Ние решивме да одиме во Паралиа, со приватен превоз 4ца.. Е, сега, бидејќи не сме преку агенција моите планираа да најдеме таму на лице место смештај (со оглед на тоа што во агенциите им се пренадуени цените) Ќе ве замолам кој знае да ми каже каде да бараме и каде е поефтино. П.С може да ми предложите некое апартманче во околината на дискотеките
Планираме со другарка да одиме во Паралија на почеток на септември, дали некој би ни препорачал некој апартман двокреветен или пак студио? И дали некој знае дали има директен превоз Скопје-Паралија, бидејќи планираме да идеме во споствена режија. Однапред фала
не сум била во паралиа,али како што слушам,сите што биле викаат дека водата е прљава.а за друго незнам
Јас сум сега во Паралија, водата е супер, чиста, топла, и преполно е со луѓе, лани не беше толку гужва. Само ми е криво што не си отидовме пак во ЛИЛАЛО, во друг хотел сме до Лидл, да ни биде поблиску градчето и по лесно за пазарување Цените се од 27 евра па нагоре, сместување се наоѓа и тука, без резервирање преку туристички агенции. Картата не чинеше 1600 денари-повратна, и поисплатливо е со автобус отколку со кола, доколку одат двајца.
^^Преку која агенција одевте за превоз,зошто јас планирам таму да си барам смештај?Се утепав од барање по нетов и нигде не најдов некој да нуди само превоз.Фала однапред и најубаво помини си
Оди во Метрополитен туристичка агенција (пред слаткарница Малага, десно во првиот пролаз), вработените се викаат Слободан и Катерина, ќе ти средат преку Екстра бус, од Кавадарци се, таму е нај евтино, одиш со неделниве еднодневни тури, во недела поаѓаат се враќаш наредна недела, ти договараат во агенцијата што и како. Во Савана турс беше 35 евра и плус те оставаат во Олимпик бич а не во Паралија, па треба пешки да се враќаш. Фала убаво да си поминеш и ти. http://www.metropoliten.com.mk/
Јас недела одам, на 1 ден, одвај чекам да дојди едноставно Ќе одиме со автобус преку агенција, 10 евра е откај нас превозот, не е ич скапо. Па се надевам на убав провод
Девојки, планираме со другаркиве да идеме во Септември на 10 дена во Паралија, имаме најдено сместување ама имаме проблем со наоѓање на превоз. Бев денес до оние туристичкне агенции покрај Вардар и најдов само на едно место и имаат превоз за натака само во недела. 1000 денари е ако си доаѓаш истиот ден а ако си доаѓаш за една недела 2000. Можете ли да ми препорачате некоја агенција што оди натака барем 2 пати неделно и да не е 2000 повратна?
Денес бев и се враќам полна со импресии. Местото ми е преубо, ја изнешатвме цела плажа со другарките, водата беше океј иако тие малите гранчиња ептен ме нервираја, али се изнапливавме. Местото е супер, има кафичи, дискотеки, баш онака како шо и сакам, сакав поќе да останам, али не можев, другата година обавезно си прам едно одморче 10 дена да се изнауживам Какви деца сум видела, прекраснотии , па и топлес едни си се сунчаја и си се шетаја, без гајле, кај нас така нема теоретска шанса.. Гирото прсти да излижишшшшшшш
Јас бев летово во Паралија и водата беше доста нечиста,плус тоа соленици во очи влегува пече, косата тврда ко 3кила лак да сум и ставила...едноставно само гирото им е убаво
Имам одено и навистина е убаво.....(според мене)......а каква очекуваш да ти биде косата стварно незнам..па влегуваш во море (солена вода е фала богу декаа косата нема да ти биде како со регенератор од NIVEA )
Ммм Паралија е преубаво место,едвај го чекам летото да одам. Инаку за водата наутро е чиста ,кога ќе фати гужва се заматува.Ама сепак многу го сакам местово,има преубави паркчиња,шеталиште и најубава печена пченка
јас преку лани бев, ама не планиравме да одиме таму, сосема случајно испадна, и најдовме многу убаво место одма до плажата, немаше ни минута до неа,многу беше блиску,имавме и преубав балкон, преубаво семејно место за одмор еве некои слики -
Ние вчера уплативме за во вила Савидис во Паралиа, во јуни. мм ми го испофали местото било убаво. Одвај се одлучивме каде да одиме ги проучував со недели местата низ грција се напнав максимално Е сеа едно е кога читаш од туристичкиве агенции и што нудат а друго е кога некој ќе ти каже како е реално таму. Може касно ми текна да проверам на форумов тука за мислење за паралиа, ама сеа кога ги прочитав претходните мислења .... незнам дали е баш прикладно место за син ми што има 1 год Знае ли некој кај се наоѓа оваа вила таму http://www.samaholiday.com.mk/odmor-let ... 0%B8%D1%81