1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Штип

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од GarpovaV, 28 август 2011.

  1. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.798
    Не сум била во Штип досега :D
     
  2. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Која е цената на картите за Макфест?
     
  3. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Има многу ветер. :lol:
     
  4. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.798

    :D :D Аууу тогаш не ни одам фала ти многу :D
     
  5. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Ама има и убави денови, иако деновите со ветер преовладуваат :D
     
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    А ти од таму ли си? :lol:
     
  7. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Денес дува. |(
     
  8. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.033
    Допаѓања:
    26.564
    Ако доаѓате на шопинг во Штип за свечена облека во нана има убави работи но екстремно се скапи 8)
     
  9. Gorgina

    Gorgina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Дечки знаете дали во центарот има теретана и што цена е? Исто ме интересира дали има теретана во Штип само за женски? :)
     
  10. skinnylove

    skinnylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    462
    Е теретана во центарот не сум приметила баш. Има во кај Суитлакот, одма кај Здравен дом, само што не продолжуваш по главната туку скршнуваш накај шеталиштето што води накај Суитлак. На левата страна е. Барем на мене ми изгледа на теретана :D
     
    На Gorgina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Јас сум Штипјанка. :D
    Град како град убав е и Макфестот се одржува тука, пастрамалијада, на исар се оди нз кој ден, имаме панаѓури и други работи и мислам интересен би бил може за некој од страна, мене не ми е.

    Инаку теретана има кај Angeles, од туш малку понагоре и кај пазарот накај сутлак што се оди.
     
    На GirlRose, Sunshine.Sunshine и Gorgina им се допаѓа ова.
  12. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Седев пред една недела во Лонгуров. Порачав пастрмајлија. До сега најдобрата што сум ја пробал. Но за услугата све најлошо можам да кажам.
    Прво чекавме 20 минути за да не услужи некој. Второ, ги носи пиците и не ни носи пробор за јадење. Другарот си побара и на него му донесоа а мене не. Сите келнери раштркани на сите страни, викаш еден доаѓа друг, викаш друг, не доаѓа никој пола саат. На масата до нас станаа луѓето и зема да ја расчистува, зема солот, зејтинот ги стави кај нас на маса. 20 соларки кај нас на маса. ОД другите маси ги префрлува кај нас. И после му вика абе дечко ова на што личи, и ај ај извини. На крај кога требаше да платиме, пола саат ни требаше за да викнеме некој, зошто никој не се појавуваше. Тој што ќе излезеше надвор на терасичката со 300 на саат оди и не сака да чуе. И едвај натеравме некој да ни донесе сметка, 15-20 минути и сметката ја чекавме.

    Заклучок: Пицата најдобра, услугата најлоша во градот и околина.
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    И сега пица јадеше или пастрмајлија? Инаку, пастрмајлија во Штип не се јаде со прибор. Со прсти ;)
     
  14. Gorgina

    Gorgina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    А се наоѓаат долги фустани докај 7000 ден или слабо? Инаку навистина имаат преубави фустани само немам претстава како им се движат цените |(
     
  15. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Пица јадеше или пастрамајлија? Јас мислам дека пица си јадел оти пастрамајлија нема во сред лето во Лонгуров, сеедно може и да грешам. Инаку имаат доста гужва некогаш, а малку келнери и сите се растрчкани натаму наваму.
     
  16. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.033
    Допаѓања:
    26.564
    Мислам дека се од 12.000 али не ме фаќај за збор ќе се распрашам и ќе ти кажам ;)
     
    На Gorgina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Има на едносмерната неколку бутици што продаваат свечени фустани (од околу 2000 денари па нагоре). А има и во Бела (за венчаниците) и ги шијат обично по 100 евра, а мислам дека имаат и готови :)
     
    На Gorgina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Пастрјмајлијата е највуксна во Штип, јас јадев во Даблин пред некој ден. И се јаде со прсти, зошто со нож нема шанси да ја исечеш тестото е многу меко. Услугата беше за никаде пола саат чекав да донесат една чаша вода. Ама сепак беа само двајца келнери во цел Даблин.. и тие самите кажаа дека имаат многу работа се извинија :). Ми се допаѓа како град а и штипјаните се фин народ :).
     
  19. Gloria18

    Gloria18 Нов член

    Се зачлени на:
    13 август 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пробај сомун во Радовиш :)
     
  20. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477

    Се согласувам со феминката погоре, фустаните во Нана почнуваат од 12.000 па нагоре.
    Инаку ако не ти е важен потписот од модниот креатор на фустанот, би ти препорачала да го посетиш бутикот Нина, се наоѓа на едносмерната.
    Има преубави модели на фустани. Цените почнуваат од 3.000 денари.
    Другарка ми за апсолвентската купи долг фустан од Нина за 3.500 денари. Совршен беше. :inlove:

    А во Бела ( за венчаници што е) исто добро шијат, со твој модел на фустан. Инаку заостанатите таму што ги имаат претежно се постари модели, на кои одамна им поминала модата.
     
    На Gorgina му/ѝ се допаѓа ова.