Јас годинава одам во Пефкохори,Грција. Сакам да знам дали е убаво таму, дали има места за шетање и бутици бидејки сакам да си купам нешто Фала однапред!
Јас ќе одам таму ова лето( на 20-ти август одам и ќе седам 15 дена)..Претходно сум била 3-4 пати и да ти кажам дека е прекрасно...Плажите се чисти, со ситен песок, водата топла, навечер засвежува бидејќи околу гратчето има обрач од борова шума и воздухот е многу пријатен, а исто така нема ни муви ниту комарци... Места за шетање имаш...Јас пошто не искашам по дискотеки, за тоа не можам да ти кажам,али кафичи и ма преубави...Да одиш во Калуа кафичот - во центарот е... Бутици имаш, али во повеќето се доста солени цените...Има и нешто по пристапни цени се разбира...Јас шо имам порано купено неколку парчиња облек, сум ги утепала од носење... Пицериите и рестораните се доста скапи исто...
Јас сум била таму но на фамилијарен одмор, пред 4 години. И можам да кажам дека бев задоволна. Најмногу од се ми се допадна морето, чисто и топло, уживанција. А и самото гратче е преубаво, има за секого по нешто, многу ресторани, бутуци, кафичи. Нема да згрешиш што ќе одиш, супер е местото.
Бев пред 1 недела но престојував во Калитеа па бевме на 1 ден во Пефкохори.Прекрасно е, од 1 крак дефинитивно Пефкохори е најубаво <3 Еве ти и една слика лично од мене сликана.Позз и убав помин
Ако одиш во Пефкохори, да појдеш на плажата Палјури мислам дека се викаше 5 километри десно од Пефкохори е, преубава е, водата е солза, песокот е преубав. Со лежалки е, и ос оние креветине како спални за на плажа тие не се наплаќаат, но нешто кафе ова она ке треба да си порачате, ама вреди максимално, морате да појдете, јас не сакав да си одам од неа. Инаку супер е Пефкохори, не е лошо и забави има навечер супер е. А за бутици, застаниси во Солун Космос кога ке одиш и решена работа, и попусти имаше сега. Во Пефкохори има некои бутичиња али не видов ништо посебно. Фустанчиња така обични некои безвезе.
А после 1 километар од Паљури е Канистро плажата, каде врие од млади за викенди. Исто така меѓу Паљури и Пефкохори има друга одлична плажа за млади, не знам точно како се викаше но од улицата главна има знаци и ќе видиш многу коли вртат надоле (не сум сигурна дека се гледаше паркингот од улицата ) Мене ми е преубав Пефкохори, народ, гужви млади, а и постари, плажи колку ти душа сака, дал сакаш за млади која е при крајот на градот, дал на градската плажа, дал сакаш во новиот дел на пефкохори кој е на почетокот и имаш повеќе мир, ако одиш со кола имаш избор и за шетање навечер и за плажи. Кракот го сакам зашто има 4-5 местенца во радиус од 15-20 километри кои може да си ги посетуваш, секое убаво на свој начин. Имаш и кафичи, дискотеки на крајот од гратчето, ресторанчиња премногу, забавен парк, воден парк имало нов. За продавници нормално е да се изгор скапи зашто се туристички места. Но и тие имаат попуст, али во септември
Вауу!! Фала ви на сите! Ова беше баш тоа што сакав да го слушнам! Ова ми е прв пат надвор од МК и мило ми е што го одбравме местово.Одам со моите така да не ми е потребен некој ноќен живот, само местенца за шетање и убави плажи
Минатата година бев во Пефкохори на фамилијарен одмор. Преубаво местенце, многу гужва, имаше супер шеталиште за шетање. Убави плажи, имаже и каменчинња некаде, ама се на се се убави плажи, единствен недостаток е што малку се тесни. Водата кристално чиста. Дуќани имаш, што за сувенири, што за облека, но мислам дека не се исплаќа да се пазарува од туристилко место зошто имаат високи цени. Ако сте со кола прошетете ги и околните места Ханијоти е многу блиско т.е до Пефкохори.
дали вие кои сте биле или ќе одите имате бројце од смештај некој студио апартмани ама со пристојна цена..ијас би сакала да одам во пефкохори некаде крај на август но за сместувањето сеуште незнам како што..ако некој знае нека пише позз
Бев оваа година крајот на јуни и многу убаво беше.Помалку Македонце има ама затоа Срби врие .Плажата малце е тесна али затоа водата еме топла ем ко во базен да се бањаш.Можеш и да прошеташ во околните места:Полихроно,Ханиоти ,Калитеа...убаво е и средено Еве ти линк од каде што јас бев сместена оваа година.Само пофални зборови за апартманите,има клима,интернет тв, и ти менуваат чаршави http://www.theramvos.gr/
Баш сега ја разгледував страницата,но не можев да најдам колку е одалечено од плажа.Ај те молам пиши ми.Заинтересирана сум и јас за Пефкохори.поззз
Јас годинава престојувам во хотел Поли, на сликите изгледа преубаво,па валда е таков и во живо http://thegreekhotel.com/ види ја галеријата!
Росонерка сигурно мислиш на Ксенија... Инаку Пефкохори е одлично место, дефинитивно ми е фаворит на првиот крак.
Не мислам на Ксенија, не ни знам која е таа. Туку Канистро ми кажаа се вика плажата, a некои ја викаат Крузо зашто се наоѓала блузу до тој комплекс. Еве читам комплексот се наоѓа 400 метри од плажа и 1700 метри од Паљури. Дефинитивно последна плажа е на кракот Спојлер http://www.feelgreece.com/en/north/halkidiki/kassandra/paliouri/accommodation/hotel/chrousso-village Јас не сум била, сум била само на Паљури и ми се допаѓа за уживање нема многу народ, а на Канистро беа моите и имало млади посебно викенди супер било, сестра ми какви слики има од плажава мислиш на некое егзотично место си, плус е многу средена од вакви лежалки до кревети бели, до тераси сламени, до лулашки ...
Најверојатно се во во непосредна близина, а според описов на странава ми изгледа како сликава да е од Ксениа, а не Карузо... http://chalkidiki.rs/zabava.php#dnevni Јас лично не сум била ниту на едната, ниту на другата и не можам да тврдам, али од луѓе што биле викаат дека оваа е последна и најубава.