2-3 години убаво да ја прошетам Европа, бидејќи е блиску, и може да се отиде било каде на неколку дена, а децата да се остават тука на чување. Сега се мали, и шетањето ќе им биде малтретажа, и онака ништо не им значи да речеме архитекутрата на Гауди. Исто така поевтино е шетањето, па сега додека плаќаме кредити подобро е да се задржиме тука Сакам цела Европа да ја прошетам, ама во повеќе тури, а не да речеме Шпанија, Италија и Франција (кои ептен многу сакам да ги посетам) во една тура. После тоа, значи за едно 3-7 години - Америка. Прво ќе почнам со северна америка. Обавезно ќе одам во Канада, Нијагарини водопади од мала сакам да ги видам, а кога ќе бидам таму морам да го посетам Њујорк. Би отишла и до Флорида и Калифорнија, ама не е баш изводливо во една тура . Децата веќе ќе бидат посоодветна возраст за шетање, а северна америка ми е безбедна за со деца После би прошетала до средна и јужна америка, тоа островите таму, до Куба многу ми се оди, Јамајка исто. Е за крај би ги оставила Азија и Африка, за најмалку 7 години од сега Не знам од каде би почнала, сакам да прошетам многу места, се' ме интересира, се' сакам да видам. До тогаш децата ќе бидат веќе пораснати, па ќе можам да ги носам и на поегзотични места, а и тогаш повеќе ќе им значи. Ете, тоа беше мојот план за шетање Се' што ми треба е работа со добра плата и многу денови одмор